|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Инконтиненција после породување
11.8.2009 16:27:03   
Еца
Леле луѓе дали кај вас се појави ваква работа,Јас приметив дека кога одам до тоалет, ке станам и морам пак да седнам да се доиспразнам, бидејќи неконтролирано ми доага повторно да мокрам.user posted image Барајќи по нет дознав за што всушност се работиuser posted image Па ако некој вакво искуство нека ми пише.

"Уринарната стрес-инконтиненција (УСИ) е појава на неволно испуштање урина кај жената при зголемен интраабдоминален притисок, а тоа најчесто се случува за време на кашлање, кивање, смеење, потрчување, кревање тешки предмети или поради други физички активности. Оваа појава влијае врз карактерот на жената, како и врз квалитетот на животот и социјалното битисување преку изолирање, ограничени активности, депресија, намалена професионална продуктивност, зголемена лична хигиена, недоразбирање со околината. УСИ се појавува главно кај припадничките од женскиот пол, а е предизвикана со породување, оперативно вадење на плодницата, хируршки зафат на родницата, радијација поради генитален малигнитет, повреда, а може да биде нагласена поради менопауза, стареење, зголемена телесна тежина, хронични заболувања на белодробието, употреба на медикаменти, чести инфекции на долниот уринарен тракт."


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Инконтиненција после породување
11.8.2009 16:44:53   
Anushka
Еленче, со царски си нели? Незнам дали е тоа ин....и како беше, ама јас после првите два царски, ги научив сите тоалети по кафиќи и по бензински низ Македонија и пошироко. Сега, после третиов царски, уште не сум мрднала од дома, па незнам.
Сепак, мене ми рекоа дека е тоа од операциите (мочниот меур по грешка ми го потсекоа и поместија) и од катетерот...

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Инконтиненција после породување
13.8.2009 23:57:00   
Еца
Анушка една моја пријателка го имала овој проблем и вика дека на неа сексот најмногу и помогнал околу овој проблем.Е сега на кој начин не знамuser posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Инконтиненција после породување
2.1.2010 11:13:29   
ripce
Инконтиненцијата е неспособост за контрола на мочањето. Тоа е неволно испуштање или водење на мочта. Инконтиненцијата може да даде емоционални проблеми кај пациентите. Таа влијае врз карактерот на мажот, како и врз квалитетот на живот и социјалното битисување - изолирање, ограничени активности, намалена професионална продуктивност, недоразбирање со околината, депресија и потреба од зголемена лична хигиена.
Постојат 3 типа на инконтиненција:
- стрес инконтиненција,
- обилна (преплавена) инконтиненција,
- ургентна инконтиненција.


< Поракaта ја уредил ripce -- 2.1.2010 11:14:08 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Инконтиненција после породување
2.1.2010 11:14:42   
ripce
Стрес инконтиненција

Стрес инконтиненцијата е појава на неволно и неконтролирано испуштање на мочта при зголемен интраабдоминален притисок, кој се јавува при кашлање, кивање, трчање, дигање на тешки предмети, брза промена на положбата на телото (на пример: при брзо станување) или при други физички активности. Причина за настанувањето на овој проблем е некоординираната работа на мускулите на мочниот меур и мускулот стегач (сфинктер) на мочниот канал. Во нормални ситуации, кога доаѓа до контракција на мускулите на мочниот меур, доаѓа до зголемен притисок во него и тој притисок ја истиснува мочта надвор. За да може мочта да излезе надвор, потребно е да дојде до релаксација на мускулот стегач на надворешниот мочен канал (уретрата). Овој мускул на мочниот канал е под контрола на нашата волја и ние волно го стегаме и го опуштаме. На тој начин е можно да го контролираме почетокот на мочањето и да го одложиме доколку се наоѓаме во неадекватна ситуација. Се смета дека стрес инконтиненцијата по радикалната простатектомија се јавува поради оштетување на мускулот стегач на надворешниот мочен канал како и на нервите кои ја овозможуваат неговата функција. Со тоа оштетување се нарушува и механизамот на нормалното мочање. Стрес инконтиненцијата е најчест тип на инконтиненција по реализираната радикална простатектомија. Нормалната функција на мочниот меур и контролата на мочањето обично се регулираат по неколку недели или месеци од радикалната простатектомија. Стрес инконтиненција е нормална појава по радикалната простатектомија.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Инконтиненција после породување
2.1.2010 11:16:01   
ripce
Обилна (преплавена) инконтиненција
Овој вид инконтиненција најчесто се јавува поради присуство на карцином на простатата или лузни и стеснувања кој го блокираат или стеснуваат излезот на мочниот меур. Тоа предизвикува тешкотии во празнењето на мочниот меур. Стеснувањата и лузните може да се јават и како последица на радикалната простатектомија. Мажите со овој вид на инконтиненција имаат проблеми со отпочнување на мочањето и тоа е со напор, со испрекинат и послаб млаз.

Ургентна инконтиненција
Мажите со овој вид инконтиненција имаат потреба од итно мочање. Кај пациентите со ургентна инконтиненција, мочниот меур станува премногу чувствителен и на мало количество на насобрана мочка во него, која го растегнува. Последица на тоа е ургентна потреба од мочање. Овој вид инконтиненција е најчест тип по зрачната терапија и може да се јави и при надворешното зрачење и при брахитерапијата. Но, може поретко да се јави и како компликација од радикалната простатектомија.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Инконтиненција после породување
20.1.2010 9:29:03   
dokmk
Fondot za zdravstvo odobruva vloshki za inkontinencija za cena od 227 denari se dobivaat 108 parcinja germansi vloshki Hartmann so potvrda od Fondot. Mozete da gi nabavite vo Promedika  koja se naoga vo starata Trgotekstil zgrada (Oriflame)

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 7
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?