Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Летни Олимписки игри 2012 - Лондон 19.4.2012 20:55:33
Ikana
Дали ги следите олимписките игри? Кои се вашите омилени дисциплини и кои натпревари најчесто ги следите? Воедно, кои се репрезентативци на Македонија оваа година на Олимписките игри и во кои дисциплини и спортови?
RE: Летни Олимписки игри 2012 - Лондон 19.4.2012 20:58:58
Ikana
Јас лично многу го сакам периодот кога се случуваат Олимписките игри, а посебно летните, некако имам створено некоја традиција во животот според нив. И секоја година ги следам колку што е можно повеќе, бидејќи се еден глобален спортски настан, натпревар не само меѓу земјите и луѓето, туку и духот. Се надевам дека оваа година, Македонија ќе ја претстават врвни спортисти во повеќе дисциплини и дека ќе успееме да покажеме каков е спортскиот дух на Македонија, како што досега тоа го правеа нашите репрезентации.
< Поракaта ја уредил Ikana -- 19.4.2012 20:59:41 >
RE: Летни Олимписки игри 2012 - Лондон 19.4.2012 23:12:35
Melanija RR
Баш денес во еден дневен весник читав за престојниве летни олимписки игри и замислете имаме три учесника засега.И знаете што сите тројца се судии Норми нема остварени се чекаат покани ваилд карти.Некои уште се бореле за Б норми во неколку спортови. Толку посакував годинава да одат и ракометарите и ватерполистите,надеж остана уште во кошаркарите.
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Летни Олимписки игри 2012 - Лондон 19.4.2012 23:24:50
Ikana
Извор: Канал 5 телевизија
Македонските ватерполисти далеку од Олимписките игри во Лондон
Македонската ватерполо репрезентација не успеа да стане нашиот прв национален тим со извадена виза за учество на олимписките игри во Лондон. Утринава црвено жолтите во решавачкото четвртфинале на квалификацискиот олимписки турнир во Канада загубија од фаворитот Шпанија со 11-7.
Нашите ватерполисти и покрај големата желба не успеаја да го остварат сонот на сите спортисти, учество на едни олимписки игри. Црвено жолтите рано утринава во битката за Лондон загубија од силната Шпанија со 11-7.
Избраниците на Сашо Поповски одлично го отворија решавачкото четвртфинале. По првата четвртина имавме минимална предност од 3-2. Но нашата агонија започна во втората четвртина кога Шпанците направија серија од 3-0, лошата игра македонските ватерполисти ја продолжија и во третиот период, па решавачката делница силните Шпанци ја започнаа со огромни 8-4 предност што популарната црвена фурија знаеше да ја задржи до крајот на мечот.
Во последните 8 минути и покрај добрата игра успеавме само да стигнеме до 3-3 за чесен пораз од големиот фаворит Шпанија од 11-7. Предводник на Шпанија во решавачкото четвртфинале е Гилермо Молина со дури 5 погодоци стрелци на головите за Македонија се Чук, Аксентијевиќ, Ивошевиќ, Летица, Мартиниќ, Чупиќ и Бениќ.
Шпанците патуваат на игрите во Лондон и ќе играат во квалификациското полуфинале, нашата репрезентација против Бразил ќе разигрува за пласман од 5 до 8 место на турнирот во Едмонтон Канада. Покрај Шпанија, олимписка виза денеска обезбедија и селекциите на Црна Гора, Романија и Грција.
Крсте Галевски
< Поракaта ја уредил Ikana -- 19.4.2012 23:27:15 >
RE: Летни Олимписки игри 2012 - Лондон 25.5.2012 11:50:57
Ring
I jas sledam letni olimpiski igri , nekako mi e ubavo i zabavno da gi gledam...ne sledam mnogu sport, ama imam poznavanja i si imam klubovi za koi navivam nekako mi e ubava atmosferata vo tie mesec dena dodeka ima olimpijada bas mi e keif sto ovaa godina e vo london pa nemame nekoja golema vremenska razlika i tamn so bebusot dodeka setame niz soba zatoa sto ne s[pie preku den ke si gledame i ke si navivame pred Tv
samo treba da si kupime nov TV...ovoj nekako pocna da ni gi mesa boite, ni se magnetizira od mobilen telefon sto stoese do nego
RE: Летни Олимписки игри 2012 - Лондон 22.6.2012 12:29:24
Snow Queen
Блажевски и Маринова се првите македонски олимпијци
Пливачите Марко Блажевски и Симона Маринова се првите двајца спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија на Летните олимписки игри во Лондон ова лето. Блажевски и Маринова право за настап на најголемиот светски спортски собир, кој се одржува еднаш на секои четири години, добија благодарение на вајлд-картата од организаторот бидејќи двајцата ги немаа исполнето олимписките норми.
Дозвола за настап на ЛОИ пливачите добија и од Пливачката федерација на Македонија и од Македонскиот олимписки комитет. Блажевски во Лондон ќе настап во трката на 400 метри мешано, а Маринова е пријавена за трката на 800 метри слободен стил. Изворно....
да се надеваме на уште спортисти
_____________________________
07.04.2006........до ден денес со саканиот сме лудо вљубени
RE: Летни Олимписки игри 2012 - Лондон 30.7.2012 10:28:57
Ikana
Редовно си ги следам сега кога почнаа игрите, омилен спорт ми е пливањето и скоковите во базен.....некогаш одамна во друга земја кога живеев и јас бев спортист, односно пливач и се натпреварував, така што огромно задоволство ми претставува да ги следам сегашните спортисти и да им се восхитувам на храброста и издржливоста.
Сепак има некои кои не успеаа да отидал на ЛОИ, Ивана Рожман, многу ми е жал за неа, и искрено таа е олицетворение на мојата згаденост од македонските институции и некомпетентни тренери која беше и причината поради која јас се откажав од пливањето.
Од друга страна имаше и скандал со една атлетичарка од Грција која беше дисквалификувана поради расистички коментар објавен на Твитер и мислам дека таква личност не треба ни да се доближи до Олимпијада, а камоли да учествува.
< Поракaта ја уредил Ikana -- 30.7.2012 10:30:33 >