|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Мама на службено патување
12.1.2010 10:59:47   
mami
Еве ја отворам овде темата од причина да видиме како тато се грижи за децата кога мама е на службено патување. А и воедно мамичките кои одат на службено патување да си се искажат како се чувствуваат, дали им е лесно, тешко, што чувствуваат?

< Поракaта ја уредил mami -- 12.1.2010 11:01:06 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Мама на службено патување
12.1.2010 11:06:36   
mother 29
кога јас бев прв пат на два дена во бг.Марко остана кај моите нормално....мислам дека повеке ми беше тешко мене отколку на него...првиот ден поминало во исчекуванје на гемио багер што мама ке го донесе ,ама од наредното утро почнале проблемите..сакам мама,каде е мама...цел ден си викал и бил кенекв...дури ни прошетки со тато, ниту носење на лулашки......ниш не помогналоuser posted image

ама пак вечерта кога си дојдов мислам дека толку се нема никад израдувано...рипаше од срека..ма каков багер,какви бакрачи..не го ни погледнаuser posted image
од возбуда до 11 не заспа,цело време ме гушкаше...а јас пак бев бетер и од негоuser posted image големи радостииии!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Мама на службено патување
14.3.2012 8:55:48   
vezilka RR
Го одложував, го одложував, некако се вадев до сега, ама ете дојде и тоа. Од 4-6 април треба да одам на семианар и треба да го оставам Никола. Не се многу и нема да одам преку свет, ама јас од сега не можам да заспијам. Само на тоа мислам. Не се грижам околу тоа дека нема да се грижат за него добро, или сл. туку едноставно мене ќе ми недостига. И плус уште цица па ми рекоа подобро ќе биде да го откажам некое време пред да одам да не се почувствува детето отфрлено. А тоа значи дека деновиве треба да се откажеме user posted image Не знам како ќе го преживеам ова мое прво оставање на Никола...

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Мама на службено патување
14.3.2012 9:54:14   
arh_diz
Vezilka vo slicna situacija sum i jas , samo sto treba da odam nadvor od drzavava .Se nadevam deka ke me svatat i ke me postedat , inaku ke moram M da go nosam so mene

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Мама на службено патување
15.3.2012 12:59:49   
vezilka RR
Уф, таму некаде во светот кога мајките кои имаат деца до 3 години треба да одат на пат им овозможуваат услови, т.е да го понесат и детето со нив и плус уште еден нели за да има кој да го чува додека траат работните сесии. И ние го почитуваме тоа кога организираме настани, арно ама сега треба да одам на семинар кој други го организираат и така ќе треба да си го оставам бебуле дома.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Мама на службено патување
15.3.2012 13:16:28   
JovanaJ
Koga me izvestija deka me primile na rabota mi rekoa pocnuvas od utre ama za dva dena treba da letas za Ungarija na obuka 2 nedeli. Jas im kazav deka imam 2 godisno dete koe nikogas ne e ostaveno bez mene i deka 2 nedeli da bide bez mene se mnogu. Mi rekoa ajde cekaj ka ti se prejavime. Jas pomisliv deka rabotata sto ja posakuvav i koja konecno ja najdov ja izgubiv uste pred da pocnam. Mislev deka nema da mi se prejavat i da me izvestat. Bev mnogu tazna tie pola saat kolku sto cekav. I na kraj se javija i mi rekoa za da ne moras da go nosis detenceto so tebe koleskata od Ungarija ke dojde kaj vas. Jas totalna zbunka od muabetot deteto da go nosam so mene?!?! user posted image Kaj nas toa mislovna imenka ama eve po nivni standardi toa bilo taka. A kako nema da bide koga i porodilnoto im trae dve godini. Pa zenite uste sedat doma a ne na sluzben pat da odat....
Od togas ne sum imala potreba da odam na sluzben pat a i da imam veke sme golemi pa ne e strasno...user posted image

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Мама на службено патување
19.3.2012 9:20:41   
blue_blue
Јас немам никаков проблем со одење на службен пат. Не патувам пречесто, ама патувам и никогаш не ми било тешко или страшно ако одам. Децата си имаат татко кој е способен да се грижи за нив, па не гледам проблем. Тој кога оди на пат јас ги чувам - се најнормално, па истото важи и за мене. Прв пат одев на пат (ако може така да се нарече) кога имаа неполни две години. Месец ипол имав семинари во Велес и секој понеделник и четврток спиев таму. Ништо спектакуларно...си седеа дома со бабите, а после работа татко им ги чуваше и дома си спиеа со него. На подолго ги оставив кога имаа две ипол години - бев една недела во Чешка..Исто дома си беа со татко им. Ништо не им стана, а мене ми беше супер малку да шетам и да се одморам од секојдневнието...Оваа година бев 4 пати во Загреб во рок од четири месеци, по три-четири дена и пак исто...Навистина не мислам дека ако имаме деца мораме да бидеме со нив 24 саати. Баш мислам дека е позитивно да не однема на неколку дена, убаво е да си малку само со себе без никакви дневни обврски околу семејството.

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Мама на службено патување
19.3.2012 11:14:27   
vezilka RR
Абе сето тоа убаво го знам. И воопшто не се секирам околу тоа дека детето нема да ми биде згрижено како што треба, туку работата е дека до сега не сум го оставила подолго од 15-16 саати, јас ќе го мислам, ќе ми недостига и ќе сакам да си легнм до него. Секогаш кога нешто прв пат правам тешко ми паѓа, па знам дека и ова тешко ќе ми падне. Уф, веќе аман, знам плачка сум, ама ете ти тоа е user posted image

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Мама на службено патување
19.3.2012 11:28:46   
arh_diz
Sto da kazam jas M e so mene non stop , a nitu pak imam kade da go ostavam dodeka e mm na rabota.Taka da kade odam jas i toj odi so mene

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Мама на службено патување
9.4.2012 10:37:39   
vezilka RR
Ете помина..Добро пројдовме, Никола бил умен, не плачел многу, хи,хи и јас бев умна не се трескав од земја многу, многу. Ама никогаш не сум сакала толку многу да си дојдам дома user posted image . Цел викенд си се гушкавме не се одвоивме ниту пет минути user posted image

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Мама на службено патување
24.9.2012 14:01:19   
vezilka RR
Ете ме мене пак на оваа тема. Многу ми е мака кога треба да одам и да го оставам Никола. Ете месецов втор пат ќе ми се фати и тешко ми е. А уште сме во период на привикнување во градинка и се си мислам дека во овој период му треба повеќе внимание од мама и тато..ама ете user posted image Ех, порано како со ќеф си одев на сите семинари..сега сите ми се криви што сум таму.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Мама на службено патување
14.3.2013 13:11:11   
Beatris
Еве и јас да се пријавам во темава - мама е на службен пат по прв пат откако е А родена user posted image  Не дека ќе и биде лошо со баба и дедо, напротив, ама мене баш не ми е како што треба - измешани чувства... Едвај чекам да се вратам од работа и да ја видам на скајп

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Мама на службено патување
14.3.2013 14:04:17   
vezilka RR
Лелеее јас првиот пат два дена не спиев..некако не можев да заспијам. Секој момент чекав да ми се јават дека нешто ме бара детево или слично. А никој не ме побара. На крај се исфрустрирав дека токлу добро функционираат без мене. Вториот пат бев боља. А од третиот веќе научив да го искористам времето без мажите user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Мама на службено патување
26.6.2013 14:16:18   
Палешка РР
Татичко наш е малку, ептен малку љубоморен кога мама оди на службено патување.
Тоа значи дека сеуште има пеперутки во стомакот, така си велам user posted image

А најсигурно ми е кога е Миа со него..макар и само во близина да биди..

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Мама на службено патување
11.7.2013 23:13:17   
vezilka RR
Од утре, па наредните два дена пак ги остава мажињата сами. Додуше пошто тато е на работа, сабајлечки ќе си седи со баба и дедо, а ноќите се нивни, ќе биде журка. За прв пат, ги оставам без предходно да оставам листи со инструкции. Ништо не кажав, ни збор, ова треба, она треба, оти прошлиот.пат мажле ми рече, аман доста не ми е прв пат. Хи, хи, ај баш сега да видиме дали ќе ѕвони да прашува. Само едно ме секира, оти сега сме во процес на откажување од пелени, да не му влијае моево отсуство некако, user posted image .

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Мама на службено патување
6.12.2013 18:52:58   
Mihaela 2010
Denes konecno definiravme, naredna sreda cetvrtok i petok idam na seminar vo Mavrovo. mm i M ke bidat kaj moite, baba dva dena slobodna petok vtora smena. prv pat se odvojuvame a koga ke se vratam ke pisam kako SME prosle

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 16
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?