|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Несакани реакции од вакцина!
17.9.2009 19:12:54   
Julie1
Мамицка3:

Е ова ти се вика трагедија.  Само недај боже никому да му се случи

Седмомесечно машко бебе починало откако примило вакцина во поликлиниката во Драчево. Немилиот настан се случил на трети овој месец. Родителите го однеле малиот Александар да ја прими редовната вакцина, но вечерта, околу 20 часот тој се онесвестил и додека да го однесат во болницата бил мртов.
Дали вакцината е причина за смртта на бебето никој не може да каже, бидејќи лекарката што го вакцинирала не го пријавила случајот, а родителите не побарале да се направи обдукција. Скршени од болка за загубеното чедо, кое било трето дете во семејството, родителите не сакаат да комуницираат со медиумите, ниту пак да го бараат виновникот за смртта на нивниот син.
- Бебето беше здраво, но дента кога требало да ја прими вакцината докторката со стетоскопот забележала шум на срцето. Дали тоа е причината за смртта, никој не знае. Но, навистина е многу тажно тоа што се случи. Семејството уште е во шок и не сакаат да зборуваат за настанот - вели една сосетка.
Докторката што ја дала вакцина по настанот не доаѓа на работа, па немаше кој да објасни зошто овој случај не го пријавила до надлежните во Бирото за лекови, на што е обврзана со законските прописи. Раководителот на поликлиниката во Драчево, Васил Радевски, кој според процедурата би требало да ја ослободи од работа, вчера тврдеше дека не знае за настанот.
- Не можам да ви дадам никаква информација зашто не знам дека се случило такво нешто. Денеска сум на терен, утре ќе проверам, па ќе ви кажам - рече Радевски.
Нејасно е како тој не разбрал за случката, кога од настанот и по речиси две недели се уште се потресени сите вработени во поликлиниката. Информацијата стасала и до одделенијата за вакцинација што работат во другите поликлиники.
Вчера во Бирото за лекови рекоа дека немаат добиено ниту една пријава за несакан ефект од вакцина, ниту пак случај на смрт.
- Вакцините што ги имаме кај нас се висококвалитетни и подлежат на строги контроли. Но, мора да сфатиме дека тие може да предизвикаат алергиски реакции наеднаш, ненадејно без најави - вели Илчо Захариев, директор на Бирото.
Тој додава дека за да може да се испита случајот и да се открие дали бебето умрело поради вакцината или тоа е само случајност, лекарот требало да го пријави случајот.
Лекарите што ги консултираше „Шпиц“ велат дека во овој случај не станува збор за алергиска реакција на компонентите на вакцината, бидејќи таа ќе се јавела многу побрзо. Можеби, додаваат нашите соговорници, детето имало некакви кардиопатија, која не била навреме откриена, па со вакцинирањето таа еруптирала.
Од вакцината против хемофилус инфлуенца тип Б, што ја примило бебето пред да почине, се добиваат полесни несакани реакции, како болка, оток, црвенило, кои се јавуваат локално на местото каде што е инјектирана вакцината

_____________________________

And this is my beautiful life ...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Несакани реакции од вакцина!
17.9.2009 19:45:33   
BEBICA
Lele ne mozam da veruvam oav stvarno me potrese.

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Несакани реакции од вакцина!
17.9.2009 19:47:50   
Палешка РР
Ова уште еднаш ја потврдува несовесноста на македонските лекари.
Жалам за трагичниот настан и прерано изгубениот живот.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Несакани реакции од вакцина!
18.9.2009 11:45:09   
big_mama817
zalno za semejstvoto i za deteto nie gi primivme site vakcini vo taa ambulanta no osven voobicaeni reakci dr. nemalo nisto fala boguuser posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Несакани реакции од вакцина!
18.9.2009 11:51:57   
mami
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image жално..после вакви текстови ми е уште повеќе страв да го носам на вакцина...
сочувство до семејството, навистина е трагедија кога ке замине некој млад, а уште повеќе кога е тоа невино бебенцеuser posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Несакани реакции од вакцина!
18.9.2009 11:53:13   
Еца
само уште ова ми фалеше да прочитам, јас и онака кога се приближува ден за вакцинирање у несвест паѓам, искрено мора да се вакцинираат ама многу сум нервозна пред вакцинирање.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Несакани реакции од вакцина!
24.9.2009 19:53:00   
Mamickaa
Кога го прочитав ова неможев да се соземам цел ден,тешко на таа мајка,душиче,многу жално....user posted image user posted image user posted image
Ах тие вакцини...тешко на нас мајките кога ќе дојде на ред вакцинирањеuser posted image ,секогаш со страв ги носиме да не има некоја последица од тоа а и шарајќи по нет што не ќе прочиташ веќе...
Ние на последнава вакцина имавме реакција и отече ноџето ама мноогу и неможев да ја смирам нон стоп плачеше иако превентивно дома и дадов сирупче и ја намачкав со ациди борици..дири почна и да ми зајдува па морав пак да ја носам на лекар...ама за среќа се се смири за брзо време,ама сега пак затоа уште од сега кожа ми се ежи кога ке ми текне за следната вакцина...нз што ќе се прави..user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Несакани реакции од вакцина!
24.9.2009 20:02:14   
Еца
Леле искрено вакцините ме плашат многуuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Mamickaa)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Несакани реакции од вакцина!
6.10.2009 12:09:00   
profesorica
И јас кога го прочитав текстов се потресов ептен, многу ми е страв од вакви работиuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Несакани реакции од вакцина!
25.11.2009 12:21:17   
topce
пред 1 недела примивме МРП, заушки, сипаници вакцина и ни рекоа дека после 7 дена може да крене температура има ли некој вакво искуство ?

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Несакани реакции од вакцина!
25.11.2009 12:23:54   
mother 29
ние кога сме кревале температура веднаш!а не после 7 дена!
?????????

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Несакани реакции од вакцина!
25.11.2009 12:27:00   
Mila na mama
Мила никогаш не креваше температура на вакцините. Ама МРП е таква нема веднаш реакција туку по 7 дена и може да трае до 38 дена. Таа е тааа што не ја даваат ако нема детето пробано јајце. Знам дека при оваа вакцина имаше проливче 10тина дена по примањето, а може да се јави и осип.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Несакани реакции од вакцина!
25.11.2009 12:27:14   
mami
И кај нас исто...никој не ми спомнал дека после недела дена ке дига температураuser posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Несакани реакции од вакцина!
25.11.2009 12:28:54   
profesorica
ааа таа ли ја примавте мами, епа да после 7 дена можно е да има реакција осип на тело или темп. ама Дамјан немаше никаква реакција ниту едно друго детенце во коншии.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Несакани реакции од вакцина!
25.11.2009 12:33:36   
Mila na mama
Абе јас им се изнавикав во Јане Сандански па после ми објаснија детално. Кога отидов да ја вакцинирам ме вратија зашто имала пробано само жолчка а не и белка. Па кога им се сипав: Јас имам 1 дете и прво ми е од кај да знам дека треба пред вакцината да јаде јајце, вие не сте тука за да пиете кафе туку за да дадете објаснување Кога сте ми ја закажале вакцината требало да ми кажете и дека треба јајце и дека треба крвна слика. Па јас сама ако не си однесам крвна слика нив не им текнува. Треба точно да ми кажете што да очекувам а не јас да барам на интернет какви се реакциите. Ми вели добро не се возбудувајте еве веднаш во среда дојдете. Па после пола саат ми објаснуваше за реакциите 7-38 дена и за следната на 18 месеци.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Несакани реакции од вакцина!
25.11.2009 12:35:37   
profesorica
да да ич не се секираат.

јас имам читано декас реакциите од вакцинава против заушки се манифестира од 7-38 дена. ама немавме реакции.а за следната сега на 18 месеци.леле страв ме фаќа.user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Несакани реакции од вакцина!
25.11.2009 12:36:05   
mami
не ја примивме, ама досега за било која вакцина ако сама не си прашам што да очекувам, не ми кажуваат, ниту пак ми побарале крвна слика, а за јајце јадење па ништо не ми спомнале, Лука додуша си јаде, ама сепак, треба да кажат..ние сега ке чекаме брисеви па ке видиме што ке правиме, ја одложивме денешната вакцина 

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Несакани реакции од вакцина!
25.11.2009 12:38:06   
profesorica
јас како што сум паничар, обавезно правиме крвна слика пред вакцинација. инаку во ѓорче петров кај нас има еден многу сериозен педијатар и тој стално препорачува да го провериме прво и го прегледува Дамјан па ако не сакаме ја одложуваме за недела дена.само таа се прима на 13 месеци.мами зошто толку касните?

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Несакани реакции од вакцина!
25.11.2009 12:43:12   
mami
не касниме, редовно сме си со вакцините...си се збунила дека и коментирав на топче за вакцината..инаку си ги тераме сите по ред. Ама оваа малку ке ја задоцниме некој ден заради брисевите

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Несакани реакции од вакцина!
25.11.2009 12:47:40   
profesorica
која?

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Несакани реакции од вакцина!
25.11.2009 12:48:58   
BEBICA
само таа се прима на 13 месеци.мами зошто толку касните?
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

јас како што сум паничар, обавезно правиме крвна слика пред вакцинација. инаку во ѓорче петров кај нас има еден многу сериозен педијатар и тој стално препорачува да го провериме прво и го прегледува Дамјан па ако не сакаме ја одложуваме за недела дена.само таа се прима на 13 месеци.мами зошто толку касните?


monika vakcinata MMR ja primi odma posle rodendenot.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Несакани реакции од вакцина!
25.11.2009 12:49:09   
Mila na mama
Мами збори дека ќе ја задоцнат таа на 18 месеци колку што разбрав јас.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Несакани реакции од вакцина!
25.11.2009 12:49:24   
mother 29
мене пак на пр. никој не ми кажал за јајцето......ете прв пат слушамuser posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Несакани реакции од вакцина!
25.11.2009 12:55:20   
profesorica
3 дел од прва доза за ДиТеПер?

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Несакани реакции од вакцина!
25.11.2009 13:00:20   
BEBICA
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama

Мами збори дека ќе ја задоцнат таа на 18 месеци колку што разбрав јас.


aaaaaaa....toa e di-te-per revakcinacija ako ne se lazam.Monika treba da mi rpimi na 18 meseci.
Izvinete pogresno sum protumacila.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?