Несакани реакции од вакцина! (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


Julie1 -> Несакани реакции од вакцина! (17.9.2009 19:12:54)

Мамицка3:

Е ова ти се вика трагедија.  Само недај боже никому да му се случи

Седмомесечно машко бебе починало откако примило вакцина во поликлиниката во Драчево. Немилиот настан се случил на трети овој месец. Родителите го однеле малиот Александар да ја прими редовната вакцина, но вечерта, околу 20 часот тој се онесвестил и додека да го однесат во болницата бил мртов.
Дали вакцината е причина за смртта на бебето никој не може да каже, бидејќи лекарката што го вакцинирала не го пријавила случајот, а родителите не побарале да се направи обдукција. Скршени од болка за загубеното чедо, кое било трето дете во семејството, родителите не сакаат да комуницираат со медиумите, ниту пак да го бараат виновникот за смртта на нивниот син.
- Бебето беше здраво, но дента кога требало да ја прими вакцината докторката со стетоскопот забележала шум на срцето. Дали тоа е причината за смртта, никој не знае. Но, навистина е многу тажно тоа што се случи. Семејството уште е во шок и не сакаат да зборуваат за настанот - вели една сосетка.
Докторката што ја дала вакцина по настанот не доаѓа на работа, па немаше кој да објасни зошто овој случај не го пријавила до надлежните во Бирото за лекови, на што е обврзана со законските прописи. Раководителот на поликлиниката во Драчево, Васил Радевски, кој според процедурата би требало да ја ослободи од работа, вчера тврдеше дека не знае за настанот.
- Не можам да ви дадам никаква информација зашто не знам дека се случило такво нешто. Денеска сум на терен, утре ќе проверам, па ќе ви кажам - рече Радевски.
Нејасно е како тој не разбрал за случката, кога од настанот и по речиси две недели се уште се потресени сите вработени во поликлиниката. Информацијата стасала и до одделенијата за вакцинација што работат во другите поликлиники.
Вчера во Бирото за лекови рекоа дека немаат добиено ниту една пријава за несакан ефект од вакцина, ниту пак случај на смрт.
- Вакцините што ги имаме кај нас се висококвалитетни и подлежат на строги контроли. Но, мора да сфатиме дека тие може да предизвикаат алергиски реакции наеднаш, ненадејно без најави - вели Илчо Захариев, директор на Бирото.
Тој додава дека за да може да се испита случајот и да се открие дали бебето умрело поради вакцината или тоа е само случајност, лекарот требало да го пријави случајот.
Лекарите што ги консултираше „Шпиц“ велат дека во овој случај не станува збор за алергиска реакција на компонентите на вакцината, бидејќи таа ќе се јавела многу побрзо. Можеби, додаваат нашите соговорници, детето имало некакви кардиопатија, која не била навреме откриена, па со вакцинирањето таа еруптирала.
Од вакцината против хемофилус инфлуенца тип Б, што ја примило бебето пред да почине, се добиваат полесни несакани реакции, како болка, оток, црвенило, кои се јавуваат локално на местото каде што е инјектирана вакцината




BEBICA -> RE: Несакани реакции од вакцина! (17.9.2009 19:45:33)

Lele ne mozam da veruvam oav stvarno me potrese.




Палешка РР -> RE: Несакани реакции од вакцина! (17.9.2009 19:47:50)

Ова уште еднаш ја потврдува несовесноста на македонските лекари.
Жалам за трагичниот настан и прерано изгубениот живот.




big_mama817 -> RE: Несакани реакции од вакцина! (18.9.2009 11:45:09)

zalno za semejstvoto i za deteto nie gi primivme site vakcini vo taa ambulanta no osven voobicaeni reakci dr. nemalo nisto fala bogu[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




mami -> RE: Несакани реакции од вакцина! (18.9.2009 11:51:57)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]жално..после вакви текстови ми е уште повеќе страв да го носам на вакцина...
сочувство до семејството, навистина е трагедија кога ке замине некој млад, а уште повеќе кога е тоа невино бебенце[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




Еца -> RE: Несакани реакции од вакцина! (18.9.2009 11:53:13)

само уште ова ми фалеше да прочитам, јас и онака кога се приближува ден за вакцинирање у несвест паѓам, искрено мора да се вакцинираат ама многу сум нервозна пред вакцинирање.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Mamickaa -> RE: Несакани реакции од вакцина! (24.9.2009 19:53:00)

Кога го прочитав ова неможев да се соземам цел ден,тешко на таа мајка,душиче,многу жално....[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]
Ах тие вакцини...тешко на нас мајките кога ќе дојде на ред вакцинирање[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image],секогаш со страв ги носиме да не има некоја последица од тоа а и шарајќи по нет што не ќе прочиташ веќе...
Ние на последнава вакцина имавме реакција и отече ноџето ама мноогу и неможев да ја смирам нон стоп плачеше иако превентивно дома и дадов сирупче и ја намачкав со ациди борици..дири почна и да ми зајдува па морав пак да ја носам на лекар...ама за среќа се се смири за брзо време,ама сега пак затоа уште од сега кожа ми се ежи кога ке ми текне за следната вакцина...нз што ќе се прави..[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Еца -> RE: Несакани реакции од вакцина! (24.9.2009 20:02:14)

Леле искрено вакцините ме плашат многу[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




profesorica -> RE: Несакани реакции од вакцина! (6.10.2009 12:09:00)

И јас кога го прочитав текстов се потресов ептен, многу ми е страв од вакви работи[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




topce -> RE: Несакани реакции од вакцина! (25.11.2009 12:21:17)

пред 1 недела примивме МРП, заушки, сипаници вакцина и ни рекоа дека после 7 дена може да крене температура има ли некој вакво искуство ?




mother 29 -> RE: Несакани реакции од вакцина! (25.11.2009 12:23:54)

ние кога сме кревале температура веднаш!а не после 7 дена!
?????????




Mila na mama -> RE: Несакани реакции од вакцина! (25.11.2009 12:27:00)

Мила никогаш не креваше температура на вакцините. Ама МРП е таква нема веднаш реакција туку по 7 дена и може да трае до 38 дена. Таа е тааа што не ја даваат ако нема детето пробано јајце. Знам дека при оваа вакцина имаше проливче 10тина дена по примањето, а може да се јави и осип.




mami -> RE: Несакани реакции од вакцина! (25.11.2009 12:27:14)

И кај нас исто...никој не ми спомнал дека после недела дена ке дига температура[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




profesorica -> RE: Несакани реакции од вакцина! (25.11.2009 12:28:54)

ааа таа ли ја примавте мами, епа да после 7 дена можно е да има реакција осип на тело или темп. ама Дамјан немаше никаква реакција ниту едно друго детенце во коншии.




Mila na mama -> RE: Несакани реакции од вакцина! (25.11.2009 12:33:36)

Абе јас им се изнавикав во Јане Сандански па после ми објаснија детално. Кога отидов да ја вакцинирам ме вратија зашто имала пробано само жолчка а не и белка. Па кога им се сипав: Јас имам 1 дете и прво ми е од кај да знам дека треба пред вакцината да јаде јајце, вие не сте тука за да пиете кафе туку за да дадете објаснување Кога сте ми ја закажале вакцината требало да ми кажете и дека треба јајце и дека треба крвна слика. Па јас сама ако не си однесам крвна слика нив не им текнува. Треба точно да ми кажете што да очекувам а не јас да барам на интернет какви се реакциите. Ми вели добро не се возбудувајте еве веднаш во среда дојдете. Па после пола саат ми објаснуваше за реакциите 7-38 дена и за следната на 18 месеци.




profesorica -> RE: Несакани реакции од вакцина! (25.11.2009 12:35:37)

да да ич не се секираат.

јас имам читано декас реакциите од вакцинава против заушки се манифестира од 7-38 дена. ама немавме реакции.а за следната сега на 18 месеци.леле страв ме фаќа.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mami -> RE: Несакани реакции од вакцина! (25.11.2009 12:36:05)

не ја примивме, ама досега за било која вакцина ако сама не си прашам што да очекувам, не ми кажуваат, ниту пак ми побарале крвна слика, а за јајце јадење па ништо не ми спомнале, Лука додуша си јаде, ама сепак, треба да кажат..ние сега ке чекаме брисеви па ке видиме што ке правиме, ја одложивме денешната вакцина 




profesorica -> RE: Несакани реакции од вакцина! (25.11.2009 12:38:06)

јас како што сум паничар, обавезно правиме крвна слика пред вакцинација. инаку во ѓорче петров кај нас има еден многу сериозен педијатар и тој стално препорачува да го провериме прво и го прегледува Дамјан па ако не сакаме ја одложуваме за недела дена.само таа се прима на 13 месеци.мами зошто толку касните?




mami -> RE: Несакани реакции од вакцина! (25.11.2009 12:43:12)

не касниме, редовно сме си со вакцините...си се збунила дека и коментирав на топче за вакцината..инаку си ги тераме сите по ред. Ама оваа малку ке ја задоцниме некој ден заради брисевите




profesorica -> RE: Несакани реакции од вакцина! (25.11.2009 12:47:40)

која?




BEBICA -> RE: Несакани реакции од вакцина! (25.11.2009 12:48:58)

само таа се прима на 13 месеци.мами зошто толку касните?
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

јас како што сум паничар, обавезно правиме крвна слика пред вакцинација. инаку во ѓорче петров кај нас има еден многу сериозен педијатар и тој стално препорачува да го провериме прво и го прегледува Дамјан па ако не сакаме ја одложуваме за недела дена.само таа се прима на 13 месеци.мами зошто толку касните?


monika vakcinata MMR ja primi odma posle rodendenot.




Mila na mama -> RE: Несакани реакции од вакцина! (25.11.2009 12:49:09)

Мами збори дека ќе ја задоцнат таа на 18 месеци колку што разбрав јас.




mother 29 -> RE: Несакани реакции од вакцина! (25.11.2009 12:49:24)

мене пак на пр. никој не ми кажал за јајцето......ете прв пат слушам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




profesorica -> RE: Несакани реакции од вакцина! (25.11.2009 12:55:20)

3 дел од прва доза за ДиТеПер?




BEBICA -> RE: Несакани реакции од вакцина! (25.11.2009 13:00:20)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama

Мами збори дека ќе ја задоцнат таа на 18 месеци колку што разбрав јас.


aaaaaaa....toa e di-te-per revakcinacija ako ne se lazam.Monika treba da mi rpimi na 18 meseci.
Izvinete pogresno sum protumacila.




Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>