|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Рак на тестиси
12.5.2009 0:22:38   
Mami4ka
Ракот на тестисите релативно многу редко го има и процентот на излекување е 95% доколку ракот се открие навреме,рано пред да метастазира во останатите делови на телото.
Спрема мислењето на Американското здружение за рак,најголема причина за настанување на ракот на тестисите е неспуштањето на тестисот , односно тестисот кој нема да се спушти во кесата, туку се наоѓа онаму кај што настанал во стомакот или во препонскиот канал.

Од рак на тестиси заболуваат личности од 17 до 35 годишна возраст.

Дококу не се открие навреме, ракот на тестисите ќе се шири и смртноста е неизбежна, а некои ќе бидат приморани на хирушка операција, терапија со цитостатици-хемотерапија,зрачна терапија или пак комбинација на сите три.

За ова да се открие, на сите машки им се препорачува еднаш месечно сами да ги прегледаат тестисите со многу едноставна постапка.Треба да се опипаат тестисите и потоа да се постави тестисот измеѓу палецот и показалецот и да се види дали постои некоја тврдина или некој израсток.Нормалниот тестис е со јајцест облик и потполно мазен.Исто така треба да се види дали постои разлика во големината помеѓу двата тестиса.
Доколку се примети некоја промена,треба да се отиди на лекар каде што ќе се утврди дали е потребно понатамошно испитување и евентуално лечење.

Се смета дека не постои ни една причина машките на наведеното годиште, еднаш месечно сами на себе да си направат контрола.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 23.4.2012 13:42:05 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Младите мажи што треба да знаат за ракот ...
25.6.2009 2:08:14   
Еца
Како се обавува самопрегледот на тестистите?

После туширањето треба да се застане пред огледало и добро да се прегледа пределот на половите органи. Важно е да се примети дали постои промена во големината на скротумот (присуство на оток).
Секој тестис треба да се прегледа посебно.
Со двете раце се опфака тестисот така да со дланките се оценува големината и тежината на тестисот,а со лесен притисок се пропушта низ прстите на двете раце (показалецот и средните прсти од доле и палците од горе). Површината на тестисот треба да биде мазна на допир,без неравнини и тврдини. Нормално е да двата тестиса не се со иста големина, а едниот може да биде пониско поставен од другиот.
Се продолжува со преглед на епидидимот, кој се наоѓа позади секој тестис и е со потврда конзистенција од ткивото на тестисот. Преглед се прави и на семеноводите кои се пипаат како подвижни цврсти цевки.
Од кога ке се прегледа едниот тестис, се продолжува со внимателен преглед на другиот.
Доколку при самопрегледот се напипа тврдо чворче во тестисот или во околните регии, веднаш, без чекање треба се се оди на преглед кај лекар.
Туморот обично се наоѓа само во едниот тестис, така да и во случај на операција која се прави при карциномот на тестисот( отстранување на целиот тестис со туморот) останатиот здрав тестис е доволен за потполна сексуална функција.
Совети до младата машка популација
Научете како се прави самопреглед на тестисите и редовно, еднаш месечно направете го.
Имајте на ум дека карциномот не боли се додека не дојде во понапреднатите стадиуми, така да тоа што нема болка, не е и гаранција дека нема присуство на карцином.
Немојте да ги избегнувата редовните контроли кај вашиот лекар и кога сте здрави, плашејќи се да не ви откријат нешто. Подобро е, ако веке нешто постои, да се открие на време, отколку да се одолговлечува, бидејќи на тој начин директно си го загрозувате сопствениот живот.
Немојте да го одлагате прегледот кај вашиот лекар ако приметите некои симптоми и знаци затоа што ви е срам или страв од прегледот. Имајте во предвид дека секој дел од нашето тело е подложен на малигни оболувања. Ракот не знае за срам.
Кажете и покажете му ги и најмалите промени што сте ги забележале на вашиот лекар. Не пресудувајте сами што е важно а што не.
Бидете спремни за понатамошни испитувања со цел да се утврди вашата права здравствена состојба. Тоа е предуслов за превземање на адекватна терапија, ако е таа потребна.
                                                                     (преземено од мак. портал за ракот)


< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 23.4.2012 13:42:42 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Mami4ka)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Младите мажи што треба да знаат за ракот ...
2.9.2009 10:57:59   
mami
Баш пред некој ден му викам на мм- добро ти си правиш самопреглед на тестисите? и ми вика- не, нема потреба...
Како можат така, па тоа треба да им биде рутина, исто како ние што си ги прегледуваме градите одвреме на време при туширање

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?