|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Сложувалки
17.9.2013 12:09:42   
vezilka RR
Сложувалките се релаксирачки. Сложувалките се предизвик. Сложувалките бараат концентрација. Сложувалките помагаат да ги раздвижиме прстите и умот. Низ играта со сложувалки децата имаат можност да вежбаат креирање целини од повеќе парчиња со различни форми. На овој начин малото мозоче ќе научи како да работи побрзо и да стане богато со идеи додека работи со голем број нијанси на бои.

Дали вие и важите деца си играте со сложувалки? Кои им се омилени на децата? И до кое ниво сте стигнале, со колку парчиња местите?

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 17.9.2013 12:10:53 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Сложувалки
17.9.2013 13:39:46   
Felly RR
М има една со 6 коцки, ама секоја страна од коцката е од посебна сложувалка, сигурно знаете за кои ви зборувам. ЗНачи на 6 коцки имаш 6 слики. Тие ги прави без проблем, а за друга сложувалка од оние комплицираните, ми ги дава мене, демек ајде да редиме. И после таа седи до мене, јас редам, а таа ми покажува: - ајде овде сега да ја бараме масата, еве вака треба да биде, ајде барај ова.user posted image И така, јас редам, таа гледа.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Сложувалки
17.9.2013 15:06:27   
vezilka RR
Ние имаме дома 5-6 сложувалки и се состојат од по 5-6 делчиња. Е само првате две кои му се најизвежбани може скоро сам да ги намести. Другите сеуште ги вежбаме. Интересни му се, неколку се домашни животни, неколку се превозни средства и ни го задржуваат вниманието едно половина час. Првата ја купивме, односно ја добивме на поклон, лани лето, значи малку пред две години, и јас мислев нема да му е забавно оти ќе му биде тешко, но му беше прав предизвик. И така почнавме да земаме и нови. Сега купивме ново, со бројки, па со еден удар, ќе учиме и бројки. Имаме и едни со две мечиња на кои по принциш на сложувалки треба да им се менува облеката, и со нив знае да си заигра. Е мама амбициозната, зема и една сложувалка со Ben 10 ама со над 50 парчиња, која не ја сака оти е тешка, хе хе за нас, па камоли за него, па ја прибрав, за некоја година.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Сложувалки
17.9.2013 15:43:45   
Bethany
И син ми сака сложувалки, досега сложувавме тие малите, од 4 парчиња се ваљда, со животно, од Џамбо, ама и тие што се редат спрема формата, па спрема бојата, тие веќе ни се извежбани. Таквите имаме неколку, добивме на подарок, и се супер. Ама веќе штом ги извежба и толку, ги прави за секунда и нема играње со тоа.
Сега не знам пак ќе гледам деновите да најдеме некоја нова од тие дрвените.
А и ова ме заинтересира со менување на облека, баш ќе ги побарам и таквите. Се спремаме за зима, по дома ќе седиме повеќе user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Сложувалки
18.9.2013 10:44:22   
masa
Ќерка ми периодов многу си игра со сложувалки и минатата недела бараше нови па купивме една книга од просветно дело.Од почеток бара помош,но за два дена почна сама да ги реди и веќе ги знае напамет,ги вади сите и си ги зима кои е за една дури знае и одвоено која каде треба.А имавме дома и една ептен ситна и таа ме тераше мене јас да ја редам и кога се изгубија неколку ја фрлив.Гледав имаше во jumbo поголеми сложувалки со поголем број на парчиња,но покрупни па планирам ако не за брзо за нова година таква да и купам мислам дека ќе може сама ја реди,оние ситните и мене ми се проблем.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Сложувалки
18.9.2013 19:25:35   
cevlice
Обожавам сложувалки! ! Се правев само да ги местам само да не учев ....
Сега со синчето ги имаме разновидни и редовно ги местиме ха ,ха само што тој ми ги подава и ми по кажува кое каде требаjavascript:void(AddText('user posted image '))
Посебно би ја издвоила најновата која е дрвена ја купивме кога бевме на Крв
тоа е жирфа рачна изработка и е со различни бои...одма штом ја видов реков ова го земам барем не е кршливо ке остане !

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Сложувалки
13.11.2015 12:05:48   
marchi
jas kako mala epten gi obozavav i sakam da mu zemam i na sinko ama se mislam da ne e uste rano,samo ke gi rasfrla kojsnae dali ke saka da igra.

(Одговор на членот cevlice)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Сложувалки
13.11.2015 16:08:19   
Felly RR
Marchi, можеш да му земеш од оние што се на коцки, тие се ем големи, ем има повеќе слики да си составува.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Сложувалки
13.11.2015 16:36:14   
lukajana RR
Л кога беше помал редеше такви сложувалки коцки а кога наполни четири години почнавме да му купуваме сложувалки со поголеми парчиња и многу сака да ги реди .
Марчи сложувалки има над 3 и над 6 години а овие коцки се таман за помали деца

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Сложувалки
13.11.2015 22:12:11   
marchi

ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR


Марчи сложувалки има над 3 и над 6 години а овие коцки се таман за помали деца


nie seuste nemame 3 godini no nema steta da zemam,barem taka mislam user posted image

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Сложувалки
13.11.2015 22:27:00   
lukajana RR
Нема штета зошто би имало ,демек дека има ситни делови и дека се од хартија да не ги гризе.
Може па ке му биде интетесно ,најди некоја со помалку делови а големи ,јас првата што му ја купив на Л беше со црвенкапа и имаше само десет парчиња ама му беше многу интересно дека сам ја реди

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Сложувалки
20.11.2015 13:00:46   
marchi
pred nekoj den zedov slozuvalka za sp pokrupni delovi za da ne se nervira dodeka gi slozuva user posted image megjutoa povekje ja rasturase odkolku sto ja slozuvase i si rekov podobro da ja skrijam za ponataka odkolku da ja rasfrli rasturi izgubi iskine...

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 12
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?