lukajana RR
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR Еве еден рецепт за сос за макарони, многу е брз, едноставен и многу вкусен Потребни состојки 30 гр путер 250 гр благо млеко 4 зденки(јас ставам 3) оригано 1 павлака Прво се ставаат путерот и млекото на загреана рингла, кога ќе се растопи путерот, се додаваат зденките, кои претходно ги пасираме, мешаме да се растопат, се додава оригано. Се трга од оган и се додава павлаката, се меша да се добие еднолична смеса. Потоа може да се измеша заедно со макароните или да се служи одделно Пробајте еднаш и често ќе го правите Бон апетит ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR Некое лесно рецептче за сос за макарони и шпагети,готовите не ги бива.Да е малку погусто и да не е со хопла таков знам Некој денес спомна дека е по макароните а тоа докторите викале да не се јадат рани душа да те слуша ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak Меланија сакаш бел сос или било каков? Јас најчесто правам болоњезе, а бел кога правам само со павлака и малку млеко, не ставам хопла. Т.е јас хопла и не користам, не ми е убава. Е сега болоњезе вака правам: Рендам кромид,морковче, ситно сецкана пиперка, пропржувам и додавам мелено месо. Кога ќе се испржи убаво месото ставам доматен сос. Ставам зачини (сол,оригано,црн пипер) и на крај една лажичка сенф, тоа го згуснува. А белиот со сувомеснато го правам (свински врат,печеница,сланина) зависи што имам. Сецкам,пропржувам, додавам павлака измешана со малку млеко, зачини пак и готово. Ако е течен интервенирам со малку брашно растворено со вода. Ете така, мене ми се овие два екстра лесни и вкусни. А инаку и во двата може да се стават печурки доколку сте обожаватели. ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR Меланија, имаш повеќе варијанти: - доматен сос: со доматен сос (во тегла од "Македонија" на пример), можеш да додадеш лук, кромид, оригани, црн бибер, печурки, а потоа можеш да додадеш сирење/месо/салама, итн. - бешамел (лажица путер/една зденка се пропржува со малку брашно и се додава млеко, па потоа зачини оригано, црн бибер, сол, кари, пармезан и сл. и се додадваат печурки/салама/сирење друго и сл. ИЗВОРНА ПОРАКА: vanessa30 Eve domakinki recept za domasno Pesto, jas doma cesto go pravam i ubavo odi i so testenina svarena ili na potpeceni lepcinja so prsut i mocarela/kaskaval. 1 kitka svez bosilek(sega mu e sezona) 70 g rendan parmezan (jas zemam od onoj vo kam paketceto mislam deka e 100g) 1/2 paketce lupen soncogled (moze da zamenite i so indiski orev ali ova e poevtina varijanta) maslinovo maslo po potereba ke vidite koezistencija na pestoto 2-3 cesninja luk i sok od 1/2 limon Seto ova go blendirate dodeka da dobiete mazna smesa kako pasta. Kolicinite mozete da gi varirata po zelba.
< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 12.2.2016 17:30:49 >
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
|