Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Статии на Рингераја.мк - Забременување 28.1.2013 21:02:05
Melanija RR
Дел од статијата Азбука на неплодноста која се наоѓа на порталот Рингераја.мк
Во делот Забременување можете да прочитате прекрасни статии .Овие статии и форумот ќе ви бидат од помош да осознаете нови нешта во делот на забременувањето.
А
ACTH - адренокорикотропен хормон. Хормон на хипофизата кој ја стимулира надбубрежната жлезда на создавање андроген и кортизол. ANAMNEZA - податоци за досегашната здравствена состојба на пациентот. ANALIZA NA SEMENSKI MATERIJAL - утврдување на бројот, подвижноста и морфологијата на семенскиот материјал AZOOSPERMIJA - Отсуство на сперматозоиди во ејакулатот ASTHENOZOOSPERMIJA - намалена подвижност на сперматозоидите AIM (IUI)- хорнологна интраутерина инсеминација. Вбризгување на семенски материјал на сопругот во материцата. APSTINENCIJA - воздржување од полови односи. AID - хетерологна инсеминација. Вбризгување на семенски материјал на донор во материцата ANOVULACIJA - отсуство на овулација. ANDROGENI - машки полови хормони (тестостерон, DHT, андростердион и сл.)
B
(BETA)ßHCG - бета ланец на hCG , кој е специфичен само за тој хормон BLASTOMER - клетки кои се создаваат со поделба на оплодената јајна клетка. BLASTOCISTA - зачеток со повеќе од 100 клетки во кои почнала диференцијација. BRAZDЕNJE- делба на клетки во зачетокот. BT bazalna temperatura - температура која секојдневно се мери во исти услови пред станување од кревет.
C
CD Color Doppler - доплер во боја. Ултазвучен преглед со кој се испитува крварењето на некои органи. CORPUS LUTEUM - жолто тело. Жлезди во внатрешноста на јајникот кои настануваат од фоликулот кој ја испуштил јајце клетката. Произведуваат хормони кој го подготвуваат ендометриумот за имплантација. CERVIKS - врат на материцата CERVIKALЕN FAKTOR - промени во вратот на материцата пред овулација (цервикална слуз и сл.) CITOGENETIKA - метод на анализа на хромозоми.
D
DECIDUA - дел од ѕидот на материцата со кој зачетокот дошол во контакт и ја започнал имплантацијата. DIFERENCIJACIJA- е процес во кој наследно еднаквите клетки структурно и функционално стануваат различни. DISMENOREA - болна менструација
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Статии на Рингераја.мк - Забременување 1.2.2013 14:25:46
Melanija RR
Мали тајни на забременувањето
*Машките сперматозоиди можат да преживеат во просек два до три дена во телото на жената. Женската јајце клетка има максимален живот од 12-24 часа и тогаш жената е плодна. Идеален однос кој може да доведе до зачнување е два часа пред овулација.
*И во сексот важат законите на гравитација. Секако дека може да забремените ако односот се случил во стоечка позиција, но таа положба сепак го отежнува доаѓањето на јајце клетката до сперматозоидот. На тој начин спермата лесно истекува од вагината, а би требало да тече кон внатре. Заради тоа, кога сакате да забремените избегнувајте секс од стоење, или положба кога жената е горе. Одлучете се за положба во која двајцата лежите на страна, а мажот е зад жената.
*Жените кои се заштитувале со контрацептивни средства не мораат подолго од другите да чекаат за зачнување. По престанувањето на апчињата за контрацепција потребно е малку време додека циклусот повторно се воспостави, но најчесто и во првиот циклус доаѓа до овулација. Дури се смета дека жените по престанувањето на таблетите се поплодни и дека имаат и друга овулација во месецот, бидејќи истата била подолго време спречувана.
*Ако сте често во мрак, работите во ноќна смена, долго време сте будни, или излегувате и живеете ноќе, Вашето тело произведува мелатонин, хормон кој го успива телото и ја одложува или спречува овулацијата. Ако спиете дење, а сте активни ноќе, таквиот начин на живот може да го поремети Вашиот циклус и плодност, на кои им треба многу дневна светлина.
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Статии на Рингераја.мк - Забременување 12.2.2013 10:21:15
Melanija RR
Функција на женските полови хормони
Функција на естрогенот
Естрогенот е важен за репродуктивноста кај жената, како и за нејзиното одржување во текот на целиот живот.
• ендометриј – естрогенот го стимулира повторното растење и обновата на слузокожата на матката по менструалниот циклус. • миометриј – естрогенот ја зголемува масата на мускулното ткиво во матката. • грло на матката – под влијание на естрогенот, грлото лачи поголема количина воденест исцедок • гради – естрогенот го поттикнува растењето на изводните канали на млечните жлезди. • коски – естрогенот го забрзува создавањето на коскеното ткиво, подобро дури и од тестостеронот. Со тоа женскиот скелет побрзо созрева од машкиот, па жените остануваат пониски од машките. Освен тоа естрогенот влијае и на задржување на калциумот и фосфатите во организмот, а последица на тоа е нивно одложување во коскеното ткиво. • вода и електролити – во големи количини естрогенот предизвикува задржување на натриумот и водата во организмот.
Функција на прогестеронот
Ендометриј – прогестеронот влијае на веќе подготвената слузокожа на која делувал естрогенот, така што таа веќе има јаки изразени секреторни функции.
• грло на матката – под влијание на прогестеронот секретот кој беше обилен и воденест, станува намален и густ. • миометриј – прогестеронот го намалува честото повторување на контракции на мускулниот слој на матката. Со тоа оправдано го носи името, хормон “чувар на бременоста”. • гради – го поттикнува растењето на жлезденото ткиво. • бубрег – прогестерон поттикнува поголемо излачување на натриум од организмот.
Влијание на половите хормони врз овулацијата
Оварискиот циклус е поврзан со лачење на половите хормони од јајниците (естроген и прогестерон), кое што е регулирано од хормоните на хипофизата - фоликулостимулирачки хормон (FSH) и лутеинизирачки хормон (LH). На врвот за излачување на хормоните стои е еден хормон од хипоталамусот - Gn-RH, кој различно влијае на лачењето на FSH и LH.
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Статии на Рингераја.мк - Забременување 25.2.2013 12:21:00
Melanija RR
Сакате бебе? Погрижете се за јајце клетките
Во минатото се наложуваше една основна теза на факторот кој влијае врз здравјето на јајце клетките, факторот возраст. Новите истражувања покажуваат дека ова тврдење може да се оспори до одреден степен
Постојат многу фактори кои влијаат врз здравјето на жената, состојбата на јајце клетките и нејзината способност да овулира – стрес, долготрајни диети, лоши навики, хормонален дисбаланс и др.
Зошто здравјето на јајце клетките е толку важно? Колку се тие поздрави, толку е подобра состојбата на фертилноста.
До неодамна се тврдеше дека секоја жена се раѓа со одреден број на јајце клетки и тие се единствените клетки во организмот кои не се регенерираат. Последните истражувања нудат интересна перспектива на животот на јајце клетките – жените всушност можат да произведуваат нови и нови во свите фертилни години.
Според истражувањето возраста исто така има значење, но не игра клучна улога во произведувањето, здравјето и животот на јајце клетките. Многу е важно да умеете да ги пазите јајце клетките кои ги имате, како и да се грижите за успешно производство на нови со помош на добар режим на исхрана, билки, додатоци и активен начин на живот.
За време на месечниот циклус јајце клетките тргнуваат на едно вистинско патување кон големата ел – овулација. Во текот на овој циклус Ви се отвора можност да интервенирате во подобрување на нивното здравје, бидејќи се премногу ранливи на лоши надворешни влијанија.
Обрнете внимание на:
- Движењето во текот на денот
- Хормоните
- Додатоци во исхраната
- Елиминирање на стресот
Задолжително посетете специјалист за да ја следите состојбата на хормоналниот баланс, бидејќи премногу често токму тоа се јавува како основен, суптилен и скриен непријател на бременоста.
За се останато можете да се погриижите сами!
Кога зборуваме за движење не мислиме да спортувате, туку редовно да се движите – загревање, прошетки, вежби 2-3 пати неделно.
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Статии на Рингераја.мк - Забременување 5.3.2013 14:35:33
Melanija RR
Кога сите околу Вас се бремени...
Кога еднаш ќе почнете да ја планирате својата иднина и ќе почнете да размислувате за бременост, во Вашата близина од нигде никаде ќе се појават безброј трудници кои до тогаш не сте ги забележувале...
Ако на тоа ги додадете Вашите неуспешни обиди, тогаш тоа ќе почне многу да Ве нервира... Знаеме како се чувствувате, затоа прашавме професионалец како полесно да го поднесете тоа.
Приредете си забава за “самосожалување”, само немојте да претерате
Навистина, може да почувствувате самосожалување. Угледниот психолог Shoshana Bernett, верува во моќта на забавите за самосожалување. Ако мислите дека тоа ќе Ви помогне организирајте ги секој месец додека не забремените. Се работи за тоа секој месец да Ви се случува некој среќен настан, кој ќе Ви остави убаво сеќавање, иако одбележува несреќен настан. Тоа ќе Ви помогне весело да го завршите месечниот период, да не се наполните со негативна енергија и да не се соочите со депресија. Затоа одберете место и време и исфрлете се' негативно од себе, плачете, викајте, пишувајте дневник или поезија, што претставува добар начин за да ги исфрлите од себе негативните емоции. На крај пуштете гласна музика и посакајте си повеќе среќа следниот пат.
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Статии на Рингераја.мк - Забременување 13.3.2013 13:30:14
Melanija RR
Месечен циклус кај жената
Месечниот циклус на жената се мери од првиот ден на нејзината менструација до првиот ден на следната менструација. Кај повеќето жени, циклусот трае од 28 до 30 дена и тоа се смета за нормална должина на циклусот, додека кај други жени тој трае подолго или пократко. Месечниот циклус може да се подели во 4 фази: менструален циклус, пред овулација, овулација и по овулација.
Менструален циклус е период, во кој доаѓа до исфрлање на неоплодените (изумрени) јајце клетки од претходниот циклус, заедно со слузта од матката. Тоа е период кој трае од 5 до 7 дена кога крвариме. Во тек на менструација, жената во просек губи од 10 до 80 мл. крв. Во оваа фаза, нивото на естроген е многу низок.
Фаза пред овулација (фоликуларна фаза) настапува кога хипоталамусот (кој е задолжен за одржување на хормоните во организмот) праќа порака на хипофизата, која почнува да лачи фоликостимулирачки хормон ( FSH ) . Овој хормон ги стимулира фоликулите да развиваат зрели јајце клетки, од кои само една ќе биде вистинска што ќе созрее во јајникот и ќе тргне по својот пат кон јајникот и матката. При процесот на созревање, фоликулите почнуваат да произведуваат естроген. Зголеменото ниво на естроген праќа порака на хипоталамусот и хипофизата, дека постои зрела јајце клетка, што доведува до лачење на лутенизираниот хормон (LH).
Помеѓу 24 и 36 часа од почетокот на лачењето на лутенизираниот хормон, зрелата јајце клетка се одвојува од јајникот и тргнува кон матката. Тоа е период на овулација. Во овој период шансите за зачнување се најголеми.
Во фазата по овулација (лутеална фаза), фоликулата од која настанала зрелата јајце клетка (corpus luteum ) почнува да лачи прогестерон, кој и помага во подготовка на матката за примање на оплодената јајце клетка. Прогестеронот се произведува 12 до 16 дена. Доколку дојде до оплодување, прогестерон продолжува да се произведува, за да помогне во развивање на плодот во раната бременост, како и во подготвување на градите за правење млеко. Доколку не дојде до оплодување, нивото на хормонот почнува да опаѓа и околу 14 дена по овулацијата, изумрената јајце клетка заедно со слузта од матката се излачуваат низ вагинално крварење- менструација. Тогаш настанува нов месечен циклус.
За да ви помогнеме да ја препознаете секоја фаза од вашиот циклус, направивме табела со сите важни фактори и нивната промена во текот на еден циклус.
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Статии на Рингераја.мк - Забременување 16.4.2013 10:53:41
Melanija RR
Кој треба да се лекува со IVF(или ISCI) и IUI?
Во нашата земја околу 15% од брачните парови се неплодни. Денес 60 - 70% од неплодните брачни парови се одлучуваат за постапката на вештачко оплодување (IVF ) и други методи за потпомогната репродукција.
Ин-витро оплодување
Ин-витро оплодувањето може да биде ефективно лечење на сите видови стерилитет со исклучок на инфертилитет поврзан со анатомски проблеми на матката.
Овој метод се применува рутински кај двојки кои не можат да зачнат по природен пат, а кои имаат еден од долу-наведените показатели на неплодност:
*тешко оштетени јајоводи (или не постојат) *суфертилно семе - неплодно семе *ендометриоза *имунолошка неплодност *неуспешна AIH *неразрешена неплодност - идиопатска *комбинирани причини
IVF методата има неколку етапи.
*припрема и обработка на пациентите *индукција на овулација *контрола на растот на повеќе фоликули *аспирација на зрелите јајце клетки *припрема на зрелите јајце клетки и семето во лабораторија *оплодување и контрола на зачетокот *пренос на зачетокот ET *контрола на функцијата и помош на жолтото тело
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Статии на Рингераја.мк - Забременување 9.5.2013 14:41:37
Melanija RR
Повеќе сонце = поголема плодност!
Ви треба причина за да излезете надвор на сонце? Имаме една за Вас! Поминувањето време на сонце може да биде поттикнувачко за плодноста!
За што се работи?
Дали ова го објаснува фактот што многу парови кои одат на одмор во некој од тропските краеви се враќаат чекајќи бебе? По истражувањата на научник од Австрија плодноста кај мажите и жените може да се зголеми благодарение на витаминот Д, кој се произведува при изложување на сончева светлина. Но колку реално ги зголемува шансите за плодност? Научниците откриле дека кај жените одржувањето на адекватната количина на витамин Д помага во регулацијата на рамнотежата на половите хормони и ја регулира овулацијата, подигнувајќи го нивото на прогестерон и естроген. Мажите кои имале ниско ниво на витамин Д, по земањето на негови додатоци го зголемиле бројот на сперматозоиди, квалитетот на спермата и нивото на тестостерон.
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Статии на Рингераја.мк - Забременување 25.6.2013 10:44:49
Melanija RR
Следење на овулација – телесна (базална) температура
Заедно со промените во количината и структурата на цервикалниот секрет и мерење на телесна (базална) температура е еден од сигурните показатели на овулација. Како и кај другите методи, доколку за време на неколку циклуси, редовно и внимателно ја пратите базалната температура, ќе ви биде познат денот на зголемена температура, а со тоа и времето на овулација кое настанува 2-3 дена пред тоа.
По овулација температурата останува зголемена за 0,2°C, се до следниот менструален циклус, кога се враќа на нормално ниво. Доколку во тек на овулација дојде до зачнување, телесната температура останува зголемена.
За време на менструалниот циклус кај поголем број жени, нормалната телесна температура се движи помеѓу 36,0 u 36,3°C , а по овулација помеѓу 36,2 и 36,5°C . Во тек на овулација, кога температурата е највисока, таа може да достигне до 37°C. Најдобар начин за следење на промените на вашата телесна температура е секој ден, наутро, во исто и однапред определено време редовно да ја мерите температурата и да ја запишувате во табела.
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Статии на Рингераја.мк - Забременување 8.8.2013 10:27:43
Melanija RR
Лековити билки кои се препорачуваат при неплодност
Свесни сме дека секој лек кој го конзумираме потекнува од некоја билка.Целата фармацевтска индустрија е покрената од мешање на разни лековити билки. Еве неколку билки кои се препорачуваат кај лица кои се соочуваат со неплодност:
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Статии на Рингераја.мк - Забременување 3.10.2014 9:48:58
Felly RR
Пчелини производи за побрзо забременување
Познат како нектар на боговите, желе на кралевите, медот одамна заработил почитување заради своите лековити и антивирусни својства, но исто така е од голема корист за паровите кои се борат со стерилитет