|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Татичко пред породилната сала
27.6.2010 14:53:47   
Gari68
Татковци како се чувствувавте чекајќи пред породилната сала,какви мисли ви поминаа низ вашите глави, беше ли присутен некој страв ,неизвесност нарочито тоа се однесува кај предвреме родените деца.Дали тоа го споделивте со вашите сопруги? Мајки дали дознавте од вашите мажи како е да се биде пред породилната сала?

Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Татичко пред породилната сала
27.6.2010 15:22:40   
Gari68
Еве го моето искуство пред породилната сала.
Поради тоа што мојата сопруга мораше да се породи предвреме немаше шанси да присуствувам во салата за пораѓање туку бев во ходникот пред породилната сала.Наместо возбудата од раѓањето на ќерката беше присутен страв од тоа како се ќе помине.Наместо стандардните 30 минути јас чекав 2 часа , 2 часа неизвесност,1000 мисли поминати низ мојата глава, 1000 молби до господ да заврши се како што треба и двете мои сакани да ги видам живи и здрави. Не знам колку пати ми помина мислата " а што ако само едната преживее ,која да биде тоа". За цело време се убедував самиот себе дека се ќе биде во ред,дека потсвесно она што го мислиме дека тоа и ќе биде па затоа не смеам да мислам негативно туку само позитивно.
И на крај кога се заврши ,излезе сестрата и ме повика да влезам внатре,влегувам внатре а нозете олово тешки  , зошто одма не ми кажа ништо,зошто не ми честита ?
За среќа се беше во ред ,голема тежина падна од срцето но за потполно опуштање мораше да поминат уште неколку месеци.
Сега сето тоа можеби ми изгледа и како некоја приказна но тоа беа најтешките 2 часа во мојот живот.


(Одговор на членот Gari68)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Татичко пред породилната сала
27.6.2010 15:47:58   
Viktori
Јас ќе пишам во име на мм.
Не мислеше 2та пати. Ама со син ми кога се пораѓав во еден период ми престаа контракциите и немаше каде, па ме легнаа во соба со жени со патолошка бременост. А сестрата долу на прием само му кажала на мм дека не префрлиле на патолошка без да му каже зошто.
И така мм се изреметил од страв без потреба. Сабајлето веќе бев породена и тој влезе и ме посети, ама сигурно му било за нигде цела вечер мислејќи што можело да тргне како што не треба.user posted image


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Gari68)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Татичко пред породилната сала
28.6.2010 11:04:57   
niki
Браво за темава Гариuser posted image
Не можам да го пишам искуството на мм бидејќи тој ја немаше таа среќа ни пред породилна сала  да биде.
За следното можеби.
Сега само се надевам дека ќе се јават многу татковци да го споделат своето искуство. Поздрав до сите
нив!


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Татичко пред породилната сала
28.6.2010 16:06:27   
Bitolcanka
user posted image user posted image user posted image за темата Гари. Претпоставувам тие мигови се потешки за сопругот, отколку за сопругата. Неизвесност, чекање, страв, нервоза, напнатост ... Но, како што имам слушнато, велат: "Кога ќе го погледнеш user posted image се се заборава."

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Татичко пред породилната сала
28.6.2010 17:29:06   
Martins mom
Ете го мм до мене ми суфлира, а јас пишувам...На денот Д умрел за јадење како прво, зашто јас појдов во 11 сабајле,а во 21 часот се породивuser posted image user posted image Тој беше цело време тука со мене..е кога дојде моментот да ме носат на бокс, тој мораше да излезе во ходникот, ама не излегол, им ја научил шифрата на врата (па нели цел ден висевме тамуuser posted image user posted image ) и се пикнал пред врата кај што се пораѓав, за среќа никој не го ни приметил...Ми кажува дека тој пола саат бил најдолг во неговиот живот, чувствувал среќа и страв во исто време (а пуштил и некоја солзичка)...На секое мое пискање и викање, тој удирал со тупаница во ѕидот, па кога го видов крвав во рацете...user posted image user posted image user posted image Кога сестрите му го дале да го види, веднаш го зел во раце, почнал да го гушка, да го бакнува, да му вели абе сине знаеш ли колку време те чекав, абе колку те сакам...user posted image user posted image user posted image Циркусuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Татичко пред породилната сала
28.6.2010 17:49:17   
Боцко
Повеќе за моето искуство ТУКА

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Татичко пред породилната сала
16.1.2011 19:26:58   
Pepelaska *
После напорните два дена со болки и мојот инает откако ме вратија дома, а токму кога се вративме почнаа болките кога конечно отидов и ме ставија на цтг мм не можеше веќе да седи тука и рекол на мајка ми ке полудам не можам user posted image . Ама кога ме виде во спаваќата сама во тој долг ходник никогаш нема да го заборавам тој страв во неговите очи и бакнежот.Јас заминав а тој стоел тука шетал угоре удолу по скалите и се молел да е се в ред. Дури запалил и цигара што никогаш не му се случило. Најсмешно ми беше кога ме извадија од сала за в соба, ја отворија вратата од ходникот и сите мајка ми татко ми свекрва ми свекор ми девер ми, една другарка  сите кон нас. Тогаш некако се чувствував најсреќно успеав да преживеам и јас и моето сонце.Во негово име пишувам и тој си чита РРuser posted image


< Поракaта ја уредил Pepelaska### -- 16.1.2011 19:28:48 >


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Татичко пред породилната сала
16.1.2011 23:42:37   
ole2004
Eve i jas da napisam nesto okolu poragajot i mm.Nas doktorot ne fati na prepad posebno mm.Mi se javi 6dena pred termin da odam na kontrola.Otidovme so mm vo 17h i bez nikakov pregled mi rece da ostanam vo bolnica,a mm preblede.Mu se vrati bojata na liceto koga mu kaza doktorot deka nema da me zemat za poragaj do slednoto utro.Jas ostanav,a mm otide na rabota da zavrsi nekoi raboti bidejki sledniot den ke ima obvrski ke bide tatkouser posted image .Se porodiv vo 21,30h so carsi rez,mu javile na mm,a toj ne veruval deka ima kerka,mislel se zezaat.Vo 22,15h veke bese kaj mene,stoese kaj vratata zbunet i ako ne go ohrabrese sestrata nemase ni da me gusne kako da sum od porcelanuser posted image    

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Татичко пред породилната сала
17.1.2011 9:29:42   
anedespo
Се пораѓам јас со првото и закачена на инфузија и цтг , не можам да мрдам, болки ужасни и викам како ненормална, а тој доле под прозор со мајка ми. Стои ме слуша и се нервира. Се качувал по дрвата да ме види, од грицкање нокти, малиот прст му загноја па беше на операција. 

(Одговор на членот ole2004)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Татичко пред породилната сала
17.1.2011 13:20:22   
strelec 8
 za prvoto bese doma oti morav da polezam malku vo bolnica.ama na golemiot den go pocna da zvoni po toa mob.zrn,zrn zrn duri i mu se razvikav da prestane oti jas ke mu se javam.svekrvata mi veli deka bil na terasata pusel cigari edno vrz drugo duri i pepelarata mu bila prepolna.a za vtoroto bidejki se poragav rano sabajle okolu 04:00 oko ne sklopil.a jas od zal da ne go razbudam mu se javiv duri vo 07:00

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Татичко пред породилната сала
7.4.2012 15:36:04   
mamicka77
morase da odi na rabota  bidejki toj den mu zavrsuvase odmorot barase da mu go dadat od 25avgust do 10septemvri ama ne mu dozvolija i otide na rabota a mozokot celo vreme vo mene i zvonel na tel a jas vo sala

(Одговор на членот strelec 8)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Татичко пред породилната сала
1.4.2013 14:44:52   
zzaa
A i jas da go pisam iskustvoto na mm,znaci me odnese vo 23h vo bolnica i kaza da si zamine nema sto da pravi,ke se poradam do sabajle,a toj sirotkio od nervozi neznael sto da pravi sedel vo kola,ne mu se odelo doma da ne sedi sam da ne se nervira,pa mu teknalo deka cigarite smiruvat,i si kupil cigari a mm nikogas ne pusel pa zapalil edno da se smiri bozem,(toa mu e prva cigara) pa ke se zagusiluser posted image koga mi raskazuvase jas patos.Vide ne videl si se kacil pred porodilna sala si dremel,si slusal kako placat bebinja i si vikal sigurno e naseto,go bilo strv da prasa za mene da ne ima nesto loso pa da se iznervira,a mu kaza od bolicata deka ke mu se javat koga ke se porodam.A na mene mi se iskluci mob,i se porodiv vo 11h,a nemu mu zvonev vo 1 i 30 togas mi dadoa tel sestrite,i taka dobro 14 h si se iznadremil.posle znaete sto sleduva muzika cel den i cela nok se napravil drvouser posted image

_____________________________

Денот кога се збогатив ... Станав мајкa
http://lpmf.lilypie.com/9ToIp2.png?PUn0FHCJ
принцеза на мама

(Одговор на членот mamicka77)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Татичко пред породилната сала
1.4.2013 15:26:50   
masa
Интересна тема.Читајќи погоре ќе испадне како на Тошо од К15 работата кога се пораѓаше жена му и кога му кажаа дека му се роди ќерка рече фала богу барем нема да трга маки како мене user posted image
ММ е голем паничар и срчло кога е здравје во прашање, има фобија од игли и крв,а кога го прашаа дали ќе присуствува на пораѓај пребледе user posted image Во Ремедика,кај што се породив е дозволено во предпородилно присуство на сопругот,но бидејќи вечерта отидовме ни рекоа дека дури сабајле ќе се породам и ми беше жал да седи на столче,а о онака излегуваше на секои 15мин да пуши, отиде до кај братучед некаде после полноќ му таму да одспиел малку,вели дремнал па...околу 6 му се јавив зошто ми рекоа дека ќе ме носат во сала,но не се видовме.Додека бев во сала тој нервозно шетал по ходикот и докторот неколку пати влезе излезе и меѓу другото си помуабетиле и си пиеле кафе и виски во бифето и докторот го смирувал му рекол дека се ќе биде во ред и така и бидна.Ама вели дека одвај дочекал да ја види малата.
Мислам вториот ден беше одам да ја видам user posted image со некој на посета ми беше дојден и еден маж носат на носилка,некој храбар татко беше user posted image

(Одговор на членот zzaa)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Татичко пред породилната сала
2.4.2013 7:01:00   
bucko mal
mm bese so mene vnatre vo operaciona sala,se porodiv so carski so spinalna,ako si so celosna anestezia togas ne e dozvoleno prisustvo na tatkoto.
zaedno vlegovme vnatre,mm nasmean do usi a jas mnogu bev isplasena.
sedese do mene i so video snimil koga go izvadjia bebevo,jas mu vikam lud si jas ednas go vidov videoto i nikogas veke nemozam.
bebeto go zabrisuvaat malku go merat,ke go zavitkaat i odma vo raka na tatkoto go davaat i on go nosi vo race do soba i so nas zaedno ide i babicata nasa.
koga mu go dadoa vo race na mm se rasplaka pa i mene me rasplaka vo sekoj slucaj ubavo,mnogu ubavo taka zaedno da uzivame i dvajcata.

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Татичко пред породилната сала
2.4.2013 13:17:42   
masa
user posted image bucko mal за твојот сопруг. Мм првите денови откако дојовме дома само со транспортер ја земаше малата и дури по неколку дена ја зема во раце и ја држеше на пола метро од себе му било страв да не и неправи нешто,па потоа додека се престраши јас му ја ставав на гради додека лежи да ја подржи.Цела недела му требаше да се опушти user posted image ако му ја дадеа штотуку родена гарант ќе ја исшуштеше од раце ако останеше свесен секако user posted image

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Татичко пред породилната сала
11.8.2014 9:56:47   
Mila mamicka
Јас ќе го кажам искуството на мм, така како што ми го раскажа тој. Во болницата во Скопје стигнавме во 2 часот ноќта. Ме примија, се поздравивме и разделивме. Бидејќи немав болки, а ми беше пукнат водењакот, морав да чекам визита во 8 утрото, за да ми стават провокации. Иако сестрата му рекла да си оди, оти нема брзо да се породам, тој цела вечер седел во ходникот и не знаел што да прави со себе. Се спријателил со болничарот на приемно, и само пушеле цигари. Во 9 часот решил да оди да се одмори малку кај еден братучед, ама не можел око да склопи, па пак заедно дошле во болницата и седеле во дворот. Како што вели тој, пола час пред да се породам, почнал да чувствува некој немир и му рекол на братучед му дека сигурно нешто веќе се случува. И стварно се случуваше. Кога му се јавив за да му кажам дека има син, тој бил во Тинекс за да купи цигари и Ред Бул. Кога го видел моето име на тел, ги мавнал тоа цигарите на каса, и летнал надвор за да ме слушне поубаво. Потоа, кога ми раскажуваше братучед му за случката, вели дека било само за на филм. 

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 17
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?