Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Зборовните споеви што се употребуваат во јазикот како целосни, готови јазични елементи со единствено значење се викаат фразеолошки изрази или фразеологизми.
1. Ова е многу тврд орев, не се крши со заби. 2. Ќе бидеме тврд орев за нашиот утрешен противник.
Забележуваме дека нема исто значење во двете реченици. Во втората реченица има значење: тешко совладлив.
Нашиот јазик е богат со фразеолошки изрази (фрази). Голем дел често употребуваме и во секојдневниот говор:
Го зеде на заб. Го замрази.
Животот му виси на конец / Мириса на земја. Пред умирање е.
Му потонале (пропаднале) гемиите. 1. Се вели кога некој се замислил и се намуртил без да има сериозна причина за тоа – нема причина толку да се грижи. 2. Се почувствува сосем загубен, без никаква надеж.
Времето е пари. Времето значи многу за секого и за се во животот. Тоа е поскапоцено и од парите. За сé е потребно време. Треба да се искористи максимално.
...
< Поракaта ја уредил Bitolcanka -- 12.6.2010 9:05:25 >
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
Од петни жили - се напрега, дава се од себе, се труди Кожа и коска - слаб човек Ветар во магла - нема ништо од започнатата работа Му падна секирата во мед - добил добра работа, неочекувано наследство или богато се оженил/омажила Димна гора - далеку
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Ни срам ни перде.. Воопшто не се срами Кој те шиша..Не ти придавам значење Да не чуе злото..Да не кобиме Ни лук јал, ни лук мирисал..Без никаква вина На твоја глава..И тебе да ти се случи ова што ми се случи мене Сега му е мајката..Сега е вистинското време Ми дојде душата на место.. Се смирив Дај ми го нати го..Си разменуваме нешто Иди ми, дојди ми..Се посетуваме меѓусебно Око не ми трепнува..Не ми е грижа
Без да трепнат око продаваат - само до богатство да дојдат Копец душата закопчана - стегната Од умот се разделил - полудел Умот ми е мазна лубеница - ништо не разбирам Душа ми се кине - тагувам Уста лајава - човек кој многу зборува
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Супер тема Не сум битолчанка, ама скоро сите горенаведени фрази ги користам во говорот, еве уште:
Мижи Асан, да ти баам. - не верувам За секоја крпа има и закрпа. - секој ќе си најде другар, пријател, партнер Секое лонче и поклопче. - види погоре Во секоја манџа запршка. - секаде се замешува Своето г о не смрди. - обично за деца се употребува кога мајката си го брани своето секогаш
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
Животот е борба. - Во текот на својот живот секој човек се труди да опстане, да си обезбеди егзистенција за себе и своето семејство, прави сè за да си обезбеди подобар живот себе и своите најмили.
Јонче: ... Е, свет, свет, расипан свет! ... како узбуркано море корабон така и ти ги носиш чесните луѓе во пропаст. Да, таков е животот-тежок и на сето тоа мора да се издржи ... А кога расипаниот свет живее зошто па чесниот да загине? Да, та јас не би бил никаков човек кога би ги заклал децата и себеси. Животот е борба и ќе се борам! Јас сум млад и ќе најдам исход! Та колку е убаво да имаш дечиња, да ги растеш, да ги учиш и да ги гледаш со секој изминат ден сî поголеми и познајни и еден ден израстени и учени. Та зар морам да бидам дуќанџија? – не, ќе работам што ќе најдам, рудар ќе станам ... Од работа – не е срамота! Нека се срамат оние што живеат како паразити на грбот од друг, а јас ќе се сеќавам горд што парчето леб со пот ќе си го вадам. (Милион маченици., 94-95)
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
Кантар од сто кила не го трга - обично така велам за немирно дете Падна од коњ на магаре - се симна на пониска позиција Не купувај мачка во вреќа - прво провери, види што купуваш Затишје пред бура - краткотрајно спокојство Содома и Гомора - за места на кои се одвиваат лоши работи
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
од ѕидот на амбарот-зборува глупости пушти аро за вода и ти оди по него-кога некој ќе го пратиш по нешто и го нема подолго не тропи ногу ногу-да не зборува многу гладна мечка оро не играе-гладен не се работи баш ме заболе-не ми е гајле тачка-одкачен/а
имаме и ние многу такви изрази само што во моментов сум блокирана треба да запишувам да не заборавам
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
газ и гаки - неразделни лимон табиет - за некој што многу се лути мижи Митро, тулумби паѓат - исто значење како мижи Асан да ти баам ко ќе моша Илинка преку Исаро - за нешто невозможно шо ме боле за Овче Поле шо нема море - за нешто што не ти е гајле иди ми дојди ми - нема потреба од објаснување на значењето на ти го дај ми го...
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
газ и гаки - неразделни лимон табиет - за некој што многу се лути мижи Митро, тулумби паѓат - исто значење како мижи Асан да ти баам ко ќе моша Илинка преку Исаро - за нешто невозможно шо ме боле за Овче Поле шо нема море - за нешто што не ти е гајле иди ми дојди ми - нема потреба од објаснување на значењето на ти го дај ми го...
она моша е грешка, треба моча
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
На нероден Петко капа му скроија. - испланираа предвреме Не трчај ко прле пред магаре. - не избрзувај, со ред Се сакаат ко глушецот и мачката. - не се сакаат Пресипува од празно во шупло. - се труди, работи, се мачи ама без резултат
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
Мачкање очи. - лажење Чист образ. - чесен Ако не можеш по магарето, удри по самарот. - неправедно се напаѓа некој невин, близок на виновникот. преводов ми е Шта да ти причам, кад све знаш ова последново е српски фразеологизам
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together