|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Кондом
10.7.2009 14:48:35   
mami
КОРИСТЕЊЕ НА КОНДОМ  

Правилно користени, кондомите овозможуват заштита од ХИВ, други СПБ и бременост. Ако високо-квалитетен кондом се скине, тоа речиси секогаш се должи на неправилна употреба. Доколку се продолжи со коитусот и после ејакулацијата постои ризик од истекување на спермата. Кондомот исто така може да се слизне од пенисот. Постојат начини за избегнување на овие проблеми.   Што е важно при користење на кондомот?  
  • Мажите кои не знаат како се користи кондом, потребно е да купат едно пакетче, и следејки ги инструкциите во упатството да пробаат да ги употребат. Подобро е да се научи како да се употребува кондом во смирена состојба, отколку при сексуална возбуда или нервоза.
  • Внимавај со нокти или прстени да не го оштетиш кондомот кога ќе го вадиш од обвивката. Кога прстите се суви, кондомот се вади лесно. Ако прстите се лепливи, кинењето на обвивката е потешко. Никогаш немој да ја кинеш обвивката со заби (како што многумина прават). Подобро избриши ги рацете. Оштетениот кондом не овозможува соодветна заштита.
  • Провери на која страна се одмотува кондомот.
  • Држи го врвот на кондомот (кој понекогаш е со мало проширено врвче за да ја собере спермата) меѓу палецот и показалецот, за да го истиснеш поголемиот дел од воздухот од кондомот.
  • Стави го кондомот на врвот од пенисот и одмотувај го надолу до каде што е можно. Види колкав дел од пенисот е покриен со кондомот. Дали кондомот стигнува до коренот на пенисот или многу погоре?
  • Ако ги следиш горните инструкции, кондомот ќе ти пружи максимална заштита. За време на односот добро е да провериш со прстите дали кондомот е на место. Ова е особено важно ако кондомот не стигнува до коренот на пенисот, бидејќи во ваков случај многу поверојатно е тој да се одмота.
  • Кога користиш кондом при вагинален или анален однос, не треба да продолжуваш со коитусот после ејакулацијата, дури и ако се уште имаш ерекција и посебно ако кондомот не стигнува до коренот на пенисот. Постои ризик спермата да се истисне од кондомот и да влезе во твојата партнерка. Полесно е да се прекине односот ако твојата партнерка доживеала оргазам пред тебе. Пробај да го постигнеш ова. Ако не успееш, помогни и'' на партнерката да доживее оргазам на некој друг начин.
  • По ејакулацијата, извади го пенисот надвор пред да се спушти, во спротивно постои значителен ризик кондомот да се слизне внатре во вагината или во анусот. Кога го вадиш пенисот надвор, придржувај го кондомот со прстите.
  • Ако сакаш да бидеш посебно внимателен (што е посебно добро при анален однос поради поголемиот ризик од ХИВ инфекција), можеш да го извадиш пенисот надвор пред ејакулацијата и да го завршиш односот ејакулирајќи надвор.


< Поракaта ја уредил AnnaMolly -- 25.6.2011 18:53:45 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Кондом
10.7.2009 14:52:03   
mami
кондомот е особено важен момент и единствен начин да се заштитите и од бременост и од болести во исто време...
Додека бев немажена не доаѓаше во предвид да имам односи без кондом, единствено со мм ми се случи неколку пати и после се убив од мислење дали сум или не сум бремена..Затоа дами мои користете кондом

< Поракaта ја уредил AnnaMolly -- 25.6.2011 18:54:03 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: кондом
10.7.2009 15:01:25   
Еца
user posted image user posted image user posted image   Користете кондоми, имајте сигурен секс! Заштитете се и себе и своето потомство.Користете кондом и заштитете се од несакана бременост.user posted image  

< Поракaта ја уредил Еца -- 8.1.2010 23:34:09 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: кондом
17.7.2009 12:01:02   
mami
моментално имам некоја инфекција и додека сум на терапија имам препорака да користиме кондом, за да не си играме нати го дај ми го со вирусотuser posted image user posted image user posted image
Затоа мили, користете кондом, за ваше здравје

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: кондом
17.7.2009 15:45:47   
milijana
Fala mu na toj sto go izmislil.Ako gi prasate mazite oni nikogas ne bi ni stavile, a..sovesnata zena vikaat ,,Vo tasna sekogas imala barem eden kondom,, Se e stvar na vkusovi, no dokazano e deka so kondomot nie zenite sme najzastiteni.Nekoi zeni stavaat i dijafragma..no, edna moja komsika i pokraj toa ostana bremena..pa eve ja sega samo kondomi kupuva..oti mazot i nemal navika da kupuva pa se karale okolu zastitata. I devojkite (a, znaeme deka deka denes skoro sekoja ima odnos) mora da koristat kondom, barem da go tera partnerot da stava..zosto sepak so bakterii i virusi..nema igracka...a da ne spomnuvame ,,nesakana bremenost,,Definitivno sum za ,,kondomi,,Pozz

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: кондом
17.7.2009 17:53:57   
mis.
А да ве прашам кај вас кој купува кондоми вие или сопругот?

(Одговор на членот milijana)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: кондом
17.7.2009 18:08:10   
mami
кој стигнеuser posted image user posted image user posted image некогаш јас некогаш тој..мислам додека бевме дечко и девојка само еднаш имам купено јас, тој како прав џентелмен секогаш имаше..заедно купувавме кога бевме на одмор во англија и не гледаа смешно во продавница бидејќи земавме 4-5 паковања user posted image user posted image user posted image user posted image а сега откако сме во брак кој стигне тој купува

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: кондом
30.9.2009 13:23:21   
mami
зошто е важна употребата на кондом-

-Кога спиеме со некој , не спиеме само со него, туку и со сите луѓе со кои што спиел нашиот партнер претходно. Важно е луѓето да сфатат колкав е ризикот и на што се се изложени, односно да не заборават да користат кондоми, како и да отидат на лекарски преглед од време на време.  (цитат од еден текст)

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: кондом
30.9.2009 13:31:16   
mother 29
МАШКИ КОНДОМИ

Ова се средства најчесто направени од латекс гума и служат да го спречат и да го задржат продирањето на семената течност во вагината.
Кондомите претежно се направени од релативно цврст зид (0.0065-0.085 mm), како би се спречило нивното пукање.
Јапонските кондоми се тенки и до 0,02 мм кои се достапни сега низ целиот свет.
Изборот на кондомот е личен во зависност од желбата на поединецот.
Кондомот се користи како „навлака„ која се става преку пенисот кој е во ерекција, пред започнување со полов однос и се користи во текот и до крајот на сексуалниот чин.
Кондомите претежно се намачкани со spermicidom nonoxynol-9, поефикасни се од оние кои се без спермицидом.
Ризикот на пукање на кондомот изнесува околу 3% и се верува дека причината е поврзана со триењето.
Латекс кондомите, како и другите методи на контацепција смалуваат ризик на сексуално преносливи болести: гонореа, уреоплазма и болести кај воспалување на карлицата.
Истотака да се напомене дека и тие болести се намалени со честата употреба на кондомите. Ин витро тестирани Chlamidya trachomatis, херпес од типот 2, HIV и хепатитис B не продираат низ латекс кондомот.
user posted image

Додатна заштита обезбедува и spermicidom nonoxynol-9.
Кондомите играат и многу голема улога при заштита на партнерот од HIV заразените личности.
Постојаната употреба на кондомите дава поголема заштита одколку нередовната употреба.
Вагиналниот спермицид треба да се користи како додаток на кондомите, кога заштитата од инфекции е основна грижа ( и не мора во зависност од партнерот )
Кондомите донекаде и даваат заштита од цервикална неоплазија.


(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: кондом
3.10.2009 18:51:18   
nelka
i nie dodeka da ostanam bremena ne koristevme nisto,no otkako se porodiv pocnavme po mesec i pol da imame odnosi,prvite nekolku pati bez kondom ama sekoj den mislev koga ke mi dojde.kupiv i test za bremenost slucajno da ne sum ostanala bremena...i sto jas ke se tresam i pretresuvam seka sekoj odnos ni e so kondom.najsigurno.user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: кондом
6.10.2009 13:41:10   
mami
9 добри причини за користење кондом:

1. Тие се најдобар метод за контрола на раѓањето

2. Кондомите немаат ниту едно од несаканите дејства кои ги имаат другите контрацептивни средства

3. Ги употребуваме само тогаш кога ни се потребни

4. Не предизвикуваат биолошки промени во организмот на жената

5. Можат да се купат секаде и не ви треба рецепта за нив

6. Помагаат во спречувањето на ширењето на сексуално преносливите болести вклучувајќи ја и Сидата

7. Помагаат во спроведувањето на заштитата од појава на рак на матката

8. Го прават сексот почист

9. Може да го проверите после сексуалниот однос со што со
сигурност ке знаете дали сте го употребиле правилно

(Одговор на членот nelka)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: кондом
6.10.2009 13:44:39   
big_mama817
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: кондом
6.10.2009 13:52:06   
vezilka RR
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
можеби треба да се делат флаери со оваа содржина па ќе им стане појасно на луѓево..user posted image

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: кондом
7.10.2009 10:34:20   
mami
Што треба да се запомни за кондомите

- научи како да го ставаш и вадиш кондомот пред да го употребиш за прв пат
- разговарај за кондомите со својот партнер пред да имате секс
- секогаш имај пакетче кондоми при рака- биди подготвен
- провери го датумот- употребливо до..
- пробај различни типови кондоми и најди го оној кој најмногу ви одговара и на двајцата
- секогаш употребувај нов кондом
- внимавај- со ноктите и прстените може да се оштети кондомот
- немој да ја прекинуваш сексуалната игра за да го ставиш кондомот- направи тоа да биде дел од  сексот


< Поракaта ја уредил mami -- 7.10.2009 10:37:07 >

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: кондом
8.1.2010 9:50:39   
mami
Кога ке дојде вистинскиот момент, како ке ја започнете темата за користење на кондом?
Пробајте со некоја од овие сугестии:

- Зошто да не употребиме кондом?

- Ќе ми го ставиш ова? ЈАс ќе ти покажам како...

- Не пијам пилули, може ли да употребиме кондом?

- Твои или мои кондоми?

- Знам дека не пиеш пилули, ајде да употребиме кондом

- Среќа што купив кондоми

- и за двајцата е безбедно ако користиме кондом

- Ако ти не се грижиш дали ке употребиш кондом со мене, тогаш ти не си правата личност со која јас сакам да водам љубов


(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: кондом
14.1.2010 1:48:01   
mica
jas iskreno dosega ne sum imala seks so kondom:)i ne znam kakvo e cuvstvoto bidejki samo so mm imav prv seks i den denes sme zaedno:) no nemame navika da koristime kondomi , nekoi velat deka na mazite ne im bilo ubavo seks so kondom ne bilo to to:) ne znam kolku e tocno:) za dokolku se raboti za nekojsi virus togas bi bilo korisno da se koristi , dosega ne sme imale takov problem.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: кондом
27.1.2010 17:29:22   
bazebaze9
користете кондом најсигурно и без главоболки.. user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил mami -- 28.1.2010 8:16:35 >

(Одговор на членот mica)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: кондом
6.2.2010 18:06:44   
Тивко
Без два кондома не излевај од дома !!!!user posted image user posted image

(Одговор на членот bazebaze9)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: кондом
23.2.2010 19:37:32   
simona_popovska
jas koristam

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: кондом
23.2.2010 21:18:45   
Тивко
Simona koj pol si!? Lol zenski kondomi li!?

(Одговор на членот simona_popovska)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: кондом
23.2.2010 22:51:26   
Bibi_S
Првпат употребивме кондом за време на бременоста т.е сега и тоа само неколку пати. И двајцата ги мразиме ама кога мора мора. Сега си викам сум имала среќа со мм што не сме имале никакви инфекции или вируси за да си пренесеме. Инаку со овој памет сега, никогаш не би си дозволила секс без кондом. Сум имала среќа, а и тој.user posted image


_____________________________

Every cloud has a silver lining

(Одговор на членот Тивко)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: кондом
5.3.2010 8:54:01   
mami
Кондоми за деца

Во Швајцарија почна продажба на екстра мали кондоми наменети за момчиња од 12 до 14-годишна возраст.

Кондомот, наречен Hotshot, е произведен откако владино истражување покажало дека денес многу повеќе деца од таа возраст имаат сексуални односи отколку пред десет-дваесет години. - Не шокираше сознанието дека млади момчиња се впуштаат во секс без заштита и оти во голем дел од случаите се лошо информирани за сексот. user posted image Не ги сфаќаат последиците од она што го прават и ги оставаат девојчињата тие сами да ги решаваат, истакна Ненси Бодмер, која го спроведе истражувањето.

Противниците на кондомите, меѓутоа, тврдат дека младите луѓе кои уште сега рано се соочуваат со сексуалноста и порнографијата, ќе бидат под уште поголем притисок да се впуштаат порано во сексуални односи.

Кондомот за млади, што го произведува компанијата „Lamprecht AG“ е потесен од конвенционалните и чини 7,60 швајацрски франци (околу пет евра) за пакување од шест парчиња.

(Одговор на членот Bibi_S)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: кондом
8.3.2010 12:57:39   
mami
Кондомите премногу мали?!

Голем број од мажите кои користат кондоми се жалат дека истите се премногу тесни и се кинат за време на сексуален однос, покажува едно истражување.

Американските истражувачи ги анализирале прашалниците потполнети од 436 мажи на возраст помеѓу 18 и 67 години, кои биле избрани преку огласи во весниците и блог поставен на компанија за кондоми.

Волонтерите користеле кондоми во текот на претходните три месеци, а потоа одговарале на поставените прашања.

Дури 44.7 отсто од испитаниците изјавиле дека почувствувале чувство на преголема затегнатост при користењето на кондомите.

Кондомите кои не одговараат на големината на пенисот го зголемиле ризикот од кинење и слекување, а освен тоа предизвикале тешкотија при достигнување на оргазам. Исто така кондомите пет пати повеќе може да предизвикаат иритација на пенисот.

Поради тоа многу корисници го отстранувале кондомот пред да заврши сексуалниот однос, што е мошне загрижувачки бидејќи таквото однесување може да предизвика несакана бременост или пак пренесување на некоја сексуална болест.

Истражувањето може да се најде во онлајн журналот Sexually Transmitted Infections, а исто е публикувано од страна на British Medical Association.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: кондом
7.4.2010 12:21:16   
mother 29
КЛИКНИuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: кондом
7.4.2010 12:22:56   
profesorica
аууу user posted image user posted image user posted image го имам гледано ова- смешки живи еuser posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Дали ви се менструации болни?
пеперутка16

Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.