|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   не сака млеко преку ден
2.6.2009 14:06:21   
mami
од кога почна да јаде други кашички и нормана храна и да пие обично а не адаптирано млеко, преку ден нема шанси да пие млеко, или тоа е сосема малку 100 мл или помалку, а ноке обавезно- 260мл после бањање, и околу 3-4 усте 150мл...да му бутам со сила и не ми иде некако, ама па ми е без врска да не не добива се што треба да добива со млекотоuser posted image
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: не сака млеко преку ден
2.6.2009 21:16:22   
mis.
Мами па тоа е 510мл млеко за цел ден.Јас мислам дека е доста па и во просек викаат дека 500 мл е доста.ако пие многу млеко па друго нема да јаде.Ние сакаме се да јаде и многу млеко да пие па тоа малку потешко нели

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: не сака млеко преку ден
2.6.2009 23:16:22   
mami
абе да..ама па цел ден без млекоuser posted image а инаку вака се си јаде друго...ретко да исфрли некоја храна.имаше период кога се скара со супитеuser posted image ама после им се смири па ги тамани и нив сега

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: не сака млеко преку ден
2.6.2009 23:33:45   
mis.
Има деца како моето првото пијат само млеко по литар литар ипол на ден и ништо друго не јадат а има и деца што јадат се но не пијат млеко.Има и една група на деца, како мене, што не пијат млеко многу малку јадат и пак преживеале па како возрасни држат диети и сакаат да ослабат.А Лука по твоето кажување спаѓа во група на идеални деца кои јадат се и количински доволно а + пие и млеко кое во границите на идеалното количество.
Да сум на твое место ќе бидам среќна мајка и ќе го терам истото темпо.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: не сака млеко преку ден
3.6.2009 8:04:39   
mami
Благодарам Мис...да јас сум задоволна со тоа колку јаде и пие млеко, само знаеш уште ми е тешшко да си се навикнам дека веќе јаде се а не зависи само од млеко, па понекогаш си се подзамислувамuser posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: не сака млеко преку ден
3.6.2009 20:35:03   
Боцко
стефан воопшто не пие млеко преку ден. ноќе, околу 3-4 пие 250 мл нестле јуниор 1+ и тоа е тоа. но, затоа преку ден тамани јогурт, овошен јогурт, сирење и павлака. за пудинг ич да не правиме муабет. во состојба е 4 дукатино пудинзи да изеде на 1 јадење. пред некој ден си отвори фрижидер, си зема 1 пудинг. жм му вика тоа е за утре. стефан вика тоа е за сега, си зема лажиче, си отиде во своја соба, ни затвори врата и си седна да го јаде пудингот. ух, што ли ме чека кога ќе биде тинејџер. друга храна јаде претежно со баба му. со нас изводи и најчесто сака да јаде хип житна каша+милупа 7 житарки (топ!)=пиковит = КАХА ПИКОВИТuser posted image тешко можеш да го наговориш да проба непозната храна.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: не сака млеко преку ден
21.6.2009 1:57:20   
biljanaM
и Воислав не пиеше млеко никако преку ден, ама сега откако испи едно шишенце Пиковит е подобар, дневно му излегува по едно килоuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: не сака млеко преку ден
17.12.2009 10:04:25   
mami
еве го значи си остана на тоа, млеко преку ден само пред да заспие и тоа некои 100мл и помалку, и ноке пред спиење задолжително

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: не сака млеко преку ден
17.12.2009 10:47:54   
profesorica
Дамјан пие и преку ден за заспивање околу 150-200 мл. а ноќе пред заспивање 300 и + во текот на ноќта 150-300.

< Поракaта ја уредил profesorica -- 17.12.2009 10:48:04 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: не сака млеко преку ден
4.8.2010 14:18:20   
Џесика
Луѓе, а што да правам јас што Борјан не сака да помириса млеко??? Ни дење, ни ноќе, ни со бисквити, само со ЛИНО кашичките... па коа ми кажа педијатарот дека треба 500 мл дневно, во несвест ќе паднев... све сум пробала, топло, ладно, со какао, со шеќер, со мед, не сака да чуе, повраќа од млеко...и место тоа јогурт јаде, павлака, кисело млеко, дури и матичниот ми рече подобро да јаде кисело млеко отколку обично млеко, ама не знам, сепак ми е безвезе....

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: не сака млеко преку ден
4.8.2010 14:22:12   
beki RR
Јасмина27 , ич да не ти безвезе.Деттео не сака млеко, и крај.давај кислео млеко и ич гајле да немач.Па има еден куп производи од млеко.
Постојат деца кои не смеат да пијат млеко, па и тие растат.Не се секирај, детето знае што сака , а што не.Можеби по некое време пак ќе посака да пие млеко.Ти нуди го, ако не сака, не го присулувај.Можеш да му направиш сутлијаш со млеко, пудинг со млеко, има безброј начини како да се внесе млеко.Е сега требало 500 мл .... не се оптереувај со тоа.


< Поракaта ја уредил beki -- 4.8.2010 14:23:20 >

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: не сака млеко преку ден
4.8.2010 14:31:37   
Viktori
син ми имаше алергија на млеко, па покрај него ни едно дете мое не пиеше кравјо обично млеко во "пропишани количини". А и какви афери имаше со млекото во тоа време... не ми ни паѓаше на памет да им давам.
Инаку имав книга од Имануел Кант кој фала му (user posted image ) многу ми олесна, па пишуваше дека мајчиното млеко е за деца, а кравјото за телиња! user posted image


п.с. ова не е совет. само искуство!


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: не сака млеко преку ден
4.8.2010 14:50:47   
Џесика
Не ме оптеретува толку помислата со количината на внесување, колку што ме нервира тоа што навечер љока сок, наместо млеко, и од страна набивање грижа на совест дека сокот е штетен, па не сум била доволно упорна со млекото и триста други заебанции...user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: не сака млеко преку ден
4.8.2010 23:49:09   
Maca25
Нина пие млеко само сабајле (кога ќе стане) и навечер пред спиење. Преку ден не сака млеко. Тогаш за заспивање користиме сок или вода. Насабајле пие околу 120 гр., а навечер 220гр.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: не сака млеко преку ден
27.10.2012 11:12:35   
Maca25
Еве после 2 години да пишам овде - млеко преку ден нема пиење, освен ако не јаде житарици со млеко.
Да ја прашаш Н. она ни пред спиење не би пиела, ама мора.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: не сака млеко преку ден
27.10.2012 11:27:27   
Bethany
моето го исфрли млекото целосно на 10 месеци и што да му правам...Се обидував и такво и онакво, и со Несквик, и топло, ладно, из ова чаша, од ова цуцла, нејќе па нејќе. Штом осети вкус, нејќе, не му се допада. Ама затоа му давав и му давам кисело млеко, јаде житарки со млеко, овошни јогурти итн. па немало проблем до сега. Па и од самото раѓање не пиеше млеко колку што требаше да пие, колку само нервози имав со него, а тогаш мора млеко бидејќи нема друго.
Инаку, од течности тој и сега пие вода и само вода, дури ни сокови (пробав разни вкусови) нејќе, па и чајче ќе се напие неколку голтки и толку. Чудно дете user posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: не сака млеко преку ден
27.10.2012 13:20:48   
Barbicki2
Pogolemata kerka do pred 1 mesec piese sok preku den po 1 litar,a mleko ne sakase ni da pomirisa,neznam eden den i tekna daj mi mleko vo siseto,i pocna mesto sok mleko da pie po 1 litar dnevno,fala mu na boga,zosto od toj sokot site zabi i se rasipaja.

_____________________________

TOA STO GO IMAS DENES,SILNO PREGRNI GO,ZOSTO UTRE MOZE DA GO NEMAS!

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: не сака млеко преку ден
27.10.2012 13:36:14   
Calypso
И мојов не сака млеко, освен со бисквити што го јаде, и тоа ептен ретко. Ама си пие јогурт, барем пола литар на ден гледам да внесува и фала Богу, го сака. Па затоа не го форсирам со млекото.

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот Barbicki2)
Непосредна врска до пораките: 18
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?