|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Јајце
26.9.2009 21:01:50   
mis.
Што е со јајцето?Се смета за храна на која има најмногу алергиски реакции.Знам дека жолчката се дава многу порано  од белката после 6 месеци а белката после годинка.Како реагираат вашите бебчиња на јајцето?Како го комбинирате?

< Поракaта ја уредил mis. -- 26.9.2009 21:02:41 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Јајце
26.9.2009 21:08:01   
barbi
zolckata i ja davav najcesto so banana taka mi vikaa na dok. a sto se odnesuva na alergiite sme nemale nikakov problem ni so zolckata pa ni so drugi proizvodi barem do deneska ?

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Јајце
27.9.2009 14:20:10   
mis.
Да ама таму се зборува за јајце во иахраната кај поголеми деца и начинот на спремање а тука за првото воведување на јајцето во исхраната на бебето.
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Јајце
27.9.2009 14:42:13   
ripce
го воведовме кога наполни 6 месеци, само жолчката прво малку 1/8, сега 1/4 му давам здравје ќе почнеме и по 1/2 па цела... фала богу нема алергиски реакции, најчесто жолчката ја додавам во каша со компир, морков, тиквичка.
Точно е дека јајцето е еден од најголемите алергени , ама од друга страна содржи многу хранливи состојки (белковини, витамини и железо)

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Јајце
28.9.2009 9:26:14   
profesorica
преместени постови од темата:Јајце во детското мени

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

Kolku cesto mu davate jajca na deteto i kakvi im gi prigotvuvate? dali samo vareno ili przeno i dali jadat belka?Denes svekriva mi mu dala nekoe jajce na voda toa izgleda e nesto kako przeno ama ne e skroz isto.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Elena

Се почнува со тврдо варено јајце, поточно само жолчка во осмиот месец, измешана во зеленчукова каша, а варената белка се воведува многу внимателно после првиот роденден. Понатака може веќе да му се дава и пржено јајце. Било на око било кајгана


ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

сеестра ми уште на 11 месеци го нарани Лука со кајгана, заборавила дека и рековме да му дава само жолчка а овој се налапал и от а убаво, ништо не му беше, па сега редовно си јадат без проблем двајцата


ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

Сега Дамјан и белка почна да јаде месецов.
А кажете ми колку време го варите јајцето?



ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

Denes svekriva mi mu dala nekoe jajce na voda toa izgleda e nesto kako przeno ama ne e skroz isto.




profesorica toa e vareno jajce,ama koga ke zovriee vodata jajceto se krsi i taka se vari,bez luspa(toa e starinski recept,taka i baba mi pravi)


ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

ЕХЕЕЕ колку јајца на вода има изедено месецооов...многу!



_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Јајце
28.9.2009 9:27:44   
profesorica
преместени постови од темата:Јајце во замена за месо

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

Дали мислите дека јајцето е замена за месен оброк или го давате во ист ден со месото?Јас и за ова имам зборено со педијатар и тој ми рече да давам секој ден јајце и секој ден месо.Е сега тоа малце ми е претерано па му давам јајце преку еден ден.значи од 3-4 пати неделно.Колку пати неделно им давате јајце на вашите деца?


ИЗВОРНА ПОРАКА: Twins

Им давам жолчка преку еден ден , да им се собери околу 1 во неделата, мене така ми препорача педијатарот, а месо преку еден или преку два дена.Кога давам јајце не давам месо и обратно.


ИЗВОРНА ПОРАКА: caci20

Nas pedijatarot ne sovetuvase da mu davam najmalku dva pati nedelno jajce



_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Јајце
28.9.2009 22:27:46   
daniel
vareno i bez zolckata

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Јајце
28.9.2009 22:32:11   
mis.
Далиел а колкаво е твоето дете што јаде само белка?Не ли сака жолчка?user posted image

(Одговор на членот daniel)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Јајце
27.11.2009 14:27:47   
mother 29
мојот сака само жолчка,од белката се гадиuser posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Јајце
30.11.2009 15:13:37   
profesorica
И Дамјан ја плука белката а жолчка си сакаuser posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Јајце
30.11.2009 15:15:37   
mami
Лука не јаде варено јајце...го трга на страна и не го чепка ич..а пржено ке изеде еден тон

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Јајце
30.11.2009 15:18:23   
profesorica
Дамјан многу го сака јајцето на вода, така го јаде цело.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Јајце
30.11.2009 15:25:45   
profesorica
Јајца

за деца до годинка

Внимателно, ако е детето склоно кон алергии (алергија на храна, астма, егземи) или ако некој од членовите на семејството има алергија (родител, брат, сестра,...). Тогаш препорачуваме да почекате до една година и дури тогаш да вклучите јајца во исхраната. Додека детето не наполни една година давајте му само жолчка, тврдо варена и здробена. Можете да помешате со пире од компири. Почнете со половина жолчка, потоа зголемете на цела, еднаш неделно.

за деца од една година и повеќе

Белковините сега може да ги воведете но само варени. Останатиот начин на припремање (кајгана, омлет) се воведуваат после втората година.


< Поракaта ја уредил profesorica -- 30.11.2009 15:31:06 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Јајце
30.11.2009 15:26:59   
profesorica
а колку често им давате јајце на своите деца?

дамјан јаде секој втор ден јајце.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Јајце
30.11.2009 15:33:35   
big_mama817
и син ми многу јаде јајца особено варени изгледа до возраста е познавам многу родители чии деца се со возраста тукак како мојот и зачудени се колку децата сакат да им јадат јајца на сите можни начини приготвени

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Јајце
30.11.2009 15:33:59   
mami
Јајцата се богати со холин и се важен извор на протеини.

Белката на јајцето е составена од околу 85-90% вода, 10-12% белковини и под 1% јаглехидрати, масти и минерали. Мастите застапени во белката се полинезаситени и поради тоа не се штетни.
Во белката нема холестерол. Половината од составот на жолчката е вода. Една третина од неа припаѓа на мастите, а белковините во неа се 15-16%.
Во жолчката се содржат и витамините А, Д и Е.
За разлика од белката, во жолчката од јајцето има холестерол. Околу 2% од жолчката е холестерол, но тој не е толку опасен како што се сметаше некогаш. Најновите истражувања покажуваат дека консумирањето на едно јајце дневно од здрав возрасен човек не го зголемува ризикот од срцеви заболувања.
Јајцата се богати со холин.

Холинот има силна улога во развојот на мозокот и неговото функционирање. Тој е особено важен за бремените жени затоа што е потребен за развиток на мозокот на фетусот. Две големи јајца содржат 252 милиграма холин. Тоа е речиси половината од дневните потреби.
Јајцата се важен извор на протеини.
Протеините се потребни за создавање и обновување на клетките во организмот. Протеините учествуваат во градбата на мускулите, органите, кожата, косата како и на антителата и хормоните. Во составот на протеините влегуваат 20 различни аминокиселини. Од нив 9 есенцијални аминокиселини не можат да бидат создадени во телото и треба да се внесуваат преку исхраната. Јајцата се вбројуваат во малкуте храни кои што ги содржат овие девет аминокиселини. Пресметано е дека две средни по големина јајца го снабдуваат организмот со исто толку незаменливи аминокиселини, колку 80-100g месо.
Жолчката на јајцето содржи лутеин и зеаксантин.
Овие два антиоксиданси, од групата на каротеноидите, придонесуваат за подобрување на здравјето на очите и ги заштитуваат од ултравиолетовите зраци.

Хемискиот состав на јајцето зависи од храната која се консумира од птицата, годишното време, времето на несење на јајцето и многу други фактори. Пример: витаминот А, кој се содржи во жолчката, количински е многу пати поголем во лето, отколку во зима.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Јајце
30.11.2009 15:34:19   
profesorica
Јајцата се честа состојка во многу рецепти. Полни се со многу хранливи материи (витамини, протеини, масти) и даваат големи количества енергија.

Јајцето содржи околу шест грама протеини и други важни хранливи состојки, но и 212 милиграми холестерол.

јајцето содржи многу други важни хранливи материи како холин (есенцијален за добар вид), селен (неопходен за силен имунитет), витамин А (го поттикнува растот на клетките), витамин Е (антиоксиданс) и лутеин (кој го подобрува видот).

Протеините во јајцето главно се содржарт во белката, додека жолчаката ги содржи витамините А, Д и Е, масти и холестерол.




_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Јајце
30.11.2009 15:34:49   
mami
Лука јаде еднаш до два пати неделно...некогаш пржено јајце, некогаш пржени кришки..зависи како е расположен

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Јајце
14.1.2010 11:34:28   
ripce
Ние јадеме најмногу 2 пати неделно... засега само жолчката, и најчесто со пире од варен компир и малку млеко за да не му се лепи на грлцето.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Јајце
14.1.2010 11:37:58   
mami
леле Лука никако несака да помириса варено јајце, ми го осеќа во што и да го смешам. Пржено ке јаде како лепче или кајгана ама варено никакоuser posted image

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Јајце
14.1.2010 11:41:37   
profesorica
дамјан преку еден ден јаде јајце и тоа цело.значи му доаѓа некаде 4 пати неделно.

гмечено со биљушка и + леб и кисело млеко во него.цело си го изедува.user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Јајце
2.2.2010 18:55:53   
bebi
Jas na maliot se uste mu nemam dadeno zolcka. Sakam da probam, vo ponedelnik polnime 8 meseci, pa mislam deka e vreme. Samo se plasam od reakcii, mada do sega mi nema izreagirano na niedna hrana.
Spored vozrasta, kolku da mu davam nedelno?

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Јајце
2.2.2010 18:58:02   
ripce
Јас во почетокот му давав 1 неделно, сега му давам најмногу 2 неделно.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот bebi)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Јајце
2.2.2010 19:00:20   
bebi
kolkava vozrast ste ripce?

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Јајце
2.2.2010 19:16:05   
STRUMFETA
Filip na 13-ti polni 9 meseci i pred nekoj den mu dadov zolcka  so oriz i spanak vareni.So ogled sto ne e kojznae kako vooduseven od spanakot ova celo si go izede:)

(Одговор на членот bebi)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Лазење.
пеперутка16

Кога вашето дете лазеше, потпираше на неговите раце?

6 месеци. (0%)

8 месеци. (20%)

1 година. (0%)

Не лазеше. (80%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!