|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Алерго тест
25.9.2009 21:43:32   
mis.
Каде во нашата држава се прават алерго тестови?Колку чинат?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Алерго тест
28.9.2009 12:01:39   
ivche
во клиниката Јане Сандански во аеродром се правт. Ние немаме одено и незнам колку чинат, ако дознам ќе писам пак

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Алерго тест
12.10.2009 23:18:32   
Боцко
на стефан многу често му тече носот и му се слива во грло бидејќи е сеуште мал правилно да го издува. еве и сега по козле и терапијата, се вративме на првобитна состојба. поради тоа често правевме брисови и сите се негативни. ако претпоставиме дека вирусот е згрижен, останува уште алергија. во сред сме на контрола во козле и ни предложија алерго тест. но тој нема ни 3 години. кој знае дали резултатите се релевантни со оглед на возраста...
прашање (ако некој знае): каков тест можеби ќе треба да направат (кожен или крвен) и како изгледа тоа. со оглед на возраста, дали мислите дека треба сега да го направиме (или дали вие би правеле)? ако не, тогаш како да се справиме со носот кој пречи во спиењето? еве имаме овлажнувач со ладна пареа, венецијанери би извадиле, итн.
ецка посебно до тебе - како се манифестира алергија на лактоа, само црвенило или има уште
знам, знам многу прашања...
user posted image

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот ivche)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Алерго тест
12.10.2009 23:30:59   
Julie1
Боцко јас цел живот се мачам со Алергија и само зајакнување на имунитет е она што ми помогна, пред се матичен млеч.

Имам правено и разни видови на алерго тестови, но она што го научив е како што растев и организмот ми се развиваше се менуваа и алергените. Еден период алергична на едно друг пат имуна на тоа но алергична на нешто трето.  Но сепак убаво е да се знае на што се јавува алергија и истотот да се избегнува и ако е потребно и почести алерго тестови да се прават. Не би препорачала алерго тест со вбризгување на алергенот, особено кај мали деца зашто лично јас во Воена болница на таков алерго тест има изреагирано премногу и дојде до потреба интервенција.




_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Алерго тест
12.10.2009 23:32:13   
Еца
Од каде да почнамuser posted image За издувување на носот Боцко со оглед на тоа што ја знам вашата релација(знам колку сте големи другари и соработувате со Стефан)спас ти е пумпица.

За алерго тест на Мартина прв пат и правевме на 9 месеци преку крв и покажа висок степен на алрегија на лактоза, (негативен на риба), наредна година исто само намален степенот на алергија на лактоза, за оваа година да биде негативен на се. Но со оглед дека степенот на алрегија беше висок, отидов направив тестирање преку крв и кај др. Ежова во Јане Сандански и таму беше негативен, но решив пред да и дадам млеко и млечни работи да и направам и кожен тест во Козле каде покажа дека навистина нема алергија на млеко, но покажа позитивен на риба, па сега видете колку и што се веродостојниuser posted image И после сите тестирања Мартина почна со млечни производи без никакви реакции до сега(конечно). Мој совет-кожен тест во Козле, не боли воопшто само подготви го дека е тоа еден вид игра и дека една тетка ќе му става точки на рачето за да не се разболува веќе. (За тие што ја знаат Мартина, таа 15 минути не мрдна, и раскажував приоказна и супер поминавме.Инаку Мартина не знае да застане ни 10 секунди на едно место user posted image )

Кај нас алергијата се манифестираше со уртикарија веднаш штом ќе допреше нешто млечно, повраќање, кивање, течење нос, но на една моја братучетка дури на 4 години ја открија алергијата на млеко која се манифестираше кај детето со течење нос, чести настинки и бронхопнеумонија. Штом го исфрлија млекото детето само два пати во една година беше настинато, болно.user posted image

< Поракaта ја уредил Еца -- 12.10.2009 23:42:33 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Алерго тест
12.10.2009 23:54:11   
Боцко
- дали тоа значи да се тргне млекото или се што содржи млеко и е млечен производ, ама баш се?
- дали матичен млеч мора да се зема исклучиво наутро на гладно (имаме медекс ампули) или делува и ако се камуфлира во сок?
благодарам

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Алерго тест
12.10.2009 23:58:08   
Julie1
Боцко јас користев Матичен млеч на Ревита, 3 пати на ден со оброк, се прави како сокче и е на природна база.

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Алерго тест
13.10.2009 0:02:39   
Еца
Боцко додека не докажете дека има алергија на лактоза не гледам причина да му го тргнете млекото. Може е намален имунитет, па тој од мал конзумира млечни производи, а не е болежливо дете, нели? Мислам дека е ова прв пат вака посериозно да западне?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Алерго тест
13.10.2009 0:09:22   
Боцко
мислев општо за процедурата.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Алерго тест
13.10.2009 0:13:25   
Еца
Ако се постави дијагноза алергија на лактоза се се исфрла од млеко до млечни производи.Но пак се да зависи од степенот на алергија, доколку алергијата послаба може само млекото ќе се исфрли...Сепак докторите најдобро ќе ти објаснат што и како треба.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Алерго тест
20.2.2010 16:08:57   
BILJANA_G
Дали знае некој да ми каже каде може да се испита алергија на лекови,ама да не е директно во крвта туку на оној начин со земање крв,замрзнување и потоа испитување.И дали на тој начин резултатите ке бидат 100% точни.Има ли некој сто има испитувано,ако може да ми помогне.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Алерго тест
26.2.2010 16:49:07   
мама Ели
Најпрво да Ве поздравам!Ме интересира дали имате правено алерго тестови во болницата Свети Лазар?
Син ми има 19 месеци и до сега ми има покажано алергиска реакција на белка од јајце и на сирупот Панцеф.И сакам да го однесам во Св.Лазар да направиме алерго тестови.Дали сте запознаени со процедурата таму и со цените?

(Одговор на членот BILJANA_G)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Алерго тест
3.3.2010 16:09:43   
21mimi
поздрав до сите моето бебче има 6 месеци правевме алерготестови по приватните болници и ништо се си е ок со бебето а всушност воопсто не е така бевме во козле и излезе дека детето е алергицно на млеко полен прашина и др. таму е 3000 али си сигурен сто се дешава со детето не се закажува со упот од матичен лекар...user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот мама Ели)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Алерго тест
28.4.2010 22:40:06   
topce
Анастасија има 1,5 годинка и сакам да и направиме алерго тест на полен и прашина.Ни ја препорачаа Авицена кај агенција за вработување.Алерго тестот ќе биде преку крв, значи од вена ќе и земат крв и утредента ни рекоа ќе имаме резултати.Тоа би не чинело 2300 денари, па ме интересира дали некој има правено ваков тест на мало дете и колку е веродостоен.Јас правев муабет со нашиот алерголог од Козле и она ми рече дека детето е мало за алерго тест преку кожа само преку крв може да се дознае на кое цвеќе е алергична.

(Одговор на членот 21mimi)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Алерго тест
29.4.2010 10:58:48   
nataly_13215
zdravo topce, znaci deteto e mnogu malo za da se napravat alergotestovi na koza koi se najverodostojni no ako veke se pravi nesto togas treba da otidete na institut za imnulogija unicap sistem za alergoloski ispituvanja tie gi pravat se ostanato e so pomalo znacenie za alergii.pozdrav ako imas problem pisi mi pp

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Алерго тест
4.5.2010 10:44:09   
Viktori


Топче, алерготест преку крв се прави секаде во светот на мали деца. Во трудова медицина беше 150 ден со плаво картонче, а во неуромедика беше 2000 денари.
Сега можеби е поскапо во неуромедика ама да сме на чисто, го прави Ежова а во врска со алергиите стручноста не може да и се оспори.

Од тогаш пројде време, син ми е сега добар, ние контролирано му дававме млечни производи, затоа што не советуваа дека ако ги исфрлиме тотално, секогаш ќе развива алергија кога ќе дојде во контакт со нив.

Инаку се утепавме пиење лоратадин, летизенот не му делуваше, инхалирање фликсотида, и фликсоназа во нос.

Никогаш повеќе не разви пневмонија. А и сега пазам со млекото.. уште ми е шубе да му дадам млеко со сирење во комбинација или и јајца ист ден.


< Поракaта ја уредил Admin -- 16.2.2013 8:59:39 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот nataly_13215)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Алерго тест
4.5.2010 11:03:09   
nataly_13215
neznam decki ama pocnav da se nerviram za temava koj kako saka taka neka pravi jas od medicinski aspek samo ukazuvam sto e novo i sto treba da se napravi so alergiite.pozdrav do site

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Алерго тест
4.5.2010 13:44:49   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly_13215

neznam decki ama pocnav da se nerviram za temava koj kako saka taka neka pravi jas od medicinski aspek samo ukazuvam sto e novo i sto treba da se napravi so alergiite.pozdrav do site


натали, супер што се уклучуваш и што не информираш. Не треба да се нервираш, затоа што ние само споделуваме искуства, како било со нашите деца.

Ние лежевме во Козле 2 недели со 41 температура и тоа по совет на лекарка, да јаде детето само млеко, и некоја лесна храна, без овошја, затоа што пневмонијата не се повлекуваше, или многу брзо се враќаше. А не сакаше да му направи алерго-тест. Па сами си го направивме. И го залепив резултатот на лице, затоа што детето имаше алергија на млеко, а јас претходно кога таа ми кажуваше дека можеби од невниманиеuser posted image сум му дала некое овошје, јас ја убедував дека од сабајлето испил само млеко....

< Поракaта ја уредил виктори -- 4.5.2010 13:52:06 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот nataly_13215)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Алерго тест
4.5.2010 15:24:47   
majka 79
koga sme kaj alergiite baram sovet od vas.
cel mesec sme pod terapija:2 duracefi, 1 fromilid, 5 inekcii linkocin, 6 inekcii geramicin i za kraj uste eden fromilid.
dijagnoza bronhit so snimka.
no nikako da prekasla, a go istruvme od antibiotici

filmot mi e puknat i mislam da go nosam kozle kaj d-r. nada uzunova, mi ja preporaca edna moja drugarka.
sakam da ispitame dali imalo prisustvo na alergija.
baram sovet dali da odam vo kozle so bronhit bidejki znam deka tamu gi upakaat deca so poteski pnevmonii, ili panicam badijala?



(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Алерго тест
4.5.2010 16:33:34   
Viktori
можеш или о Козле или на детска клиника.
Јас лично од Козле не сум задоволма, ама од клиника да. На син ми и бронхоскопија му правеше др. Саздовски
За линкоцин што ви ги ставале вас, а и на син ми еден период кажа дека се најјаки антибиотици во амбулантни услови ама  џабе ако причинителот не е бактерија. Имаат некогаш навика од старо време да ги лечат симптомите а не причинителот. Затоа и се болни децата по месец, два.



_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот majka 79)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Алерго тест
4.5.2010 18:43:03   
Maca25
мајка79 јас би ти препорачала да одиш и во козле и на клиника. Др. Узунова е супер лекар. Види што ќе ти каже. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Алерго тест
4.5.2010 18:55:51   
topce
фала богу ние не сме имале вакви реакции на алергија и сега за сега летизенот ни делува.не ја носам во природа и ок е. тест не правиме бидејќи не е ништо 100% и не сакам да ја малтретирам. кога ќе наполни 3-4 години ако има потреба и тоа ќе го направиме. инаку ние имаме две различни мислења едно од имунологија, дека детето нема алергија и едно од Козле дека има алергија.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Алерго тест
25.5.2010 14:40:46   
chiara
ИЗВОРНА ПОРАКА: ivche

во клиниката Јане Сандански во аеродром се правт. Ние немаме одено и незнам колку чинат, ако дознам ќе писам пак
se izvinuvam jas sakam da prasam a neznam kade tuka na ovoj forum .kerka ima tri meseci i dve nedeli posle raganje i izlegoa nekolku kafeavi damki po teloto a sega ima i novi uste dve tri.ako znae nekoj od sto i kako neka mi pomogne ili sto da pravam .

(Одговор на членот ivche)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Алерго тест
25.5.2010 14:55:54   
big_mama817
дали бевте на лекар штови кажа педијатарот ако не сте отишле отидете што побрзо јас лично сум немала некое такво искуство


_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот chiara)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Алерго тест
25.5.2010 15:01:23   
Тања РР
Chiara и јас се согласувам со Big_mama најдобро е веднаш да одите на лекар. Можно е да се работи за некоја габичка или нешто слично. Мора да ја види педијатар и да ве упати понатаму.


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Дали ви се менструации болни?
пеперутка16

Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.