Еца -> RE: Алерго тест (12.10.2009 23:32:13)
|
Од каде да почнам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley2.gif[/image] За издувување на носот Боцко со оглед на тоа што ја знам вашата релација(знам колку сте големи другари и соработувате со Стефан)спас ти е пумпица. За алерго тест на Мартина прв пат и правевме на 9 месеци преку крв и покажа висок степен на алрегија на лактоза, (негативен на риба), наредна година исто само намален степенот на алергија на лактоза, за оваа година да биде негативен на се. Но со оглед дека степенот на алрегија беше висок, отидов направив тестирање преку крв и кај др. Ежова во Јане Сандански и таму беше негативен, но решив пред да и дадам млеко и млечни работи да и направам и кожен тест во Козле каде покажа дека навистина нема алергија на млеко, но покажа позитивен на риба, па сега видете колку и што се веродостојни[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] И после сите тестирања Мартина почна со млечни производи без никакви реакции до сега(конечно). Мој совет-кожен тест во Козле, не боли воопшто само подготви го дека е тоа еден вид игра и дека една тетка ќе му става точки на рачето за да не се разболува веќе. (За тие што ја знаат Мартина, таа 15 минути не мрдна, и раскажував приоказна и супер поминавме.Инаку Мартина не знае да застане ни 10 секунди на едно место [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley29.gif[/image] ) Кај нас алергијата се манифестираше со уртикарија веднаш штом ќе допреше нешто млечно, повраќање, кивање, течење нос, но на една моја братучетка дури на 4 години ја открија алергијата на млеко која се манифестираше кај детето со течење нос, чести настинки и бронхопнеумонија. Штом го исфрлија млекото детето само два пати во една година беше настинато, болно.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
|
|
|
|