|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Амиши
11.7.2009 23:57:31   
Еца
Живеат надвор од општествените текови,не гласаат на избори и не користат здравствена заштита, немаат пензии и не ги пуштаат децата во државните училишта.

Биолошката репродукција, културно- етничкиот отпор, културниот компромис, ги прават Амишите најинтересна, но наедно и најизолирана национална заедница на модерното општество. Меѓутоа, ако се до 80-тите години на минатиот век амишкиот пацифизам и старомодниот начин на живот за многумина бил туѓ и неразбирлив, денес ситуацијата е обратна. Како спротивна и спротивтавена на денешното брзо темпо на живот, нивната едноставна филозофија на живеење привлекува се поголем број на Американци.
Амишите не поседуваат автомобили, но ги користат услугите на јавниот превоз, не користат електрична енергија, но се служат со 12V батерии, тлефонската линија врзува фарми но не користат телефони во куќите итн.
Во однос на облекувањето Амишите строго ја почитуваат традицијата на старата амишка култура. Момчињата и возрасните мажи носат пантолони кои се секогаш темно сини или во црна боја. Со нив често носат и трегери. Кошулите, како ни пантолоните, не смеат да бидат искинати, ниту да имаат пруги. Сината, зелената, виолетовата, кафената- се сметаат долични за женските фустани со едноставен крој. Истите бои се прилежни и за машките кошули. Женските фустани се со висок околувратник, секогаш со долги ракави. Исто така, жените секогаш носат ленени капи на главите, а мажите, како и момчињата, ставаат шапки при излегување од куќа. Мажите користат копчиња на облеката, за разлика од жените на кои тоа им е допуштено само до 15- тата година. Потоа не, зашто Амишите, повикувајќи се на Библијата, ги сметаат копчињата премногу калорични и модерни. Жените не користат капути и јакни, туку наместо нив користат големи плетени шалови со кои се наметнуваат при излегување. Причина за тоа е амишкиот принцип на живеење кој сугерира жената по мажењето најголемиот дел од времето треба да го минува во куќата. Тие се надлежни за комплетниот процес на кроење и шиење на облеката во амишката заедница.

Кое е вашето мислење на Амишите? Мене лично ми се многу интересни, имам гледано многу филмови за нив, но и покрај се, не го сфаќам нивниот начин на живот.user posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Амиши
13.7.2009 19:47:01   
niki
Realno ne gi razbiram, nitu pak mozam da go pocituvam nivniot nacin na zivot od prosta pricina sto zenata e vo podredena polozba, nema pravo na izbor osven da bide majka i sopruga. Vo mojot idealen svet lugeto imaat sloboda na izbor, nemaat ogranicuvanja vo sekoj pogled. Mozam da opravdam da ne se skoluva nekoe dete, zatoa sto ne saka, ne mu odi ili od neznam koi pricini, no toa da e pravilo za site deca duri i za onie koi bi sakale da go pravat toa, toa nemozam ni da go razberam ni da opravdam. Koga gledam kaj nekoi grupi na luge tolku mnogu ogranicuvanja ne mozam nikako da bidam sigurna deka toa e nivni izbor i deka vsusnost sakaat taka da ziveat, toa nekako mi deluva na prisila.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Амиши
19.5.2010 21:45:41   
Rossana
Времето како да стои во светот на Амишите Историјата на амишите почнува во 17 век во Швајцарија, кога и настанала сектата што се отцепила од анабаптистите user posted image Меѓу многуте и различни верски заедници и верувања што денес постојат во Америка, најмногу се издвојуваат претставниците на христијанско-протестантската секта амиши. Тие живеат во технолошки најнапредната држава во светот, но во свој посебен свет. И денес тие патуваат со коњски коли и кочии, одбегнуваат да користат предмети што работат на струја, во нивните домови нема телефони, компјутери ниту пак светилки, јавуваат светските агенции.

Носат едноставна облека во темни бои. Од околу 200.000 амиши во светот, 99 отсто од нив живеат во САД, а другите се во Канада.

Првпат вниманието на јавноста го привлекле во средината на 80-тите години од минатиот век, кога е снимен филмот „Сведок“ со Харисон Форд. Денес најпозната заедница на амиши живее во округот Ланкастер во Пенсилванија, каде што е и снимен филмот „Сведок“, па поради тоа тука можат да се видат и многу туристи што доаѓаат да ги фотографираат мажите и децата облечени во црни капути и со жолти сламени шешири, и девојките и жените, кои носат долги фустани и бели шамии.

Откако ќе се оженат, мажите пуштаат брада, која никогаш не ја бричат дури и ако наполнат 90 години, што е и вообичаена старосна граница, зашто тие се хранат мошне здраво и имаат едноставен начин на живеење.

Тоа е патријархална заедница што почива на строги правила во која мажите јадат пред храната да им биде послужена на жените.

Историјата на амишите почнува во 17 век во Швајцарија, кога и настанала сектата што се отцепила од анабаптистите. Подоцна заедницата се проширила и во Германија. Тие решиле да се одвојат зашто сметале дека Анабаптистичката црква не е доволно строга и нивните верници не живеат чист и скромен живот.

Откако биле прогонети во 1693 година, тие заминале во САД. И додека Америка се индустријализирала, тие продолжиле да живеат од својата плодна земја, верувајќи дека Господ сака тие да живеат токму таков живот.

Децата на амишите одат во посебни школи во кои има една училница, а земјоделството се' уште е главниот извор на приходи на заедницата. Тие се многу побожни, строго ги почитуваат библиските заповеди и не ги користат модерните изуми.

Да се стане амиш е право на избор, но ретки се тие што ја напуштиле таа заедница. Но и меѓу нив работите се менуваат, па сега постои заедница што се нарекува „нов ред“, кои на пример користат автомобили. Интересно е и тоа што бројот на амиши во Ланкастер во изминатите пет децении се зголемил дури за три пати.

Сепак, тие продолжуваат да живеат надвор од општествените текови, но плаќаат даноци зашто законски се обврзани на тоа. Но, не гласаат на избори и не користат здравствена заштита, немаат пензии и не ги пуштаат децата во државните училишта.

Се' до 80-тите години на минатиот век амишкиот пацифизам и старомодниот начин на живот за многу Американци бил туѓ и неразбирлив, но денес ситуацијата е обратна. Со денешното брзо темпо на живот многумина Американци се привлечени од едноставната филозофија на живеење на амишите.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Амиши
20.5.2010 9:16:24   
amelbebe
kolku mi se interesni ova amisite,jas ne osuduvam im ja pocituvam tradicijata sekoj si ima svoj izbor na ziveenje,a reklamiraat nekoj film jas se crtam pred tv

(Одговор на членот Rossana)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Амиши
20.5.2010 15:32:51   
majka 79
i mene mi se mnogu interesni i go pocituvam nivniot nacin na zivot.
a filmot "svrdok" mi e omilen. preporacuvam site da go gledate.
ima uste eden film so melani grifth samo ne se sekavam kako se vika isto taka e mnogu ubav.

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 5
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?