ripce
|
Храната како афродизијак Понекогаш и секојдневните намирници кои ги имаме во кујната можат да го "зачинат” нашиот љубовен живот, затоа што е познато дека храната будимногу чувства. Освен тоа, самио чин на јадење може да биде добар почеток на страствена ноќ, пишува Rider's Digest, кој за Вас избра неколку "најсекси јадења”: 1. Лубеница, ги шири крвните садови и ја подобрува циркулацијата. Освен тоа, освежува и има малку калории. 2. Маслинки, богати со антиоксиданси, од стари времиња се познати како афродизијак. 3. Јагоди, полни со витамин Ц и антиоксиданси, симбол на заведувањето. Пробајте со комбинација со чоколадо или шлаг. 4. Вишни, со својот особен вкус може да го "зачини” сладоледот или омилениот пијалок. 5. Артичоки, вкусен зеленчук кој одамна е познат по афродизијачките својства. 6. Чај од ѓумбир, збогатен со цимер ја поттикнува циркулацијата и ги опушта мускулите. 7. Калинка, зрната од калинката се многу здрави и вкусни, ги шират крвните садови, и се додаваат на солени и слатки салати. 8. Пица, со вистински мадитерански зачини, маслиново масло и домати кои и даваат посебен вкус, пицата се јаде со раце, што е посебно задоволство за љубовниците. 9. Шлаг, најсексипилното јадење на светот е неизоставен дел од "љубовната игра”. 10. Месо, оброкот богат со протеини дава сила и секогаш е добар избор за вечера за двајца.
< Поракaта ја уредил ripce -- 6.12.2009 9:39:36 >
|