|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Болести кои ни ги носи градинката
12.5.2010 17:42:38   
Maca25
Многу ме интересира дали и вашето детенце откако тргнало во градинка почнало почесто да се разболува. Од што треба да се пазиме и што можеме да направиме за да ги избегнеме сите болести кои ни ги носи градинката.

Мојата ќерка почна да оси во градинка на 19 април и оттогаш два пати се разболе и пиеше антибиотик. Пред да почне со градинка никогаш се немаше разболено. И сега една недела во градинка, една дома. Иако и давам секој ден витамин Ц и пиковит пред да ја носам во градинка, таа пак се враќа со мрсулаво носе. Сега пчнав да и ставам аква марис капки за бебиња во носето пред да ја носам, ама ни тоа не помага. Ако продолжи вака ќе мора да ја отпишам. Сирота ослабена е многу за овој неполн месец.

какво е вашето искуство со градинката и болестите?


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
12.5.2010 17:45:24   
Палешка РР
Моето е многу лошо..заради тоа имав девојка која го чуваше дома. Но да не ве разочарувам, секое дете е различно. Едноставно не можеш да ги избегнеш болестите Маца. Ако си дома отпиши ја, па кога ќе потпорасне, нека оди. Јас така би направила.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
12.5.2010 17:48:45   
Maca25
Сакам да најдам работа, односно да почнам што побргу да работам и баш затоа сега ја запишав, за да не и дојде многу стресно оставањето до 4-5 во градинка. Многу се нервирам кога ја носам во градинка и гледам дека сите деца кашлаат, мрсулави целите и пак ги носат за да ги разболат другите. Знам дека  може нема кој да ги чува, ама пак останатите да ги разболат, па ни тоа не е во ред.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
12.5.2010 17:50:49   
Viktori
Бактерии, значи црвено грло, носе затнато и полно со секрет, шлајмчиња колку сакаш, конјуктивитис-црвени очиња, залепени наутро... на друго не ми текнува во моментов ама ова е најчесто.

Инаку мислам дека не треба да ја отпишеш од градинка, затоа што и подоцна да ја запишеш за некоја година исто ќе биде. Или пак ако отиде дирекно на училиште исто така. Ќе се сретне со секакви деца, болни, здрави, со мрсули до колена user posted image и пак исто. Мислам дека не е решение седење дома.


< Поракaта ја уредил виктори -- 12.5.2010 17:52:32 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
12.5.2010 17:57:18   
Maca25
Не сакам да ја чува некоја жена дома или пак јас да останам дома и да не работам, баш од причина што кога ќе тргне во школо иста песна - пак болести. А супер се навикна на градинката, дури и три дена остануваше на спиење и си заспивала без проблем.
Сега еве ја со црвено грло, носе што тече без прекин, ларингит, кашлица, омалаксаност и до вчера температура.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
12.5.2010 19:46:48   
Saturn
Леле Виктори како да ја опиша состојбата на ќерка ми
Бактерии, значи црвено грло, носе затнато и полно со секрет, шлајмчиња колку сакаш, конјуктивитис-црвени очиња, залепени наутро... на друго не ми текнува во моментов ама ова е најчесто.
плус крајници со гнојче, УЖАС! А златцето само што требаше да тргне во градинка, се набавивме за тргнување во градинка и брисеви и правев и лекарска потрврда дека е здрава. Чекав до мај демек тогаш нема толку вируси и неколку дена пред да тргне ни дојдоа гости со недооздравени деца, раскашлани со мрсулави носиња и веднаш се заразивме. Еве веќе трета недела почнува како не сме здрави по дома, си го пренесувавме вирусот, сега можеби и бактерија е во прашање. Те хомеопатија, те нормала медицина, крајот уште не го гледам, башка и јас сум болна и тоа два пати ме повтори во рок од 2 недели. Претпоставувам дека до почетокот на јуни ќе се оправи и сакам да почне во градинка, сакам да си игра со дечиња ама пусто низ каков пекол поминувам сега, јооој (а имам и доенче дома). И јас сум на иста мисла, но мислам дека сепак подобро е да се адде во градинка, но и на мала настинка и растечено носе ќе си седи дома додека не оздрави, макар и повеќе време дома поминувала. Тоа е пекол што изгледа мора да се помина, за жал user posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
12.5.2010 19:56:12   
kiki_riki

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Многу ме интересира дали и вашето детенце откако тргнало во градинка почнало почесто да се разболува. Од што треба да се пазиме и што можеме да направиме за да ги избегнеме сите болести кои ни ги носи градинката.

Мојата ќерка почна да оси во градинка на 19 април и оттогаш два пати се разболе и пиеше антибиотик. Пред да почне со градинка никогаш се немаше разболено. И сега една недела во градинка, една дома. Иако и давам секој ден витамин Ц и пиковит пред да ја носам во градинка, таа пак се враќа со мрсулаво носе. Сега пчнав да и ставам аква марис капки за бебиња во носето пред да ја носам, ама ни тоа не помага. Ако продолжи вака ќе мора да ја отпишам. Сирота ослабена е многу за овој неполн месец.

какво е вашето искуство со градинката и болестите?


kolku razbrav sega ste pocnale vo gradinka ne se sekiraj site deca pominuvaat niz toa (znam deka e tesko za roditelot) ama taka se steknuvaat so imunitet ke vidis deka ke bide pocvrsta
p.s. ako ovie "detski bolesti" ne gi prebrodi sega ke mora koga ke pojde na uciliste
P.P.S ne se prtedavaj brgu ke pomine- SAMO HRABOuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
13.5.2010 9:22:17   
big_mama817
тоа е резултат мислам на имунитетот на детето со текот на времето секак ќе ојакне а до тогаш со вештачки и природни препарати за јакнење на имунитетот сепак и мене не ми е јасно за некој родители како можат своите болни деца да ги носат во градинка тоа пред се не е здраво за нивното а послем за останатите

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот kiki_riki)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
13.5.2010 9:32:56   
majka 79
sekoj pocetok vo gradinka e takov-mrsulav.
jas so pogolemoto dete super pominav. se razboluvase no ne mnogu, itoa prvite 6 meseci.
a so vtorovo malku potesko. pocnav da go nosam na 1 april i po edna nedela dobivme bronhit, stomacen virus i cel april bevme pod antibiotici.
maj ke pravime pauza pa boze zdravje od juni jovo na novo.
edna doktorka mi prepraca maj da ne go nosam bidejki ima mnogu virusi a i period na najjaki alergii.
mnogu e tesko koga virusite ke se izmesaat so alergiite.

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
13.5.2010 10:00:25   
Saturn
мене не ми е јасно за некој родители како можат своите болни деца да ги носат во градинка тоа пред се не е здраво за нивното а послем за останатите
се согласувам Big mama, единствено објаснување ми е дека можеби тие родители немаат друго „чаре“ односно нема кој да седи со децата и да ги чува дома додека тие не оздрават комплетно. А и докторките како што гледам без проблем даваат потврда дека детето е здраво и врз основа на тоа во градинка мора да го пуштат иако очигледно не е долечено. Уффф, каков „зачаран круг“ само си ги вртат вирусите и бактериите user posted image

(Одговор на членот majka 79)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
13.5.2010 11:13:23   
Maca25
Кога ја запишував нина во градинка, ми побараа брис од нос и грло, потврда од доктор дека детето е здраво и број од докторот на детето, за да можеле они да проверат дали детето навистина било болно/здраво. не сум ја прашала докторката на нина дали и се јавиле.
Ако детето не оди 2 недели во градинка, однодсно 10 поврзани денови, тогаш пак брисеви, пак потврди треба да се носат. Е аман више!!! нека си варботи секоја градинка доктор па нека ги прегледува децата.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Saturn)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
13.5.2010 11:30:35   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: big_mama817

сепак и мене не ми е јасно за некој родители како можат своите болни деца да ги носат во градинка тоа пред се не е здраво за нивното а послем за останатите


сега ќе ти кажам како user posted image
син ми беше најголема група во градинка, а одеше од 2 и пол годинки. А ќерка ми беше средна.
Еден период ќерка ми се вируса, и јас нели ај дома е и така по лекари и брис да и земат. Појдовме и си викам кај на ќерката, ај и на синот нека му земат, а тој не беше болен, мислам ич, нит нос му тече нит ништо.
Ќерка ми болната, немаше бактерија, а син ми здравиот стрептокока А во брисот, а ништо не му е. Значи он си имал имунитет и бактеријата не му предизвикала ништо, а ќерка ми не ја префатила бактеријата, ама фатила вирус. И отидов во градинка и им кажав. Син ми нормално остана дома со антибиотик, ама од каде да знам колку време ја имал и колку деца префатиле од него...Значи без никаков показател дека има бактерија...user posted image


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
13.5.2010 20:40:54   
Maca25
Јас ќе ја оставам уште една недела дома, па после се враќаме во градинка. Мама мора да учи а нина нема кој да ја чува. За следната недела тетка ми се понуди да ја зема секој ден и да ја чува, па малце ќе имам време за учење.
Во понеделник одиме на контрола кај матичната, да видиме што ќе каже таа, ако има уште секрет одма ја носам кај специјалист во Козле.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
16.5.2010 21:01:56   
kromitce
sin mi odese vo gradinka od godinka i pol i se slucuvase da se razboli ama nikogas ne pomisliv da go otpisam. e sega sekoe dete si e posebna prikazan nekoi polesno gi minuvaat bolestite nekoi  potesko... ama ne mislam deka otpisuvanjeto e resenie bidejki koga togas mora da se vkluci vo nekoja grupa bilo da e vo gradinka ili vo uciliste. znaci so tek na vreme organizmot ke zajakne i imunitetot ke se zgolemi.
samo hrabrouser posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
21.5.2010 11:07:58   
fantom
Razbrav od edni prijateli od Skopje,na koi detenceto im odi vo gradinka,deka se razbolelo,so manifestacija na bolno grlo i malaksanost,i koga otisle na lekar i kazale deka ima bakterija na grloto i deka toa bilo zarazno-Sharlah.Posebno e zagrizuvacki so bilo mnogu opasno za trudnicite.Zagrizuvacki e,za so i samite roditeli se revoltirani deka nisto ne im e kazano od gradinkata,a i drugi deca sigurno ima koi se zarazeni stom e zarazno.Mozebi ne e sekade,mozebi e izoliran,indvidualen slucaj,ama se osetiv kako dolzen i kako clen ovde da dadam edno malo predupreduvanje,posebno zaradi toa so e opasno za trudnicite,ako vasite deca imaat takvi simptomi ne cekajte odma na lekar.

(Одговор на членот kromitce)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
21.5.2010 13:33:10   
Maca25
Имаше повеќе случаи на шарлах во скопје. Јас ептен бев исплашена и се мислев дали да ја запишувам нина во градинка или не. Сепак се одлучив за оди во градинка и одма се разболе. Еве поминати се две недели како не оди во градинка, испи 2 сирупи и уште кашла. Ја носев на контрола и грлото и е малце црвенко, ама може да биде и од тоа што и растат катниците и цело време е со раката во уста и од чешање длабоко во устата добива нагон за повраќање па го надразнува грлото. Денес ќе ни дојде на гости една докторка од козле, па ќе ја преслуша и ќе видиме дали ќе оди од вторник во градинка. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот fantom)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
12.6.2010 15:18:31   
Maca25
После еден месец неодење во градинка планирам нина од следната недела пак да ја носам. Пак ќе треба да ги помиуваме тие прилагодувања, останување по саат два, ама што да правам. Се надевам дека сега ќе биде подобро и дека летово нема да имам проблеми со болести. Аман више.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
10.8.2010 1:03:38   
Maca25
Еве нешто најново кај нас, од болестите во градинка - Ларингитис. Нина едвај збори, нема глас, плаче како некое маче малецко, гревче. Грлото не и е црвено, нема никаква бактерија во нос и грло, само има воспаление на гласните жици.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
10.8.2010 14:43:32   
Pregnant
Ќерка ми оди во градинка од 1 година, и до тогаш немаше ни затнато носе , ни грло. Како се запишавме почнаа сите тие вируси да не напаѓаат, и една недела во градинка една дома. Право да ви кажам ми беше веќе преку глава да барам денови од работа за да ја носам на лекар. Инаку дури беше болна не ја носев, ја чуваа бабите за разлика од некои кои носеа болни деца. Еднаш дури и во Козле завршивме, но сето тоа дури стекне некој си имунитет. Еве сега има 4 години и навистина оваа последнава година освен некои лесни настинки и два-три пати ларингит, не сме имале некој проблем. Летниов период се и помалку деца, така да и опасноста е помала, а за на есен здравје боже.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
27.9.2010 1:07:18   
Maca25
Најново нешто кај нина е коњуктивитис. За симптомите имам подетално напишано во темата за коњуктивитис.
Веднаш пријавив во градинка, затоа што се работи за лесно пренослива болест. Негователката ми кажа дека 40% од децата ги нема, а тие што доаѓаат сите се со растечено носе и кашлица. ПА навистина не знам што мислат тие мајки што ги носат дечичата болни во градинка. Има ли ова симсла?!?! Остави си го детето дома, да ти оздрави па после носи го.
Слушам во градинка една мајка кажува дена синот нејзин има 2 дена пролив и повраќа и таа пак го носела во градинка - па тој од таму добил стомачен вирус. Што е со тие дечиња што веќе имале, седеле дома, оздравеле - што ги чека кога ќе се вратат таму - пак вируси. Срмота за тие мајки.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Pregnant)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
27.9.2010 1:14:29   
Џесика
аааа мене ми кажаа во градинка да не го носам додека не се среди проливот... во меѓувреме и поврати два пати,  и сега сме со Хиконцил сируп, бел слез, диета, чај од шипка... не се осудувам да го однесам недолечен, па срам ќе ми биде... а само 1 недела одеше во градинка... дури и мислам дека од тоа плачењето има пролив... и тоа нередовно...и прееска кај Виктори во игротеката, од плачење три пати се искака, свиснав од пресоблакање


< Поракaта ја уредил Џесика -- 27.9.2010 1:15:45 >


_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
27.9.2010 10:16:07   
blue_blue
Моиве минатата недела беа само во понеделник и после цело време дома. Докторката рече дека на еднава и не и е ништо и може во градинка, ама мене ми е шубе така да ја носам. Кој таму ќе ја пази како дома што ја пазиме? Другава рече да поседи дома...ама да ви кажам еве денес понеделник не гледам некое подобрување. Се ми е исто - затнат нос, едвај дишат, нема други симптоми освен што веќе неколку дена кажлаат ваљда од што им се слева секрет во грло. Денес пак ќе ги носам на доктор. Налет и градинка и се, ако за една настинка седат дома 2 недели што ли ќе биде ако фатат нешто посериозно? 1 месец дома, два дена во градинка....стварно не знам што е подобро.

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
27.9.2010 12:28:17   
Maca25
блу_блу мене сите ме убедуваа дека првите 3-4 месеци се критични додека не стекнат имунитетет. Ама каков имунитет ќе стекне едно дете кое секоја втора недела е болно со температура, затнат нос и кашлица и кое прима еднаш месечно антибиотик. Нина еве од април оди во гредника и до сега летово 3 недели одеше вез прекин, а инаку 1 недела во градинка, 2 дома и така. Јас не ја праќам назад се додека не е сосем здрава, не и тече нос, нема црвено грло, не кашла. Ако имаш кој да ги чува дома, нека со поседат додека не бидат здрави.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
27.9.2010 12:47:20   
Anushka
и во градинка и дома, детенцето ќе се заразува: ќе го изнесе баба/или гости ќе дојдат, ќе се игра со деца (кои можеби не покажуваат болест, а се вирулентни).
Здрава храна, движење на чист воздух, чисти раце - и Господ да ги чуваuser posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Болести кои ни ги носи градинката
27.9.2010 12:55:50   
nadica
и на надица и тече носето ама др ми рече дека нема ништо слободно може да ја носам во градинка user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?