Saturn -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (12.5.2010 19:46:48)
|
Леле Виктори како да ја опиша состојбата на ќерка ми Бактерии, значи црвено грло, носе затнато и полно со секрет, шлајмчиња колку сакаш, конјуктивитис-црвени очиња, залепени наутро... на друго не ми текнува во моментов ама ова е најчесто. плус крајници со гнојче, УЖАС! А златцето само што требаше да тргне во градинка, се набавивме за тргнување во градинка и брисеви и правев и лекарска потрврда дека е здрава. Чекав до мај демек тогаш нема толку вируси и неколку дена пред да тргне ни дојдоа гости со недооздравени деца, раскашлани со мрсулави носиња и веднаш се заразивме. Еве веќе трета недела почнува како не сме здрави по дома, си го пренесувавме вирусот, сега можеби и бактерија е во прашање. Те хомеопатија, те нормала медицина, крајот уште не го гледам, башка и јас сум болна и тоа два пати ме повтори во рок од 2 недели. Претпоставувам дека до почетокот на јуни ќе се оправи и сакам да почне во градинка, сакам да си игра со дечиња ама пусто низ каков пекол поминувам сега, јооој (а имам и доенче дома). И јас сум на иста мисла, но мислам дека сепак подобро е да се адде во градинка, но и на мала настинка и растечено носе ќе си седи дома додека не оздрави, макар и повеќе време дома поминувала. Тоа е пекол што изгледа мора да се помина, за жал [sm=zmeden.gif]
|
|
|
|