|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Воспитување на детето
7.5.2009 7:15:23   
Еца
Како знаете дека правилно го воспитувате своето дете? Дали се водите по некоја книга напишана од специјалисти за тоа како да си ги воспитуваме децата или едноставно тоа е инстинкт кој го носи секој родител во себе? Кои се вашите мерки за дисциплинирање на детето?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Воспитување на детето
7.5.2009 8:24:10   
mami
ма каква книга...одам по инстинкт, како ми дојде така...е сега не сум толку трпелива како мм па знам и да подвикнам ако не ме слуша,а мм оди тактички, со разговор-што не секогаш успева,со разговор со полека објаснување, ама колку е тоа можно на дете од 11 месеци баш незнам...а инаку го оставаме сам да ги почувствува работите за да сфати дека не треба да прави нешто..на пр.го оставивме малку да се џишне од печката за да сфати дека таму не треба да фака, и откако малу го заболе веќе не оди ни близу печката

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Воспитување на детето
26.6.2009 9:26:14   
mami
Двогодишното момче од градот Tianjin, во Кина, е најмладиот пушач на светот. Тоа го признал неговиот татко откако гордо го научил Tong Liangliang како да запали цигара. Момчето е родено со хернија, а со оглед на тоа дека бил премал за операција, таткото го научил како да пуши за полесно да се носи со болката.

2 – годишното момче сега пуши цела кутија на ден. Кога дома нема цигари, момчето се фрла на подот и врска. “Таткото не бил свесен колку е сериозна навиката на неговото дете, додека не почнал секој ден да пуши се повеќе цигари.“Иако момчето е најмладиот пушач на светот, тој нема да виде внесен во Гинисовата книга на рекорди, бидејќи тие одбиваат промоција на ’штетни навики’.

Како не треба да го воспитувате детето

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Воспитување на детето
4.7.2009 15:18:13   
Еца
Да се биде родител, не е воопшто лесно. Тоа, како што вели М. Кошичек во книгата "Антиродители", бара од човекот не само знаење, но и да се биде објективен кон самиот себеси. Сите ние имаме одредени слабости, правиме грешки и во воспитувањето на сопствените деца. Не е толку страшно што правиме грешки. Проблемот е што некој од нас воопшто не се свесни за нив, едноставно не ги согледуваат.

Нема лоши деца. Има само лоши родители. Родители што никогаш не престанале да трагаат по сопствениот идентитет, осакатувајќи ги сопствените деца и нивната иднина.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Воспитување на детето
4.7.2009 15:46:48   
natasha
vospituvanjeto ne se uci tuku se steknuva od nasite roditeli,mn cesto se vodime  od niv i del od seto toa go prenesuvamena svojte deca.roditelot e ogledalo na svoeto dete,sto pravi toj go pravi i deteto,toa e isto i so detskata igra preku nea decata aktivno ucestvuvaata i se trudat da izgledaat golemi,neosetno navleguvaat vo svetot na vozrasnite.vospituvanjeto e eden dolg,makotrpen proces,preku nego se trudime deteto da se stekne so najdobri osobenosti,da se razvie vo pravilna licnost,dobronamerna,kulturna,pa podocna i nezavisna,samostojna,vospituvanjeto e individualno,ne se vodi od kniga tuku instiktivni trgnuvaajki si od sebe si

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Воспитување на детето
4.7.2009 15:58:56   
milijana
Draga Natasa..ne se slozuvam vo potpolnost so tebe.Ispaga deka moite roditeli me vospituvale mene,a mojot brat ne.Jas zavrsiv fak,a toj osmo.Se razlikuvame ama bas vo se.Od karakter, misli, sebicnost..se..se.Moite roditeli se razocarani..kako da potfrlile..ama tuka postoi nesto sto se narekuva GEN.Deteto ne e tabula rasa(bela kniga) pa ti na nego da gi preslikas svoite dobri maniri, doblesti, normi koi uspevaat vo zivotot.Eve eden konkreten primer. Edna zena posvoi dete od edna prostitutka, koja i bese prijatelka.Zenata bese so mazot i od edno mnogu bogato i renomirano semesjstvo.Znaes li kako rastese devojceto.Opkruzeno so ljubov, vnimanie, vospitanie.Ja omazija vo edna isto taka ugledna kuka..i sto se sluci.Posle 9 godini brak..malava pocna da mu naoga mani na mazot.Begase kaj majka i(posvoitelkata)Taa i tatkoto ja vrakaa nazad..i konecno svatija deka ne saka da zivee so toj covek.Imaat dete od 8 god..isto devojce.Majka i normalno ja pribra kaj nea so deteto, zosto ovaa malava se razvede.I ..pak vo kukata i bese tesko pa izbega kaj eden maz,a deteto i go ostavi na majka i.I tamiu ne ja sobra pa za 6 meseci..otide kaj drug.Eve ja sega seta od maz na maz i na nea se gleda deka toa i pravi zadovolstvo. Od GEN ne se bega.Taka da vospituvanjeto na deteto ne zavisi tolku mnogu od roditelite.Svedoci sme site deka i od nekoi losi semejstva izleguvaat prekrasni licnosti, ..pa koj niv gi vospituval???

(Одговор на членот natasha)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Воспитување на детето
7.8.2009 11:42:37   
big_mama817
znete kako vikat najtesko e na ovoj svet e da bides roditel so sto jas licno se slozuvam bidejki od malo covece treba da "napravis" golem covek i da gospitas najdobro sto umes za da se izgrad kako licnost samostojno sustestvo sto e navistina tesko no sepak toa ni e dolznost i obvrska kako roditeli

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот milijana)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Воспитување на детето
18.8.2009 12:42:11   
mami
ИЗВОРНА ПОРАКА: big_mama817

znete kako vikat najtesko e na ovoj svet e da bides roditel so sto jas licno se slozuvam bidejki od malo covece treba da "napravis" golem covek i da gospitas najdobro sto umes za da se izgrad kako licnost samostojno sustestvo sto e navistina tesko no sepak toa ni e dolznost i obvrska kako roditeli


потпишувам целосно...децата се како пластелин,а родителите моделари кои треба од нив да направат луѓе...Има гени да, но родителот е тој што треба да ги насочи на прав пат

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Воспитување на детето
18.8.2009 12:48:57   
Bile
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

ИЗВОРНА ПОРАКА: big_mama817

znete kako vikat najtesko e na ovoj svet e da bides roditel so sto jas licno se slozuvam bidejki od malo covece treba da "napravis" golem covek i da gospitas najdobro sto umes za da se izgrad kako licnost samostojno sustestvo sto e navistina tesko no sepak toa ni e dolznost i obvrska kako roditeli


потпишувам целосно...децата се како пластелин,а родителите моделари кои треба од нив да направат луѓе...Има гени да, но родителот е тој што треба да ги насочи на прав пат



se potpisuvam na dvata posta ama ke dodadam samo mnogu zavisi i karakterot na deteto

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Воспитување на детето
10.9.2009 11:45:42   
big_mama817
lele da vi kazam sto mi se sluci vcera maliot slusnal pcovka i doagame vcera od rabota a svekor mi na maliot mu vika ajde opcuj da te slusne tatko ti pa uste mu se sme a sin mi dete kako dete kogake mu se nasmes misli deka kojznae sto kazal sto e normalno a jas slusam lele koga se iznervirav i normalno pocnav da go karam a ovoj vednas zakute ludnica

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Bile)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Воспитување на детето
10.9.2009 11:50:00   
mami
леле мене од тоа ми е најмногу страв..кумашините лани беа на одмор во камп и таму старите немале што да прават па ја научиле кумашинката со 2 години на сите можни пцовки. Луѓе кога се вратија, буквално секоја пцовка ја знаеше, па бидејќи не реагираше на мајка и  и татко и мораше да ја караме ние како кумови (особено стахопочит има кон мм) дека не е убаво и дека нема да и бидеме кумови веке и нема да ја сакаме за да престане да пцуе и сега веке не и текнало да каже нешто такво

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Воспитување на детето
10.9.2009 12:00:17   
mother 29
toa e neizbezno,ako ne sega vo gradinka,vo skolo,ako ne od doma od tamu ke naucat?!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Воспитување на детето
9.1.2010 0:51:00   
Еца
Ако децата живеат со критика
учат да осудуваат
Ако децата живеат со непријателства,
учат да се тепаат.
Ако децата живеат со страв,
учат да бидат загрижени.
Ако децата живеат со сожалување,
учат да се сожалуваат себеси.
Ако децата живеат со исмевање ,
учат да бидат срамежливи.
Ако децата живеат со љубомора,
учат што е завист
Ако децата живеат со срам,
учат да се чувствуваат виновни.
Ако децата живеат со толеранција ,
учат да бидат трпеливи.
Ако децата живеат со охрабрување,
учат да бидат доверливи.
Ако децата живеат со благодарност,
учат да бидат благодарни.
Ако децата живеат со одобрување,
учат да се сакаат себеси.
Ако децата живеат соприфажање ,
учат да пронајдат љубов во светот.
Ако децата живеат со подарување ,
учат да бидат широкогради.
Ако децата живеат со вистинољубие и чест ,
учат што е вистина и праведност.
Ако децата живеат во сигурност,
учат да си веруваат себеси и на тие околу себе.
Ако децата живеат со пријателство,
учат дека светот е убаво место за живеење.
Ако децата живеат со искреност,
учат да живеат мирно.
КАКО ЖИВЕАТ ВАШИТЕ ДЕЦА ?
Дороти Нолм


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Воспитување на детето
9.1.2010 14:09:23   
Матеа
"Полошо од забот на змија е да имаш невоспитано и неблагодарно дете" - Крал Лир

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Воспитување на детето
9.1.2010 14:13:18   
Еца
Многу работи ќе научи детето надор од дома, дали тоа било градинка, училиште, на игралиште... поентата е во тоа секогаш да иамме отворен разговор перку кој без дерење, викање, заканување ќе му укажеме на негативностите од сето тоа, но и нормално ќе се поставиме така што ќе му дадеме демек избор да избере самото дали ние како родители заслужуваме таков однос од него. И нормално на крај останува онаа реченица: Што и да направиш ние секогаш ќе те сакаме, само размисли дали со твојата постапка ги повредуваш мама и тато.

< Поракaта ја уредил Еца -- 9.1.2010 14:14:04 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Воспитување на детето
9.1.2010 14:41:30   
majka 79
Воспитна не е на одмет
Американските истражувачи утврдија дека децата кои како мали биле дисциплинирани со тепање, подоцна...

... остваруваат подобар успех во училиштето и со поголем оптимизам гледаат на животот од децата кои родителите никогаш не ги удриле.
Марџори Гано, професор по психологија на Калвиновиот колеџ во Мичиген, вели: "Тепањето е опасно, но постојат моменти кога тоа е неопходно.
Битно е да не се претерува и да не се користи во секоја прилика".
Во рамки на истражувањето биле анкетирани 179 тинејџери.
Децата до шест години кои родителите повремено ги тепале постигнувале подобри резултати во речиси сите позитивни категории, а во негативните категории не биле полоши од децата кои никогаш не биле физички казнувани.
Со зголемување на возраста ефектите од "ќотекот кој излегол од рајот" биле се понегативни.
Арик Сигман, психолог од универзитетот во Вирџинија и автор на книгата "Разгалена генерација: зошто враќањето на авторитетот ќе направи нашите деца и нашето општество да бидат посреќни", смета дека идејата за причинско-последичната поврзаност на тепањето и насилството е претерана и бизарна.
"Ако родителите кои нормално на своите деца им пружаат љубов и топлина, со тепање сакаат да исправат некои грешки, општеството со тоа не треба да биде погодено, туку да има доверба во родителите дека ќе умеат да прават разлика меѓу дисциплинирање и физичко насилство", објасни тој.

< Поракaта ја уредил Еца -- 9.1.2010 14:54:02 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Воспитување на детето
1.1.2013 13:06:23   
Pepelaska *
Во супермаркет, пред касата стои една бабичка, а зад неа мајка со едно немирно детенце коешто постојано вреви и прави проблеми. Во таа ситуација, буткајќи ја количката со продукти, неколку пати ја удира бабичката по нога, па таа се врти кон детенцето и го замолува да престане да ја удира бидејќи ја боли.
По тоа, детето повторно продолжува да биде немирно и повторно со количката ја удира бабичката, па таа се врти кон неговата мајка и ја прашува дали може таа да му објасни дека тоа што го прави не е убаво. Мајката на тоа ладно и одговора на возрасната госпоѓа дека нема да му објаснува ништо, бидејќи нејзиниот метод на воспитување е таков што таа не му наложува на своето дете ништо, бидејќи тоа самото мора да порасне и да сфати дека некои негови постапки ги повредуваат луѓето околу него. Тоа, вели мајката, е научно докажано дека е далеку најефикасниот метод за воспитување.

Сето тоа го слуша еден дечко во своите рани дваесетти години додека во раката држи една тегла мармалад од црвени рибизли. Мирно ја ислушува мајката, потоа го отвара капачето од теглата и целиот мармалад го истура врз мајката по што мирно вели:

- Вашиот метод е исправен. Јас сум воспитан на сосема истиот начин и еве гледате какви прекрасни резултати дава тој.
Бабичката само се насмеала и побрала теглата со мармалад да ја стават на нејзина сметка.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот majka 79)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Воспитување на детето
1.1.2013 13:10:19   
Pepelaska *
Какви методи применувате вие?
Јас досега 90 % сум задоволна од тоа како е воспитан мојот двегодишен син.Не сум применувала тепање, забрани и казни туку уста ми замалувала од зборување како треба и не треба и кои се последиците.Знам дека рано е и допрва треба да учам методи затоа сакам совети од мајките на поголеми дечиња.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Воспитување на детето
2.1.2013 10:25:05   
Bilence2
Tocno, i jas se slozuvam so tebe. Kaj nas vospitna se primenuva retko, itoa samo po gazot, nioako po glava ili grb., a sekoia negova pogresna postapka podlezi na objasnuvanje sto e napraveno, sto moze da se sluci i zosto ne treba taka da pravi. Decata se odlicni slusateli, koga toa sto im go zboruvate go razbiraat. Treba na ednostaven nacin da im se objasnat postapkite za da mozat da razberat, inaku nema efekt. Sekogas koga barate nesto od deteto da stori treba na jasen nacin da go iskazete, toa decata go sakaat, kolku pokonkretno ste se izjasnile tolku podobro deteto ke ve svati. Nikogas ne treba da gi lazete decata, bidejki taka ke imaat doverba vo vas deka toa sto go zboruvate e vistinsko, da ne ostavite kaj deteto somnez deka moze i ne e taka kako sto zboruvate. So greskite sto se povtoruvaat se spravuvame so kazni ili nagradi, zavisi.

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Воспитување на детето
14.2.2013 11:10:15   
vezilka RR
Изборот на метод на воспитување ми е комбинација од повеќе нешта, од стучни совети што сум исчитала, cppy-paste од методите на моите родители, нешто и инстиктивно правам. И се трудам навистина секој ден да бидам се подобра. Ама деновиве сум навистина исплашена што ќе биде со моево дете. Колку ние се трудиме, еден добар дел ни паѓа во вода од замешатељства од страна. Свекрва ми во една минута ни руши нешто што со денови сме се труделе да го постигнеме. И што е најстрашно, ни го руши авторитетот. Јас со неа не можам да се разберам да не го прави тоа..таа ќе продолжи по нејзино. Што јас да правам. Како да излезам на крај со ова? Или да го минимизирам нејзиното влијание?

(Одговор на членот Bilence2)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Воспитување на детето
14.2.2013 11:21:46   
Mihaela 2010
Vezilke ednostavno preseci,pokazii do kade moze da odi i tocka,ako ti nemoze mt neka i ukaze..
jas nemam svekor i svekrva ama pa zato avojna vodam so moite,zavcera taka se ispokarav so majka mi zaradi nekoi postapki sto i gi nametnuva na M...znam i da se nalutam pa da ne otidam da ja vidat,ako sakaat ke si dojdat da ja vidat...
se znae kolku i sto moze da pravat so deteto,ama da mi menuva raboti kako sto vikas koi se trudis so denovi da gi napravis i na kraj da userat rabota pa koj saka neka e nema da dozvolam..

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Воспитување на детето
14.2.2013 11:47:12   
vezilka RR
Уф, Михаела, кај нас е малку поинаку. Ние живееме со свекрва ми, иако Никола не минува многу време со неа, најмногу еден час во денот, а често ни толку, таа за една минута прави штета. И проблемот е што женава не е во ред, значи не се работи за „обичен“спор меѓу снаа и свекрва, туку таа пати од некоја депресија, параноја и не знам таму што и ништо не можеш да и кажеш, се сфаќа поинаку и како закана. И откако ќе и кажеш и ќе се скараш за нештото, сфаќаш дека се е џабе кога гледаш дека утрето пак е се исто. Јас знам што треба да направам, да си отидам од таму, ама пак се уште не сме се решиле бидејќи таа нема сопствени приходи, зависи од нас. И во меѓувреме се чувствувам загубено, и без контрола врз нештата. И секојдневно барам начини како да ја намалам штетата, како врз детето, така и врз нас. Животот во вакво опкружување сигурно ќе има влијание и врз воспитувањето на детето, јас само барам модел што ќе функционира.user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Воспитување на детето
14.2.2013 13:37:05   
niki
preku sopstveniot primer dojdov do zaklucok deka mnogu na broj, relativno mladi roditeli, posebno koga se raboti za prvo dete se najduvaat pred zamka koga treba da vospostavat avtoritet nad deteto
najcesto se ocekuva deka vo toa treba da ni pomognat site okolu nas i da ni olesnat, no toa ni teoretski ne e mozno a kamo li prakticno da se sprovede
zosto? zatoa sto sme site razlicni licnosti, so razlicni prioriteti, stavovi mislenja, pogledi na zivotot i svetot, zatoa sto postoi generaciski jaz, zatoa sto se naogame site vo razlicni zivotni okolnosti
avtoritetot gradi go na deteto, sama, ne preku svekrva ti ili maz ti, na deteto daj mu do znaenje deka posledniot zbor go imas ti, ne trosi vreme na svekrvata da go objasnuvas ova, ama nikogas nema da go svati nitu da go prifati, deteto e vazno da te slusa i poslusa, vazno e ti da ne mu dozvolis da pojde da bara uteha, opravduvanje i poddrska kaj drug koga ti go karas, bidejki drugite a posebno babite uzivaat vo tie momenti koga ke im se ukaze vaznost makar i koga doaga od edno malo rasplakano i razmrsulaveno djkepce sto nisto ne razbira
vo takov moment babite se na umstveno nivo ponerazvieno i od toa na deteto, bidejki deteto seta pretstava ja pravi za da izmanipulira, da kupi vreme za sebe, da odlozi nesto neprijatno za nego, a ovie uzivaat da bidat manipulirani ubeduvajki se sebesi deka se raboti za nekoja posebna ljubov i vrska so vnuceto
starite se naogaat vo cudni godini, koga kontrolata im se lizga od racete, gi stiskaat bolestini i neracionalni stravovi vo vrska so zivotot smrtta, nemoktta koja od den vo den im e se pojasno deka gi sovladuva, vo takva sostojba umot niven ne moze da funkcionira normalno i tie ne se ni svesni za svoite postapki i nivnata stetnost
zatoa nemoj da trosis vreme vo ukazuvanje, i mt djabe ke i kazuva, teraj si po svoe, praktikuvaj si gi svoite principi na vospituvanje, kaj sto mozes vednas da vlijaes reagiraj vednas, nemoj da cekas da se nasobere mnogu za popravanje kaj deteto, deteto postojano potsetuvaj go deka se sto ste se dogovorile deka moze ili ne moze vazi vo site situacii i koga ste sami i koga e baba tuka bez ogled na toa sto taa veli, dozvoluva, pravi
duri i ako zaminete na drugo mesto na ziveenje ako ti sama ne postavis granici, sekogas ke se najde nekoj koj ke ti go srusi avtoriteto

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Воспитување на детето
14.2.2013 19:09:41   
majka na eva

ИЗВОРНА ПОРАКА: big_mama817

znete kako vikat najtesko e na ovoj svet e da bides roditel so sto jas licno se slozuvam bidejki od malo covece treba da "napravis" golem covek i da gospitas najdobro sto umes za da se izgrad kako licnost samostojno sustestvo sto e navistina tesko no sepak toa ni e dolznost i obvrska kako roditeli

user posted image user posted image

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Воспитување на детето
14.2.2013 19:16:45   
majka na eva

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR

Во супермаркет, пред касата стои една бабичка, а зад неа мајка со едно немирно детенце коешто постојано вреви и прави проблеми. Во таа ситуација, буткајќи ја количката со продукти, неколку пати ја удира бабичката по нога, па таа се врти кон детенцето и го замолува да престане да ја удира бидејќи ја боли.
По тоа, детето повторно продолжува да биде немирно и повторно со количката ја удира бабичката, па таа се врти кон неговата мајка и ја прашува дали може таа да му објасни дека тоа што го прави не е убаво. Мајката на тоа ладно и одговора на возрасната госпоѓа дека нема да му објаснува ништо, бидејќи нејзиниот метод на воспитување е таков што таа не му наложува на своето дете ништо, бидејќи тоа самото мора да порасне и да сфати дека некои негови постапки ги повредуваат луѓето околу него. Тоа, вели мајката, е научно докажано дека е далеку најефикасниот метод за воспитување.

Сето тоа го слуша еден дечко во своите рани дваесетти години додека во раката држи една тегла мармалад од црвени рибизли. Мирно ја ислушува мајката, потоа го отвара капачето од теглата и целиот мармалад го истура врз мајката по што мирно вели:

- Вашиот метод е исправен. Јас сум воспитан на сосема истиот начин и еве гледате какви прекрасни резултати дава тој.
Бабичката само се насмеала и побрала теглата со мармалад да ја стават на нејзина сметка.

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image хаххаахахuser posted image навистина интересноuser posted image и поучно...

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?