|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Градинките не чинат, или родителите сме за ни...
6.10.2016 11:54:09   
vezilka RR
Градинките не чинат, или родителите сме за нигде?
Прочитајте го текстов и навистина ме интересира дискусијата по него. Јас на пример со многу од текстов не се согласувам. Како на пример со изјавата декание сме преживеале и каде, каде полоши услови, па што ни фали. Како со изборот на храна на менијата и ред други работи. Мада во изјавите има и некои кои мислам дека се претеризам, како на пример дека треба да му ги врзе обнувките воспитувачката а не да се остави детето само да се научи да го прави тоа.

Дали сте се нашле во ситуација кога мислите дека и премногу сте очекувале? Дали сте се почусвувале дека сте презаштитнички и преамбициозно настроени кон вашите деца? Дали доволно ги оставаме да научат да се снаоѓаат во животот? Темава не е во правец на добри или лоши услови во градинките, туку во правец на тоа на каде се движат родителите со своите очекувања?

Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Градинките не чинат, или родителите сме з...
9.10.2016 23:43:34   
elenak
Ај да скршам мразuser posted image Кога решив да оставам дете во градинка немав којзнае какви очекувања, дека не знам како треба да биде гледано. Самиот факт што во група на една воспитувачка и една негователка има по 25+ деца ни кажува дека не можеме да очекуваме кралски третман. Во градинка е, не е дома. Не очекувам да трчаат со чинијата по неа, не очекувам да ја лулаат за да заспие или други бенефити што ги користи дома или кај баба и дедо. Очекувам од градинка да излезе детето спремно за на училиште, со стекнати одредени навики и основна потребна едукација. Е сега и во градинките како и секаде на друго место има луѓе и нелуѓе, ако можам така да ги наречам. За среќа ние со воспитувачките немаме проблеми ама сум се изнаслушала сешто, од тоа како ги делат и различно третираат оние со обична и брендирана гардероба, до тоа како ги оставаат да спијат со се патики на нозе. Не можам да кажам дека јас како родител сум заникаде ако барам барем на спиење детето да ми е облечено во пижами и без обувки на нозе. Од друга страна имаме и разни врсти на родители. На последното родителско една мајка се дрзна да праша зошто на децата им давале ајвар за доручек. Нејзините деца не јаделе ајвар на пример, зарем тој ден тие треба гладни да бидат? Боже мој, моево од доручекот што таму го даваат ништо не јаде и гладно е секој ден па што? Или ете ќерка ми кажува некои деца си носеле сок во шишенца од дома па сега и таа ми бара. Не пиело вода детето па ајде сокче од дома, греота. И сега јас треба да и објаснам дека тоа не е правилно и да бидам најсовесна мајка, а лоша мајка во очите на моето дете.
На крај заклучокот ми е дека навистина некогаш и ние како родители имаме преголеми очекувања, има и претерано размазени деца но има и одредени личности што не се створени за работа со деца а ги имаат токму тие работни позиции па не можат да исполнат ни најмали очекувања. И сите треба да сме добро запознаени и да ги почитуваме нашите обврски пред се, вработените со своите работни обврски а ние со нашите родителски. Кога секој своите би си ги извршувал достојно и воедно меѓусебно се почитуваме нема ништо да биде заникаде.

< Поракaта ја уредил elenak -- 9.10.2016 23:44:31 >


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Градинките не чинат, или родителите сме з...
10.10.2016 13:28:19   
blue_blue
се мислам како да одговорам а да не напишам ферман. По мене не чини целокупниот општествен систем во кој живееме во последниве 25 год, а посебно во последниве 10. Тоа значи дека не чинат родетиделите, а не чинат ни градинките. Едноставно и едните и другите веќе со години се учат да преживеат наместо да живеат. Резултат - никаков реди и систем за тоа кој работи во градинка и дали е способен вистински да едуцира и да учи деца, никаков ред за однос дете - воспитувач, значи не може две негувателки на 30 деца, а едната од тие две е постојано на боледување па попладне се 60 деца со една негователка, никаков ред по однос на нутритивната вредност на оброците, никаква инфрастуктура (страи прозорци, теписи, инвентар), никаков ред за тоа какви квалитети и искуство треба да има директор на градинка, непостоење на вистински казнени односно наградни мерки за кадарот....од друга страна имаме две катергории на родители кои најчесто ќе ги сретнете - незаинтересирани - во стилот - „за што треба да дадам пари и да си одам“ и „ако де, така рекле од министерство, што ќе се замарам јас“ и оние презагрижени кои од што не знаат што стварно сакаат и што стварно е битно за децата драмат дека е страшно што имаат манџа и бел леб наместо кино и органско овошје со кокосово масло пошто нели они дома се на тоа го ранат детето, купуваат телевизори, завеси, и сл пошто нели се грижеле за децата и не размислуваат дека треба да бараат општината тоа се да го купи наместо да прави настани со Данијела и слични певаљки, драмат ако детето им го дадат исфлекано, пошто нели дома никад не се флека пошто со златна лажица јаде и директ они у уста му стваат...е после што ќе се чудат зошто синовите им се закачени за сукња до 40 години, а ќерките им ги малтретира некоја свекрва у стан од 25 м2, ама ј...живот....јас искрено не гледам решение. Стојам на ставот дека се додека живееме во овој башибозлук од систем децата мора да ни одат во градинка за да нучат колку што е можно порано да пливаат во него....а системски коренити промени не очекувам, можете да добиете нормална градинка со нормални родители во нормален функционален општествен систем што би значело да се иселите од овде како што едно чудо ваши познати направиле.....

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Градинките не чинат, или родителите сме з...
10.10.2016 21:03:09   
sandriana RR
И ние претруваме, и има огромни пропусти во градинките.
Имам среќа големата ќерка да биде со прекрасен тим на воспитувачка и негователка, а за малата се уште ги немам запознато одблиску. Само едната негователка од јасли отиде со нивната група (таа ја знам веќе 2ра година и сметам дека е соодветна за својата работа), и добија нова воспитувачка и уште една негователка.вработени
Кај двете деца забележувам позитива од она што носат дома како навики од градинката, а што зависи од тимот. СЕкако носат и негативи во однесувањето,како резултат на колективот од мнооогу деца, сите различни темпераменти и од различни средини, но не е ништо алармантно.
Забелешки имам, на сметка на организацијата, бројноста на децата во една група, и детали кои не зависат директно од воспитниот тим, туку се виша политика.
Никогаш не сум земала гладно, валкано или истепано дете од градинка, ниту несреќно поради неумесен однос на некој од воспитниот тим, директно одговорен за моите деца.
Пак ќе речам - сметам дека по игра на среќа, двете деца ми се во вистински раце.
За разлика од моето лично искуство, гледам и среќевам воспитувачки/негувателки кои сосема разочаруваат со однесувањето (нив ги сретнувам како дежурни на врата кога земам или носам деца), или во разговор со родители на дечиња од други групи, кои лично ги познавам.


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Градинките не чинат, или родителите сме з...
11.10.2016 14:14:48   
Bethany
Мислам дека зависи од градинката.
Во мојот случај, градинката не чини.

Не дека е толку лоша состојба, син ми многу сака да оди, единствената и најголема замерка (ај да не биде поради храна), е воспитно образовен систем кој во нашата градинка, посебно сега за син ми кој оди во најголема група, е никаков. Нула.
Значи, ни порано ништо не учеја во споредба со некои скопски и други градинки кои знам, ама баш сега, годината пред школо, ништо немааат организирано. Досега само се играат. И за утре што имаат песничка да научи по повод 11.октомври.
И се се вадат дека образовен систем во школите се сменил, па ете и они не знаеле што и како.
А другите знам уште порано и англиски имале, и росица ја обработувале, кај нас каков црни англиски, ни на македонски не зборуваат литературен, туку на дијалект па морам да го исправам син ми дома кога ќе дојде, росица кажав не ја земам годинава ако е само за носење дома, па ние да сме читале со него. Имам ја што да читам со него ако треба.
И така... тоа ми е најголема мака мене.

Патем, добар ден user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Градинките не чинат, или родителите сме з...
11.10.2016 16:44:12   
sandriana RR
Патем, добар ден

Добредојде повторно Bethany user posted image ....Недостигаше...user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Градинките не чинат, или родителите сме з...
12.10.2016 14:49:03   
Hopeful RR
Се согласувам со Blue_blue, и двете страни се безврска. Дека градинките не се идеални и има голем простор за подобрување е факт, но мене во моментот повеќе ме нервираат родителите и нивната преголема заштитничка тенденција.

Аман луѓе, ко само вашето да е дете и ко да треба којзнае каков пристап да се има... Никој не ги остава децата до крај на ден, сите ги земаат за 4-5 саати, ги адаптираат по 3-4 месеци и се туфкаат како тоа нивното дете заспива исклучиво во раце. Е па welcome to the real world, каде што има и други деца со реални потреби и каде што колку порано го навикнеш самото на себе и му вградиш самостојност, толку подобро за него.

Со оглед на условите и системот во кој живееме, стварно е сулудо да критикуваме дали имало бел или интегрален леб, дали давале јајце и млеко или пудинг... дома сите ги бутаат со леб и маргарин, а во градинка бараат авокадо и брусница. Или она - има алергии и не ни оди во градинка. Ај важи, нека седи дома несоцијализирано, пошто ти си преконтролирачка мајка и не ја гледаш целосната слика. Мене ми е битна исхраната, но други работи ми се исто така битни, а тие се учат само во градинка - учење да се биде дел од група, со врсници, социјална динамика и куп други моменти кои дома со баба и дедо, а ни со мене, нема шанси да се постигнат. Јас сум задоволна што одат и седат цел ден, што спијат и ручаат таму. Понекпгаш јадат ужинка, понекогаш не, ништо страшно. Доручек им давам јас дома, не за друго, туку затоа што работното време ми почнува подоцна и утрото ни е период кога имаме време да си играме, да се дружиме и да јадеме. Едниот има егзем и исто пазиме со исхрана, многу од намирниците не му се воведени, но немам намера да барам посебна исхрана во градинка за него, или да паничам ако каснал пудинг. Ок е, ќе преживееме.

Муабетот ми е, оптеретеноста со информации и неспособноста да се селектира вредна од невредна информација си има последици кај родителите, кои забегуваат и се нешто не им чини. Ќе повторам, има простор за подобрување во градинките, но мислам дека повеќе треба самите себе да се превоспитаме.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Градинките не чинат, или родителите сме з...
12.10.2016 17:54:09   
niki
so se gore navedeno se slozuvam i ke dodadam kolku luge tolku cuda
a i koga ke se izleze od od predskolski sistem se prodolzuva so istite tendencii
ne cinat skoli, nastaven kadar, roditeli i deca i sistem
a sepak nie sme sistemot

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Градинките не чинат, или родителите сме з...
12.10.2016 20:23:21   
Bethany
Еве денес што правеја во градинка.
Беа споени две групи и да ги држат мирни, највероватно, сето време гледале цртани. Ете овие работи ме вадат од такт.
Училница на син ми се реновирала, па највероватно ќе се реновира до пролет, и сега значи до пролет нон стоп ќе буљат во цртани.

Не се бунам ни за храна, ниту за услови, ама барем нешто да поднаучат нема да е лошо. Пола саат барем некоја корисна информација да им пренесат де.

Кога беше празникот Бајрам учителката им читала приказна за празникот. Таков проект бил. Да се чудиш. На македонските деца им читаат за Бајрам, за тоа можат да се организираат, за друго не.
Патем, оваа работа ни сметаше и за оваа се жалевме.
Зошто воопшто на децата, малолетни лица, да се зборува за било каква религија без икаква претходно барана согласност од родителот?

< Поракaта ја уредил Bethany -- 12.10.2016 20:25:10 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 9
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?