|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Замрзнување на продуктите
21.1.2014 17:15:58   
Defne90 RR
Обезбедувањето на зеленчук за зима и пролет со замрзнување е многу успешен начин на конзервирање. Во правилно подготвениот и спакуван зеленчук, чуван во замрзнувач се зачувува висок процент од биолошката вредност. Таквиот зеленчук го задржува првобитниот изглед, боја, арома и вкус, а во споредба со термички третираниот начин на конзервирање, во поголем процент ги зачувува и витамните Ц и Б1.

Установено е дека некои видови тешко сварлив свеж зеленчук, со замрзнување стануваат многу поприемливи за органите за варење
(црвената зелка, кељот, печурките и сл.).

Сите видови на зеленчук не се погодни за замрзнување, но со замрзнувањето на голем број од нив зимско-пролетната исхрана е поразнообразна.

За замрзнувањето е битно да се одбере зеленчук со висок квалитет и уште сосема свеж да се подготви и да се складира во замрзнувач. Од неквалитетен, свенат, престојан зеленчук не може да се очекува подобрување на квалитетот со замрзнување, бидејќи тој уште од почетокот изгубил доста од заштитните состојки. Подготвителните работи пред замрзнување на зеленчукот, како што се чистење, миење, бланширање, просушување и пакување по оброци треба да се одвиваат брзо, заради зачувување на неговиот состав. Затоа, за еднократна употреба треба да се пакуваат соодветни количини зеленчук.
Независно од тоа кој вид зеленчук се замрзнува, работниот процес е сличен:

Бланширање е ставање на исчистениот зеленчук ( боранија, моркови, грашок, бамја) во вода која врие, да отстои најмногу 2-4 минути. По вадењето од врелата вода зеленчукот веднаш се става за кратко во студена вода за да се олади. Тоа најдобро се постигнува ако подготвениот зеленчук се стави со решетка ( цедалка) во вода што врие, а потоа се извади и се врати за кратко во студена вода. На тој начин се скратува работниот процес околу зовривањето, цедењето и разладувањето на зеленчукот.

По цедењето од студената вода зеленчукот се распоредува на чисто суво платно за да ја впие одвишната влага, а потоа се пакува во најлон кеси, при што се внимава воздухот од кесата целосно да се истисне.
Бланширањето има за цел да се уништат некои материи кои и на ниски температури влијаат врз промените во храната.
Најдобро е на секое пакетче да се залепи етикета со натпис за тоа кој вид зеленчук е спакуван, со датумот и количината.

Некои видови зеленчук како што се зелената салата, кромидот, трупките, краставиците и др. не се погодни за замрзнување, а зеленчукот што го има на пазар преку целата зима, нема потреба да се замрзнува. Такви се: празот, ренот, морковите, цвеклото, зелката, трупката, целерот, пашканатот и сл.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Замрзнување на продуктите
21.1.2014 17:25:25   
Defne90 RR
dali i vie zamrznuvate hrana i nakoj nacin.Jas redovno si zamrznuvam boranija,brokuli,karfiol,piperki.Svekrva mi gledam ponekogas znae da zamrzne i po nekoja mandza se razbira da nema vo nea nekoi produkti kako sto e kompirot koj sto stanuva toksicen ako zamrzne.Mislam deka zamrznuvanjeto na produktite e dobro od pricina sto i vo zima mozat da ni bidat dostapni nekoi produkti koi sto ne mozeme da gi najdeme vo toj period.No sepak zamrznatata hrana e dobra i gi zadrzuva hranlivite materii samo ako e pravilno zamrznata.Sto mislite vie za toa.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Замрзнување на продуктите
25.1.2014 22:38:22   
AneLav RR
Јас замрзнувам обавезно боранија(претходно обарена), модри ( свежи излупени и ситно исецкани на коцкички), тиквички(издлабени на средина за полнење), грашак (свеж), пинџур (во канчиња), карфиол (обарен), брокула (свежа), понекогаж замрзнувам и исчистени спанаќ или блитва ама тие ги замрзнувам на пократок период. Замрзнатава храна ми е пола ручек спремен и многу ми е полесно.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Замрзнување на продуктите
25.1.2014 22:48:03   
Defne90 RR
Jas brokulata ja zamrznuvam obarena,dali e podobro sveza da se zamrzne,sega citam ovde sveza brokula zamrznuvate

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Замрзнување на продуктите
25.1.2014 23:13:03   
AneLav RR
Да ти кажам право јас едно време ја обарував , ама што кога пак ја варам после во супа и затоа почнав свежа да си ја замрнувам.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Замрзнување на продуктите
25.1.2014 23:41:14   
deluxe
Можам да кажам дека не замрзнувам продукти.Единствено што замрзнувам е месоuser posted image Од страна на зеленчук ,ништо не замрзнувам,претежно користам свежо,или може сушено.Скептик сум дека со замрзнувањето се зачувуваат дел од витамините и минералите.Сепак според мене свежо си е свежо,ептен од немај каде може нешто да замрзнам(доколку ми е на залиха пр:Вишните од дворот што ги собравме,ај да не ги фрлам ги смрзнав,ама на пролет ќе ги фрлам кога ќе средувам во замрзнувачотuser posted image user posted image )

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Замрзнување на продуктите
25.1.2014 23:56:23   
Defne90 RR
Pa stoznam sigurno ostanuvaat hranlivi materii vo zelencukot,sepak so pravilno zamrznuvanje mislam deka e toa mozno.A i na zime nema mnogu od produktite a jas si sakam koga ke si izvadam od frizider i da si napravam rucek so site sostojki.A inaku toa so pindzurot ubava rabota e i baba mi gledam zamrznuva taka i posle si imaat gotov rucek.A sveki gledam si zamrznuva i mandzicki.A i sto taka baba mi ke napravi sarmi ke gi zavie i taka ke gi zamrzne.I posle koga ke gi odmrzne gi stava samo da se svarat i ete pak gotov rucek.Ete sega koga veke treba da se frli zelkata od rasol taa ke gi zavitka i koga ne znae sto da napravi za rucek ednostavno gi vadi od frizider i gi vari.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Замрзнување на продуктите
26.1.2014 8:59:39   
niki
A sto e pravilno zamrznuvanje? Prasuvam zosto ne znam. Dosega zamrznuvav mnogu produkti, duri i gotovi jadenja, vo princip po navika bidejki taka pravese majka mi, a i mnogu drugi luge koi gi poznavam.
No od rabota me pratija na eden seminar organiziran od ministerstvo za razvoj od odelot za zdrava i bezbedna hrana i uvidov deka mnogu raboti gi pravime od navika, ne znaenje, po pricnip site taka pa i jas, a golem udel ima i reklamata koja ni e servirana od nekoja industrija so cel nejzino promoviranje, a nikako nase dolgorocno zdravje.
Megu drugoto bese receno deka nikoj doma nema uslovi za pravilno zamrznuvanje, demek toa se pravelo vo specijalni komori koi produktite gi zamrznuvaat od vnatre kon nadvor i na toj nacin se izbegnuvalo ostetuvanje na kletkite i se ovozmozuvalo zacuvuvanje na hranlivite materii. Aparatite pak koi se prodavaat za domasna upotreba bile so namena za skladiranje i odrzuvanje na veke pravilno zamrznata hrana, a nikako za smrznuvanje na sveza hrana, bidejki kaj niv smrznuvanjeto se odvivalo vo obraten pravec od nadvor kon vnatre so sto se ostetuvale kletkite i se unistuvale site hranlivi materii.
Pa taka bese kazano deka duri i so zakon e zabraneto svezi produkti da se zamrznuvaat vo objektite kade se prodava ili proizveduva gotova hrana, a onie koi toa ke go pravat ke bidat kaznuvani a takvata hrana konfiskuvana i unistuvana bidejki ne e bezbedna za upotreba i konzumiranje.
Za po doma ni preporacaa da ednostavno izbegnuvame zamrznuvanje na svezi produkti, i da se pridrzuvame kon praviloto svezoto svezo i da se konzumira ili termicki da se obrabotuva vo zavisnost neli za kakvi produkti se raboti (meso na primer nikoj svezo ne ke go jade ke go zgotvi no nit svezo nit gotveno da ne se zamrznuva)
E sega kolku veruvam vo ova... veruvam bidejki doaga od organizacii koi imaat kredibilitet, toa se zakonodavni institucii koi pretpostavuvam deka ne frlaat informacii od rakav, isto taka rabotat vo soglasnost so preporakite na Svetskata zdravstvena organizacija, pa veruvam deka vakvite zakoni, preporaki i baranja se vrz osnova na izdrzani istrazuvanja...
no postoi i eden del koj mi vsadi crv na somnez, a toa e delot od zakonot koj dozvoluva upotreba na mikrobranovi pecki za podgrevanje i podgotovka na hrana. Predavackata rece deka e dokazano deka zracite koi se koristat vo mikrobranovite se radioaktivni i toa go prenesuvaat na jadenjeto i deka na dolgi pateki se mnogu stetni za zdravjeto, no veli zaradi golemata industrija i vo nejzin interes seuste nikoj javno ne go zabranil nivnoto proizvodstvo i upotreba
pa si velam deka mozebi i so smrznuvanjeto ova e sega nov trend koj ima cel da gi zastiti proizvoditelite na sveza i smrznata hrana...

kako i da e jas mojot zamrznuvac denovive go cuvam prazen, imam nekolku kesicki so kupeni smrznati proizvodi, a friziderot e poln so svezi, ke mi bide potrebna odradena reorganizacija na planot za pazarenje i nedelnoto meni, no veruvam deka e vozmozno i primenlivo vo nasiot dom smrznuvanjeto na svezi produkti da stane minato

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Замрзнување на продуктите
26.1.2014 9:36:23   
vezilka RR
И јас не верувам во замрзнување во домашни услови. Некаде имам прочитано дека свежите продукти пред да се замрзнат треба да се бланшираат, односно да се потопат.во врела, па во ладна вода, па тогаш.да се замрзнат. Јас замрзната храна како грашак и боранија, купувам. Мајка ми и свекрва ми замрзнуваат пиперки за полнење и тоа го јадеме. Замрзнуваат и некое овоштие, ама мене не ми допаѓа и ретко го употребувам. Од готови јадрња замрзнувам нешто месено, мекоја пита што не може да се изеде оддеднаш.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Замрзнување на продуктите
15.4.2014 18:30:53   
Melanija RR
Ние замрзнуваме пиперки и бабури за полнење, домати свежи за сос, сливи свежи, сусамот најдобро се чува токму во замрзнувач,исто и ораси чистени.
Секогаш имам и месо и со тоа секогаш ручек.user posted image
Боранија и грашок не замрзнувам,грашокот во конзерви ми е најубав а исто и купена смрзната боранија која нема конци.

Прашањето и мене ми беше за брокулата,незнаев дека се мрзнела.За М да замрзнам, ретко има убава свежа а и сега ја продаваат во големи па и цели парчиња и кратко трае па фрлам.Совет дали да мрзнам брокула за бебе и што уште би можела?
Секогаш сум за свежо но ете нешто што е практично и несезонски

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Замрзнување на продуктите
15.4.2014 23:37:23   
Defne90 RR
Јас прво ја превривам брокулата така колку да зоврие и после ја мијам одма со студена вода и во замрзнувач.Имам слушано дека брокулата не била убава ако била постара и свената.значи само свежа наберена во истиот ден кога се готви.Така барем имам слушнато де.А исто така си замрзнувам и карфиол по истата постапка и баш е убав така кога нема им ставам во манџичките на децата.Ама секогаш што и да се замрзнува треба прво да проврие и после одма со студена вода да се изми е и право во замрзнувач.Исто имам замрзнувано и тиквици ама така само за нас на децата им немам ставано во манџичките.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Замрзнување на продуктите
23.9.2014 13:07:35   
LoveableMe RR
Смрзнувам некои видови на овошје, бабури за полнење, грашак, боранија, понекогаш кифли, ако не се изедат во меѓувремеuser posted image ...друго избегнувам да смрзнувам бидејќи се губат витамините, така викаат барем од она што знам....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Замрзнување на продуктите
23.9.2014 13:18:51   
lolla RR
Ние замрзнуваме аронија, боровинки, милини капини и ајварски пиперки. Друго купуваме замрзнато. А да, и бамји.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Замрзнување на продуктите
23.9.2014 13:24:20   
Mihaela 2010
Jas porani zamrznuvav ama resiv vekje nisto da ne zamrznuvam.Mislam deka sega ima se na pazarot pa duri i zamrznato po marketive taka da moze samo povekje meso koga kupuvam pa da zamrznam i od tie mesavinite za supa..

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Замрзнување на продуктите
23.9.2014 13:32:12   
Melanija RR
Досега смрзнав сливи,јаболки,крушки тоа за кашичка или компот, потоа црвени пиперки за полнење, тиквички за манџи и чорби. Треба уште бабури и ако најдам бамји.Друго не ми текнува

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Замрзнување на продуктите
23.9.2014 13:42:01   
Felly RR
Јас замрзнав нешто зеленчук, овошје не замрзнувам, си јадеме сезонско, нема потреба од замрзнување. А она што секогаш го имам во замрзнувач е месо. Купуваме секогаш од луѓе кои со тоа се занимаваат, ретко од месара, и секогаш земаме голема количина, па го сортираме и замрзнуваме.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Замрзнување на продуктите
24.9.2014 13:13:16   
Snowhite RR
Бидејќи си имаме бавча наша, а и комшиите имаат и често ни даваат, а не може се одеднаш да се изеде затоа замрзнуваме и за во зима, и тоа моркови, бамја, тиквина, грашок, пиперки бабури и печени или за пржење. Месо ние не купуваме поголема количина, туку си купувам свежо од проверена месара кога планирам да готвам, ама јас нешто и го избегавам месото во последно време, ретко готвам, освен пилешко и риба

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Замрзнување на продуктите
1.12.2014 9:03:50   
scared RR
Не замрзнувам продукти ги сакам повеќе свежи , освен она што го купувам замрзнато како боранија, грашок, аронија..

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Замрзнување на продуктите
10.1.2015 15:59:06   
sonc90
zamrznuvam piperki,peceni i svezi za polnenje,godinava dedo mi od bavca mi dade 10 kg grasok pa i nego go zamrznav,domati za vo mandzicka,brokula za malata za kasicki,karfiol isto taka,pindjur,meso(kupecko) i eden DOMASEN zajak sto ja ceka kerka mi da pocne da jade meso,ponekogas i suvomesnato zamrznuvam(ako mi ostanalo golema kolicina koga sum cekala gosti),za suvomesnatoto mi kaza drugar na mm sto raboti u tinex deka postojano mu pravele odmrzni-zamrzni i sega i jas pravam taka...ma da kaj nas stiga samo ednas da se odmrzne a ne povekje pati a i vkusot e pak ist...epa za sega tolku...tolku i mi sobira friziderot user posted image

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 19
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Расположението во бременоста.
Admin

Дали сте имале ненадејни промени во расположението за време на бременоста?