Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Кои кремови,млека вие ги користите за да ја заштитите вашата кожа од штетното влијание на сонцето и од изгореници?Дали истите сретства ги користат и вашите деца или за нив купувате посебни?Кој е факторот за кој се одлучувате,за кој мислите дека е доволен за да ја заштити вашата кожа?Има ли ефект од нив и колку си вредат за цената која што ја имаат? Обично купувам на black up млеко 20ф и крема 30ф и сум презадоволно.Неа ја користам и за децата и мислам дека е ефтина и добра за немената која ја има.Гледам има и нова линија бекутан за сончање па може оваа лето ќе се префрлам на неа па и двете се на алкалоид.
ние лани не му стававме ништо, ми рекоа дека под 6 месеци ништо не се мачка, а он имаше само 3 кога бевме во Охрид...Ние користиме блек ап фактор 30 а за него земавме новиот крем на Бекутан, со фактор 50 бидејќи е плавичко и нежно и одма се вцрвенува, а со кремава сега нема ништо, супер е, а и убаво мириса па летово може и јас да се префрлам на неа
Дефинитивно блек ап, наш производ ас со извонреден квалитет.Со ништо не би ги заменила. Од Нивеа на Мартина и се појави алерфија, аод блек ап, никаква реакција
блек ап е сосем ок, иако под итно би му го сменил името зашто многу е смешно, особено за странци (го правел некој што нема поим од англиски). за стефан имавме чико (поточно кико) со фактор 30 и млеко за после сончање и супер се. но, бекутан ме замисли годинава, наше е и добро е. мислам ќе биде хит. со цена не се мери, а квалитетот му е одличен плус прилагоден за наши деца и поднебје.
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
зимското сонце исто знае да предизвика изгореници, па не заборавајте да ги мачкате децата со заштитен крем кога излегувате..Пред две недели кога бевме на Водно иако Лука спиеше цело време, си беше намачкан со бекутан кремата за сончање.Знам јас како горам, па него превентивно морав да го намачкам
Да ја актуализираме и оваа тема. Повеќето веќе размислуваат каде на годишен одмор...па сигурно размислувате и каква крема за сончање да купите. Да ги споделиме искуствата: какви креми користите, со кој заштитен фактор, една за целото семејство или посебно за вас, посебно за децата?
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
Првата година со ќерка ми на одмор (11 мес имаше тогаш) користев на бубхен за деца, лани имаше скоро 2 години и ги купив на Бекутан за деца и тубата и млекото, но мноогу тешк се размачкуваат, особено тоа 50 фактор во туба. Оваа година имам и 6 месечно бебе (прилично беличко) и купив Еуцерин 50+ фактор за деца. скапо е ама е како спреј и полесно ќе се мачка, башка верувам во тој бренд. И Бекутан се квалитетни, за нас купив Блек ап од Алкалоид, но оваа година тие на Бекутан ќе ги прескокнам само поради тешкото размачкување. Не за друго ќе му ја вцрвенам кожичката на бебето додека да ја размачкам, а ќерка ми па ич не трпи долго време да ја мачкам, лани се мачев со тоа размачкување.
Ние користиме Soleval на Rosal 50 фактор. Нина ја мачкам со таа крема пред излегување од дома, а и сега кога ќе одиме на одмор, а и јас ја користам. Јас за на одмор би се земала за мене 20 фактор. Преубаво мисриса.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
И ај и овде да пишам, со бекутан колекција за сончање одат гратис фустанче за девојчина и костумче за момчина, дали некој знае како изгледаат и колку пари е колекцијата?
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Матичната ми рече да земам заштитен фактор 30 и рече прашај во аптека немора да биде некоја марка туку да биде наменето за бебиња. Прашав и ми ја дадоа Solarius на галафарм со 32 заштитен фактор и ми рече дека може да го мачкам само двапати дневно.
_____________________________
Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...
Сончевата светлина содржи ултравиолетови зраци, кои можат да му нанесат краткотрајна или долготрајна штета на вашето бебе. Сонцето може да предизвикаат многу повеќе од неудобност и болка. Значителните изгореници во детството може да предизвикаат развивање на рак на кожата подоцна во животот. Бебешката кожа е многу нежна и треба да биде правилно заштитена од сонцето.
Како и возрасните, така и бебињата со посветол тен треба повеќе да се заштитуваат, дури и во облачни денови. Можете да ја заштитите нежната кожа на вашето бебенце со помош на кремови со заштитен фактор или со покривање на кожата.
КРЕМОВИ ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ
Секогаш употребувајте кремови за заштита од сонце, кои се специјално наменети за заштита на бебешка кожа. Ако употребувате кремови за возрасни, можете да предизвикате иритација на бебешката кожа.
Користете кремови со висок заштитен фактор (SPF50), за да му осигурите на вашето бебе максимална заштита од ултравиолетовите зраци. Но, внимавајте. Кремот нема да стои цел ден на кожата на бебето. Дури и да стои кремот по кожата, не го оставајте бебето изложено да сонце кога е висока температурата.
ОБЛЕКА ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ
Капата е можеби првото нешто што ви доаѓа на ум, кога станува збор за заштита од сонцето. И во право сте да мислите така. Капата ја заштитува нежната кожа на лицето на бебето и го заштитува главчето од силното сонце. Најдете капа која ќе му биде удобна на вашето бебе, за да не ја вади постојано.
За да го заштитите телото на бебето, потребно е да му облечете маица. Маицата треба барем да биде со куси ракави, затоа што рамената се сончаат најбрзо кога се изложени на сонце.
ЧАДОР ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ
Користете и дополнителна заштита за бебето, кога го изложувате на сонце. Постојат мали чадорчиња кои се прицврстуваат на количката, за да биде заштитено вашето најмило додека сте на прошетка. Можете да го менувате аголот на чадорчето за да ја заштитите максимално кожата на бебето.
На плажа пазете да не го изложувате бебето на сонце, особено од 10 до 5 часот. Користете ги сите можни начини за да ја заштитите неговата нежна кожа. Дури и да е облачно, вие погрижете се вашето бебе да биде заштитено од ултравиолетовите зраци, кои продираат и преку облаците.
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Jas ja prasav maticnata kakva krema za soncanje(imame 6mesececi),i taa mi ja preporaca Eucerin bidejci pretstavuva medicinska kozmetika.Mi izvadi edna brosura i vnatre pisuvase za bebe od 6 meseci krema (od nivnata programa ) so faktor 25SPF a za od godina pa natamu 50SPF.E sega malku e solenko 865den. ama ce zastedime na naseto t.e.za nas so mm ce si kupime poeftino samo da ima za , pa ce vidime.
Treba mnogu vnivavanje so kremite. Jas imav kupeno Johnson so faktor 50, i dobi hiperpigmentacija koja se povlece so tek na vreme i ne e opasna , ama e grda na izgled. Kako golema fleka na kozata , kako beleg. Znaci samo isprobano i so preporaki od drugite mami.
јас сум пробала со Мустела исто има фактор 50 и супер се покажа, дури и вруќаниците кои малото ги добива кога и е многу топло успеваше да ги смири. сум пробала и со black up со 30 фактор ама некако многу тежок ми се виде, мислам на размачкување и на впивање и мислам дека повеќе ја потеше, така да си се вративме на мустелата. сега размислувам за dr Haushka med колекцијата па ќе видиме. да малку се поскапи како креми ама има резултат.
Jas ja prasav maticnata kakva krema za soncanje(imame 6mesececi),i taa mi ja preporaca Eucerin bidejci pretstavuva medicinska kozmetika.Mi izvadi edna brosura i vnatre pisuvase za bebe od 6 meseci krema (od nivnata programa ) so faktor 25SPF a za od godina pa natamu 50SPF.E sega malku e solenko 865den. ama ce zastedime na naset__o t.e.za nas so mm ce si kupime poeftino samo da ima za , pa ce vidime.
И нашата матична ми ја препорача Еуцерин со фактор 25, и точно е посоленка со цената, АМА најважното не содржи парабени кои се многу штетни за кожата. За најскапото, а за нас black up .
< Поракaта ја уредил bebe82 -- 14.6.2011 18:36:59 >
Zastitni kremi za soncanje koristam od bottega verde faktor 30 i sum mnogu zadovolna.Posebno sum zadovolna so kremata za posle soncanje koga ke izgoram a taa ladi ne se custvuva nikakva toplina a i kozata stanuva meka ubava za kupiv Mustela i Avene dvete se faktor50 neznam kako ke gi podnese pa poradi toa kupiv dve razlicni marki
Лани за син ми (тогаш имаше десет месеци) користев Бекутан спф 50, и остана бел ко да не беше на море Па затоа сега пак му земав од Бекутанот. А за мене , поради алергијата, пронајдов Еуцерин наменети за кожа подложна на алергии на сонцето, додуша немаше денес во аптеката, ми кажаа утре дека ќе ми донесат, па ќе земам таква. Малку е поскапа, ама слушав добри препораки, па ако биде ок ич нема да жалам. Само се уште двоумам дали фак. 25 или 50? Да не има некој со сличен проблем со алергија на сонце и која крема ја користевте?
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
Штом имаш алергија на сонце, земи фактор 50 без размислување. Јас лани прв пат видов како изгледа алергија на сонце кај мм, прво и него го убедував дека повеќе од 30 не му треба, ама кога видов како реагира на сонце, оваа година би му купила и 70 ако има.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.