Заштитни креми за сончање (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Излети и годишни одмори



Порака


mis. -> Заштитни креми за сончање (30.6.2009 14:40:05)

Кои кремови,млека вие ги користите за да ја заштитите вашата кожа од штетното влијание на сонцето и од изгореници?Дали истите сретства ги користат и вашите деца или за нив купувате посебни?Кој е факторот за кој се одлучувате,за кој мислите дека е доволен за да ја заштити вашата кожа?Има ли ефект од нив и колку си вредат за цената која што ја имаат?
Обично купувам на black up млеко 20ф и крема 30ф и сум презадоволно.Неа ја користам и за децата и мислам дека е ефтина и добра за немената која ја има.Гледам има и нова линија бекутан за сончање па може оваа лето ќе се префрлам на неа па и двете се на алкалоид.




mami -> RE: Заштитни креми за сончање (30.6.2009 14:45:00)

ние лани не му стававме ништо, ми рекоа дека под 6 месеци ништо не се мачка, а он имаше само 3 кога бевме во Охрид...Ние користиме блек ап фактор 30 а за него земавме новиот крем на Бекутан, со фактор 50 бидејќи е плавичко и нежно и одма се вцрвенува, а со кремава сега нема ништо, супер е, а и убаво мириса[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]па летово може и јас да се префрлам на неа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mis. -> RE: Заштитни креми за сончање (30.6.2009 14:47:27)

Во тинехв со купени 3 производи на бекутан за сончање давале комплет за деца блуза со панталончиња.




mami -> RE: Заштитни креми за сончање (30.6.2009 14:52:40)

да? ауу па ке одам да му купам
па и јас му гокористам уљето понекогаш[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mis. -> RE: Заштитни креми за сончање (30.6.2009 15:20:40)

mami уље нема само во колекцијата на бекутан само млеко,крема за сончање и крема за после сончање.




mami -> RE: Заштитни креми за сончање (30.6.2009 15:25:40)

абе мислев на обичното уље од бекутан, ова знам дека се само тие три[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]ке почнам и тие да му ги користам, па убави се[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Еца -> RE: Заштитни креми за сончање (30.6.2009 17:00:44)

Дефинитивно блек ап, наш производ ас со извонреден квалитет.Со ништо не би ги заменила.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]Од Нивеа на Мартина и се појави алерфија, аод блек ап, никаква реакција[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Боцко -> RE: Заштитни креми за сончање (1.7.2009 0:23:59)

блек ап е сосем ок, иако под итно би му го сменил името зашто многу е смешно, особено за странци (го правел некој што нема поим од англиски). за стефан имавме чико (поточно кико) со фактор 30 и млеко за после сончање и супер се. но, бекутан ме замисли годинава, наше е и добро е. мислам ќе биде хит. со цена не се мери, а квалитетот му е одличен плус прилагоден за наши деца и поднебје.




mami -> RE: Заштитни креми за сончање (11.12.2009 10:32:26)

зимското сонце исто знае да предизвика изгореници, па не заборавајте да ги мачкате децата со заштитен крем кога излегувате..Пред две недели кога бевме на Водно иако Лука спиеше цело време, си беше намачкан со бекутан кремата за сончање.Знам јас како горам, па него превентивно морав да го намачкам




penelopa -> RE: Заштитни креми за сончање (16.6.2010 13:45:32)

Да ја актуализираме и оваа тема. Повеќето веќе размислуваат каде на годишен одмор...па сигурно размислувате и каква крема за сончање да купите. Да ги споделиме искуствата: какви креми користите, со кој заштитен фактор, една за целото семејство или посебно за вас, посебно за децата?




Saturn -> RE: Заштитни креми за сончање (16.6.2010 13:51:51)

Првата година со ќерка ми на одмор (11 мес имаше тогаш) користев на бубхен за деца, лани имаше скоро 2 години и ги купив на Бекутан за деца и тубата и млекото, но мноогу тешк се размачкуваат, особено тоа 50 фактор во туба. Оваа година имам и 6 месечно бебе (прилично беличко) и купив Еуцерин 50+ фактор за деца. скапо е ама е како спреј и полесно ќе се мачка, башка верувам во тој бренд. И Бекутан се квалитетни, за нас купив Блек ап од Алкалоид, но оваа година тие на Бекутан ќе ги прескокнам само поради тешкото размачкување. Не за друго ќе му ја вцрвенам кожичката на бебето додека да ја размачкам, а ќерка ми па ич не трпи долго време да ја мачкам, лани се мачев со тоа размачкување.




Maca25 -> RE: Заштитни креми за сончање (16.6.2010 13:53:11)

Ние користиме Soleval на Rosal 50 фактор. Нина ја мачкам со таа крема пред излегување од дома, а и сега кога ќе одиме на одмор, а и јас ја користам. Јас за на одмор би се земала за мене 20 фактор. Преубаво мисриса.

[image]http://www.atlantic.hr/static/images/misc/proizvodi/zdravlje/soleval%20centrirana.jpg[/image]




big_mama817 -> RE: Заштитни креми за сончање (16.6.2010 14:13:59)

да бекутан со фактор 50 само за  син ми бидејќи му е нежна кожата




Snowhite RR -> RE: Заштитни креми за сончање (16.6.2010 17:18:58)

И ај и овде да пишам, со бекутан колекција за сончање одат гратис фустанче за девојчина и костумче за момчина, дали некој знае како изгледаат и колку пари е колекцијата?




brineta88 -> RE: Заштитни креми за сончање (18.6.2010 14:12:43)

Матичната ми рече да земам заштитен фактор 30 и рече прашај во аптека немора да биде некоја марка туку да биде наменето за бебиња.
Прашав и ми ја дадоа Solarius  на галафарм со 32 заштитен фактор
и ми рече дека може да го мачкам само двапати дневно.




Snowhite RR -> RE: Заштитни креми за сончање (28.6.2010 22:23:21)

Заштитете го вашето бебе од сонцето

Сончевата светлина содржи ултравиолетови зраци, кои можат да му нанесат краткотрајна или долготрајна штета на вашето бебе. Сонцето може да предизвикаат многу повеќе од неудобност и болка. Значителните изгореници во детството може да предизвикаат развивање на рак на кожата подоцна во животот. Бебешката кожа е многу нежна и треба да биде правилно заштитена од сонцето.

Како и возрасните, така и бебињата со посветол тен треба повеќе да се заштитуваат, дури и во облачни денови. Можете да ја заштитите нежната кожа на вашето бебенце со помош на кремови со заштитен фактор или со покривање на кожата.

КРЕМОВИ ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ

Секогаш употребувајте кремови за заштита од сонце, кои се специјално наменети за заштита на бебешка кожа. Ако употребувате кремови за возрасни, можете да предизвикате иритација на бебешката кожа.

Користете кремови со висок заштитен фактор (SPF50), за да му осигурите на вашето бебе максимална заштита од ултравиолетовите зраци. Но, внимавајте. Кремот нема да стои цел ден на кожата на бебето. Дури и да стои кремот по кожата, не го оставајте бебето изложено да сонце кога е висока температурата.

ОБЛЕКА ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ

Капата е можеби првото нешто што ви доаѓа на ум, кога станува збор за заштита од сонцето. И во право сте да мислите така. Капата ја заштитува нежната кожа на лицето на бебето и го заштитува главчето од силното сонце. Најдете капа која ќе му биде удобна на вашето бебе, за да не ја вади постојано.

За да го заштитите телото на бебето, потребно е да му облечете маица. Маицата треба барем да биде со куси ракави, затоа што рамената се сончаат најбрзо кога се изложени на сонце.

ЧАДОР ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ

Користете и дополнителна заштита за бебето, кога го изложувате на сонце. Постојат мали чадорчиња кои се прицврстуваат на количката, за да биде заштитено вашето најмило додека сте на прошетка. Можете да го менувате аголот на чадорчето за да ја заштитите максимално кожата на бебето.

На плажа пазете да не го изложувате бебето на сонце, особено од 10 до 5 часот. Користете ги сите можни начини за да ја заштитите неговата нежна кожа. Дури и да е облачно, вие погрижете се вашето бебе да биде заштитено од ултравиолетовите зраци, кои продираат и преку облаците.




pavcule -> RE: Заштитни креми за сончање (14.6.2011 0:01:06)

Jas ja prasav maticnata kakva krema za soncanje(imame 6mesececi),i taa mi ja preporaca Eucerin bidejci pretstavuva medicinska kozmetika.Mi izvadi edna brosura i vnatre pisuvase za bebe od 6 meseci krema (od nivnata programa ) so faktor 25SPF a za od godina pa natamu 50SPF.E sega malku e solenko 865den. ama ce zastedime na naseto t.e.za nas so mm ce si kupime poeftino samo da ima za [sm=duda.gif], pa ce vidime.




anedespo -> RE: Заштитни креми за сончање (14.6.2011 8:38:35)

Treba mnogu vnivavanje so kremite. Jas imav kupeno Johnson so faktor 50, i dobi hiperpigmentacija koja se povlece so tek na vreme i ne e opasna , ama e grda na izgled. Kako golema fleka na kozata , kako beleg. Znaci samo isprobano i so preporaki od drugite mami. 




topce -> RE: Заштитни креми за сончање (14.6.2011 10:02:40)

јас сум пробала со Мустела исто има фактор 50 и супер се покажа, дури и вруќаниците кои малото ги добива кога и е многу топло успеваше да ги смири. сум пробала и со black up со 30 фактор ама некако многу тежок ми се виде, мислам на размачкување и на впивање и мислам дека повеќе ја потеше, така да си се вративме на мустелата. сега размислувам за dr Haushka med колекцијата па ќе видиме. да малку се поскапи како креми ама има резултат.




bebe82 -> RE: Заштитни креми за сончање (14.6.2011 18:32:27)

ИЗВОРНА ПОРАКА: pavcule

Jas ja prasav maticnata kakva krema za soncanje(imame 6mesececi),i taa mi ja preporaca Eucerin bidejci pretstavuva medicinska kozmetika.Mi izvadi edna brosura i vnatre pisuvase za bebe od 6 meseci krema (od nivnata programa ) so faktor 25SPF a za od godina pa natamu 50SPF.E sega malku e solenko 865den. ama ce zastedime na naset__o t.e.za nas so mm ce si kupime poeftino samo da ima za [sm=duda.gif] , pa ce vidime.


И нашата матична ми ја препорача Еуцерин со фактор 25, и точно е посоленка со цената, АМА најважното не содржи парабени кои се многу штетни за кожата.
За [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] најскапото, а за нас black up [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] .




arh_diz -> RE: Заштитни креми за сончање (14.6.2011 18:33:17)

Zastitni kremi za soncanje koristam od bottega verde  faktor 30 i sum mnogu zadovolna.Posebno sum zadovolna so kremata za posle soncanje koga ke izgoram a taa ladi ne se custvuva nikakva toplina a i kozata stanuva meka ubava
za [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image]kupiv Mustela i Avene dvete se faktor50 neznam kako ke gi podnese pa poradi toa kupiv dve razlicni marki




darfil -> RE: Заштитни креми за сончање (15.6.2011 13:47:26)

Неколку години користам Каротен и сум презадоволна.За децата користам фактор 50,а за мене и мм Фактор 15.




penelopa -> RE: Заштитни креми за сончање (15.6.2011 14:33:22)

Обично за мене користам Нивеа или Гарниер фактор 30 а годинава за [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] ќе купив фактор 50 сеуште се мислам која марка[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Bethany -> RE: Заштитни креми за сончање (16.6.2013 21:47:35)

Лани за син ми (тогаш имаше десет месеци) користев Бекутан спф 50, и остана бел ко да не беше на море [sm=jezicek.gif] Па затоа сега пак му земав од Бекутанот.
А за мене , поради алергијата, пронајдов Еуцерин наменети за кожа подложна на алергии на сонцето, додуша немаше денес во аптеката, ми кажаа утре дека ќе ми донесат, па ќе земам таква. Малку е поскапа, ама слушав добри препораки, па ако биде ок ич нема да жалам. Само се уште двоумам дали фак. 25 или 50?
Да не има некој со сличен проблем со алергија на сонце и која крема ја користевте?




Felly RR -> RE: Заштитни креми за сончање (16.6.2013 23:04:21)

Штом имаш алергија на сонце, земи фактор 50 без размислување. Јас лани прв пат видов како изгледа алергија на сонце кај мм, прво и него го убедував дека повеќе од 30 не му треба, ама кога видов како реагира на сонце, оваа година би му купила и 70 ако има. [sm=jezicek.gif]




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>