|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Инекции за зреење на плодот
18.12.2014 9:20:01   
Zola
Дали има некој искуство со овие кортикостероидни инјекции ? Во колја недела ги примавте ? Ми ги спомнаа во болница во случај пораѓајот да биде порано но се консултирав со друг лекар и тој ми рече дека овие инјекции имаат само дејство 10 дена односно би делувале само ако во тие 10 дена се породиш . После тоа бебето пак има незрела плуча и немаш можност да ставиш пак пошто само 2 се дозволени.

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 21.12.2014 23:29:28 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Инекции за зреење на плодот
18.12.2014 13:58:45   
lukajana RR
Zola овие инекции се примаат доколку се реши да се пораѓаш пред 36 недела.Мене првото дете ми е родено 36+1 и не ги примав но една недела пред пороѓајот лежев во болница.Дали ке ги примиш и кога одлучува доктор и доколку ти ги стават тоа ке биде кога веке ке бидат сигурни дека не може да се чека така да нема да чекаат да поминат десет дена биди сигурна.Зошто мислиш дека ке се породиш пред време? Не се оптеретувај оди на редовни контроли и не мисли на тоа.Јас не знам зошто докториве толку ги плашат тридниците.Се надевам дека ке ти пише некоја мамичка што ги примала овие инекции.Поздрав и опушти се знам како ти е јас една недела плачев и мислев како ке биде дали ке има време и што се друго не ми идеше на памет но ете се среди.Ке биде во ред ти посакувам да го износиш до крај но не очајувај и ако треба порано да го родиш денес медицината е напредна.Ти само уживај во бременоста и мисли позитивно

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 21.12.2014 23:29:42 >

(Одговор на членот Zola)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Инекции за зреење на плодот
9.4.2015 13:09:39   
Melanija RR
6.4.2015 14:57:04
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Девојки, еве ме и мене после преглед user posted image

Денес сум 32+5, бебињата се супер, едниот 1.9кг, другиот 2кг, што е супер за близнаци оваа недела. Поставени се незгодно, едниот карлично, другиот трансверзално, што значи дефинитивно царски, за што и бев спремна од сам старт, така што тоа ок. Превентивно ми препиша три дози Флостерон за зреење, ќе ги примам во текот на следните три дена, секој ден во исто време. Грлото е 41мм, што е ок.


ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

za sto se flosteron za sto gi davatuser posted image
odvaj cekam da vi se pridruzam vo ovaa tromesecie jas sum 25 +5

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Фала gina, ајде наскоро и ти тука user posted image Флостерон се инекции за зреење на плодовите, мислам конкретно за белите дробови, и се стероиди. Се даваат превентивно при можно порано породување, кај мене дека близнаци, па само една доза бидејќи се е во ред. Ми кажаа дека може да ме мавне тахикардија и возбуда после инекцијата, но денес ок поминав, ништо не осетив. Може дека ми се спиеше па ми дојде како кафе, ме разбуди без да приметам user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

ovi inekcii gi davat na site vo koja nedela i dali sam treba da si gi pobaras


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Инаку, инекциите ги даваат ако проценат дека има можност за предвремено породување, не на сите. Исто и за неделата - на tea88 и ги дадоа порано, мене сега во 33 недела, мислам дека е скроз индивидуално, ама ни дадоа и на двете дека близнаци. Ти прашај си ако ти е шубе, ама не се замарај, ако има потреба ќе ти кажат user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30

Gina флостеронот обично се дава кај близначка бременост или каде што има опасност за предвремено породување. Јас ќе примам во 31 недела, зошто имам претходна миомектомија правено иако е пред 6 години докторот смета дека треба да примам, кај тебе може нема потреба.

ИЗВОРНА ПОРАКА: tea 88

Denes polni 29 ned user posted image i za edna ned sum povtorno na kontrola. Jas primiv flosteron edna doza 28 ned i mislam deka ke primam uste edna doza nareden pat ili 32 ned.



_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Инекции за зреење на плодот
1.7.2015 14:18:28   
Felly RR
И јас вчера и денес примав флостерони, 4 ампули, вчера две, и денес по 24 саати уше двете. Не знам тоа како се рачуна - две дози?
Грлото беше скратено на 36мм, за разлика од пред месец дена кога беше 55мм, и многу тунелизирано како што ми рече докторката, па сметаше дека е подобро превентивно да ги примам, за секој случај. Денес сум полна 31 недела.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Инекции за зреење на плодот
17.7.2015 12:03:39   
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Azzura

Felly RR, сакав да те прашам зошто ја прими инекцијата за зреење на плуќата. Мене матичниот ми предложи да ја примам наводно да сме спремни за предвремено породување, иако нема некои индиции. Кога отидов на клиника кај д-р Тофоски кој треба да ме породи, ме виде на ехо и рече дека апсолутно нема потреба од инекцијата, и еве остана на тоа. Бев и кај мојата поранешна докторка, која исто така рече дека нема потреба.



Azzura, не сум ти пишала, ама јас и втора доза за зреење примив - минатата недела и 3 дена на болница поминав. Во вторникот ноќта добив контракции - прво како менструални болки почнаа, слаби, ама постојани. Прво не бев сигурна што е, ама кога веќе поминаа неколку саати и болките не се губеа, го разбудив мм, и заминавме на болница. ЦТГ-то покажуваше контракции и тоа на неколку минути, па ме задржаа, ми ставија токолиза и д-р предложи уште една доза за зреење. Јас прво се двоумев за нив, зошто првиот пат од тие инекции бебето беше послабо активно неколку дена, јас имав слаба главобока, имав како жештина некоја во образите, и ај се договоривме да почекаме за нив, ама пошто и по 3 саати од токолизата уште имав контракции на д-р не му се ризикуваше и почнавме пак со зреење.
Др ден ми се намалија контракциите, ама ме задржаа три дена за да ме следат, ЦТГ по 3-4 пати во денот и антибиотик зошто според испитувањата најверојатно уринарна инфекција беше причина за контакциите.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Azzura

Felly RR, мене ме исплаши матичниот доктор кога ми предложи да ја примам инекцијата за зреење, бидејќи знам дека откако се прими, по 2-3 недели жениве добивале контракции и или се раѓа бебето или, вака како тебе, ги хоспитализираат. Во глобала, нема веќе од што да се плашиш, зашто си ги примила двете дози и бебуш ако се роди пред време ќе си биде добричко. Сепак, не се нервирај, мирувај за да пробаш да издржиш уште некоја недела, барем полни 35. Радувај се, ќе имаш бебе user posted image


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Инекции за зреење на плодот
25.12.2015 23:01:32   
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: bitolcanka82

Aj ako moze mamicki na bliznaci da mi pishete dali primivte inekcii za zreenje na pluka, ako da vo koja nedela i poveke okoku toa? Pozz na site


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Инекции за зреење на плодот
26.12.2015 16:27:59   
Hopeful RR
bitolcanka, јас примив инекции за зреење, пишав во темата за трет триместар, ако имаш време ѕирни наназад. Ако добро се сеќавам, ги примив околу 33-34 недела, и беа вкупно 6 дози, на три пати. Ништо страшно, тоа е од голема корист на бебињата.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 7
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?