Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Какви сте кога малку ке се поднапиете? 3.10.2009 13:27:26
Еца
Ја и онака се церекам по цел ден, па тогаш, мислам дека сум неподнослива Еднаш се секавам бевме на отворање на кафуле на еден другар и јас така малку во форма и до нас стои една девојка прилично секси облечена ама полничка, голем газ, големи гради и мм и другите ја коментираат,а и јас нормално и ми ѕвони телефонот дека Мартина сакала да спие, да одам да ја заспијам(бевме кај моите па све ми е блиску)и пред да излезам ја чукнав девојката по рамо и и викам, извинете дечкото сака да се запознаете,покажав нај мм и јас отидов. Кога се вратив го гледам се набутал позади шанк и другариоте се газат од смеење. Ми вика ти си ма луда, нема веќе пиво за тебе Го збунив тотално, ама си бараше си доби.
Кога сум излегла девојата се свртела муабет му разврзала, а овој се испаничил и и викал, абе оваа мји е жена, ај чао и се сокрил позади шанк.
RE: Какви сте кога малку ке се поднапиете? 3.10.2009 13:52:50
Anushka
еј тогаш треба да си направиме еден пивофест... ќе пукнеме од смеа и веселење. И јас сум како вас Еленче и Мотхер29. Интересни случки колку сакаш: Еднаш така во елегантен ресторан/казино, јас со пивцето и мм, но ја гледаме Натали, која многу му се допаѓа на мм. Јас, охрабрена и весела од алкохолот, со сиот памет му ја домкнав Натали на маса на мм и ги запознав и супер си поминавме (многу е кул Натали) си се смеевме цела вечер, а другите маси гледаа завидливо во мм Во друга прилика на Октобар Фест во Минхен, испив многу пиво, но очигледно мм не забележал колку многу, па кога се вративме во хотел, јас отидов во соба, а тој остана со колегите на кафе. После пола час сакал да влезе во соба. Тропал, ѕвонел на мобилен, од рецепција... јас сум кревела телефон и веднаш исклучувала. Дури во 4 сабајлето го пуштив да влезе.
RE: Какви сте кога малку ке се поднапиете? 3.10.2009 14:04:44
mother 29
на стара нова година `07 бевме друштвото во кафана,игравме комар и јас опнав 2-3 џина и расположена до макс.и замислете на лепињата што ги делеа во цела кафана (оклоку 100 души сигурно имаше )мене ми падна парата..и ми дадоа двд,арно ама газдата кога ми го даде и ми честиташе,јас таква замаглена од микрофон од пејачката...епа ај фала, и вечер да си добиеме еден Марко..мм се скина од смеење...и до ден денес ми вика ..кога си пијана пази што посакуваш
RE: Какви сте кога малку ке се поднапиете? 3.10.2009 18:13:31
mami
баш сум си весела. расположена, тогаш најмногу ми се игра, но лошо ми влијае..во истиот момент може да ми падне ужесно расположението и да не сакам да видам никој...
RE: Какви сте кога малку ке се поднапиете? 3.10.2009 20:09:32
Enika
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami
баш сум си весела. расположена, тогаш најмногу ми се игра, но лошо ми влијае..во истиот момент може да ми падне ужесно расположението и да не сакам да видам никој...
i mene mi e ima deseno odednas da izgubam raspolozenie i da stanam losa a inace znam odnosno znaev(ne sum se napila skoro god alkohol nikad ne sum ni bila po nego ne mi ide ama ic) da pokazuvam" glasovni sposobnosti"
RE: Какви сте кога малку ке се поднапиете? 4.10.2009 11:34:23
niki
Не ми се приметува, зошто најмногу алхохол што можам да испијам се две чаши и тогаш почнувам да си ја чувствувам главата тупан ко одвоена од телото, а нозете ко да не ми газат по земја и почнувам да зборувам дека сум пијана, а тие околу мене ме убедуваат дека не сум, а јас ги убедувам дека сум пијана.
RE: Какви сте кога малку ке се поднапиете? 5.10.2009 15:13:26
Iva
Јас во принцип не пијам алкохол, мозе многу ртко ретко да се случи, па затоа и тогаш кога ќе се напијам ме фаќа многу брзо, поцрвенувам во образи, оклештена сум од уво до уво и уста не затварам
RE: Какви сте кога малку ке се поднапиете? 5.10.2009 16:02:56
vezilka RR
уф, ја кога ќе добијам една енергија..се сакам да правам..само дома нејќам да си одам.. луѓево со мене можам да ги заглавам до 5-6 сабајле..дури тогаш ми се приспива..иначе интересни случки, колку сакаш..