|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Каков татко е вашиот сопруг?
10.10.2013 14:10:25   
Bethany
Мислам дека син ми има многу посветен татко и многу сум среќна што е така.
Среќна сум кога ги гледам заедно, кога се шетаат секојдневно, се играат, читаат книги, кога мм му објаснува нешто...

Исто мм е многу вклучен во се околу нашиот син што се однесува до основните потреби, поретко го храни само, ама не дека и тоа не правеше.
Мислам дека е тоа многу битно за неговиот развој, да има квалитетен однос со татко му, за да расте во здрава личност.

И мм е свесен за тоа, самиот го искусил недостиг на вклученоста во животот од неговиот татко, кој беше присутен само физички, и е можеби сметал дека некој друг ќе направи и пополни тоа што самиот требаше, ама мм чувствуваше недостиг од татковската фигура во своето детство, па затоа и се дава и посветува во животот на својот син user posted image

Му недостигаше да оди на натпревар со татко му, да го следи во неговите успеси во школото, најбитно од се , да разговара со него.
И сум уверена дека мојот/нашиот син е многу среќен и благословен поради тоа, што не е така ситуација со него.

Каков татко е вашиот сопруг, постои ли нешто што би сакали да биде поинаку од тоа што е сега, од што се задоволни или сметате дека може поинаку и подобро?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Каков татко е вашиот сопруг?
10.10.2013 14:45:18   
Mihaela 2010
Eh napisav kolkav tekst i mi se iskluci...ajde pak povtorno
I mm e mnogu posveten,grizliv kon kerka mi sto osobeno mi e drago so ogled na toa sto imame komsii,prijateli koi se sprotivni na nego ,pa majkite se tie koi gi zavrsuvaat site raboti okolu decata...
Znae sam da ja proseta,znae da otidat sami vo komsii,prijateli da si poigra so drugarcinjata,znae da sedne da i cita kniga,da bojat da pravat figuri so plastelin..bukvalno celosno i e posveten
Do godina ipol toj ja banjase,da od samoto ragjanje toj bese pohrabriot sto ja drzese vo koritceto i ja banjase,dodeka jas ja igrav sporednata uloga..
Nikogas od koga e rodena ne pamtam da dosol od rabota da ruca i da otide da odmori da legne da spie..
Navecer toj e zadolzen okolu mienje race lice i zapcinja...ete taka nekako se imame podeleno i ne e toa obvrska tuku zadovoslvo..
Mnogu mi e milo sto M ima izgradeno takov ubav odnos so tatko i bidejki i te kako vlijae vo nejziniot razvoj kako sega taka i koga ke porasne

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Каков татко е вашиот сопруг?
10.10.2013 14:51:29   
Bethany
да, итекако ќе има влијание понатаму во животот, да израсне во личноста со повеќе самодоверба пред се, а и со квалитетни вредности.
И ние се ете така имаме спонатано поделено со некои обврски, бањање, миење запчиња и сл. и секогаш без збор ги извршуваме, баш со задоволство. И иако е секојдневната рутина, не здосадува, токму поради тоа што двајцата сме вклучени во тоа.

А еднаш мм ми имаше спомнато, многу ме беше разнежил, дека кога со син ни, кога малку ќе порасте, пример кога ќе има 4-5 годинки, би сакал сам со него да отиде некаде, пример во Охрид, и да имаат заедничко време на тој начин, само нив двајцата. Ептен ми се допадна тоа, и верувам дека и ќе ја оствари.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Каков татко е вашиот сопруг?
10.10.2013 14:55:03   
sandriana RR
Е јас не можам да се пофалам дека мм е татко што има посебни задолженија (условно речено) кон ќерката.
Таа е негова желба, негова љубов, негова слабост, ама тоа го покажува и искажува само за играње и шетање(односно кафесувањеuser posted image ).
Никогаш не и сменил пелена (само еднаш, кога ја чуваше тој, а Т беше болна, па и тој со неа на боледување), сега ја седнува на нокшир, ама ме вика мене за облекување и бришење. Јадат заедно ако им се погоди терминот за јадење. Ја буди наутро за во градинка и ја убедува да стане user posted image
Ете, таков татко е мм, лежерен и само за размазување.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Каков татко е вашиот сопруг?
10.10.2013 15:09:20   
vezilka RR
Таткото треба да има важна улога во растењето на детето. Ако тоа е изводливо, односно ако детето расте со двајца родители, тогаш така и треба да биде, таткото да биде незаменлив дел од животот на детето. Ние уште кога дознавме дека ќе имаме дете, решивме дека и двајцата ќе имаме „главни улоги“ во животот на нашите деца, без разлика на тоа што ќе се случува во животот. Така и се однесуваме. Има работи што ги правиме сите тројца заедно, има работи што Никола ги прави само со мене, или само со татко му. Имаат заедничко време кое мора да го поминат заедно во денот, и да ги играат нивните игри. Заби мие само со тато, корнфлекс јаде само со тато и некои други работи. Некогаш, во зависност од нашите работни обврски, по неколку денови тато и Никола се цело време заедно, а мама е отсутна, а некогаш и обратно. Физичката отсутност не секогаш значи и непосветеност, ама незаинтересираноста, богами да. Јас досега фала богу на незаинтересираност не сум наишла.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Каков татко е вашиот сопруг?
10.10.2013 15:22:18   
miana
мојот сопруг е прекрасен татко... Помага за се што треба. Обврските за децата ни се подеднакви поделени. Тој ги пресоблекува,бања и сето тоа го прави без многу галама. Не се буни кога треба да направи нешто за децата. Знае да им даде да јадат,да ги облече и се што треба.Инаку за играње со нив нема многу време,но секој слободен момент го користи за да им се посвети на нив. Знае и да ги кара и тој има поголем авторитет од мене врз децата.Негои го слушаат многу повеке од мене. Малата керка е многу приврзана за него,отвара очи и тато го бара user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Каков татко е вашиот сопруг?
10.10.2013 15:29:34   
mommy_angels RR
Ете, таков татко е мм, лежерен и само за размазување.

Нешто слично како и мојот.Таа е она што го полни енергија,таа му краде насмевки и дава сила и во најтажните за него денови,таа е неговата ЌЕРКИЧКА.Арно ама се друго прави мама.Околу обврските превзема само ако мора, а за играње и шеткање тати е секогаш тука.Затоа и А го обожава,без сите може ама тато го бара по цел ден.Таа нивна топла прегратка ми го полни срцето секогаш кога ќе ја видам.Затоа мислам дека како татко си е добар,е сега што мудро избегнува давање сирупи,лекови ,чешлање и се друго што таа не сака си е проблем на мама user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Каков татко е вашиот сопруг?
11.10.2013 6:02:25   
bucko mal
Prekrasen tatko,kako sto bi rekol sin mi podobar nemozezeshe da bideuser posted image Dobro sega koga ke go naljuti znae da kaze ,,e ne se nauci da bides tatko I ne se nauci'''user posted image
Koga go slusam kako razgovara so golemiov sin mu se divam.Kako go uci na ubavi raboti. kako go nasocuva na prav pat da odi vo zivotot kako mu objasnuva nekoi raboti,kako mu go prenesuva negovoto znaenje,kako go uci na opsti raboti vo zivotot od tipot mienje kola,kosenje treva,fajkanje ribi I slicno.Raboti od koi detevo e voodusheveno.
Tuka se I prasanja od tipot sto da bidam koga ke porastam ili zoshto avionot leta?i taka sekogash imaat sto muabet da si pravat.
Vtoriov sin samo sto se rodi I direkno kaj mm vo race mu go dadoa.I taka od prv den si gi prifati site obvrski okolu bebeto.Go hrani,menja pampers, se sto pravam jas pravi I on I normalno bidejki sekojdnevno po nekolku sati sam go cuva.Sekogas izmisluvaat nekoi igri,nesto novo go naucil,bebusov go obozava.Samo sto ke vleze doma M mu se zakacuva I ne se deli od nego.Stom tato e doma decata se se okolu negouser posted image
E sega ima I nesto sto mene ne mi dopaga.Na momenti mi izgleda strog, jas toa go svakam kako pritisok I gusenje.Na primer:ne gledaj filmovi so tepanje,ne jadi cello cokolado,jadi ovosje I sl.sto ponekogas zamara.Isto taka I so bebusov mora da bide poslusno dete,nemoj se da mu dozvoluvash treba da bide vakov ili onakov.Bozem decata se crtaat pa ke gi nacrtame nie kako sto sakame.gleda edno 2godisno dete na edni prijateli I vika nesmee M da bide vakov,nikakouser posted image ok,samo mnogu roditeli taka kazale pa na kraj imaat naj nevospitani decauser posted image Jas pa sum mnogu popustliva user posted image
Kako I da sekakvi tatkovci sum videla I zatoa ke kazam od mojot soprug sum prezadovolnauser posted image

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Каков татко е вашиот сопруг?
11.10.2013 10:33:04   
Martins mom
Ако треба да го оценам од 1 до 5, мм ќе добие 2-. Жално, ама тоа е...во секој случај тој губи, ќе се сети, ама касно ќе му биде.

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Каков татко е вашиот сопруг?
11.10.2013 17:04:54   
elenak
Женски последните постови ги преместив во соодветна тема. Дискусијата околу воспитувањето на децата може да ја продолжите ТУКА.



_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Каков татко е вашиот сопруг?
11.10.2013 23:34:41   
niki
mm e zabavuvac, toj ja nauci da igra asocijacii, pantomima, na bukva i slicni igri
toj ima humoristicna nota vo karakterot i znae da ja zasmee do solzi, a taa karakteristika se razviva i kaj nea, veke gi ima simnato negovite stosovi i sali i vo toj smisol i taa se seguva
isto taka e mnogu darezliv tatko, ne znae da rece ne, cesto jas nema da i kupam nesto zatoa sto smetam deka istoto vo druga prodavnica go ima za poeftino i ako nemam vreme ke gi pratam zaedno i normalno deka ke kupat najskapo
ona vo sto bi sakala da bide podobar tatko e da ima poveke smisla za higiena, zdrava hrana i raspored na deteto, da ne moram sekojpat da mu kazuvam sto, kako i koga tuku sam da mu tekne, sam da se pokrene i navreme da se odrabotat nekoi obvrski okolu deteto


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Каков татко е вашиот сопруг?
27.10.2013 15:38:21   
stellica
кога го запознав мм дознав дека има ќерка од првиот брак кој не траеше долго.не знаев како ке го прифатам сето тоа ама кога прв пат ги видов заедно сватив дека сакам тој да биде татко на моите деца.понекогаш треба да го потсетуваш и подбутнубаш да направи било што ама кога е дома и кога треба да се направи нешто за децата или да се купи нешто за нив нема збор,се наоѓа начин(нормално без претерување)голема слабост му се двете ќеркички и обратно,тие па срцки се борат за него кога се заедно.ах,ахuser posted image

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Каков татко е вашиот сопруг?
28.10.2013 11:59:49   
rina13
ММ е татко потсетимеuser posted image . За се што нема да му дотекне да го направи следи прашање, Зошто не ми кажа? Се разидуваме во методте целта ни е иста самостојна, слободна, чесна личност. Он е построг јас даалеку даалеку полиберална и двете многу добро си функционираме и годи степенот на самостојност, своеглавост и слобода што и го дозволувам. Тие двајца заедно или се мазат или прават бељи заедно трето немаuser posted image

(Одговор на членот stellica)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Каков татко е вашиот сопруг?
20.5.2014 9:50:30   
Defne90 RR
Навистина сум задоволна од мојот сопруг со тоа како тој се справува со татковството.Ептен посвете,принципиелан,строг кога е потребно.Но во исто време и личност со која децата секогаш обожаваат да си играат и да се забавуваат.Колку што е строг толку знае да биде и опуште и да ни го разубави денот на сите дома.И сум навистина среќена заради тоа.Јас сум малку по опуштена за разлика од него ама со мене децата повеќе доаѓаат да се мазат отколку да си играат.некако татко им е задолжен за тоа.И навистина колку многу го слушаат кога се со него.Не од страв,него од тоа што тој ете знае како да ги натера да слушаат без да бидат тие исплашени од него.Едноставно знае како треба со нив,и не само моите деца сите деца на пријатели и комшии сакаат да си играат со него.Кога е во друштво со деца и тој на некој начин станува дете.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Каков татко е вашиот сопруг?
8.8.2014 14:38:08   
Mila mamicka
Уште кога го запознав мм, и видов како се однесува со малите дечиња од околината, веднаш си помислив дека сакам токму тој да биде татко на моите деца. Сите деца го обожаваат. Многу е дечар, сака да ги забавува, засмејува децата. Кога одевме на одмор сите деца од плажата се вртеа околу него, затоа што ги забавуваше. Некои пријателки ми велеа, ќе видиш, ќе се смени кога ќе има негово дете, ќе бега од обврските, ама за моја голема среќа, тоа не се случи. Од моментот кога се роди син ни, тој е целосно вклучен во сите аспекти од неогово растење. Единствена работа што не сакаше да ја прави е да му менува пелени. Инаку, за се друго беше тука. На почетокот, тој го бањаше а јас само асистирав. Сега син ми е 2 години и 3 месеци и се неразделни со татко му. Откако ќе си дојдеме од работа, па се дури легне, постојано се дружиме заедно. Постојано играат, му чита приказни, прават кули, си играат со пластелин, и што ли уште не. Навечер заедно се мијат заби, лице, рачиња па потоа јас го заспивам. Во целост, многу сум задоволна од тоа каков татко е мојот сопруг - целосно посветен. 

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Каков татко е вашиот сопруг?
13.9.2014 18:22:30   
Dilina
Незнам сеуште зошто бебчето ни е мн мало... грижлив е, заљубен во својата ќерка и го покажува тоа на секој начин.. како што ми се чини тој ќе биде добриот а јас апото user posted image
Работи со деца, и одсекогаш знаев дека ќе биде добар татенце.. чим малата му се радува повеќе на него, значи тој ќе биде чуварот на принцезата :D

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 16
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?