|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Како да ја зголемите телесната тежина?
18.9.2009 15:14:50   
profesorica
„Слабите“ често знаат да кажат дека јадат сè што ќе посакаат без притоа да се здебелат. Тие мислат дека се благословени со брз метаболизам и најчесто може да се слушнат како велат: “Сите се љубоморни на мојот метаболизам. Можам да јадам што било по цел ден без да се здебелам”. Вистина е дека може да јадете сè што ќе посакате без да се здебелите, но само ако јадете по многу малку. Знаете да кажете дека јадете многу, меѓутоа тоа не е вистина. Да јадете сè што ќе посакате и да јадете многу, нема да бидете слаби како што сте. Еве неколку совети за слаби т.е. како да стават по некој килограм повеќе на себе:
  1. Внимавајте на калориите – слабите секогаш ја преценуваат храната што ја јадат.
    Прочитајте го составот на храната, користете ја скалата со калории за да го следите нивото на калории кое го внесувате дневно. За да почнете да се дебелеете потребно е дневно да внесувате калории според следнава равенка: број на калории дневно = тежина во килограми x 45kcal.
  2. Поставете си ја посакуваната тежина како цел! Правило кое се применува кога станува збор за идеалниот сооднос меѓу дебелината и висината тоа е 1 кг = 1см над 1 метар. Пример: ако Вашата висина е 170 см, Вашата тежина треба да биде 70 кг. Со тежина помала од тежината пресметана на овој начин ќе изгледате слабо. Нема горна граница за тежината па затоа, ако сакате да тежите повеќе - продолжете.
Примери за минимални тежини како цел:
  • 1м70см најмалку 70кг
  • 1м75см најмалку 75кг
  • 1м80см најмалку 80 кг
  • 1м85см најмалку 85 кг
  • 1м90см најмалку 90 кг
  • Јадете секои 3 часа – Од она што беше претходно кажано, јасно е дека доколку Вашата тежина е 60 кг, дневно треба да внесувате 2700 калории (65кг x 45kcal). Доколку работите физичка работа или сте постојано во движање, тогаш потребно е да внесувате уште повеќе калории.
    • Доручек – почнете со внесувањето на калории уште рано наутро.
    • Ручек и вечера – додека го подготвувате доручекот, подгответе две порции. Една порција изедете пред работа/училиште, 1 порција кога ќе се вратите.
    • Ужина – како ужина може да јадете лешници, бадеми, ореви, суво овошје, јогурт, сирење, јајца, сендвичи, млеко, протеински пијалоци.
    • После вежбање – физичките активности согоруваат калории. Затоа е важно да јадете после секое вежбање (но прво треба да се одморите еден час) за да ја повратите назад енергијата.
  • Јадете високо калорична храна – 100 г сиров ориз содржи 380 kcal. 100 г сиров спанаќ содржи само 25 калории. Доколку сакате да ја остварите Вашата цел и да го внесете потребниот број на калории потребно е да јадете високо калорична храна. Вашиот најдобар избор е:
    • Тестенини – 100 г тестенини што содржат 380 kcal се полесни за конзумирање отколку 100 г ориз. Јадете бели тестенини.
    • Полномасно млеко – доколку не Ви е важно со колку килограми сакате да ја зголемите својата тежина, тогаш можете да пиете дури по 4 л млеко на ден покрај редовните дневни оброци.
    • Мешавина од јаткасти производи – јадете лешници, бадеми, ореви бидејќи овие производи содржат по 500 kcal/100 г, 50% здрави масти и 25% протеини.
    • Маслиново масло – маслиновото масло штити од срцеви заболувања и рак. Можете да пиете по неколку голтки маслиново масло (нема лош вкус) или пак можете да го користите во салати или тестенини.
  • Зголемете ја мускулната маса – Ваша цел е да ја зголемите мускулната маса на телото, а не да наталожите масти. Покрај тоа, најголем процент од тежината во телото се мускулите и тие тежат повеќе од масните наслаги. Еве неколку совети како да ја зголемите мускулната маса:
    • Кревајте тегови – почнете со помала тежина на тегови и фокусирајте се на техниката.
    • Зголемувајте ја тежината на теговите според напредокот во вежбањето.
    • Комплетни вежби – практикувајте вежби со кои ќе го развежбувате целото тело.
    • Одмарајте – мускулната маса се гради додека одмарате, а не додека вежбате. Не вежбајте секој ден. Спијте, пијте многу вода и јадете овошје и зеленчук.
  • Внесувајте протеини – за да ја зголемите и одржите мускулната маса, потребно е дневно да внесувате протеини според следнава формула: внесени протеини во грам = телесна тежина x 2. Внесувајте протеини со секој оброк. Извори на протеини се:
    • Црвено месо – јадете стек, месо од елен и телешко месо.
    • Домашна живина – пилешки гради, мисрикино месо, шатки и сл.
    • Риба – туна, лосос, сардина.
    • Млечни производи – млеко, сирење, јогурт и сл.
  • Планирајте – да не го остварите Вашиот план е исто како да планирате планот да не Ви успее. Немате доволно време да готвите дома, а храната што ја јадете на работа/училиште е со лош квалитет и во исто време е и поскапа. Она што треба да го направите е да си подготвите храна дома и да ја земете со себе на работа/училиште.
    • Планирајте ја залихата на продукти кои Ви се потребни – не ги скокајте оброците поради тоа што Ви недостасуваат потребните намирници. Направете список на сè што Ви е потребно за една недела и набавете ги набројаните производи.
    • Гответе однапред – подгответе повеќе оброци одеднаш: или додека го подготвувате појадокот или пак додека ја подготвувате вечерата.
    • Гответе едноставно – кога готвите, спремајте двојни порции и едната земете ја со себе, пијте многу млеко и јадете мешани зрнести плодови: лешници, ореви, бадеми.
    • Носете храна со себе, каде и да одите – земете храна со себе за на работа/училиште, јадете мешани јаткасти плодови додека гледате телевизија, јадете пред да заминете во град, јадете протеинска храна пред да вежбате...
  • Следете го напредокот – Успехот носи успех. Помислата дека ќе се ослободите од Вашето слабо тело е доволна мотивација. Но треба да ги следите ги резултатите:
    • Мерете ги калориите – мерете ги калориите кои ги внесувате во текот на денот.
    • Мерете се секоја недела – дали ја зголемивте тежината, или пак нема никакви промени? Доколку нема никакви промени во Вашата тежина, зголемете ја дневната количина на калории за уште 500 kcal.
    • Фотографирајте се – Огледалото може да биде субјективно но фотографиите не лажат. Фотографирајте се себеси два пати месечно со што ќе имате објективни резултати за Вашиот напредок.
    • Мерете ја Вашата мускулна маса – ова треба да го правите барем двапати месечно.
    Диета за зголемување на телесната тежина 3500+kcal е пример за диета за сите кои сакаат да ја зголемат тежината. Но, може да биде и тешка за следење доколку тежите само 60 кг или пак доколку сте недоволно физички активни. Во таков случај, прилагодете ја диетата според Вашите потреби:
    • Појадок – 100г овес, 50г суво грозје, 1 црпалка сурутка
    • Ужина – 100г мешани јаткасти плодови или 1 л млеко или сендвич од туна
    • Ручек – 200г бели тестенини, болоњезе сос, сирење пармезан
    • Ужина – 100г мешани јаткасти плодови или 1 л млеко или туна сендвич
    • Пијалок после работа – 1,5 црпалка сурутка, 60г овес, млеко, банана
    • Вечера – 200г бели тестенини, болоњезе сос, сирење пармезан
    • Пред легнување – сирење, јагоди, ленено семе, маслиново масло


    _____________________________

    Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
  • Непосредна врска до пораките: 1
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    18.9.2009 15:23:15   
    mami
    1м80см најмалку 80 кг


    е со ова богами не се сложувам..80 кг, на мојата висина е сепак многу...

    (Одговор на членот profesorica)
    Непосредна врска до пораките: 2
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    18.9.2009 15:29:59   
    Палешка РР
    Јас знам дека за жени идеална тежина е со - 10 килограми, на пример 180 цм; 70 кгр.
    A за мажи важи правилото 180цм; 80 кгр.
    Но никој нема совршена фигура, важно е да сме здрави user posted image


    _____________________________

    When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

    (Одговор на членот mami)
    Непосредна врска до пораките: 3
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    19.9.2009 8:35:42   
    profesorica
    Во секој случај текстов содржи доста корисни информации, доколку некој се одлучи за негова примена.

    _____________________________

    Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

    (Одговор на членот Палешка РР)
    Непосредна врска до пораките: 4
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    22.9.2009 8:36:13   
    delfinka
    da nema nedorazbiranje eve dobrovolno se prijavuvam dadoniram 2okg na kogo mu nedostasuvaat
    neka si gi zeme slobodno od mene voopsto nema da se nalutamuser posted image user posted image

    _____________________________

    sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

    (Одговор на членот profesorica)
    Непосредна врска до пораките: 5
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    22.9.2009 22:35:18   
    mami
    ЈАс јас...ајде одма ги земам..леле ми фалат едно 10 сигурно...морам да ги ставам на менеuser posted image

    (Одговор на членот delfinka)
    Непосредна врска до пораките: 6
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    22.9.2009 22:37:06   
    delfinka
    ok mi ostanaa uste 10 koj e za zimanje ajde povelete
    mami pazi so kazuvas ke ti gi doniram,user posted image

    _____________________________

    sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

    (Одговор на членот mami)
    Непосредна врска до пораките: 7
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    22.9.2009 23:50:30   
    lide78
    aa i mene mi trebaat nekoi 5-6 kg
    moram ova ubavo da go prostudiram


    _____________________________

    Колку убав ден!

    (Одговор на членот delfinka)
    Непосредна врска до пораките: 8
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    22.9.2009 23:56:00   
    nadica
    i jas doniram 20kg кој сака нека се пријави и нека остави инф на пп ги доставувам до дома user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

    _____________________________

    Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
    Биди Среќен!...
    Нека умрат од глад!!!

    (Одговор на членот lide78)
    Непосредна врска до пораките: 9
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    22.9.2009 23:59:43   
    lide78
    moze,ama na popust  hahaha



    _____________________________

    Колку убав ден!

    (Одговор на членот nadica)
    Непосредна врска до пораките: 10
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    23.9.2009 0:11:58   
    mami
    ах..не знаат они на какви маки сме ние слабитеuser posted image

    (Одговор на членот lide78)
    Непосредна врска до пораките: 11
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    23.9.2009 0:13:39   
    lide78
    lele,kade bi se sretnale nie dve ako ne na ovaaatema
    pozdrav do tebe mami i do Luka


    _____________________________

    Колку убав ден!

    (Одговор на членот mami)
    Непосредна врска до пораките: 12
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    23.9.2009 0:15:08   
    mami
    user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

    (Одговор на членот lide78)
    Непосредна врска до пораките: 13
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    24.9.2009 10:34:51   
    delfinka
    lide gratis ke ti gi podarime ne so popustiuser posted image

    _____________________________

    sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

    (Одговор на членот mami)
    Непосредна врска до пораките: 14
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    2.12.2009 10:36:31   
    profesorica
    ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

    jas so eden kontra udar moze????
    kaze te mi kako da se zdebelam
    za dve nedeli posle poragaj se vrativ na starata tezina i duri i oslabev i sega imam 56 kg na 178cm...deluva mnogu slabo, nemozam da si se podnesam ,a nikako da se zdebelam i nikogas ne sum pazela na ishrana, a blago da ne zborime, ne pominuva den bez eden ton cokoladi ili torta ili nesto slatkicko



    ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

    Draga Mami:
    Obidi se so zdravi proizvodi, kako Maltex, med, alva i sl. A ako ne si ljubitel na blagoto, obrni poveke vnimanie na mlecnite proizvodi: konsumiraj mnogu kozjo sirenje, kozjo mleko, razni kashkavalcinja vo kombinacija so mevce i mnogu salatki.
    No, navecer, obavezno OBAVEZNO pred spienje:
    edna goooolema sholja mleko zgreena vo mikro na 2 min., vo nea golema lazica med i eden bedoxin.
    Ova mozes da go iskombiniras so grickanje banana.
    uspeva 100 %  !!!


    ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

    kakov ne ljubitel na blago, pa jas po cel den samo toa jadam sto se vika :) a ke probam ova so mlekovo, iako otkako prestanav da dojam nakako ne mi e do mleko, mislam deka ispiv premnogu dodeka doev, demek za da imalo poveke za bebeto


    ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

    Mami: ke zaboravev: NE SE NERVIVRAJ! toa simnuva kilaza mnogu. A proveri si ja i tiroidnata zlezda. A mlekoto e navika. Posle dve nedeli, ke pocne da ti fali navecer...
    imas golema poddrska od mene


    ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

    aaaaa odi so mojana doma ne se nerviraj...samo koga ke i pominam pokraj soba, kosa mi se kreva...znam deka mi e samo od nervozi slabeenjeto ama sto da pravam...ednostavno nemozam so nea da ziveam, i znam deka koga ke se trgneme na strana ke bide podobro, samo tie prokleti pari da padnat od nekoja strana 


    ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka

    Devijce, nesakam da bidam naporna, ama vo vrska so toa ti pisav za moeto iskustvo na stranicata kade se zalis na doticnata "gospoza"...
    so mnogu slicen problem kako tvojot, si "zarabotev" bolest koja mi ostavi trajni posledici. Razmisli: dali nekoj na svetov zasluzuva da ima povazno mesto od tvoeto dete i dali tvoeto dete zasluzuva razbolena majka?



    _____________________________

    Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

    (Одговор на членот delfinka)
    Непосредна врска до пораките: 15
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    2.12.2009 10:42:49   
    mami
    По препорака на Анушка, почнав во житариците и обично млеко кога пијам, наместо шеќер да ставам Малтекс...луѓе- ем е вкусно, ем благичко, ем ми отвара апетит ко никој, после тоа цел ден само јадам нешто и пак сум гладна после 1 час...еве првата тегличка ми е при крај, ама ке си купам уште три, само да качам некое кило

    (Одговор на членот profesorica)
    Непосредна врска до пораките: 16
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    2.12.2009 10:58:09   
    arh_diz
    Za zgolemuvanje a i za namaluvanje na telesnata tezina pomaga test na alergija na proizvodi neznam dali pravilno go akzav. Se ispituva krv na okolu 300 proizvodi i spored toa ke vi kazat sto treba da jadete ova e provereno

    (Одговор на членот mami)
    Непосредна врска до пораките: 17
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    5.12.2009 1:16:29   
    mami
    Жените се здебелуваат 10 кила во првата година од бракот
    Според истражување спроведено во Велика Британија, дури 22 отсто од новите сопруги за само една година се потешки за речиси десет килограми.
    За една од пет од нив, новата тежина е поради првите брачни расправии.
    Повеќе од половината анкетирани признале дека по венчавката престанале да се грижат за својот изглед, а една од пет почнале со прејадување веќе на медениот месец.
    Од анкетираните 45 отсто признале дека едноставно се опуштиле до своите сопрузи, а 22 отсто чувствуваат дека нема потреба веќе да се трудат да го импресионираат својот маж кога веќе се обврзале на вечна љубов и верност.
    Студијата била спроведена врз 3.000 нововенчани жени.
    Повеќе од една третина признале дека им било тешко во првата година од бракот да се хранат здраво бидејќи ништо не ги мотивира, како свадбата или медениот месец. Четвртина од нив признаваат дека во храната бараат утеха заради тоа што најважниот денн во нивниот живот е зад нив, а 31 отсто велат дека се фокусирале на храната поради досада бидејќи не знаат што сега кога веќе не мора да се планира венчавкаа.

    (Одговор на членот arh_diz)
    Непосредна врска до пораките: 18
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    5.12.2009 1:17:12   
    mami
    колку само нема врска, во првата година бев трудна- тоа не се рачуна за дебелеење, а после тоа само слабеам и слабеамuser posted image

    (Одговор на членот mami)
    Непосредна врска до пораките: 19
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    22.1.2010 15:50:46   
    profesorica
    Доколку сакате да добиете на тежина – пред се на мускулна маса, после секој оброк јадете 3 лажички мед, со што медот ги поддржува сите анаболитички процеси, со додатно внесување на минерали, витамини , ензими и другите потребни нутритиенти кои ги содржи.

    И да кажам дека кај мене не делуваuser posted image

    Придобивките од медот се секако огромни и го јадам многу, но со килажата баш и не ми помага.
    А искрено и не ми треба user posted image user posted image user posted image


    _____________________________

    Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

    (Одговор на членот mami)
    Непосредна врска до пораките: 20
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    15.2.2010 10:03:42   
    tereza
    детално ке ја проверам тематаuser posted image инаку јас имам висина од 1м68цм а тежината ми варира ли варира,едно време ја достигнав мојата идеална тежина од 58кг ама после тоа ослабев и сега сум некаде 53user posted image  

    (Одговор на членот profesorica)
    Непосредна врска до пораките: 21
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    15.2.2010 10:10:08   
    Mucka
    ako zelite da se zdebljate mjesite si doma domace ...od kruha do kolaca....:)malo vise truda u kuhinji i lakse do kilograma 

    (Одговор на членот tereza)
    Непосредна врска до пораките: 22
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    15.2.2010 10:12:24   
    Cacko
    kako da ja zgolemite tezinatauser posted image user posted image user posted image dojdi mi 1 nedela na gosti,pa ke pravime muabet
    aj jas preterav koa bev trudna i tie kg ustvari sea me zezaat,ama mm otkako ziveeme zaedno e 10 kg u plus,i me pcue za toa

    (Одговор на членот Mucka)
    Непосредна врска до пораките: 23
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    13.3.2010 20:07:16   
    suzeto
    mami..........isfrli go blagoto i ce se zdebelis .....i jas sum slaba i jadev dosta blago sekoj den obavezno i mi go unistuvase apetitot....ima nekoe vreme kaj sto ne jadam cokoladi i samo mi se jadi i obavezno jadam tri pati vo den,sto toa ne bese vozmozno dodeka jadev blago,jadev samo ednas vo denot............site se debelat od blago ama ako jadis i tri pati na den ce se zdebelis,a blagoto na nekoi gi slabee

    (Одговор на членот Cacko)
    Непосредна врска до пораките: 24
       RE: Како да ја зголемите телесната тежина?
    13.3.2010 20:13:14   
    suzeto
    ne sum sega vagana ama osejcam deka sum popraena 1-2kg......toa ne e mnogu ama jas godini imam ista kilaza 47-48kg,samo ednas imav 55-57 ama togas piev lekarstva i morase da jadam tri pati na den vo isto vremi i zatoa se popraviv koga prekinav so lekarstvata prekinav i so jadejne i pak oslabev,na bremenosta imav 63kg najmnogu vo mojot zivot

    (Одговор на членот suzeto)
    Непосредна врска до пораките: 25
    Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
    Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
    Оди на:






    Анкета

    За доилки.
    пеперутка16

    Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?