|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Како најдовте работа?
14.8.2011 9:41:07   
Snowhite RR
Ајде овде да си кажеме како ја најдовме работата која ја работиме или некоја претходна. Дали тоа било преку оглас на радио, тв, интернет, фб, преку интервју или тестирање, преку пријатели, политичка партија можеби или нешто слично
Можеби на овој начин ќе му помогнеме или дадеме идеја на оние кои немаат работа на кој начин да побараат т.е. да најдат работа


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Како најдовте работа?
14.8.2011 10:10:11   
Snowhite RR
Еве јас да почнам
Пред оваа работа, работев кај едни пријатели во продавница за сервис и продажба на компјутери. Ја сакав таа работа, не ми беше по струка, ама ми беше интересна, додуша малку напорна, особено втората година, затоа што голем дел од обврските ги превзедов јас на моја одговорност, ама како и да е, ми беше и блиску од дома, ама на крај се замеривме со нив за ситница и сега воопшто и не контактирам со нив(газдите) и затоа реков повеќе кај пријатели никогаш нема да работам
Оваа работа ја најдов преку оглас. Татко ми слушнал оглас на радио дека бараат книговодител и комерцијалист и ми кажа. Дојдов се пријавив, потоа ме викнаа на интервју, потоа имавме тестирање(англиски, книговодство и компјутери) на кое јас сум била меѓу првите тројца кандидати и потоа следниот пат кога ми се јавија да дојдам на уште еден разговор ми кажаа од наредниот ден да почнам да работам. Бев многу среќна затоа што 6 месеци седев дома и ако уште малку поседев ќе се „мрднев“.
Оваа работа ми е по струка, почетокот ми беше многу лесно, од понделник до петок одевме на работа од 07-15, во сабота преку една, ама како поминуваше времето се повеќе и повеќе обврски ни се даваат, се поголема одговорност, работа во смени, за викенди, празници, така да, не ја мразам работава, ама не знам ни дали ја сакамuser posted image
Претходно имав работено и на други места како на пример во сендвичара, играчница со компјутери и тие работи ги наоѓав претежно или преку пријатели или преку луѓе што ми кажувале дека бараат за вработување


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Како најдовте работа?
14.8.2011 10:25:47   
Martins mom
Сегашната работа ја најдов на интернет, на еден од најпосетуваните сајтови со огласи за работа и која коинциденција...на 5 минути од дома ми е. Далееееку ми е од струката, ама пак е поврзана со креативност. Украсувам, шарам, декорирам торти, колачи и се по списокuser posted image
 

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Како најдовте работа?
14.8.2011 11:18:14   
Тања РР
Мојата струка е дефицитарна така што имав понуди за работа уште пред да дипломирам иако јас сакав да одмарам неколку месеци, да полагам државен и подоцна да се вработам. Но како поминуваа месеците од дипломирањето сите од поблиската околина почнаа да стануваат неподносливи. Секој ден ми кажуваа за нови огласи и мене ми се смачи да објаснувам зошто не сакам да работам. Јас всушност не сакав да го работам тоа, цел живот сакам да се занимавам со научно истражувачка дејност, но тоа остана само пуста желбаuser posted image
На крај мм дојде дома со една визитка и ми рече да се јавам на овој број да закажам интервју, шетајќи видел оглас. Се јавив онака информативно и закажав средба за наредниот ден. На интервјуто не се трудев премногу, дури на прашањето „дали навистина сакам да ја работам оваа работа?“ одговорив со „Не баш“user posted image а дир. рече дека пред неколку дена веќе вработила некого. Сепак, другиот ден ми се јави да се видиме уште еднаш со конкретна понуда. Јас одбив бидејќи во мегувреме се премислив, но таа инсистираше и на наредната средба ме убеди да ја прифатам работата. Така по случаен избор ја одбрав организацијата во која денес работам но сега знам дека тоа е најдобриот избор во градот.


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Како најдовте работа?
14.8.2011 17:03:34   
temjana
tri godini barav rabota i koga veke pochnav skros da otkachuvam, otvoriv zolta kniga i na site pochnav da prakam cvuser posted image ne gledav na kogo ili dali voopshto ima dopirna tochka so mojata profesija, ednostavno me fati inaetot si rekov epa od 1000 isprateni mora barem eden da se javiuser posted image . I taka zapochna moeto pateshestvie mi se javija po necela nedela i toa za rabota od sonishtata ne veruvav deka kaj nas ke najdam rabota od mojata oblast. Pochnav vednash, pa po nekolku god. mi zdosadi dadov otkaz si najdov druga rabota isto od mojata profesija pa i taa mi zdosad...i si najdov druga isto od profesijata i taa veke mi zdosaduva.....user posted image osekam deka povtorno ke menuvam, i si vetiv deka se dodeka ne bidam celosno zadovolna nema shansi da sedam na edno mesto

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Како најдовте работа?
14.8.2011 17:49:36   
AnnaMolly RR
Prijateli na moi prijateli otvorile firma za preveduvanje I mi ponudija honorarno da preveduvam koga ke imaat potreba. pocnav so po nekolku prevodi nedelno, pa po eden prevod (Edna TV epizoda) dnevno I duri preku vikend. uste ne bev mazena I imav dosta slobodno vreme. po nekolku meseci rabotata se prosiri I me viknaa da rabotam vo kancelarija na firmata. I pred da se dogovorime za uslovite prifativ, ne mi bese vazno kolkava e platata zasto od sekogas sakam ova da go rabotam.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Како најдовте работа?
14.8.2011 17:52:44   
AnnaMolly RR
Moram vtor post, tolku mesto imam od mobilen. Potoa izleze deka platata I rabotnoto vreme se odlicni. Vikend I praznici ne rabotime imam opcija koga sakam da zemam sloboden den I da go odrabotam koga ke imam vreme. Znaci sosema slucajno ja najdov ovaa rabota, ne bi ja menuvala za nisto na svetot.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Како најдовте работа?
15.8.2011 9:16:34   
Maca25
Јас моменталнава работа ја најдов преку колешки кои работат во фирмава, кои ме препорачале кај газдите, ме викнаа на разговор, си почекав некој месец да одлучат и на крај ме викнаа тука да работам.
Пред тоа барав работа на еден сајт за вработување, и искрено многу бев разочарана од непрофесионалноста на македонските работодавци. Од окт.2010 до мај 2011 имав пратено преку 20 CV-a и добив одговор само на 2. Значи ги мрзи и еден мејл да ти пратат: Ја добивме Вашата апликација, ќе ве контактираме?!?!



_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Како најдовте работа?
15.8.2011 9:29:50   
miana
Preku web - najdirabota,prakav cv-a i ete najdov...Poz

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Како најдовте работа?
15.8.2011 9:44:29   
Mihaela 2010
Претходно работев во ланец на маркети,скоро 2,5 години и ми беше супер,ептен ја засакав таа работа,инаку ја најдов преку оглас во весник,имасе многу пријавено,ама среќа ме вработија.оваа работа што ја работам сега,ме вработи сегашната золва,на почеток ми беше тешко бидејќи ми беше се ново,еве веќе терам 6 година и добро е во поглед на сите привилегии што ги нуди државна институција,но сепак работам со странки па ми е доста напорно.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Како најдовте работа?
15.8.2011 12:36:18   
vanessa30
Jas prvata rabota ja najdov skoro 2-3 meseci otkako diplomirav, po slucajnost preku edna koleska na majkami koja po xxx nacini go znaese gazdata na firmata. No pred da me primat tamu bidejki imase okolu 20 kandidati preki Motiva ne testiraa i gi vrabotija samo trojcata najdobri.Vo kompanijata rabotev skoro 2.5 godini prvin kako proces menadzer, a potoa kako production menager. Rabotata iako nebese loso platena, bese mnogu makotrpna bidejki po 1.5 vo denot gubav samo vo pat do fabrikata, poslednta 1.5 rabotev i vo tri smeni, uslovite za rabota bea teski,losa ventilacija, visoki temperaturi vo leto, a i gazdata na firmata bese neviden despot. Poslednata godina edvaj ja izdrzav tamu i celo vreme barav nova rabota, pustav CV kaj ke nacekav soodveten oglas. Vo juni 2006 godina konkurirav na 3 mesta, ednata bese farmatc.kompanija, 1 javna institucija i edna fabrika za proizvodstvo na konz zelencuk. Na site tri mesta me testiraa, a najteskoto bese sto morav da lazam na starata rabota kade ke odam pa so koleskite da si gi zamenuvam smenite, dobro e sto imaa razbiranje pa nekako uspeav da odam na intervjuata i testiranjeto. Prvin mi se javija od javnata institucija deka me primaat na rab i deka treba da pocnam od 3 avgust so rabota, bev presrekna, i vednas sledniot den na starovo mesto dadov otkaz. Vo jav. institucija me primija bez nikakvi vrski nitu poznat covek, cista sreka, no podocna izleze deka testovite za ang i kompjuteri mi bea najdobri od site kandidati, a i komisijata dobro go poznavase gazdata kade sto rabotev, poznavajki gi negovite visoki kriteriumi.Vo javnata institucija baraa da vrabotat 12 luge od koi samo 2 mesta bea predvideni za dipl inz tehnolog. Posle nekolku dena odkako tuka me primij mi se javija i od drugite dve firmi za i tamu da pocnam da rabotam, po dolgo razmisluvanje sepak odluciv deka vo javna ustanova ke imam nekoja sigurnost i redovna plata pa drugite dve mesta gi odbiv iako platata mozebi bese povisoka.
Sega veka 5 godini rabotam vo istata institucija, i rabotata iako nekogas znae da bide dosadna bidejki celo vreme si pred kompjuter, no poveketo vreme e dosta vozbudliva i kreativna, so cest kontakti so megunarodni i evropski organizacii i cesti patuvanja niz Evropa.
Ete toa e mojata prikazna

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Како најдовте работа?
15.8.2011 13:04:18   
Lisica
Segasnava rabota znaci ja rabotam veke 10 godini, vo meguvreme se omaziv, rodiv dete....
Porano platata bese pogolema, sega "KRIZA" ni ja namalija. Pocnav da baram nova rabota aplicirav na 300 mesta, i da vlezes vo najtesen krug, posle ne te vikaat edno od pricinite e deka imam dete, sto strasno me nervira i vadi od koza, drugo e sum bila prekvalificirana user posted image ,
cista glupost.
Od druga strana vo firmata sega primam ajde kolku tolku redovno plata, koga imam potreba zemam denovi za toa nikogas nemalo problem nitu pak bilo sporno. Sega i da mi izleze nesto rabota me faka strav da smenam rabota, strav od nepoznato.

(Одговор на членот vanessa30)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Како најдовте работа?
15.8.2011 14:24:06   
ljubicicaaa
драги мои се извинувам што сум оффтопикuser posted image но навистина ви завидувам што си имате работа, излегувате од дома ии си имате паричкиuser posted image , а некои дури и имате шанса да си ја смените, да си работите друго. Во мојот град( битола) е претешко да најдеш работа, а камоли да ја сменеш. во овие 3 години од кога дипломирав имам одено на безброј интервјуа, тестирања, и се џабе, дури и имам пратено меил до речиси секоја фирма од златна книга, ама ништоuser posted image
user posted image за сите

(Одговор на членот Lisica)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Како најдовте работа?
15.8.2011 14:36:23   
Maca25
љубица немој да мислиш дека во другите градови па е полесно за наоѓање работа. Јас барав 2,5 години. не знам колку CV-a имам пратено по фирми...

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот ljubicicaaa)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Како најдовте работа?
15.8.2011 14:56:10   
ljubicicaaa

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

љубица немој да мислиш дека во другите градови па е полесно за наоѓање работа. Јас барав 2,5 години. не знам колку CV-a имам пратено по фирми...


незнам можеби, но битола иако е голем град сепак е многу мал, сите еден со друг се знаат и никаде реално не го ценат знаењето, прво кога одиш те прашуваат од која фамилија си, што е навистина глупавоuser posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Како најдовте работа?
15.8.2011 15:03:06   
ljubicicaaa

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

љубица немој да мислиш дека во другите градови па е полесно за наоѓање работа. Јас барав 2,5 години. не знам колку CV-a имам пратено по фирми...


незнам можеби,но верувај иако битола е голем град сепак е многу мал, и тие фирми шо се тука имаат многу малку вработени, нормално без оглас, чат пат може некоја фирма ке бара лица , а за државните установи да не правиме муабет, немаш шанса да видиш дека се бараат луѓе, камоли да одиш на тестирање а за вработување да не правиме муабетuser posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Како најдовте работа?
15.8.2011 18:38:13   
Martins mom
Љубицааа, те потпишувам сто посто. Јас сум од Битола и знам колку лошо стојат работиве. Нема можност да најдеш работа ни како најобична чистачка, а камоли по струка. Жалосно...и мислам дека моментално во Битола има најголем процент на невработени.

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот ljubicicaaa)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Како најдовте работа?
20.8.2011 23:01:23   
kapina
jas mojata rabota sega kade sto rabotam ja najdov preku agencijata za vrabotuvanje 

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Како најдовте работа?
20.8.2011 23:52:20   
anedespo
Po oglas, trebase samo za eden mesec za zamena na rabotni, potoa me ostavija uste 3 meseci na probna i na kraj mi dadoa resenie. Veke 8.5 godini sum tamu i konecno ovaa godina dobiv unapreduvanje.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Како најдовте работа?
22.8.2011 12:37:14   
riba79
prvata moja rabota bese vo firma za marketing a inaku sum tehnolog ..tamu rabotev se o uvoz,marketing,adminstrativna rabota,materijalno rabotenje..megutoa po 5g napustiv so cel da najdam soodvetno na toa sto sum go studirala..i eve veke baram 4 g (a vo meguvreme se porodiv so vtoro) pustav cv -ja odam na intervjua,ke vlezam vo potesen izbor ama.......
nadezda poleka ja gubam i gledam deka se e so vrski....taka da nisto sega za sega..prestanav da baram rabota po struka i baram nesto slicno na toa sto go rabotev prethodno...user posted image

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Како најдовте работа?
22.8.2011 13:50:21   
miana
Riba79,kade baras rabota? Vo Skopje? Kolkavo ti e vtoroto detence?

(Одговор на членот riba79)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Како најдовте работа?
22.8.2011 13:59:42   
riba79
da,vo sk.inaku bebeto e 6,5 meseci ...dosta mi e veke od sedenje doma seknavuser posted image

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Како најдовте работа?
22.8.2011 14:07:15   
miana
Pa kako ke rabotis so tolku malo bebe? Koj ke ti go cuva? Neka ti se zivi i zdravi decata user posted image

(Одговор на членот riba79)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Како најдовте работа?
22.8.2011 14:13:16   
dostickage
jas eden mesec posle diplomiranje vidov oglas vo vesnik.
i za nedela dena tri kruga intervjua,test i sl si najdov rabota.nikogo nit znaev nit poznavav a si ja najdov rabotata od sonistata,sosem slucajno :-)

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Како најдовте работа?
22.8.2011 14:19:48   
blue_blue
Сите работи до сега сум ги нашла на оглас во весник. Никаде никого не сум познавала. Првата работа ја најдов веднаш што дипломирав, на оглас во дневен печат. Работев таму година ипол и сфатив дека не сакам да бидам преведувач, баш ми беше досадно се да кажувам други што рекле. Аплицирав за стипендија за постдипломски студии (исто на оглас во весник) и отидов во Америка 2 години - завршив магистерски студии. Кога се вратив во 2001 летото сите ми викаа дека нема шанси да најдам работа - никој не вработува. Пратив ЦВ на 3 места, секаде ме викнаа. Избрав една работа - проект на Светска банка кој го спроведуваше Агенција за млади и спорт. После 3 дена им кажав дека нема да работам за нив пошто беа шалабајзери, партиски полтрони и деца кои до вчера играле долга магарица во маало, а сега изигруваа директори. После еден месец најдов друга работ а(пак на оглас во весник). Таму работев 7,5 години и многу научив, многу супер колеги имав и плата до плафон со милион бенефиции. Ама ми стана досадно и додека бев на породилно (т.е. дента пред да се пораѓам) пратив ЦВ во фирмава кај што сум денес - на оглас у весник. Мислев дека нема да ме примат никогаш, голема фирма, една од ретките во Македонија која не работи со загуба, вискои плати, бонуси итд...И така они ме викнаа на едно, па на уште две интерјуа, па ги прифатија сите мои услови и барања (меѓу кои и да ме чекаат три месеци зошто сум на породилно) и еве две ипол години подоцна уште работам за нив и баш сум задоволна со работата и колегите и моите претпоставени.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?