Snowhite RR -> RE: Како најдовте работа? (14.8.2011 10:10:11)
|
Еве јас да почнам Пред оваа работа, работев кај едни пријатели во продавница за сервис и продажба на компјутери. Ја сакав таа работа, не ми беше по струка, ама ми беше интересна, додуша малку напорна, особено втората година, затоа што голем дел од обврските ги превзедов јас на моја одговорност, ама како и да е, ми беше и блиску од дома, ама на крај се замеривме со нив за ситница и сега воопшто и не контактирам со нив(газдите) и затоа реков повеќе кај пријатели никогаш нема да работам Оваа работа ја најдов преку оглас. Татко ми слушнал оглас на радио дека бараат книговодител и комерцијалист и ми кажа. Дојдов се пријавив, потоа ме викнаа на интервју, потоа имавме тестирање(англиски, книговодство и компјутери) на кое јас сум била меѓу првите тројца кандидати и потоа следниот пат кога ми се јавија да дојдам на уште еден разговор ми кажаа од наредниот ден да почнам да работам. Бев многу среќна затоа што 6 месеци седев дома и ако уште малку поседев ќе се „мрднев“. Оваа работа ми е по струка, почетокот ми беше многу лесно, од понделник до петок одевме на работа од 07-15, во сабота преку една, ама како поминуваше времето се повеќе и повеќе обврски ни се даваат, се поголема одговорност, работа во смени, за викенди, празници, така да, не ја мразам работава, ама не знам ни дали ја сакам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Претходно имав работено и на други места како на пример во сендвичара, играчница со компјутери и тие работи ги наоѓав претежно или преку пријатели или преку луѓе што ми кажувале дека бараат за вработување
|
|
|
|