|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Колку сакате да сте сами со себеси?
10.4.2010 23:07:45   
mother 29
Човекот по својата природа е социјално суштество, навикнат е да живее во друштво и да има други луѓе покрај себе. А сепак, секој од нас има потреба некогаш да остане сам, да се соочи со себе, да се погледне во огледало и да размисли. Кај некои, оваа потреба дури преминува и во трајна - најдобро се слагаат единствено со себе и дури им пречи присуство на други луѓе.

Кој тип на луѓе сте вие? Дали ви треба, или ви пречи присуство на други?

Јас, на пример, најмногу чувствувам потреба од пријатели - кога ми се случува нешто убаво, тогаш може да имам потреба да го поделам тоа со други. Кога ми е неубаво - во состојба сум да самувам до бескрај, и тогаш ми пречат луѓе, колку и да се добронамерни.
Друго ете на пр.сите од моето опкружување ми се чудат како обожавам да пијам сама кафеuser posted image некои од нив не пијат кафе ако немаат друштво!

ете ,колку сакате/обожавате да сте сами со себе?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
11.4.2010 12:39:38   
Leonida
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

Јас, на пример, најмногу чувствувам потреба од пријатели - кога ми се случува нешто убаво, тогаш може да имам потреба да го поделам тоа со други. Кога ми е неубаво - во состојба сум да самувам до бескрај, и тогаш ми пречат луѓе, колку и да се добронамерни.
Друго ете на пр.сите од моето опкружување ми се чудат како обожавам да пијам сама кафеuser posted image некои од нив не пијат кафе ако немаат друштво!



Ваква сум и јас, кога не сум како што треба луѓето ми сметаат. Пред да останам трудна тие моменти најчесто ги поминував со доооолго пешачење, возење точак или ролери.... Овие активности секогаш ми биле добредојдени кога сум сама, во друштво не ги сакам.
А за кафе, многу ми е пријатно да пијам самаuser posted image На пр: дома од сабајле секогаш сама сум со ќерка ми и си пијам кафе, а претходно ми се случувало и во кафич да си седнам сама и да си уживам со кафетоuser posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
11.4.2010 12:44:02   
sandrin
interesna tema!
socijalni sustestva, DA, drustvoto e ubava rabota, ama jas ne sum temperament koj beskrajno bi sedel vo drustvo , bi razgovaral, bi se smeel, raspraval... se e toa fino,ama kaj mene so odredeni granici... cesto imam potreba da sum sama i toa ne mora da ima nekoja posebna pricina, ednostavno mi treba odiska(ponekogas duri i od mm)
koga sum srekna i taka i taka, pofina sum za druzenje, ama koga mi se slucuva nesto loso ja zaklucuvam vratata, go isklucuvam tel,a i zvonceto....togas nikoj ne sakam
imam nekolku prijatelki koi mi se potrebni vo takva situacija, koi ne mi vikaat znam kako ti(oti ne znaat) i tolku...nikoj drug!


(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
11.4.2010 13:09:45   
Палешка РР
Сакам. Некогаш ми е потребна потполна тишина и мир. Најмногу уживам кога сама го пијам утринското кафе и си читкам на нет.
Велат дека споделена радост е поголема радост, а споделена тага е помала тага...Со првото се согласувам, а со второто баш и не. Сакам да сум сама кога тагувам!


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот sandrin)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
11.4.2010 14:00:18   
Тања РР
Ми се чини дека поголем дел од животот поминав сама, ама не ми пречи особено.Сега ја имам Јана па времето ми поминува побрзо. Инаку додека студирав еден период останав без цимерка (постара беше и дипломира), кога се оженив веднаш почнавме да живееме сами со мм а тој до 17 е на работа, сега сум на породилно и повторно  по цел ден нема со кого да прозборам освен со детето ама воопшто не се жалам. Јас сум навикната да сум сама, впрочем, природно ми е така, гужви ме замараат.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
11.4.2010 23:02:24   
Enika
Јас сум комуникативен човек, со енергија ептен, окачена луда, сакам луге околу мене, другарувања, смеење, собиранки...едноставно уживам во тоа...но има моменти кога сум тотална спротивност од ова.Од било која причина ако нешто не ми е по кеф е тогаш сакам да ме остават на мира, сакам никој да не ми влегува во соба, сама шетам, сама идам на шопинг и сл.Несакам тогаш никој околу мене.

_____________________________

What goes around comes back around.

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
11.4.2010 23:07:22   
melody
Ima odredeni momenti koga posakuvam da sum sama so sebe i nikoj da ne mi smeta.Toa ne znaci deka sum tazna ili razocarana ednostavno mozokot do tolku mi e zamoren od drugi luge pa sakam da sum sama i da razmisluvam.Koga sum srekna ja spodeluvam radosta so luge koi mi se dragi koga sum nesrekna stanuvam nesigurna i povtorno si ja spodeluvam tagata so istite lugeuser posted image Ne mi preci da si pijam kafe sama so sebe, da odam na pojadok,rucek ili vecera vo restoranot sama so sebe ,da setkaram navamu ,natamu sama so sebe ednostavno nekogas navistina sum si dovolna sama na sebe.user posted image

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
11.4.2010 23:17:34   
Весна
Ептен си сакам. Секогаш имам што да си правам за убаво да ми е. Дома претежно сум сама, сите се по работа и тоа до доцна и воопшто не ми пречи, онаа обратната ситуација може да ме растревожи :). А отсекогаш кажувам дека мирот ми е свет, сенешто можам да истрпам и толерирам, но доколку некој ми го наруши мирот, спокојството, лошо му се пишува user posted image . Инаку овој период попрво бирам сама отколку со повеќе луѓе. Блиските пријатели знаат дека сум малку, да речам, терсене и знаат дека ако ме снема на некое време не е дека сум ги заборавила или сум лута, туку ете дома сум, добро сум, убаво ми е така. 

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
11.4.2010 23:18:23   
pacuvce
Кога сум user posted image ,најмногу...Затоа што можам да плачам до бескрај и назад...Најмногу мразам кога ќе ми надојдат солзи,случајно,во друштво на некој друг (сопруг,сестра,пријателка или сл.),а тие ќе ми речат-Не плачи сега,ајде се ќе биде добро...Е тогаш имам чувство како некое големо парче месо да ми застанало во грло и нема враќање назад...user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
12.4.2010 9:44:34   
majka 79
sakam i toa mnogu, no vo posledno vreme nikako da ostanam sama so sebesi.
bidejki sum kerka edinica, toa mi bese sekojdnevie i bev naviknata koga ke posakam bez problem da ostanuvam sama "vo mojot svet".
no veke 5 godini otkako sum mazena retko mi se slucuva narocito po raganjeto na moeto vtoro dete. mnogu mi falat tie momenti.
najmnogu od se mi nedostasuva gledanjeto na ubavi filmovi, bidejki bev naviknata sama da gledam filmovi. da se sozivuvam i uzivam, vo ubaviot film.

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
12.4.2010 10:31:00   
arh_diz
Nesakam mnogu da sum sama so sebe custvuvam ponekogas takva potreba no mnogu retko. Duri i koga sum nervozna sakam da sum so nekoj .

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот majka 79)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
12.4.2010 10:33:23   
dragana_vane
Mnogu cesto sakam da sum sama so sebe, no za zal toa ne e mozno, i mnogu mi fali. Edinstveno sama sum vo WC, user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
12.4.2010 10:34:22   
mami
Ах..некои денови сакам едноставно да се исклучам од се...никој да не ме бара..ама со оглед на ситуацијата во која живееме тоа баш и не е возможно...
Сакам луѓе и друштво и се, ама ако можам да бирам јас би бирала да сум сама

(Одговор на членот majka 79)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
12.4.2010 11:27:41   
Adrijana

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Nesakam mnogu da sum sama so sebe custvuvam ponekogas takva potreba no mnogu retko. Duri i koga sum nervozna sakam da sum so nekoj .


potpis

_____________________________



(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
12.4.2010 13:34:51   
lilit
Често кога посакувам да сум сама ја замислувам собата на другарка ми во која беше сместена како студент.тогаш стално и велев дек ми треба таква соба само да има и лаптоп и ништо друго за да си пишувам книга.Се уште мислам на собата.

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
12.4.2010 14:21:19   
profesorica
многу!!!

на пример сама одам на шопинг.кога има некој со мене гледаме и за него/неа и се збунувам- од комбинации во главатаuser posted image user posted image user posted image

сакам да сум сама -уживам сама, дури обожавам да сум сама во темница и да си слушам музика, пуштајќи го мозокот на пасење и седејќи покрај печката.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот lilit)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
12.4.2010 15:20:48   
Cacko
ic,ama stvarno ic ne sakam da sum sama so sebe,posto ednostavno sum yakva sakam luge,sakam non stop luge,sakam da zboram,a ako sum sama ke pocnam na sebe da si zboramuser posted image user posted image user posted image sala,ali stvarno ic ne sakam da sum sama

_____________________________

Think Pink

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
15.4.2010 15:34:40   
matushka
Potpis celosen, duri mi bese nezgodno da pisam deka nikogas ne sakam da sum zama so sebe, osven koga se tushiramuser posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: Cacko

ic,ama stvarno ic ne sakam da sum sama so sebe,posto ednostavno sum yakva sakam luge,sakam non stop luge,sakam da zboram,a ako sum sama ke pocnam na sebe da si zboramuser posted image user posted image user posted image sala,ali stvarno ic ne sakam da sum sama


(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
15.4.2010 15:47:37   
tereza
Мене ми годи да сум сама одреден дел од денот,да си поминам време самата со себе.Од друга страна во одредени периоди од животот се случувало да немам баш контакти со многу луге и тоа дефинитивно ми делува депресивно и мислите ми лутаат на непријатни работи,затоа сега повеќе се дружам,излегувам...само да не сум сама,оти тоа ме навлекува на депресивностuser posted image

(Одговор на членот matushka)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
15.4.2010 15:56:11   
Mila na mama
Ох сакам, сакам да се исклучам од светот, да си наполнам када, да ми биде станот тивок и затемнет, да си читам книга на столна ламба, да си ја одморам душата. Ама откако се роди Мила речиси и да заборавив што занчи да бидеш сама со себе.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот tereza)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
15.4.2010 18:12:35   
Bogdancanka
не сум баш некој тип кој сака да поминува многу време сама со себе ....повеке ми годи друштво,многу ретко му се случува да посакам да бидам сама со себе и тоа е само ако многу ми се спиеuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
15.4.2010 19:09:27   
Еличка
Повеќе сакам мир отколку гужва. Сакам да сум сама, а гужвата и многу луѓе ме заморуваат.

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
29.6.2011 21:18:05   
Maca25
Ми требаат дневно барем половина час да си поминам сама со себе...да можам на раат да си ги средам мислите...или пак да не мислам на ништо.. ама кажете каде да најадам пола саат?!?! user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Еличка)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
29.6.2011 21:25:46   
humana
Сакам многу луѓе,по цел ден да сум со гости нема да ми смета,да сум со другарки,мм,па и свеки си ја викам на гости само да неседам сама,има денови кога не ми се зборува ама многу се реткиuser posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Колку сакате да сте сами со себеси?
27.12.2011 0:45:45   
SkCura77
Доволно ми е еден час на ден да сум со сама себе и сопствените чувства - доволно да си ги средам мислите, желбите, плановите, идеите... 

(Одговор на членот humana)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?