Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Кралска резиденција во Македонија 6.12.2010 23:21:47
Julie1
Не ми се верува што читам незнам дали да се смеам или да плачам ... Но подобро да се смеам ќе идеме на гости кај Богданчанка и ќе си ја посетиме кралската резиденција
Кралска резиденција на Хунзите ќе никне на Паљурци. На околу три хектари земја ќе се распостила кралскиот комплекс на потомците на Александар Велики.
Барање за изградба на дворец стигнало директно од северен Пакистан до општина Богданци. Барањето до доставила првата Македонка што ги посети Хунзите во Пакистан, Марина Дојчиновска, како официјален застапник на кралското семејство.
Покрај кралска палата, предвидена е и изградба на хотел, бизнис со кој кралското семејство се занимавало неколку години. Градоначалникот Ристо Ичков вели дека општината ги планирала и Хунзите во измените на деталниот урбанистички план. Принцот Газафар Али Кан се очекува овој месец во Македонија.
Земјиштето на кое е предвидена изградбата на кралската резиденција е на министерство за земјоделство. На почетокот на 2011 година се очекува да се отстапи на општина Богданци, а тие пак, најверојатно, бараните 3 хектари ќе им ги подарат на Хунзите. Градоначалникот очекува Паљурци да стане важен културен и историски центар на Македонија.
Резиденцијата на Хунзите ќе граничи со католичкиот манастирски комплекс, со црквата на Апостол Павле, заедно распослани околу браната Паљурци.
Принцот на Хунзите, Газафар Али Кан со титула „мир“ и неговата сопруга принцезата Рани Атика првпат дојдоа во Македонија пред околу година и половина. Ова ќе биде второ доаѓање во земјата што ја сметаат за своја прататковина.
Хунзите живеат во северен Пакистан, административно се дел од пакистанската држава од 1974 година, но го задржале кралот. Освен Хунзите кои бројат околу 50.000 за потомци на војската на Александар Македонски се сметаат и племето Калаши. За разлика од Хунзите кои се исламизирани и образовани, Калашите се неуко племе.
Токму тој факт го користи и соседна Грција која отвори културен центар кај Калашите, а донира и значајни финансиски средства, за наобразба на лозата на Александар Велики.
< Поракaта ја уредил Julie -- 6.12.2010 23:23:00 >
RE: Кралска резиденција во Македонија 7.12.2010 13:38:01
Viktori
Токму тој факт го користи и соседна Грција која отвори културен центар кај Калашите, а донира и значајни финансиски средства, за наобразба на лозата на Александар Велики.
Нашето племе е писмено!
Инаку муабетов е да или за смеење или за плачење, зависи кој го гледа и од која страна. Во примерот погоре ни одговара. Ги претркавме Грците
аххх барок, дворец, Порта на тримфот...знае ли некој кој век е?
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
RE: Кралска резиденција во Македонија 7.12.2010 13:58:53
Bogdancanka
ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie
Не ми се верува што читам незнам дали да се смеам или да плачам ... Но подобро да се смеам ќе идеме на гости кај Богданчанка и ќе си ја посетиме кралската резиденција
хехехехе ајде де да видиме на крај што ќе никне на Паљурци дали ќе биде кралска резиденција или нешто друго,ах и плановите им се доста големи само што незнам дали до ова се стигнале
Инаку ако се изгради ќе доагате нагости јас ќе ви бидам водич
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
RE: Кралска резиденција во Македонија 15.12.2010 13:21:08
Anushka
знам дека со целава замисла околу претците на А.Македонски и тоа како се претерува, но... ја поддржувам! Ве мола, сетете се само кога сте отишле на некое патување во странство и кога сте ги посетиле таможните музеи, знаменитости и сл., барем половината биле „ветар и магла“. Верувајте, прават музеј и од некое место каде некој си војвода (а кој знае дали тоа и бил) се напиул вино и уринирал. Од ништо направиле нешто. Кај другите народи сенсот за нација, традиција и припадност (т.е. ние сме The Best или во најмала рака Ubermenshen) е високо, високо над нашиот. Додека ние си се потсмеваме самите на себе, се омаловажуваме и напаѓаме, неко друг одамна ни ја крои историјата, а со тоа и иднината. А тие истите со своите земји прават туристички Меки, повторно од „ветер и магла“.
RE: Кралска резиденција во Македонија 16.12.2010 0:09:20
Viktori
Од ништо направиле нешто. Кај другите народи сенсот за нација, традиција и припадност (т.е. ние сме The Best или во најмала рака Ubermenshen) е високо, високо над нашиот.
Јас имам прилично високо мислење за Македонците како народ на РА и не ми треба цар- потомок од некој војник на Александар, ниту споменици и ништо да немае јас ќе знам што сум. А на овие новокомпонирани патриоти ќе им пројде патриотизмот ко ПМС, на првата провизија.
< Поракaта ја уредил виктори -- 16.12.2010 0:12:59 >
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.