|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Летување во Грција
13.5.2014 18:42:35   
Felly RR
Темава ја отворам со цел поголема прегледност на информациите. Тука може да споделуваме информации за летување во Грција, а го префрлам и постот на mamymamy од темата Лето 2013. Па кој има информација нека сподели.

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamymamy

Decki,

ve molam za sugestii za odmor vo Grcija.
Nekoe mirno mesto za so mali deca.
Citav preporaki za Siviri, Nea flogita....
Ve molam za kontakt ili za ime na aprtmanite pa da gi kontaktiram nerkako na mail.

Mi treba za sredina na Juni.

Fala.

Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Летување во Грција
23.5.2014 11:27:27   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Жени дајте некоја идеја за одмор за грција за период од 01 август..Два пара сме, ние две деца, они едно user posted image




_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Летување во Грција
23.5.2014 12:22:52   
elenak
Миана зависи каков одмор сакате. Јас за одмор во Грција со деца го препорачувам секогаш Торони. Екстра плажа, вода, освен тоа што нема многу за шетање. Значи буквално да одмараш, а вилите се најчесто со убави дворчиња, со лулашки, играчки за деца, нив секако нема да им биде здодевно. user posted image Е сега малку е поскапо во однос на смештај таму ама мислам дека вреди.
На првиот крак исто имаш убави места за одмор, ама таму е гужва, посебно Ханиоти. Ние последните две години летувавме во Полихроно, ептен на периферија има прекрасни апартмани на сама плажа, буквално од двор директно на плажа. За со мали деца нема поубаво од тоа, плус навечер е мирно, нема галама. Ако сакаш за тука можам во пп да ти дадам бројче од еден човек од Куманово што издава соби, нуди многу добри апартмани.
Неа Врасна е исто добар избор, има каде да прошеташ навечер а сепак нема многу галама. Плажата е многу широка, водата е најчесто добра, ама пак тука е проблем што е длабоко, нема многу плитко на почеток, за децата треба многу внимавање.
Неи Пори за деца е добро затоа што на почеток е доста плитко, деца можат без гајле да се шлапаат по цел ден.user posted image
Пред две години бев Лептокарија така на еден ден и ми остави исто убав впечаток, само што таму врие од Македонци. user posted image
Е така, имам доста места прошетано, прашај ако нешто те интересира. За мене сепак најубава вода дефинитивно на втор крак, Сарти, Торони, Никити.

< Поракaта ја уредил elenak RR -- 23.5.2014 12:25:39 >


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Летување во Грција
23.5.2014 16:12:01   
Annet
Elenak ,epten dobro opisa,i nie sme vi dilema...Uff za so dete da e plitko, da ima lulaski....::)))

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Летување во Грција
23.5.2014 16:14:13   
Annet
Mene me interesira za Vrahos.Imate li iskustvo??

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Летување во Грција
24.5.2014 0:02:11   
elenak
ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet

Mene me interesira za Vrahos.Imate li iskustvo??

Кај го најде Анетке жити се.user posted image Ова островче некое е? Ајде пиши ако добиеш некој информација, сигруно нешто добро е штом си слушнала. Јас прв пат слушам, го барав на мапа, ептен далеку ова, уџум по нашки.user posted image

< Поракaта ја уредил elenak RR -- 24.5.2014 0:05:18 >


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Летување во Грција
24.5.2014 9:30:45   
Felly RR
Еве го Врахос, и јас гледав една понуда имаше од нашиве агенции. Ама мислам дека не е островче, и јас баш го барав на мапата. Излегува на ЈОнско МОре, и се најдува некаде кон границата со Албанија.
user posted image
user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Летување во Грција
24.5.2014 13:04:33   
Melanija RR
Мене Гугле ми го покажа под Миконос user posted image и остров е ,е ако е тоа.Инаку од лани нова понуда по агенцииве е островот Евиа ми фаќа око.
Цела Грција е за шетање само треба шушки user posted image

Едит user posted image
ВРАХОС- се наоѓа на 600 км од Скопје, веднаш по Парга (околу 30км). Сместен на преубава, околу два километри долга плажа, ви овозможува прекрасен одмор на тиркизното Јонско море. Изобилува со кафанчиња, таверни, и рибни ресторани сместени по убавото шеталиште покрај море. Врахос секако ќе ви понуди преубав одмор во едно мало, мирно место богато со борова шума.

АУУУУУ јас одма би одела.Фантастично и ете чим е ново секогаш е ефтино,само М да порасне ама до тогаш ќе рипне ценатаuser posted image

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 24.5.2014 13:08:15 >


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Летување во Грција
24.5.2014 15:28:21   
Annet
Jas samo toa gledam,ne e skapo za destinacijava ..Go najdov na nekoja T A,neznam koja bese....Ili Bajram si pravam na mozokov,ili stvarno e ubavo hahahhaha....Nie se mislime kaj da odime..Nekako skapo ova Grcijava,porano ne bese vaka mislam...Vrasna ne bega,ama odma e dlaboka toa vodata...Toa me koci..Ili Nei pori ili ovie bliskive ke gi razgleduvam..neznam..Sakav Furka,sakav Siviri,Sakav od se,ama na kraj nisto izgleda hahahhhaha

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Летување во Грција
24.5.2014 17:18:30   
Melanija RR
Annet super izgleda Vrahos, само Јонско море е поубаво и поладно а до таму од Скопје со автобус е 9 саати

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Летување во Грција
25.5.2014 10:37:50   
mommy_angels RR
И кај нас решението падна на Грција,плус и ветивме на детево уште неродено дека првиот одмор ќе го тераме на местото на настанот user posted image user posted image .Е сега прашањето е каде user posted image Гледам Еленак има добри сугестии.Значи плитка вода,убава плажа и не многу далеку би било ........... ???

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Летување во Грција
25.5.2014 13:15:30   
mamymamy
Elena RR,

ako moze da mi pratis vo PP kontakt od covekot od Kumanovo.
Fala

Ili ako ima i nekoj drug kontakt za nekoe mirno mesto na plaza moze da mi dade info.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Летување во Грција
25.5.2014 18:25:45   
denim
nie ne sme odele vo Grcija do sega ama imame 3,5 god. bliznacinja koi kako rastat tesko podnesuvaat dolgo vozenje, taka da Jadran ovaa godina otpagja. Ve molam ako imate nekoi sugestii vo Grcija poblisku, gledavme nesto za Sarti i Pefkohori... ako imate iskustvauser posted image

_____________________________

ПО 100 ГОДИНИ ...НЕМА ДА БИДЕ ВАЖНО КОЛКАВА БЕШЕ МОЈАТА СМЕТКА ВО БАНКА, КАКВА БЕШЕ КУЌАТА ВО КОЈАШТО ЖИВЕЕВ, ИЛИ КАКОВ АВТОМОБИЛ ВОЗЕВ. ...НО СВЕТОТ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОИНАКОВ ЗАТОА ШТО ЈАС БЕВ БИТЕН ВО ЖИВОТОТ НА ЕДНО ДЕТЕ!

(Одговор на членот mamymamy)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Летување во Грција
25.5.2014 23:05:06   
elenak
ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

И кај нас решението падна на Грција,плус и ветивме на детево уште неродено дека првиот одмор ќе го тераме на местото на настанот user posted image user posted image .Е сега прашањето е каде user posted image Гледам Еленак има добри сугестии.Значи плитка вода,убава плажа и не многу далеку би било ........... ???

Мами, многу убава плажа, не многу далеку и многу убава вода исто така има Неа Флогита, се наоѓа на почеток на прв крак. Многу мало е местенце е, мене лани само тоа ме предомисли да не одиме таму, една уличка за шетање навечер. Бар малку поголемо да е. Ако не ви смета тоа вас, можеш да побараш некоја понуда. Исто и како што реков Неи Пори или Лептокарија.

ИЗВОРНА ПОРАКА: denim

nie ne sme odele vo Grcija do sega ama imame 3,5 god. bliznacinja koi kako rastat tesko podnesuvaat dolgo vozenje, taka da Jadran ovaa godina otpagja. Ve molam ako imate nekoi sugestii vo Grcija poblisku, gledavme nesto za Sarti i Pefkohori... ako imate iskustvauser posted image


Деним Сарти е прекрасно место, големо, има прекрасни плажи, вода, милина. За Сарти е карактеристично тоа што постојано дува ветерче, а за деца тоа некако не ми е баш. Плус и не е така блиску, 200 и нешто км е, за разлика од Пефкохори. Пефкохори-Полихроно мене исти ми се, солидни. Ептен ми е тука предност тоа што на првиот крак сите места се многу блиску едно до друго, па можете да шетате стално, нема да ви биде досадно.

Леле како некој туристички водич сум бре! user posted image Кога веќе немам работа по струка да почнам да размислувам јас за друга варијанта.user posted image

< Поракaта ја уредил elenak RR -- 25.5.2014 23:07:53 >


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот denim)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Летување во Грција
26.5.2014 12:02:29   
mamicka_26
elenak RR,

Те молам можеш ли да ми го пратиш бројчето од тој човек од Куманово во пп што нуди апартмани?А каде нуди апартмани,сте биле вие преку него?

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Летување во Грција
29.5.2014 11:35:30   
LoveableMe RR
Ние сме оделе во Грција на многу места, од Аспровалта, Ставрос, Паралија, Неи Пори како деца, до халкидики сега како возрасниuser posted image . Јас го сакам многу вториот крак, бидејќи првиот е многу комерцијализиран и има многу народ, гужви, турканици на плажа нема кај да седнеш.

Мои омилени места се Метаморфосис, на почеток на вториот крај, мало место, со убава плажа борова шума наоколу, има забавен парк во центарот за деца, мирно место и мало е, нема многу гужви, водата е супер и денот е многу долг.

Metamorfosis:
user posted image

Бевме да го шетаме вториот крак, Ситонија и наидовме на еден камп, абе како немаме приколка, таму би летувала, со обезбедување, средени туш кабини чешми за миење садови, убава плажа, внатре супермаркети, кафичи на плажа, дел за одбојка и сл. со многу шума и дрва, убаво уреден, а цените евтини, да го најдам дома каталогот, ке пиша, како беа по ден, мераци

Thalatta Kalamitsi Camp:
user posted image

Никити е до Метаморфосис, поголемо место со повеќе продавници супермаркети и на крајот на градот има марина со јахти и бродови, убава голема плажа без многу дрва, убаво море и убав смештај.

Nikiti Beach:
user posted image



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот mamicka_26)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Летување во Грција
11.6.2014 23:07:05   
Melanija RR
LoveableMe RR сум слушнала и читала низ нет за Kalamitsi Camp.Со закуп на место и приколка така некако беше,или?
Кои плажи низ Грција што си ги посетила се песочни плажи и ти оставиле впечаток?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Летување во Грција
12.6.2014 13:10:02   
Ilina87
Супер тема, не сум ја видела досега user posted image . Се мислиме каде на одмор оваа година, секако ќе биде Грција. ама кое место? Малку се плашам дека со бебе и сигурно ќе биде некаде поблиску. Искуства од Криопиги, Ханиоти, Полихроно, Врахос, Пефкохори?
Минатата година бевме Калитеа, супер место, убава песочна плажа и многу чиста вода.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Летување во Грција
13.6.2014 10:41:34   
mamicka_26
ilina87 кажи во калитеа бевте сопствена режија или преку агенција?како беше сместувањето, колку плакавте?ние сакаме другата недела да одиме калитеа ама сопствена режија.Па да не имаш некоја препорака за сместување?

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Летување во Грција
13.6.2014 12:48:28   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

LoveableMe RR сум слушнала и читала низ нет за Kalamitsi Camp.Со закуп на место и приколка така некако беше,или?
Кои плажи низ Грција што си ги посетила се песочни плажи и ти оставиле впечаток?


Да, со закуп на место и приколка, а слушам имало и контејнери ги викаат, како бунгалови, ама не знам како се закупуваат, баш во кампот мислам беше. Сите плажи на краците Халкидики се убави, песочни, водата е убава, за деца е супер каде и да решите нема да згрешите, побарајте има аранжмани преку агенцииве со сместување во апартмани и превоз за евтини пари. Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Летување во Грција
13.6.2014 15:05:26   
Ilina87
mamicka_26, ние бевме преку агенција 300 евра за студио за двајца за 7 ноќевања. Во сопствена режија е поефтино, ама дека бев бремена не ми се тргнуваше така. Вилата се викаше House Doris, убаво опремена, 5 минути оддалечена од плажа. Убаво да си поминете user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Летување во Грција
15.6.2014 0:10:29   
mamicka_26
ilina87 фала на информација.Ја најдов вилата и има слободно место за тој период што сакаме да одиме.Можеш ли да ми кажеш на самото шеталиште ли е вилата да не е многу бучно навечер бидејки сме со мало дете?плажата каква е?далеку ли е?некои ситници и детаљи што ти текнуваат а би ми помогнале?

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Летување во Грција
15.6.2014 19:28:25   
Ilina87
Mamicka_26, вилата е во центарот на градот, многу блиску до шеталиштето, но не е на главната улица каде што се кафичите и продавнците, така да не е многу бучно. Повеќето агенции нудат вили на таа главна улица и таму е навистина бучно. Блиску е до плажата околу 5 минути, има една како удолница и директно си на плажа. Местото е убаво, има многу продавници, кафичи, ресторани. Плажата е песочна, водата е плитка идеална за деца и има многу чиста вода. Вилата беше добро опремена. Можно е и ние пак да одиме Калитеа. Се надевам помогнав, ако имаш други прашања пиши.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Летување во Грција
17.6.2014 11:59:05   
mamicka_26
Фала ilina87 резервиравме во вилата па ке видиме како ке биде.

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Летување во Грција
17.6.2014 13:34:36   
Ilina87
Убав одмор mamicka_26 user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?