Летување во Грција (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Излети и годишни одмори



Порака


Felly RR -> Летување во Грција (13.5.2014 18:42:35)

Темава ја отворам со цел поголема прегледност на информациите. Тука може да споделуваме информации за летување во Грција, а го префрлам и постот на mamymamy од темата Лето 2013. Па кој има информација нека сподели.

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamymamy

Decki,

ve molam za sugestii za odmor vo Grcija.
Nekoe mirno mesto za so mali deca.
Citav preporaki za Siviri, Nea flogita....
Ve molam za kontakt ili za ime na aprtmanite pa da gi kontaktiram nerkako na mail.

Mi treba za sredina na Juni.

Fala.





Felly RR -> RE: Летување во Грција (23.5.2014 11:27:27)


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Жени дајте некоја идеја за одмор за грција за период од 01 август..Два пара сме, ние две деца, они едно [sm=smiley1.gif]






elenak -> RE: Летување во Грција (23.5.2014 12:22:52)

Миана зависи каков одмор сакате. Јас за одмор во Грција со деца го препорачувам секогаш Торони. Екстра плажа, вода, освен тоа што нема многу за шетање. Значи буквално да одмараш, а вилите се најчесто со убави дворчиња, со лулашки, играчки за деца, нив секако нема да им биде здодевно. [sm=smiley1.gif] Е сега малку е поскапо во однос на смештај таму ама мислам дека вреди.
На првиот крак исто имаш убави места за одмор, ама таму е гужва, посебно Ханиоти. Ние последните две години летувавме во Полихроно, ептен на периферија има прекрасни апартмани на сама плажа, буквално од двор директно на плажа. За со мали деца нема поубаво од тоа, плус навечер е мирно, нема галама. Ако сакаш за тука можам во пп да ти дадам бројче од еден човек од Куманово што издава соби, нуди многу добри апартмани.
Неа Врасна е исто добар избор, има каде да прошеташ навечер а сепак нема многу галама. Плажата е многу широка, водата е најчесто добра, ама пак тука е проблем што е длабоко, нема многу плитко на почеток, за децата треба многу внимавање.
Неи Пори за деца е добро затоа што на почеток е доста плитко, деца можат без гајле да се шлапаат по цел ден.[sm=smiley1.gif]
Пред две години бев Лептокарија така на еден ден и ми остави исто убав впечаток, само што таму врие од Македонци. [sm=smiley36.gif]
Е така, имам доста места прошетано, прашај ако нешто те интересира. За мене сепак најубава вода дефинитивно на втор крак, Сарти, Торони, Никити.




Annet -> RE: Летување во Грција (23.5.2014 16:12:01)

Elenak ,epten dobro opisa,i nie sme vi dilema...Uff za so dete da e plitko, da ima lulaski....::)))




Annet -> RE: Летување во Грција (23.5.2014 16:14:13)

Mene me interesira za Vrahos.Imate li iskustvo??




elenak -> RE: Летување во Грција (24.5.2014 0:02:11)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet

Mene me interesira za Vrahos.Imate li iskustvo??

Кај го најде Анетке жити се.[sm=smiley36.gif] Ова островче некое е? Ајде пиши ако добиеш некој информација, сигруно нешто добро е штом си слушнала. Јас прв пат слушам, го барав на мапа, ептен далеку ова, уџум по нашки.[sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Летување во Грција (24.5.2014 9:30:45)

Еве го Врахос, и јас гледав една понуда имаше од нашиве агенции. Ама мислам дека не е островче, и јас баш го барав на мапата. Излегува на ЈОнско МОре, и се најдува некаде кон границата со Албанија.
[img]http://www.bran.com.mk/apartmani/vrahos//3.jpg[/img]
[img]http://www.bran.com.mk/apartmani/vrahos//2.jpg[/img]




Melanija RR -> RE: Летување во Грција (24.5.2014 13:04:33)

Мене Гугле ми го покажа под Миконос [sm=jezicek.gif] и остров е ,е ако е тоа.Инаку од лани нова понуда по агенцииве е островот Евиа ми фаќа око.
Цела Грција е за шетање само треба шушки [sm=smiley36.gif]

Едит [sm=zz_biggrin.png]
ВРАХОС- се наоѓа на 600 км од Скопје, веднаш по Парга (околу 30км). Сместен на преубава, околу два километри долга плажа, ви овозможува прекрасен одмор на тиркизното Јонско море. Изобилува со кафанчиња, таверни, и рибни ресторани сместени по убавото шеталиште покрај море. Врахос секако ќе ви понуди преубав одмор во едно мало, мирно место богато со борова шума.

АУУУУУ јас одма би одела.Фантастично и ете чим е ново секогаш е ефтино,само М да порасне ама до тогаш ќе рипне цената[sm=smiley1.gif]




Annet -> RE: Летување во Грција (24.5.2014 15:28:21)

Jas samo toa gledam,ne e skapo za destinacijava ..Go najdov na nekoja T A,neznam koja bese....Ili Bajram si pravam na mozokov,ili stvarno e ubavo hahahhaha....Nie se mislime kaj da odime..Nekako skapo ova Grcijava,porano ne bese vaka mislam...Vrasna ne bega,ama odma e dlaboka toa vodata...Toa me koci..Ili Nei pori ili ovie bliskive ke gi razgleduvam..neznam..Sakav Furka,sakav Siviri,Sakav od se,ama na kraj nisto izgleda hahahhhaha




Melanija RR -> RE: Летување во Грција (24.5.2014 17:18:30)

Annet super izgleda Vrahos, само Јонско море е поубаво и поладно а до таму од Скопје со автобус е 9 саати




mommy_angels RR -> RE: Летување во Грција (25.5.2014 10:37:50)

И кај нас решението падна на Грција,плус и ветивме на детево уште неродено дека првиот одмор ќе го тераме на местото на настанот [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif].Е сега прашањето е каде [sm=zmeden.gif] Гледам Еленак има добри сугестии.Значи плитка вода,убава плажа и не многу далеку би било ........... ???




mamymamy -> RE: Летување во Грција (25.5.2014 13:15:30)

Elena RR,

ako moze da mi pratis vo PP kontakt od covekot od Kumanovo.
Fala

Ili ako ima i nekoj drug kontakt za nekoe mirno mesto na plaza moze da mi dade info.




denim -> RE: Летување во Грција (25.5.2014 18:25:45)

nie ne sme odele vo Grcija do sega ama imame 3,5 god. bliznacinja koi kako rastat tesko podnesuvaat dolgo vozenje, taka da Jadran ovaa godina otpagja. Ve molam ako imate nekoi sugestii vo Grcija poblisku, gledavme nesto za Sarti i Pefkohori... ako imate iskustva[sm=smiley1.gif]




elenak -> RE: Летување во Грција (25.5.2014 23:05:06)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

И кај нас решението падна на Грција,плус и ветивме на детево уште неродено дека првиот одмор ќе го тераме на местото на настанот [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif].Е сега прашањето е каде [sm=zmeden.gif] Гледам Еленак има добри сугестии.Значи плитка вода,убава плажа и не многу далеку би било ........... ???

Мами, многу убава плажа, не многу далеку и многу убава вода исто така има Неа Флогита, се наоѓа на почеток на прв крак. Многу мало е местенце е, мене лани само тоа ме предомисли да не одиме таму, една уличка за шетање навечер. Бар малку поголемо да е. Ако не ви смета тоа вас, можеш да побараш некоја понуда. Исто и како што реков Неи Пори или Лептокарија.

ИЗВОРНА ПОРАКА: denim

nie ne sme odele vo Grcija do sega ama imame 3,5 god. bliznacinja koi kako rastat tesko podnesuvaat dolgo vozenje, taka da Jadran ovaa godina otpagja. Ve molam ako imate nekoi sugestii vo Grcija poblisku, gledavme nesto za Sarti i Pefkohori... ako imate iskustva[sm=smiley1.gif]


Деним Сарти е прекрасно место, големо, има прекрасни плажи, вода, милина. За Сарти е карактеристично тоа што постојано дува ветерче, а за деца тоа некако не ми е баш. Плус и не е така блиску, 200 и нешто км е, за разлика од Пефкохори. Пефкохори-Полихроно мене исти ми се, солидни. Ептен ми е тука предност тоа што на првиот крак сите места се многу блиску едно до друго, па можете да шетате стално, нема да ви биде досадно.

Леле како некој туристички водич сум бре! [sm=jezicek.gif] Кога веќе немам работа по струка да почнам да размислувам јас за друга варијанта.[sm=smiley36.gif]




mamicka_26 -> RE: Летување во Грција (26.5.2014 12:02:29)

elenak RR,

Те молам можеш ли да ми го пратиш бројчето од тој човек од Куманово во пп што нуди апартмани?А каде нуди апартмани,сте биле вие преку него?




LoveableMe RR -> RE: Летување во Грција (29.5.2014 11:35:30)

Ние сме оделе во Грција на многу места, од Аспровалта, Ставрос, Паралија, Неи Пори како деца, до халкидики сега како возрасни[sm=jezicek.gif]. Јас го сакам многу вториот крак, бидејќи првиот е многу комерцијализиран и има многу народ, гужви, турканици на плажа нема кај да седнеш.

Мои омилени места се Метаморфосис, на почеток на вториот крај, мало место, со убава плажа борова шума наоколу, има забавен парк во центарот за деца, мирно место и мало е, нема многу гужви, водата е супер и денот е многу долг.

Metamorfosis:
[img]http://www.happy.rs/wp-content/uploads/2012/12/part2/hotel-blue-dolphin-metamorfosis-happy-tours-beograd-18-960x443.jpg[/img]

Бевме да го шетаме вториот крак, Ситонија и наидовме на еден камп, абе како немаме приколка, таму би летувала, со обезбедување, средени туш кабини чешми за миење садови, убава плажа, внатре супермаркети, кафичи на плажа, дел за одбојка и сл. со многу шума и дрва, убаво уреден, а цените евтини, да го најдам дома каталогот, ке пиша, како беа по ден, мераци

Thalatta Kalamitsi Camp:
[img]http://sithoniagreece.com/wp-content/uploads/2013/03/thalatta11.jpg[/img]

Никити е до Метаморфосис, поголемо место со повеќе продавници супермаркети и на крајот на градот има марина со јахти и бродови, убава голема плажа без многу дрва, убаво море и убав смештај.

Nikiti Beach:
[img]http://sithoniagreece.com/wp-content/uploads/2012/12/nikiti5.jpg[/img]





Melanija RR -> RE: Летување во Грција (11.6.2014 23:07:05)

LoveableMe RR сум слушнала и читала низ нет за Kalamitsi Camp.Со закуп на место и приколка така некако беше,или?
Кои плажи низ Грција што си ги посетила се песочни плажи и ти оставиле впечаток?




Ilina87 -> RE: Летување во Грција (12.6.2014 13:10:02)

Супер тема, не сум ја видела досега [sm=smiley1.gif]. Се мислиме каде на одмор оваа година, секако ќе биде Грција. ама кое место? Малку се плашам дека со бебе и сигурно ќе биде некаде поблиску. Искуства од Криопиги, Ханиоти, Полихроно, Врахос, Пефкохори?
Минатата година бевме Калитеа, супер место, убава песочна плажа и многу чиста вода.




mamicka_26 -> RE: Летување во Грција (13.6.2014 10:41:34)

ilina87 кажи во калитеа бевте сопствена режија или преку агенција?како беше сместувањето, колку плакавте?ние сакаме другата недела да одиме калитеа ама сопствена режија.Па да не имаш некоја препорака за сместување?




LoveableMe RR -> RE: Летување во Грција (13.6.2014 12:48:28)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

LoveableMe RR сум слушнала и читала низ нет за Kalamitsi Camp.Со закуп на место и приколка така некако беше,или?
Кои плажи низ Грција што си ги посетила се песочни плажи и ти оставиле впечаток?


Да, со закуп на место и приколка, а слушам имало и контејнери ги викаат, како бунгалови, ама не знам како се закупуваат, баш во кампот мислам беше. Сите плажи на краците Халкидики се убави, песочни, водата е убава, за деца е супер каде и да решите нема да згрешите, побарајте има аранжмани преку агенцииве со сместување во апартмани и превоз за евтини пари. Позз




Ilina87 -> RE: Летување во Грција (13.6.2014 15:05:26)

mamicka_26, ние бевме преку агенција 300 евра за студио за двајца за 7 ноќевања. Во сопствена режија е поефтино, ама дека бев бремена не ми се тргнуваше така. Вилата се викаше House Doris, убаво опремена, 5 минути оддалечена од плажа. Убаво да си поминете [sm=smiley1.gif]




mamicka_26 -> RE: Летување во Грција (15.6.2014 0:10:29)

ilina87 фала на информација.Ја најдов вилата и има слободно место за тој период што сакаме да одиме.Можеш ли да ми кажеш на самото шеталиште ли е вилата да не е многу бучно навечер бидејки сме со мало дете?плажата каква е?далеку ли е?некои ситници и детаљи што ти текнуваат а би ми помогнале?




Ilina87 -> RE: Летување во Грција (15.6.2014 19:28:25)

Mamicka_26, вилата е во центарот на градот, многу блиску до шеталиштето, но не е на главната улица каде што се кафичите и продавнците, така да не е многу бучно. Повеќето агенции нудат вили на таа главна улица и таму е навистина бучно. Блиску е до плажата околу 5 минути, има една како удолница и директно си на плажа. Местото е убаво, има многу продавници, кафичи, ресторани. Плажата е песочна, водата е плитка идеална за деца и има многу чиста вода. Вилата беше добро опремена. Можно е и ние пак да одиме Калитеа. Се надевам помогнав, ако имаш други прашања пиши.




mamicka_26 -> RE: Летување во Грција (17.6.2014 11:59:05)

Фала ilina87 резервиравме во вилата па ке видиме како ке биде.




Ilina87 -> RE: Летување во Грција (17.6.2014 13:34:36)

Убав одмор mamicka_26 [sm=smiley1.gif]




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>