|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Мажот и бременоста
9.5.2009 6:16:56   
Еца
Како се однесуваше вашиот сопруг за време на вашата прва,втора,трета бременост...? Дали се променија некои чувства,постапки...дали се промени самиот тој? Дали се промени нешто во вашиот однос, комуникација,секс.....?


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Мажот и бременоста
10.5.2009 22:01:54   
Боцко
Ние имавме само една бременост. Кога дознав дека ЖМ (фала мами за кратенката) е бремена, ми се помешаа чувствата на среќа, страв и неивесност. А потоа радост, голема радост. Се изгушкавме и избацувавме. Од тој ден, ништо повеќе не беше како порано. Се разбира, во позитивен смисол. Се трудев колку што можам да помогнам во секој дел од животот. ЖМ немаше некои големи промени во расположението, ниту којзнае каква мачнина. Се разбиравме добро. Не сум пропуштил ниту еден преглед, ехо, тест, скрининг. Доста читав што да очекувам. Сексот се менуваше со текот на бременоста, зависно од месецот. Не толку во честота колку во позите се разбира заради прилагодување. Поради здравата исхрана, таа не доби многу на тежина, значи она "јадење за двајца" го немаше. Физичка активност, вежбање имаше. Заедно вежбавме јога скоро до последен ден пред породување. Но, последниот триместар се наметнаа некои моменти кои беа стресни. Имено, принудени бевме да го решаваме стамбеното прашање и бевме соочени со барање стан и селење. Секој ден на ЦТГ одевме заедно и тогаш дојде породувањето. Ден пред тоа добив висока температура, веројатно од стрес. Отидов на лекар и ми даде антибиотици. Се доведе во прашање моето присуствување. ЖМ беше видно разочарана затоа што бевме договорени но таа сакаше да ме оправда. Најдов сили зашто знаев дека духовно е ослабена. Внатре веќе немаше трага од мојата температура. Немаше време за тоа. Се надевам доста помогнав, зашто лошата епидурална воопшто не ги намали болките и пред крајот беше соочена со губење на силите. Но, со помошта на лекарот и акушерката успеавме!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Мажот и бременоста
11.5.2009 6:51:32   
Еца
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image Браво за вас Боцко,уште еднаш доказ дека заедно можете се!!!user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Мажот и бременоста
8.7.2009 23:28:06   
Еца
Па можам да кажам дека сосема различен беше за првата бременост, во однос на оваа. Првата бременост, освен добар секс, немавме баш никаква друга комуникација.Се уште се привикнувавме на заедницата и двајцата бидејќи претходно живеевме сами(кој не тепаше по уши да прифатиме живот во заедницаuser posted image )За разлика од тогаш сега е се поинаку и подобро, имаме некоја неописива близина, потреба да се погледнеме, украдеме момент кога никој не не гледа за да се бакнеме, разговарме мнооооооооооогу (единствено што овој пат сексот малку го запоставивмеuser posted image , епа мора нешто да не штимаuser posted image )

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Мажот и бременоста
21.9.2009 12:17:42   
mami
За првата бременост беше супер...секогаш со мене, на сите прегледи,ехо, цтг..буквално се, сите желби ми ги исполнуваше...сексот беше одличен до последниот ден, малку беше напорно што се привикнувавме уште на живот во заедница ама во глобала беше се ок...е сега, за другата ке ви пишам кога ке дојдеuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Мажот и бременоста
15.11.2009 10:28:01   
mami
имаме еден куп трудници на форумов- ајде, додека ви е уште свежо..какви се сопрузите во бременоста?

< Поракaта ја уредил mami -- 2.12.2009 23:59:16 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Мажот и бременоста
15.11.2009 10:30:44   
Палешка РР
Максимално внимателен добар и нежен. А знам дека понекогаш пука во себе user posted image  user posted image  user posted image , ама user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Мажот и бременоста
21.11.2009 9:52:43   
profesorica
Од првиот до последниот ден се однесуваше максимално посветен на мене и на стомачетоuser posted image user posted image user posted image , сексот стана уште поневеројатенuser posted image user posted image user posted image хаха мислам дека тогаш секој ден имавме секс по 2 пати.

бидејќи не работев, си уживав сама дома со Леа (кученцето) и мм го пречекував со ручеци а често и со секси долен вешuser posted image .

иако имав периоди на ТРУДНИЦА user posted image user posted image user posted image секогаш беше смирен и полн со разбирање.user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Мажот и бременоста
22.11.2009 18:59:58   
Весна
Идеален е. Полн со разбирање, грижлив и заштитнички настроен. user posted image
Инаку, почнува да го фаќа паника. Вчера во сон срипа и панично ми вика: „Идеме во болница?!“ user posted image user posted image user posted image
Ах, колку си го сакам! user posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Мажот и бременоста
3.1.2010 0:17:11   
ananikol
Premnogu vnimatelen i vo prvata vremenost i sega,me opsipuva so vimanie i neznost,mi go posvetuva celo vreme i zaedno odime na site pregledi.Mi pomaga (citaj gi izvrsuva) site domasni raboti (neli do 4-ot mesec imav nekoi problemi) jas samo miruvav.Za greota mm,koga ke se razbudam go gledam deka spie nakrajot od spalnata samo za jas da imam dovolno prostor za sirenje.Ednstavno nemam zborovi za negovata vnimatelnost i neznost i mnogu sum mu blagodarnauser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Мажот и бременоста
3.1.2010 1:04:15   
mica
user posted image ne mozam da se zalam i jas od mazotmi ova mi e prva bremenost i toj e celiot potresen na mene ,sega brzo bev i nastinata imav temperatura toj cela nok sedese mene me cuvase da ne krevam pak temperatura mng se uplasi da ne dojde do nekoja komplikacija,no i pred toa toj pak e isto takov se grizi mng zamene se samo mene da mi bide pogodeno:)mng si go sakam srckaaa

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Мажот и бременоста
3.1.2010 1:50:20   
Bitolcanka
user posted image Боцко, user posted image жени, немате гајле со такви мажи user posted image Мојот дечко е фин и многу повнимателен сега за разлика од пред извесно време и мислам дека таков ќе биде и во тие моменти кога ќе дојдат user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот mica)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Мажот и бременоста
3.1.2010 10:28:55   
arh_diz
Zasega super se odnesuva nemozam za nisto da se pozalam. Poveke e potresen od mene za bilo sto da mi se sluci. Vcera prvpat povrakav se izvadi od pamet

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Мажот и бременоста
18.2.2010 13:34:45   
mami
Можам ли да ги поднесам  нејзините емоционални промени?

Ова е веројатно едно од потешките прашања кои треба да си ги одговори идниот татко.
Многу веројатно дека во првата бременост ке ја запознаете другата страна на вашата партнерка, без оглед на тоа колку сте биле блиски претходно. Хормоналните промени во нејзиното тело може да предизвикаат разни чудни чувства кои не се вклопуваат во нејзиниот „нормален" карактер.Но, не грижете се, повеќето од тие промени се краткотрајни. Скоја жена поинаку реагира на бременоста, така што Вам никој со сигурност не може да ви каже што да очекувате
- првите неколку недели- по малку лута и нервозна
- Околу 10 недела- не може да се сети што рекла пред 30 секунди
- Околу 15 недела- лута бидејќи има многу до крајот на бременоста
- Околу 20 недела- изненадни изливи на фрустрации/бес поради телевизиските вести
- Околу 25 недела- плаче цел час поради некоја тв реклама
- Околу 30 недела- прво вреска, а потоа лаче од бес затоа што ролната на тоалетната хартија е срвтена надолу
- Околу 35 недела- лута е бидејќи последните неколку недели траат засекогаш!

И уште нешто- Што и да се случи, никогаш не велете и: „Ах тоа се само хормони".

< Поракaта ја уредил mami -- 18.2.2010 13:35:02 >

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Мажот и бременоста
7.6.2010 13:54:19   
baby_bump
Не знам зошто толку се претерува со промената на однесувањето на трудниците, кога според мене јас и претходно си бев таква user posted image .
Се лутам брзо, но кратко ми трае.хахаха.
ММ е премногу внимателен откако дознавме дека сум трудна, посебно затоа што бебето го правевме скоро 3 години. Кога дознав дека сум трудна јас бев преплашена, загрижена, веќе бев убедена дека таа желба нема да ни се исполни (јас веќе имам едно дете од претходниот брак).
Во првиот момент кога го видов позитивниот тест,(мора да признаам), не бев сигурна дали го сакам сето тоа, поради некои проблеми кои ги имав на работа, потоа имав најава од газдата за надоградување на програмите на кои што работам, што значеше дека ако јас не можам да присуствувам ќе дојде некој друг што ќе ме замени, што автоматски значи дека можам и да ја загубам работата или работното место т.н.
Но, се си дојде на свое место, во рана бременост патував во странство на тој значаен семинар за мојата кариера, и сега се полека се средува, додека ММ цело време беше пресреќен.
ММ е толку преокупиран дали ми е добро што некогаш само тоа по цел ден ме прашува, срцка е..
Јас дури со мојот црн хумор, после еден преглед направав тажна фаца кога тој ме прашуваше какви се резултатите, па човекот за малку ќе се расплачеше.
Секогаш е позитивен и ме поддржува за што сум му благодарна.



(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Мажот и бременоста
12.7.2010 1:15:32   
Viktori
ихаааа да посакаш нон стоп да си трудна  user posted image user posted image user posted image (не дај боже user posted image )
Јајца ми пржеше у сред ноќ, не ми даваше да носам тешко, не даваше да се збори на висок тон на семејни дешавки (да не се вознемирело бебето)




_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Мажот и бременоста
12.7.2010 9:41:34   
vezilka RR
Ете го срцката цела ноќ не е спиен оти денес не ќе може да дојде со мене на преглед да го гледа бебушот на ехо. Иначе е супер, одлично се носи со сите мои промени во расположението и со сите обврски по дома што паднаа на негов грб. И што е најважно не се жали, барем не пред мене user posted image

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Мажот и бременоста
12.7.2010 9:45:12   
arh_diz
vezilka tvojot soprug e kako mojot ne propusta nitu edna poseta na ginekologuser posted image user posted image user posted image . Jas nekogas mu vikam sedni nekade na kafe dodeka sum tamu toj nema sansi

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Мажот и бременоста
3.8.2010 13:26:56   
petra27
Mene mi e prva bremenost i bidejki 4 meseci lezev poradi krvarenje maz mi mnogu mi pomagase......znaci jas stanuvav samo za vo toalet a on se drugo pravese......srcka.....no koga pred izvesno vreme dojdoa onakvi momenti na nekontrolirano placenje togas ne mozese da me svati.......se cudese sto mi e..ahahah..pa trudna sum covece....inaci poradi zabranata za sex cuvstvuvam golema nervoza,hormonite mi rabotat,spobudaluvam i toa malku mi se odrazuva.Mozebi treba da mu go kazam toa deka treba malku da mi se posveti psihicki....Jas nego go zadovoluvam na odredeni nacini no bidejki jas nemozam da bidam zadovolena na toj nacin treba barem da mi kaze nekoj ubav zbor....znam deka sega ne sum slaba kako porano,ne mi stojat helankite kako porano,liceto mi e isfrlano,ne smeam da se depiliram na intimni delovi bidejki i od toa prokrvarev,se cuvstvuvam kako topka.....i bas bi sakala od nego da slusnam barem nesto ubavo.....uhhhhh

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Мажот и бременоста
28.9.2010 14:25:03   
Џесика
Само можам да кажам дека секој симптом, секоја моја промена во бременоста се случуваше и кај него... имаше повеќе киселини од мене, поголем мев од мене, болки во нозете како мене... е сеа, вените му се појавија покасно, ама сепак ги доби и он...ми идеше да го акнам од ѕид, ама тоа е тоа, сочувствуваше човекот...user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот petra27)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Мажот и бременоста
28.9.2010 14:44:28   
Maca25
Мм стануваше навечер да јаде, го болеше половината...не можеше многу да оди пешки, сирот се уморуваше брзо. Затоа јас одев по 5 км. дневно. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Мажот и бременоста
28.9.2010 14:45:13   
mama26
hahaha ova li se mazi bree user posted image me iznasmeavte..

_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Мажот и бременоста
28.9.2010 14:46:09   
mama26
prijatelka moja so 3 deca abe toj od rab ke se vrati utepan sum vika i ke sedne,pred tv...user posted image jaka i dusa

_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Мажот и бременоста
28.9.2010 14:47:41   
Џесика
да, мама26, тоа се мажи, оние што имаат симптоми како трудницата значи дека се многу силно поврзани со своите сопруги, затоа и чувствуваат слично user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Мажот и бременоста
28.9.2010 14:55:25   
mama26
pored mene toa ne e maz tuku nedajboze kazi oni da se trudni...sto ke bide user posted image

_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?