Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Митови и вистини за женската сексуалност 3.7.2009 9:23:50
Еца
Постојат одредени тврдења и прашања кои се однесуваат на женската сексуалност и кои постојано се повторуваат, но на нив ниту докторите ниту фармацевтите ни даваат конкретен одговор. Но затоа научниот портал LiveScience понуди објаснувањаи одговори на петте најчести митови за женската сексуалност.
*Со лекарски преглед може да се утврди невиноста кај жената Никогаш, ниту со детален преглед на хименот, не може да се утврди дали жената имала сексуален однос бидејќи хименот е еластичен и пропушта менсутруална крв. Во ретки случаи хименот е сосема затворен, но тогаш доаѓа до здравствени компликации кои резултират со хируршка интервенција.
*Жените и мажите имаат подеднаква потреба од сон Научно е докажано дека кај жените кои недоволно спијат постои поголем ризик од дијабетис, како и поголема склоност кон воспаленија. Во една студија во која учествувале 6000 испитаници од двата пола докажано е дека кај мажите не е забележана никаква врска меѓу количината на сон и настанувањето на болсти.
*Жената не може да забремени при менструација Еден од најголемите митови за женското тело е потполно неточен, тврдат лекарите. Познато е дека сперматозоидите живеат и по неколку денови, а овалуацијата може да започне и за време на менструалното крварење.
*Жените во менопауза ја губат желбата за секс Едно истражување спроведено во САД покажа дека половина од средновечните жени и понатаму практикуваат секс и уживаат во истиот. Но точно е дека одредени непријатности кои ги чувствуваат жените во менопаузата, како што се напливите на топлина и нервоза, можат да влијаат на сексуалната желба.
*Одредени лекови го намалуваат дејството на контрацепциските средства Поголем дел од антибиотиците не го намалуваат дејсвтото на контравептивните пилули, но сепак е навистина важно добро да се прочита упатството или да се побара совет од фармацевтот.
RE: Митови и вистини за женската сексуалност 9.12.2009 19:33:38
mami
Жените во менопауза ја губат желбата за секс
на другарка моја мајка и е во менопауза, разведени се со таткото на другарка ми и таа е многу отворена со нас и вика- сега има огромна желба за секс, уште да си најдам дечко за една вечер се ке е супер