|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Млеко со флуор
27.9.2009 20:38:34   
kiki_riki
mozebi ima vakva tema ama ne ja najdov
vo gradinka ni dadoa spisok da se potpiseme dali sakame na deteto da mu davaat mleko so fluor
pisete ve molam nesto poveke za ova koi se prednosti a koi nedostatoci na istoto

< Поракaта ја уредил Elena -- 28.9.2009 10:13:32 >


_____________________________

ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat
Непосредна врска до пораките: 1
   Млеко со флуор
27.9.2009 22:00:41   
mis.
Kiki riki нашите деца одат во иста група но во различни градинки со различни понуди.user posted image Ние немавме нешто такво,од каде сега па тоа?Да не одите во приватна градинка?За вакво млеко прв пат слушам.Мм е технолог и го прашав о тој е збунет и не чул за такво млеко.user posted image

< Поракaта ја уредил Elena -- 28.9.2009 10:13:52 >

(Одговор на членот kiki_riki)
Непосредна врска до пораките: 2
   Млеко со флуор
27.9.2009 22:19:30   
kiki_riki
golemata odi vo golema grupa, malata vo mala vo obicna drzavna gradinka, slusnav deka i vo drugi gradinki bilo isto pa me zaintrigira eden jomentar "ako e dobro za decata zosto togas ne im go davaat tuku ne teraat da potpiseme?" stvarno ne znam vo sto e rabotava, ama utre na roditelska ke prasam

< Поракaта ја уредил Elena -- 28.9.2009 10:14:43 >


_____________________________

ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 3
   Млеко со флуор
27.9.2009 22:38:46   
mis.
Па пиши после како си поминала на родителската средба.Баш ме зачуди со ова млекото.ќе прашам јас во нашата дали постои такво млеко.

< Поракaта ја уредил Elena -- 28.9.2009 10:14:57 >

(Одговор на членот kiki_riki)
Непосредна врска до пораките: 4
   Млеко со флуор
28.9.2009 9:06:07   
mis.
Денес кога го однесов Мартин во градинка на вратата известување,не повикуваат на родителска за да се одлучиме дали сакаме мелко со флуор или не.Кики рики пиши како помина ти со оваа прашање.

< Поракaта ја уредил Elena -- 28.9.2009 10:15:11 >

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 5
   Млеко со флуор
28.9.2009 9:14:16   
mami
ајдеееее..што се нема да чуеш или видиш- па зошто е им го даваат на сите деца? туку само на оние чии родители ке потпишатuser posted image

< Поракaта ја уредил Elena -- 28.9.2009 10:15:40 >

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Млеко со флуор
28.9.2009 10:16:56   
Еца
„Од 15 октомври почнува проектот за флуоризација на млекото. Децата во градинките од три до петгодишна возраст ќе можат да консумираат млеко на кое му е додаден флуор, а тоа значително ќе влијае во спречување на појавата на кариес кај нив“. Ова вчера го изјави министерот за здравство Бујар Османи, кој одржа работна средба со членовите на Координативно тело за имплементација на националната стратегија за превенција на орални заболувања кај децата до 14 години во Република Македонија.

Тој истакна дека стапката на кариес кај децата во Македонија е неколку пати повисока отколку што е препорачано од СЗО и ова е една од клучните мерки што треба да се преземат во борбата против кариесот, што ќе влијае и на оралното здравје на децата и ќе има бенефит за целиот здравствен систем.

„Донесена е одлука според која од 1 октомври малигните заболувања не смеат да бидат предмет на дополнителна дејност. Сите малигни заболувања од кој било тип од 1 октомври нема да можат да бидат ставени на попладневните листи на кои пациентите ќе треба да платат приватно. Пациентите се ослободени 100 отсто од каков било трошок, значи не плаќаат ниту партиципација ниту за лекување. Кога ќе се констатира дека станува збор за малигно заболување, на пациентот треба да му се вратат средствата што ги дал за дополнителната дејност“, рече министерот Османи.   (МИА)

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Млеко со флуор
28.9.2009 10:19:11   
Еца
Од: doktori strumica
Датум: 19.09.2009 00:42:54

Pocituvani roditeli, pred da dozvolite nekoj od taa tn "nacionalna strategija" da si igra so zdravjeto na vasite deca sakame da vi ukazeme na nekolku fakti i toa: 1. pred da se pocne so upotreba na fluor vo mlekoto potrebno e da se znae kolicestvoto na istiot vo vodata i pocvata vo sekoj grad i selo 2. koncentracijata na fluorot vo razlicni naseleni mesta e razlicen sto znaci deka linearnata upotreba na istiot e STETNA(kaj nas nema napraveno nitu merenja nitu analiza) 3. vo RM postojat mesta kade kaj lokalnoto naseleni ima FLUOROZA zaradi endemski golemoto kolicestvo na istiot vo pocvata i vodata i kaj istite dodatnata upotreba moze samo da nasteti 4. NACIONALNATA STRATEGIJA da gi objasni negativnite efekti vrz covekoviot organizam na nekontroliranata upotrebata na fluor. ova se samo nekoi fakti za koi nikoj ne zboruva tuku samo edno si znaeme fluor i se e mozno pocituva roditeli razmislete i informirajte se za ova sto se nudi za vasite deca. 
извор: Утрински весник


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Млеко со флуор
28.9.2009 10:33:17   
kiki_riki
fala za informaciite Elena, ama sega me stavi na mislakade da najdam podatoci za fluor vo pocvata i vo vodata?

_____________________________

ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Млеко со флуор
28.9.2009 10:38:46   
Еца
Па јас мислам дека со самиот проект тоа требало да се насправи, бидејки секој град е приказна за себе, еве до сега со мм за ова разговараме и онака што излегува ова, штом бараат дозвола од родителите, значи ли тоа дека може да се појават негативни последици кои родителите сами ќе си ги сносат бидејќи нели потпишале и дале дозвола нивното дете да пие млеко со флуорuser posted image не знам што да кажамuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот kiki_riki)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Млеко со флуор
28.9.2009 10:42:15   
kiki_riki
edna casa dnevno belki nema da moze da nasteti, i taka doma im davam obicno kravjo mleko

_____________________________

ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Млеко со флуор
28.9.2009 10:44:58   
mis.
Кога ќе одиме на родителска треба да си прашаме дали е испитано нивото на флуор во почвата и доколку не е да не се дозволува се додета не се дојде до тој податок.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Млеко со флуор
28.9.2009 10:57:16   
ostoun
Не знам дали кога сте биле бремени сте го користеле флуонатрил. Тоа се ситни апчиња за лижење кои ги заштитуваат забите на мајката и фетусот од кариес а содржат флуор.Сега ќерка ми зема исто такви по препорака на стоматолог само что јас земав 1х 1 мг а таа зема 1х 0, 5 мг. Стоматологот ни рече дека оваа доза е до 5 години а потоа се зголемува на 0,75 мг. Ако се двоумите разговарајте со стоматологот и со педијатарот за мислење . Јас мислам дека дозите се мали и не можат да наштетат. 

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Млеко со флуор
28.9.2009 10:59:28   
Палешка РР
Јас не би потпишала. Не го праќам детето таму да експериментираат на него user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Млеко со флуор
28.9.2009 11:18:45   
mis.
остоун тоа може е донекаде во ред но зошто не обврзуваат да потпишеме!Ај јас не сум била на родителска може и нема да не тераат да потпишеме одобрение.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Млеко со флуор
28.9.2009 11:29:39   
Еца
Мислам дека со фактот да се потпише се поттикнува родителот поинаку да размислува и да се запраша зошто? Инаку една мала чашка како што им даваат во градинка сигурно не би претставувало проблем, барем така мислам(се работи за мала количина)но сепка убаво е да бидеме информирани за сите наши сугестии. Ќе се потрудам да добијам стручен одговор и да ви пишам стручно мислење.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Млеко со флуор
28.9.2009 11:58:02   
ostoun
Sepak za da bidete sigurni zboruvajte so pedijatarot . Znam deka vo nekoi mesta poradi zgolemen karies se stava fluor i vo vodata za pienje.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Млеко со флуор
28.9.2009 11:58:58   
mami
после овие податоци јас не би потпишала...прво не знаеме колкаво е количеството на флуор во почвата или водата?, второ- ако јас му давам секој ден флуонатрил(како што му давам) и уште една чашка во градинка флуор и малку да е поголемо нивото на флуорот во почвата или водата што ке се случи??? детето ке добива дупла доза флуор дневноuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Млеко со флуор
28.9.2009 20:54:33   
kiki_riki
сега се вратив од родителска
  1. потписите се на ниво на анкета, а главниот збор за употреба ке го имаат стоматолозите кои ке ги прегледаат децата
  2. сепак ќе бараат наша согласност после прегледот после прегледот
  3. на прашањето дали е испитан флуорот во водата и во почвата не знаеја да ми одговорат
  4. поголем дел од родителите се против употреба на ова млеко - а има многу и неинформирани па дури инезаинтересирани
најверојатно од ова нема да биде нисто (освен ако на децата им го даваат без наше знаењеuser posted image

_____________________________

ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Млеко со флуор
28.9.2009 22:15:44   
mis.
Утре ќе ви пишам како е ситуацијата и во градинката кај што оди мојот син.

(Одговор на членот kiki_riki)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Млеко со флуор
28.9.2009 22:17:11   
kiki_riki
со нетрпение очекувам 

_____________________________

ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Млеко со флуор
29.9.2009 11:10:24   
mother 29
Битолската млекарница веќе од идниот месец ќе започне со производство на млеко збогатено за флуор. Новиот вид млеко ќе се произведува по иницијатива на Министерството за здравство, а со поддршка на Фондацијата „Боров“ од Англија, како дел од национална програма за орално здравје кај децата.Флуорираното млеко, ќе се дистрибуира во сите детски градинки во земјата. Целта на овој проект е видливо намалување на кариесот кај децата, зашто епидемиолошките податоци покажуваат дека кај нас децата имаат и по седум расипани заби во устата.
Мегу др. им се дава информативен лист на кој секој родител доколку е согласен треба да се потпишуве и со самит потпис одобрува неговото дете да го пие тоа млеко...а при тоа со истиот потпис и одобрува да се врши и испитување на мокрача на детето по извесен период се со цел да се види како млекото делува врз детето...воспитувачот има за задача да води дневник и да запишува кое дете колку млеко испило во текот на секој денот...
Мене ме интересира ако ова млеко е толку добро зошто бараат да се потпишеме,и зошто бараат да извршат испитувања на мокрачата, зошто го нема во продажба....мн чудно....
Сето ова ме натера да отворам на интернет и да побарам што има за флор...нема да ви се верува
-Флуорот е отров кој спречува кариес, а патем ги убива луѓето.
-флуорот е најсмртоносниот отров познат на човештвото.
-флуорот е тестиран позитивно како предизвикувач на рак употребен и во најмала концентрација
-Повторувани дози на многу мали количини на флуорид после некое време го намалуваат отпорот за доминација со бавно труење и анестезирање на овој дел од мозокот. Човекот го прави подложен на контрола ...
. Секој кој ќе пие флуор една година или повеќе, никогаш повеќе нема да биде истиот, ни ментално ни физички
инаку оваа е целосната страна а има и др.
http://www.eden.com.mk/health/140-fluor.html
На некоја др страна беше нагласено и тоа дека вакви експерименти се прават во сиромашни земји какоКина, Бугарија,Албанија, Македонија....а додека во Велика Британија, Германија и ред др е забрането.
Разбирам за деца кој имаат потреби од флор и да оправдано е да примаат флор било преку млеко било преку таблети(кој треба да ги препише доктор а не родителот на своја рака да му ги дава).





(Одговор на членот kiki_riki)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Млеко со флуор
29.9.2009 11:14:09   
mother 29
http://www.zvrk.rs/Zanimljivosti/Nauka/fluor/01.htm

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Млеко со флуор
29.9.2009 11:15:09   
mother 29
http://dzonson.wordpress.com/2008/08/18/fluor-najveca-naucna-prevara-20-og-veka/

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Млеко со флуор
29.9.2009 11:21:18   
mother 29
jas zborev so stomatolog i mi rece deka fluorot ima efekt samo ako se premackuva?!
sega pa,od kade ova da se pie!
imam prijatelka vo slovenija ,tamu zivee 6 god. i tamu se porodi,nitu vo bremenosta nitu na deteto mu davala fluonatril..tamu bilo zabraneto.....
e aj sega?
vie se potpisavte?

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?