|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Мобинг
5.12.2010 14:19:14   
Martins mom
Дали сте биле жртва на некого од работа...на претпоставен, на колега, подреден?! Ве имаат ли навредено, уценувано и такви слични зафрканции на работа?

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Мобинг
5.12.2010 18:24:03   
Maca25
Во фирмата каде што работев од јуни до септември, менаџерот постојано викаше по некого, но најчесто по мене затоа што јас бев одоговрна за работата на другите вработени. Страшно ме нервираше тоа што постојано вика, затоа што јас не сум човек кој проблемите и несогласувањата ги решава со викање. Многу често му викав дека со тој тон со мене не смее да разговара, а него мува не го рецкаше. Продолжуваше со навреди, и воопшто не се грижеше дали некој ќе биде повреден или не. АКо бев малце полабилна личност можеби секој ден дома со плачење ќе си одев. Дури и еднаш во неговата канцеларија ми рече да не се чутам што ми вика, така покажувал кој е авторитетот во фирмата ( на другите вработени)?!?!
Ова негово однесување може и беше пресудно за јас да не посакам да се вратам во таа фирма (нормално имаше и други причини).


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Мобинг
5.12.2010 18:58:19   
Viktori
јас обично имам аверзија кон авторитети, алергија кон зборовите -над мене, надреден и такви слични рандом зборови -

ме заболе кој е, што е и дали е над мене или не знам каде у облаци качен. На една шефица и викав "ај бркај работа" а таа јадна не смееше да ме каже на газдата, затоа што ќе дознаеше дека не е за џабе. Чадеше секој ден на работа. Инаку хех нека дојде некоја шефица, шеф или газда да видиме кој ќе си оди дома со плачење. Имам точка на вриење од која нема враќање.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Мобинг
5.12.2010 19:19:06   
Beatris
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

јас обично имам аверзија кон авторитети, алергија кон зборовите -над мене, надреден и такви слични рандом зборови -

ме заболе кој е, што е и дали е над мене или не знам каде у облаци качен. На една шефица и викав "ај бркај работа" а таа јадна не смееше да ме каже на газдата, затоа што ќе дознаеше дека не е за џабе. Чадеше секој ден на работа. Инаку хех нека дојде некоја шефица, шеф или газда да видиме кој ќе си оди дома со плачење. Имам точка на вриење од која нема враќање.


user posted image user posted image user posted image  Potpolno se soglasuvam, ima granici do kade i kolku moze da se odi, pretezno tie tn. ''avtoriteti'' imaat problem sami so sebe pa na toj nacin si gi lecat kompleksite. Ima lugje koi go toleriraat toa, jas ne mozam toa da go podnesam ama bas nikako

< Поракaта ја уредил виктори -- 5.12.2010 19:42:49 >


_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Мобинг
5.12.2010 20:16:23   
veckasr
na pocetokot koga pocnav so rabota placev se nervirav  bev zrtva na mobing  no potoa se naviknav 

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Мобинг
5.12.2010 22:31:11   
mama26
ne sum imala problem so ova,do den denes si gi posetuvam gazdariciteuser posted image

ne na mene user posted image ...na salonite de,,inaku vikanje ponizavanje nemalouser posted image


_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот veckasr)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Мобинг
5.12.2010 22:42:16   
Тања РР
Сум била и надредена и подредена но сум се однесувала потполно исто во двете случаи. Ниту сум покажувала авторитет ниту сум трпела. Работам во средина во која сите се трудат да ги зачуваат добрите односи бидејќи тоа е „услов“ кој го има поставено директорката.

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Мобинг
6.12.2010 11:44:22   
Martins mom
Мене еднаш шефот во еден разговор по телефон не ме слушнал добро тоа што му кажав и одма почна да ми вика (ко јас да сум крива што не е добар со ушитеuser posted image ). Потоа ме посети на работното место и пред толпа луѓе почна да ми вика „Ти мори ќе се научиш да збораш??“ (Го нервира што зборувам литературно македонски, а не по битолски и затоа не ме разбирал). Да сум ЗБОРВАЛА нормално, ако не ќе сум летала од работа. Јас со смирен тон му кажав дека не се вели зборва - туку зборува, а како второ дека можеби му е потребна помош од ушен лекар. После тоа следеа куп навреди на моја сметка. Немаше да го ставам толку на срце, ама бев user posted image и ептен емотивна. Цел ден не престанав да плачам...Е да сум била со овој памет сега, ќе му покажев кај му е местотоuser posted image user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Мобинг
6.12.2010 12:29:35   
strelec 8
koga se vrabotiv i jas bev podlozena na omalovazuvaze od mojot sef.se derese,mi kinese listovi sto sum gi napisala pred cistaskata i takvi raboti.ama so vremeto me vide oti vredam i deka rabotam i se smeni.ali prodolzi so drugite vrabotene.sto e preterano preterano.strasen e.samo se dere i dere.imam placeno od nego.na nikoj ne mu prepoRACUVAM da iskusi takov sef

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Мобинг
6.12.2010 13:55:44   
Палешка РР
Првиот директор (оној кој ме прими на работа) ме малтретираше до бескрај. Најмногу откако почина татко ми бидејќи му се скина еден цел ланец па мислеше дека ако ми се заканува дека јас ќе му завршам работа user posted image

Сега ми е супер, поранешниот шеф сега е генерален директор и имаме супер однос, подобар отколку со сегашниот шеф user posted image

< Поракaта ја уредил Палешка -- 6.12.2010 13:56:13 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот strelec 8)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Мобинг
6.12.2010 13:57:29   
Pepelaska *
Од шефот не, ама од газдите притисок ненормален, ако не активирате толку линии ( работев во фирма со мобилни ), ако не продадете интернет или ако не направите толку промет до крај на месец следува казна намалување на плата што никогаш не се случи само што ти ја убиваат волјата за работа, мотивацијата и секако те нервираат. И нон стоп на камера е тоа ептен го мразев...

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот strelec 8)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Мобинг
29.10.2012 0:05:30   
kapina
kade mozam da prijavam mobing na rabotno mesto posto mojata sefica mnogu me navreduva sekojden kazi reci kako jas sum bila glupava nesnaodliva i neznam sto sekakva me prave za nisto me navreduv ne smeam nisto da ja prasam sum placela od nea duri

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Мобинг
29.10.2012 8:32:51   
Cipi Ripi
Капина, тоа се пријавува во една барака што се наоѓа одма позади Неуромедика на Партизанска. Мислам дека е некој оддел на министерство за труд и социјала. Обрати се таму, одма ќе ти помогнат, колку што памтам они ја покреваат тужбата.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Мобинг
19.8.2013 12:26:49   
vezilka RR
Вработените тешко пријавуваат мобинг
Законот за мобинг не ги забрза работите, има 15 судски процеси со неизвесна разрешница, и никој не платил парична казна


(Фото: Утрински)(Фото: Утрински)
Дали Законот за мобинг ќе заживее или ќе биде мртва буква на хартија? Документот што конечно се донесе на почетокот на јуни годинава, како да не ги охрабри работниците да поднесуваат пријави и тужби поради притисоци на работното место.


Уште пред да стапи во сила ова законско решение во тек беа 12 судски процеси за психичко и за физичко вознемирување, а сега има уште три. За нив сè уште нема пресуда и никој не платил парична казна, што според Законот за мобинг, изнесува од 4 до 6 илјади евра.

Мобингот претходно беше регулиран само со неколку членови во Законот за работни односи, а донесувањето на посебниот Закон сè уште не ги забрза судските постапки.

Во Канцеларијата за помош и едукација на жртвите на мобинг, во Сојузот на синдикатите на Македонија, ССМ, велат дека за сите предмети се во тек судски постапки, се одржале неколку рочишта, но ниту еден од случаите нема судска разрешница.

Извор: Утрински Весник


Ете до каде сме со мобингот. Овој закон според мене нема ни да заживее, се додека Законот за работни односи ги штити работодавачите како заштитени мечки.

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 14
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?