Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Новогодишна прослава на Рингераја! 31.12.2012 16:09:20
Палешка РР
Верувам дека ќе има мамички кои Новата Година ќе ја поминат во домашна атмосфера, впрочем и јас сум една од нив. Па помислив, зошто да не се собереме сите на едно место? Некоја ќе донесе сарма, некоја скара, торта, кифлички, руска салата, кикиритки...некоја ќе пушти музика...
Може да биде весело
Ајде да ги развеселиме страниците на нашата Рингераја, која цела година беше со нас.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Новогодишна прослава на Рингераја! 31.12.2012 17:55:44
Felly RR
И јас ви се придружувам, а за веселба можам да ви ја пуштам Матеа да ни запее некоја песна. Сега бевме низ центар да се сликаме со елката, и таа на цел глас ја пееше „Елко, мила елкичке“ што ја учеле во градинка, сите што поминуваа се свртеа да ја слушнат и слатко си се насмеаја. Јас ја снимав, а таа не можеше да дочека да ја вклучам камерата, и три пати ја враќав, - ајде, од почеток, после на секое сликање ми велеше - Мамо да почнувам? Се изнапеа
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Новогодишна прослава на Рингераја! 31.12.2012 18:12:17
Gwendolin
Еве апетисани и благичко од мене, секако и јас ќе бидам тука, ќе си славиме дома со бебушка, ама мама сарми не направила со Мартинка во раце по цел ден, па каснете си благичко (од друг правено ама не е битно, битно си сме весели и насмеани, ама како би си лапнала сармичка...ај ќе почекам да донесе некој.
RE: Новогодишна прослава на Рингераја! 31.12.2012 18:23:06
Cipi Ripi
Тука сум и јас, да се пријавам. Мх мх мх сармичка....ко Адријана Алачки што вика. Ние сме си дома за НГ. искрено ако не заспијам до 12 ќе бидам многу среќна. Со вас сигурно ќе падне некоја смеа тука.
RE: Новогодишна прослава на Рингераја! 31.12.2012 18:25:36
*Elena*
Eve i od nasata novogodisna domasna atmosfera ...sarma ne napraviv, ama zatoa ruskata salata i selskoto meso veke gi probavme...za sarma ke iskompenziame so majka mi A sega povelete na ruska i selsko...
RE: Новогодишна прослава на Рингераја! 31.12.2012 19:06:33
Pepelaska *
Здраво и од мене женски, баш сега ке ја баав темава оти и лани си ја дочекав тука , најмирно и најубаво место за дочек ,ај да ја наместам мојата маса па ке ви пуштам сликче
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
RE: Новогодишна прослава на Рингераја! 31.12.2012 19:57:29
Cipi Ripi
Значи син ми сто години се обидувам да го успијам после 5 за да дремне малку, и никогаш не ми успеало, и еве денес заспа и си затера, па дури сега со будење едвај го разбудивме. Гледам дека и син ми ќе слави со нас, нема да спие.
RE: Новогодишна прослава на Рингераја! 31.12.2012 20:01:01
Snowhite RR
И јас се придружувам, во домашна атмосефера ќе чекаме Нова година(ако не испозаспиеме ) ќе имам гости додуша, мајка ми, татко ми и тетка ми од Скопје,ние тројца и свекрава ми, всушност тие веќе се дојдени, само јас сум уште на работа . Се надевам за брзо ќе си одам. Ако не успеам да ви пишам вечерва повторно, убаво да си поминете
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Новогодишна прослава на Рингераја! 31.12.2012 20:12:53
elenak
Tuka sum i jas.Nie vo drustvo na mama I tato,a mala eve pocnuva da kenka,kaj I da e za saat vreme ke spie,pa na raat ke si mezime I gledame ng programi.Sega se odjavuvam,odam da ja namestam masata.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
RE: Новогодишна прослава на Рингераја! 31.12.2012 20:17:54
Natuska85
И јас сум тука. Кико не спиеше денес многу па планирам околу 9 да го заспијам па да поставам масата малку да си мезнеме со винце и ќе си пуштиме некое филмче со мм.
Чичково сакате да го викнеме за диџеј вечерва?
< Поракaта ја уредил Natuska85 RR -- 31.12.2012 20:19:04 >
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
RE: Новогодишна прослава на Рингераја! 31.12.2012 20:23:10
Ikana
Драги мои пријателки, мајки, девојки, сите што ја сочинувате РР...Ви благодарам на една прекрасна година помината во дружење, поддржување и охрабрување...Вие сте светилникот кој води толку многу жени низ најзначајните и најубавите периоди од животот...Останете единствени, останете храбри и ведрината нека ве следи и во Новата Година. Од срце Ви посакувам здравје и љубов, топли прегратки во рацете на вашите најмили. Среќна Нова 2013 Рингераја!!!
RE: Новогодишна прослава на Рингераја! 31.12.2012 20:27:40
Pepelaska *
може јас сум за, еве од мене малку јадење скромно е ама вкусничко и М изгледа рано ќе заспие па да се видиме со мм раат оти ко ке не е Нова год немаме време
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
RE: Новогодишна прослава на Рингераја! 31.12.2012 21:25:48
Annet
Dobra vecer i od mene dragi moi prijatelki.I jas vi se priklucuvam kon druzbata,koja veruvam e najdobra za docek na Novata godina.Nie sme si doma ,kako i sekoj den,se izmezivme,sega kaj da e I ke spie,pa i nie so nea da se odmorime malku.Potoa ke si cestitame i pak vo krevet. Kako i da e da ja ispratime starava godina,i da si posakame mnogu zdravje,koe e najvazno,bez zdravje nema nisto. Da se druzime tuka i da sme poveseli,pobrojni,popozitivni.
Na zdravje neka vi se na site vecerata,se razbira,koja od koja podomakinka:))) Alal da vi e,jas na gotovo se......
RE: Новогодишна прослава на Рингераја! 31.12.2012 21:26:37
tnade
zdravo mamicki, eve me i mene pokraj vas, mm e na rabota, Teodora se uspa, a jas planiram da zapeglam nekoj kup alista, da ne ostavam za do godina de i posle so vas na zurka
RE: Новогодишна прослава на Рингераја! 31.12.2012 21:38:29
Ring
Aj sto ubava Novogodisna atmosfera ima na RR ...poubavo drustvo ne mozev i da odberam Ke se druzime zenski Za da ja zagream atmosferata ve pozdravuvam so pesnata -Pusti , pusti modu -Z.Colic....taa mi tekna onaka povesela, za podiganje na adrenalin Ajde se citkame
RE: Новогодишна прослава на Рингераја! 31.12.2012 22:00:00
Silna 21
После многу лудо поминати дочеци на Нова година, годинава сме дома, но некако најубаво се чувствуваме бидејќи со нас е нашето малечко срценце кое денес полни 4 недели. Мама, тато, баба, дедо и Ема- ќе биде голема журка :) Мило ми е што ќе се дружиме и овде сите нови мамички.... Среќна нека биде Новата 2013 година!!!
RE: Новогодишна прослава на Рингераја! 31.12.2012 22:02:46
KALA84
Zdravo ringerajki, prvo da vi posakam, SREKJNJA NOVA GODINA NA SITE, mnogu zdravje, srekja, ljubov, i uspeh na Vas i vashite semejstva! Ovaa Nova Godina e od golemo znachenje za mene, prva ni e so bebence da chekame. Voedno e znachajna po toa sto posle tolku mnogu novi godini sme sami, vo nashata vtora doma vo Italija. Denes shetavme skoro cel den, pa bebusko i mm zaspaa, vozdufot im godi , a jas sepak ne sum sama, drushtvo mi pravite Vie i mi e preubavo so ringeraja!