blue_blue
|
Не знаев кај да го отворам муабетов, ако има некое посоодветно место или ако веќе постои ваква слична тема, администраторот нека ја премести. Ме интересира вашето мислење/искуство од интеракција со други мајки кога ги ностите децата на детски игралишта, во парк, т.е. онаму каде што има куп непознати деца и мајки. Мене во последно време не ми се оди на ниедно од овие места зошто ми е преку глава од други мајки/баби да ми солат памет. Еве неколку случки: Случка 1: Ќерка ми која има 23 месеци си игра и се качува на скаличките за да се лизга на лизгалица. Јас седам на пола метар од неа и ја гледам. До сега се качила најмлаку сто пати и многу сака да се качува, а јас и мм веруваме дека децата не треба да се прават инвалиди, туку треба да се остават сами да истражуваат и да се поттикнуваат сами да прават се, па затоа никогаш не и браниме да се качува, дури ја охрабруваме. Значи она се качува, и во тој момент една мајка почнува да се дере хистерично Чие е детево, ќе падне и трча накај неа да ја земе. Јас смирено и пријдов и и кажав да ја остави дека може да се качи, она продолжи да ми се дере, во меѓувреме другата ќерка веќе се качи и се спушти по лизгалката, нешто се изгребала и почна да плаче, а оваа хистеричнава жена ми се сврте и уште позасилено ми се издра дека ете не можеле да се лизгаат и качуваат зошто паѓале. Не знам само зошто сите имаат желба да се грижат за моите деца? Случка 2: на детско игралиште две мајки со деца и двете деца имаат точачиња, лопатки, кофички и цел арсенал на играчки од дома. Ќерка ми нормално иде одма на едното точаче, а другата зема лопатка. Мајка ми се врти и ми вика - земи си ги децата оти овој мојов не дава ништо, ќе се испотепаат. Епа тогаш што носиш се надвор со тебе, она не е твој приватен двор, туку јавно игралиште. И се свртев и и реков дека ќерка ми е 2-годишно дете и дека не можам на ланец да ја водам. Додека седевме таму ми преседна излегувањево надвор зошто морав нон стоп да трчам по неа и да ја тргам од точачето... Случка 3: Надвор сме и една баба со внуче и со цела опрема од храна трча по детево да го нрани. Ќерка ми ја гледа, а оваа почнува и неа да и дава да јаде (Да држи во рака) без да ме праша. Абе од кај знае дали не е алергична, дали смее да јаде, дали можеби планирам дома да и дадам да јаде...Кога и реков да престане, оваа ме погледна како да сум ненормална и ми рече - Па она сака, дете е како да не и дадам? Случка 4: се симнувам по скали со децата (не работи лифотот) и една комшивка не среќава ими вика ја фаќа за рака, демек ќе паднела сама не можела по скалите. И викам да си гледа работа, она не...мала била страв и било ќе паднела?!?! Абе, глеј си своја работа, а моите деца остај ми ги мене... Рака на срце почна да ме смара идење надвор од вакви случки. Што правите вие во вавкви ситуации? Јас само сакам луѓето што не ги познавам да не берат грижа за моите деца оти си имаат родители и не се на улица најдени, ама изгледа тоа на Балкан е невозможно - секој само туѓата работа ја гледа!
< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 28.6.2013 14:16:00 >
|