|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
14.4.2011 12:41:33   
anedespo
ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna1

Ikki, nemoj da gi osuduvas tie sto gi ranat na igraliste. Nie redovno jademe tamu, ideme so manda, banana, kroasani. Kerka mi samo taka jade, gi gleda drugite deca, trca po niv i ne misli na jadenjeto i jade. Koga ne si videla maka so jadenje na dete nemozes da zboris. Jas sekogas sum mu ponudila na nekoe detence koga ke se zagleda. Nekna pola pica ja podelivme so edno drugo detence dojde do nas i ni bara, kako da ne mu dadam. Majka mu umre od stram vika nikogas ne sme mu kupile pica no na deteto ocigledno mu se dopadna picata.
Inace bidejki malata mi e 1.5 godina celo vreme sum so nea, ja pazam i gledam da ne ja povredat ili taa da povredi nekogo.
I mene me nerviraat nekoi koi ne reagiraat koga nivnoto dete tepa nekogo.user posted image


Ne e celta da im davas na site deca, tuku racete im se prljavi i ne treba da jadat na igraliste. A i nemam doverba vo higienata na drugi lugje. Znam mnogu zeni sto ne mijat race duri i koga odat vo wc, a posebno ne nadvor koga si fakala kvaki od vrati, pari, kolicki i kopi vo prodavnici (normalno, za da gi kupis site tie raboti). Pa ne znam kolku ke ti bidat cisti racete za da go hranis i tvoeto i tugjite deca, a i na tvoeto dete koe igra so zemja, pesok . A kaj nas na igraliste sekogas ima minimum 20 deca i da imas za site.... I jas imam problemi so jadenje so ednoto dete uste od malo. I dodeka svekrva mi trca so tanjirite po nego, jas go ostavam sam da pobara, za da izgladne ubavo i togas go hranam. A ako ne saka mandza, togas idam po alternativi ama korisni (ne smoki i cipsovi, tuku testenini, biskviti so mleko, mlecni namazi, tost, puter so leb ). Znaci ima bezbroj nacini da go nahranis doma

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
14.4.2011 13:13:56   
Yummy Mammy
ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

Случка 1: ...
Случка 2: ...
Случка 3: ...
Случка 4: ...

...

Јас само сакам луѓето што не ги познавам да не берат грижа за моите деца оти си имаат родители и не се на улица најдени, ама изгледа тоа на Балкан е невозможно - секој само туѓата работа ја гледа! 


Lele kolku se slozuvam so tebe, mene ova redovno mi se desava... kako reagiram, pa razlicno, mislam deka so mladite majki sum poostra i podirektna, a i tie samo odmavnuvaat so pogled, ili ke napravat nekoja faca i ke si svrtat grb, a so starive babi mi e potesko da se raspravam bidejki znam deka ne mislat nisto loso, naprotiv poveketo se mnogu ljubezni i ne mozam direktno da im zameram, pa taka so nasmevka samo si go pribiram deteto, i se oddalecuvam...

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
14.4.2011 14:23:29   
Maca25
Ние на лулашки не носиме храна, не можам да ја фатам за да и дадам нешто да јаде. Но, гледам дека сите баби, тетки, мајки им носат на децата ужинка на лулашки и ќерка ми гледа од страна како тие јадат. Им носта буреци, овошни јогурти, пудинзи, лажичка, вилушка. Јас одам на лулашки за детето мое да се изнаигра и после да си го наранам дома, а нема да се влечкам со торби пуни храна на лулашки. Она што го носиме се влажни марамчиња и сокче. Толку. Е кога одиме на шетање во парк тогаш секогаш носам храна со мене, затоа што секогаш се задржуваме по 2-3 саати таму.
Додека сме на лулашки јас не се двојам од ќерка ми, се луламе заедно, клацкаме, ја придржувам додека се пушта по лизгалката, не дека не може таа сама, туку сакам да осети дека сум до неа и да не се плаши. Бабите ми викаат: пушти ја големка е, може сама, ама НЕ, мое дете моја работа. Малечки се уште за да ги пуштиме сами на лулашки.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
16.4.2011 1:57:12   
ikki
Ikki, nemoj da gi osuduvas tie sto gi ranat na igraliste. Nie redovno jademe tamu, ideme so manda, banana, kroasani. Kerka mi samo taka jade, gi gleda drugite deca, trca po niv i ne misli na jadenjeto i jade. Koga ne si videla maka so jadenje na dete nemozes da zboris. Jas sekogas sum mu ponudila na nekoe detence koga ke se zagleda. Nekna pola pica ja podelivme so edno drugo detence dojde do nas i ni bara, kako da ne mu dadam. Majka mu umre od stram vika nikogas ne sme mu kupile pica no na deteto ocigledno mu se dopadna picata.
Inace bidejki malata mi e 1.5 godina celo vreme sum so nea, ja pazam i gledam da ne ja povredat ili taa da povredi nekogo.
I mene me nerviraat nekoi koi ne reagiraat koga nivnoto dete tepa nekogo.user posted image



Vesna ako jas ne sum videla maka so ranenje togas neznam koj videl, eve dosega Andreja nitu ednas nema jadeno kako sto treba, se so sila i davam.  Ama nikogas ne sum nosela so mene jadenje na igraliste, kako sto vika mama26 doma se jade, nadvor se igra. Eve pred nekoe vreme bevme na igraliste i edno dete jadese smoki, a edno drugo uporno go gledase  i po4na da bara od majka mu, i bidejki majka mu nemase da mu dade detevo po4na da pla4e i da crka, nemajki sto da pravi majkata si go zede deteto i go odnese doma za da ne gleda kako ova jade. Pa navistina e greota za decata

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
11.5.2011 9:42:51   
lukas
koga odam v prodavnica najmnogu se nerviram babi koga ke pocnat,
lele kaj go nosis deteto duva,kako da e golo.
ili vlegva edna zena :leleeeee ete go najslatkoto bebe na svetot i go islapa na lice kako da mu e baba,sto i babite ne dozvolvam mnogu da mi go slakaat.
drugo :lele,oti ne go ostajs doma kako ke ispazaris sega,so nego zaedno,e da imav kaj da go ostavam za da zemam to so mi treba od prodavnica ne se mandoram 5 saati za do oblekvam so se vika za edno mleko primer,drugo mrazam koga na lukas ke mu pikaat v usta oti se gledal v usta na toj so jadel pa cekaj bre prasaj dali mu davam toa ili ne,bevme na rodenden i gledal kaj so jadi babata od tortata i zede so viluskata so jadi taa mu dava od slagot arno na vreme so vidov pa uste mu nemav dadeno belka taa mu pika v usta,i plus toa od nejzinata viluska,bljak...
i mrazam koga nekoj ke mi reci lele uste si na aptamil ehe jas na moeto mu dadov uste od koga kravsko so cekas ti?
e ubavo tvoja odluka jas si sakam vaka,i na toa prigovaraat kako jas da pravam nesto gresno a taa go prezela vistinskiot cekor...lele  pa uste :ami ako te dupat parite v dgep kupvaj mu uste aptamil...i od tie komentari pocnav da odgovaram na tie provokacii imam kupuvam,zosto da ne ,se imav umoreno od tie komentari,sekoja majka razmisluva poinaku i sekoe dete e razlicno,i mrazam koga nekoj ke pocni da mi se rasfrla so soveti a ne e prasan.......user posted image


_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

(Одговор на членот ikki)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
11.5.2011 12:30:06   
arh_diz
Na lulaski ne nosime nikogas hrana , nitu pak sum videla na nekoe dete da mu dvaat jadenje sto e mnogu pravilno si igraat mnogu decinja edno ke gleda drugo ke jade mislam deka ne e vo red
Pocnavme da se lulame jas go pridrzuvam no posle tesko mene da go simnam placenje i inaetenje a uste e malo



_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
12.5.2011 11:11:26   
Gorde J
I mojata kerka tesko si odi od lulaski iako seuste ne se lula ama saka se da dopre i togas racinjata i se valkani normalno e deka nema da i dadm da jade a sokce si nosime za da ne ostane zedna

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
7.5.2012 13:48:37   
kikicka
Ние кога одиме на лулашки,носам каша ако нешто се задржиме за да јади,играчки не пошто има купица играчки што влечкаат другите и Л си зема и игра ,другите деца даваат има и такви што ке се затепат за една лопатка,али тука се родителите и одма им викаат оставија ја малата не резбира ке си играш ти после.Мада да и јас викам по Л да не зима по две лопаткиuser posted image За топоган ја оствам сама да се лизга пошто веќе научи,некои гледаат така зачудено како толку мало знае да се спушта,додека има и такви поголеми се лигават по мајките дојди фати ме,или се туркаат кој попрв,ама сите родители реагираат одма и се смируваат децата.
Јас буквало ја оставам и да се валка да се качува,се да прави....али ме нервираат некои мајки што ем знаат дека децата им се насилни штипат,гребат ем ништо не им викат. Имав случка така Л залета по едно точаче да го чепне и малиот од друга страна се залета и ја фати толку силно на образ што и пушти крв, Л не писна јас одма му ја фатив раката и го тргнав и неа и него а мајка му ништо ни извини нити пак му рече да не прави така. Друга случка на игралиште ,во песок си играат децата и едно поголемо почна од висина да фрла песок а ветер дуваше ,цел песок во очи на Л.Јас ја тргнав ама ова малово пак иста песна. Дојде таткото и и рече еднаш,двапати и третиот пат ја тргна и и кажа убаво дека не треба така .... детето се врати и не правеше така. Има секакви родители

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Gorde J)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
7.5.2012 14:30:11   
miana
Ајде и јас да пишам нешто на темава...Не се секавам на нешто што многу ме извадило од такт..Кога бабички ми солат памет само климам со глава и се смешкам а уствари си летам со паметот на друга страна. Мене на пример многу ме нервира тоа што кај нас во продавница продавачката скоро на секое идење во продавница и дава на керками по нешто ( мастика,чоколадце,лижавче) тоа мене ми пречи зошто детето почна само да бара кога нема да му дадат .Еднаш и реков на продавачката - да не ме сватите погрешно ,но ве молам немојте повеке да и давате ништо зошто тоа влијае лошо на неа и после не само на вас туку од сите пордавачки бара по нешто а тоа ме ужаснува,па морам да ја карам и да и држам лекции со саати за да не бара да не ме брука. Мене може да ми побара а на продавачките - НИКАКО. ДУри и викеднов кога бевме на гости ја нудат со сок керками а таа и вика на женава - не сакам сок и кога ке си одам немој да си ми пратила нешто !!!! Женава ме погледна чудно па морав да и објаснам од каде таква реакција на керками... Кога и да одиме кај таа жене на гости таа и прака домашен сок и за дома и сега мојава запамтила дека кога и даваат нешто јас сум и рекла да не бара и таа си го извртела во глава и така и рече на жената. Јас не сакам многу диви деца,но не сакам ни мнгоу да ми е опуштено детето. А за мајки кои што се невнимателни не ми се ни прави многу муабет..Многу ги има и секогаш ке ги има.

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
26.6.2013 8:40:53   
vezilka RR
Еве што ме нервира во последниве денови. Јас посојано го учам Никола дека не треба да биде себичен и дека треба да ги дели играчките со другарчињата. И Никола така и прави. Во скоро 95% од случаите, нема проблем своја играчка да даде на некое друго дете да си игра. Е сега, проблчем се јавува кога другите деца не даваат од своите играчки. Што мене ме нервира тука, родителите кога нивните деца зимаат туѓи играчки, не велат ништо, во смисла не земај, не се твои, дрн, дрн. А кога нивните деца не даваат од нивните играчки, пак не велат ништо, како на пример, ти прееска си играше со неговите играчки, сега треба да дозволиш и тоа да си игра со твоите, на пример. Секогаш во таква ситузција Никола прашално ме гледа, зошто сега не му даваат и тие да си игра, и јас навистина имам проблем како да му објаснам. Можеби и јас грешам, може не требало да го научам се да дава. Веќе стварно не знам, и стварно ова ни е проблем.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
26.6.2013 8:56:09   
Octavia
Vezilka, и јас со син ми ја направив истата грешка. Постојано го учев дека играчките се за играње, не се за чување, дека мора да ги дели играчките, дека не смее да биде себичен... арно ама, тоа функционира кога и другите така би ги воспитувале децата. Мене и во градинка наставничките ме прекоруваа за тоа, дека дозволува да му земат играчка, дека ако го удри некој не се тепа туку викал „Ама не е убаво да се тепаме“ и сл. Едната наставничка убаво ми кажа дека тоа би функционирало кога околу него сите деца така би биле насочувани, арно ама- не се. И се случуваше на пр. ќе излезе надвор со 3-4 пушки (во периодот кога си играа војници) и во еден момент тој останува без ниту една пушка, зашто дошло некое дете и за последната што ја имал кај себе му рекло „Ај дај ми ја малку, ќе ти ја вратам,,,“ и овој ја дава! Па после се прешалтавме на превоспитување дека не треба да дава ако тој си игра со играчката итн итн... Го испозбунивме детето. Сега е поголем и посвесен, ама уште си имаме последици.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
26.6.2013 11:40:57   
masa
Vezilka и јас ја имам истата дилема дури косата ми се ежи и се полнам со нервози што јас го малтретирам моето дете,а на другите родители баш им е гајле,се прават дека не гледаат.Пред некое време на роденден едно дете тепа друго,мајката на тоа што тепа не реагира,а тоа такво дрнато и повеќе невоспитано и јас спасувам ситуација,па трета мајка накриво ме гледа,ма ми се идеше сите тие мајки што беа дојдени да се најадат и напијат да ги отерам во user posted image .И стварно незнам дали е паметно да го воспитувам детево да дели и да биде примерно или обратно баш како и Octavia.Едно време од мака што ја буткаат и тепаат а она ќути ја учев да мава и да вриска,па после неможев да ја натерам да престане да вриска,врискаше за се user posted image И во градинка исто ми велат дека е многу примерна и воспитана и сите ги учи што треба како треба,а што не user posted image само што тие околу неа не се.

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
26.6.2013 13:24:40   
vezilka RR
И сега? Јас навистина не знам како да постапам. Не сакам да го воспитувам детето да биде интровертно, секој сам со својата играчка, бидејќи не е такво, сака да се дружи и да игра со другите. Ми треба помош околу логично објаснување кое би го сватило 2,5 годишно дете, зошто понекогаш другите деца не ги даваат своите играчки, а тоа да не е и ти не ги давај твоите.

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
26.6.2013 13:25:17   
Bethany
Многу интересна тема, ја прочитав од почеток. Неизбежни ситуации во нашата култура, како да се избегнат (мада мислам дека е невозможно да ги избегнеме во потполност), ама и прашање е како да се справиме со истите user posted image
Се сретнував до сега со совети: внимавај, ќе се удри, ќе падне. Дури и после моето смирено објаснување дека сум тука, дека го гледам, дека знам што прави, пак продолжуваат со истото.

Па се сретнував со ситуации кога му дават на син ми крем-бананки, нудат чоколадни бонбони и сл. Обично за тоа реагирам, и мал е се уште бонбоните нема ни пробано, ама ми се има случено да и покрај моето настојување (во продавница се случеше) дека не треба да му даваат крем-бананка, додека се свртев, продавач ја отвори и му тутна во син ми во раце.
Е ај сега земи му ја кога е веќе со полуотворена уста да ја гризне.
Се имам почуствувано омаловажено како родител, како да сум невидлива и дека моето Не ниту се слуша, а камоли почитува, ама земајќи во предвид менталитетот на луѓето, и знаејќи дека не сум сама мајка што поминува низ истите работи, не ми удри многу на самопочитта како родител.

Уште нешто што ме многу вади од такт е допирање, штипкање и тоа за образите!
Не можам да сфатам, мали, големи, деца, возрасни, сите кога го видат го фаќаат за лицето. Имам кажувано, немојте за лицето, па ме погледнат ко од Марс да сум падната, и имам чувство тие останат навредени.
А да не спомнувам стари, прости дедовци што кога видат детето на слична возраст дури и се осмелуваат да прокоментираат: а каде ти е к.....о, па дури и да го фатат. user posted image Да, имам слушнато искуства на моите блиски пријателки. Ова на запад веднаш ќе се тужи за педофилија. Недај Боже со тоа да се сретнам!
Некако ми е темава од првиот пост сеопфатна, не е само за делење играчки, па затоа и јас толку развлеков. user posted image
Можеби треба да се преименува user posted image
Ко што спомнав на почетокот, не е можно да се избегнат ситуациите, освен да кажуваме. Ама тоа е во нашиот менталитет, уште една работа која не ми се допаѓа ама ич. Западњаците никогаш не посегнуваат кон детето, да го фатат и пипнат. Имав многу контакти со нив, никој не се осмелил да ми каже, или праша, дали му давам ово за јадење или зошто му давам. Ако не ги прашаш сам, нема да коментираат. Ако сака да им подаде рака за здраво и толку, веќе не навалуваат, почитуваат му ја личноста на детето. А тука сите гледат туѓи работи.

А за играчките делење, веќе имам некаде спомнато. Ако сме надвор, би требало да дели, оно што му е вишок на него нели, ама не се да даде и па тој да остане без ништо.
Е сега ако некоја мајка не мисли да треба нејзино дете да даде играчка на моето да се поигра, тоа е нејзин избор. Сега неа нема да ја превоспитувам сигурно. Ќе му објаснам на моето дете, нема да разбере сигурно што му зборувам сега, ама еден ден ќе му биде јасно, дека светот така функционира, не онака како ние правиме и како би сакали, па да треба да се помирува и со тие ситуации ако не може да ги смени.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
26.6.2013 13:31:05   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
Ми треба помош околу логично објаснување кое би го сватило 2,5 годишно дете, зошто понекогаш другите деца не ги даваат своите играчки, а тоа да не е и ти не ги давај твоите.

Не знам Везилка, едноставно уште сега треба да прифаќат некои работи, дури и ако на нив се нејасни.
Јас и понатаму ќе го учам дека треба да дели, дека е убаво да се игра со другите, ама не по секоја цена. Ако има повеќе играчки со себе, нека си одбере нешто што ќе му даде на друго дете. Притоа сепак се неговите играчки, без разлика што ги е земал со себеси во парк, неговата е својина, нели. Сакам да му го испочитувам тоа, ама да го поучам дека е убаво да се дели, едно на тебе, едно на мене и заедно ќе се играме. А не сега земе играчки со себе, дојде друго дете, се му зема (бидејќи има и овакви случаеви) и тој остане без ништо. И тоа не е во ред.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
26.6.2013 13:35:52   
deluxe
Уште нешто што ме многу вади од такт е допирање, штипкање и тоа за образите!


Мене ова во последно време страшно ме нервира.Имам една соседка која штом ќе го видиuser posted image трча да го фати за лице,нозе и најлошо од се е рацете.Па тоа е бебе си ги става рацете во уста,а женава си има некој проблем со кожата на рацете и нозете(нешто како егзема -појма немам што и е, ма болест и е некоја) ,и мноогу ме нервира со тоа па што ако е нешто заразно?? и почнав да ја избегнувам кога ќе ја видам,еднаш дури и пред нејзини очи почнав да му ги мијам рацете наuser posted image па нека се свести еднаш ,ако не ќе морам да интервенирам со зборuser posted image

< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 26.6.2013 14:31:28 >


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
26.6.2013 14:50:03   
temjanuska75
Најнова случка од вчера. Со М и мм бевме на лулашки и М нормално си чека ред да се качи на лизгалката. Имаше повеќе деца но едно дете цело време се буткаше преку ред, и покрај тоа што мајката го опоменуваше да не го прави тоа. По некое време родителите на другите деца си седнаа да пијат кафе. М беше на врвот на лизгалката а јас го чекав да се спушти, и одеднаш го слушнав мм како вика по децата да престанат да се гураат. Искрено малку срам ме фати зошто малку посилно им викна а сепак се туѓи деца.Но потоа ми објасни дека за малку ќе го бутнеле М од лизгалката. Кога си станаа сите родители и одма се нацртаа до децата, посрамени фала богу. Мислам и мене ми се пиеше кафе и ми се уживаше но со дете на лулашки нема шанси ни да помислам. Не сум лепенка до детето но спак мислам дека секој родител треба да си го надгледува детото и неможам сеуште да ги разберам тие родители што буквално не ги погледнуваат децата.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
26.6.2013 18:12:22   
Felly RR
Темјанушка и мене ова многу ме нервира. Родителите си ги оставаат децата, и тие си пијат кафе, и сега детево гледам јас во (според мене) опасна ситуација. Не можеш да не изреагираш, некогаш си велам и јас - па може мене некој ќе ми се налути, ама ако сметам дека е опасно за детето секако ќе му кажам.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот temjanuska75)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
27.6.2013 11:04:41   
Malecka23
Мене во последно време ме иритираат едни наши блиски со детенце 6месеци постаро од М.Убаво си живееме со луѓето и се е ок арно ама нивното дете не знам од кои причини начинот на комуникација или не знам како да го наречам е со страшно пискање.Во многу наврати кога сме биле заедно од тоа пискање М стигнувала до степен на зајдување од што ќе се преплаши.Последената случка беше скоро кога за 1ч М зајде 10 пати и детево во наредните 2 дена не можев да го смирам.Најтрагичното е што родителите воопшто не реагираат на тоа.Се надевав дека ќе увидат и ќе изреагираат некако но не као ништо да не било уште се ФАЛАТ дека исто така зајдувале 2 др дечиња на нивни блиски.Во една прилика им кажав дека М плаче од пискањето и на тоа не реагираат.Не знам како да направам со фино културно прбав треба да идам да се искарам и да не се погледниме воопшто.Друга раб е што кога ќе дојдат кај нас на гости значи буквално мајкава го окупира целиот простор на м за играње за нејзиното дете.Јас не сум против играчки давање во никој случај ама има некои што М епте си игра со нив ги става во уста па не сакам тие да се даваат иако и за тоа им имам кажано но пак ништо.За разлика кога ние ќе отидеме таму јас на М секогаш и носам по 2играчки со едната да си игра со другата ако треба да ја даде и М ако сака нешто нивно избегнувам да дадам ама ако мора прво прашувам може ли ова да го дадам а не правам окупација само моето дете да биде задоволено.М е сеуште мала па некако можеш да ја залажеш ама не сакам тоа што е нејзино нејзино е прво за нејзе играчка ама има вишок за другото.И не знам како на луѓево да им објаснам дека не е убаво.И уште нешто осеќам огромна завист д аја кажам или натпревар не знам ни јас како да се изразам кога јас ќе кажам ете детево прооде има прво запче сепак ги сметаш за блиски вика тата деде баба мама...на тоа следи коментар ауу стварно?? ете и моето ....многу некако глупа ситуација

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
27.6.2013 11:27:17   
Bethany
Малечка23, јас би ти советувала да оние играчки кои ти не сакаш да ги делиш и даваш на другите деца, да ги склониш во другата соба. Твоите играчки, твоето право.
Имам пишувано дека е многу убаво за детето (ова веќе кога е малку поголемо и разбира) да избере кои играчки сака да дели со другите деца кога дојдат на гости, а кои не сака да дели, нека ги стави во другата соба. На тој начин му почитуваш приватноста на детето, исто како и ние возрасните, не сакаме некој /секој да ни фаќа нашите лични работи, така исто и детето.

Второ, имавме слична ситуација зимово. Имавме на гости едни пријатели, на повеќе дена, нивната керќа е месец дена постара од мојот син, значи на иста возраст да речеме 15 месеци). Син ми првиот ден беше многу дружељубив, сакаше да се игра со неа, се додека таа не се ослободи и почна да зема се што е негово.
Тој не и земаше играчките, туку тој земе едно нешто да се игра, таа остава тоа со што е заиграна во моментот и сака да му земе неговата играчка. Тој и препушти играчка и земе другата. Таа пак истото. Се што имаше тој , сакаше таа.
Нејзините родители се обидуваа да и објаснат, ама не вредеше.
На крајот син ми толку беше фрустриран од неа, да кога и да тргне да му се приближи тој почнуваше толку силно да вришти и да се дере, јадничак не знаеше веќе како да се одбрани. user posted image И искрено, ни се упропасти времето заедно.
И ние не знаевме како да реагираме во таква ситуација, многу тешко е да се справиш во таква ситуација, беа на возраст кога и не знаат се уште да се играат заедно, ама ете едно нешто што научив и видов кај син ми е дека не сака нападни, доминантни деца. user posted image

И твојата М и нивно дете се сепак се уште мали, не знаат заедно да се играт, ама па ако веќе нејќеш односите да растураш со тоа што ќе и кажеш ептен директно, а тие не реагираат со фино културно, јас едно време би се тргнала, би намалила со дружење со нив, додека на детенцето не му помине фазата на пискањето user posted image Сигурно ќе помине, а во меѓувреме и твоја ќерка ќе порасне.
На тој начин ќе го заштитиш и твоето дете, ама и идни односи со нив. user posted image


< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 27.6.2013 11:28:09 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
27.6.2013 13:48:59   
Malecka23
Да само проблемот е што тоа дете од некои 7 месеци е вакво и оди се полошо и полошо со пискањето.Се ќе прифатев еве ќе побарав начин некако да се склопиме ако родителите барем му укажеа дека не е убаво тоа што го прави наместо тоа они само бодрат уште повеќе.Да дојдеа и да ми речат слушај вака и вака не можеме никако тоа да го средиме да знаеш се ќе беше во ред.Децава се тука негде со возраста заедно утре ќе прават многу раб си помислувам ако вака сеа се постапува за ситница да ја наречам иако не е,што ќе биде утре?искрено се надевам дека се ќе се среди бидејќи со луѓево многу долго сме заедно тука сме биле за било што и не сакам тек така тоа да се растури нивното дете го чуствувам многу блиско би сакала да се погодат и да си се дружат со моево.И јас помислував на тргање играчки ама си викав да не претерувам блиски сме си ама изгледа ќе треба и тоа да го пробам.Не знам како ќе биде понатаму.Не мие јасно само како може за се да се погодиме а за ова да не можеме никако да го решиме.Мене ако ме прашувате јас наискрено би побарала стручна помош зашто е тоа така пошто е долг период асе повеќе се влошува.Дали и самите они не сакаат да увидат дека има нешто или не знам.Но во секој случај не знам моето дете е на прво место па се надевам дека и она ќе ојача па некако ќе се најдат пола патuser posted image

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
27.6.2013 13:53:15   
Malecka23
и најбитната раб ја заборавив.еден нивни муабет коа ме прашаа дали моево писка.Им викам не знае некогаш кога сака да излезе од оградица ама јас ја карам и и викам дека не е убаво така да прави и ја иам научено дека кога така прави само ќе и направам со прст дека ја карам и ќе и кажам не не е убаво така и прекинува но тоа е сосема ретко.На ова следеше е чекај чекај ќе бидиш демек кога ќе прооди како ќе ти писка.И еве ја прооди прави лудории дома ама не писка.Не се сите деца исти а според муабетот сватив дека сакат да кажат дека се е нормално и не треба да с епрекорува дека е добро тоа што го прави итн на што останав со прашалнициuser posted image user posted image не знам можеби јас грешам и не сум доволно информирана

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Однесување на родителите на детското игра...
27.6.2013 13:59:31   
Bethany
Па добро, ти нема да земеш и да ги тргнеш играчките пред нив, туку кога се најават за гости, ќе склониш тоа што сакаш да го сочуваш за М. Па немаат белки попис од сите играчки што имате user posted image
Шала на страна, јас лично не гледам ништо навредувачко во тоа, па твоите работи се, ти одлучуваш што ќе правиш со нив.
Мислам глупаво би било ако некој и помисли нешто лошо , а не па да ти пререче за тоа.

И за тоа пискањето и се, нели можеш некако да ги прашаш, навистина понизно, дали е се во ред, дали можат да влијаат на тоа да се смени нешто user posted image
Јас со оние што ги сметам за блиските, за се нешто зборувам/е, се нешто може да се праша, ако се праша со убаво...
Битен е момент да се погоди за да не се навредат, па сега и ако се навредат значи не се доволно зрели да можат да комуницираат user posted image

Едит: а зошто е добро пискањето? за развојот на детето? user posted image
е па ете ти го одговорот, тие нејќат, не сакаат да го ограничуваат детето, за другите баш ги е гајле, а најмалку за твоето, ако ти не го заштитуваш, тие сигурно нема да им текне дека можеби нивното нешто што прави е погрешно итн.
Има секакви родители. Мислам ако е дете, се е дозволено, колку погрешна слика за воспитувањето user posted image
Утре така ќе и комуницира, кога нешто ќе сака ќе им писка и вика, а ти оди па погоди што сака. Не кажам дека нема да се случи, и дека децата генерално не пискаат, ама поентата е како го усмеруваш.




< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 28.6.2013 14:03:34 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Однесување на родителите на детско играли...
27.6.2013 14:05:08   
deluxe
Малечка мој совет,избегнувај ги извесно време тие луѓе,може ќе сватат што ти е поентата.Или доколку веќе не разбираат мораш на фин и културен начин да им кажеш-дека детето ти се трауматизира од нивното пискање.Е сега како ќе го изведеш тоа кажување пробај низ муабет кон детето,демек него му кажуваш:Еј бебуш немој така гледаш М плаче од тебе,нема да сака да си играте...и тн. да слушне мајкаму или татко му.Па потоа и нив низ смеа обрати му се.А тоа со пискањето е еден вид комуникација на бебето, и господинов мој нешто во последно ми писка,ама го карам дека не е убаво,и со смирен тон му зборувам,да свати дека така се комуницираuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Однесување на родителите на детското игра...
27.6.2013 14:21:17   
niki
jas sum od onie roditeli koi ke iskaraat tugo dete ako smetam deka istoto pravi nesto neprijatno za okolinata ili za sebe i voopsto nemam griza na sovest sto si zemam za pravo da izigravam roditel na deca na cii roditeli se im e prifatlivo, se moze da im e prifatlivo kaj niv doma ama na javno mesto ili kaj mene doma ednostavno ne e se prifatlivo i toa sto ne e si go kazuvam i decata gi teram da go pocituvaat na roditelite ne im ni obrnuvam vnimanie

< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 28.6.2013 14:02:12 >


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?