|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Описно оценување
11.1.2010 17:42:01   
pacuvce
Ова е можеби тема за оние РР мамички кои имаат моментално ученици,но интересна е и за сите мамички кои имаат идни ученици...За мене е актуелна,затоа што денес ни го дадоа сведителството за полугодие(порано тоа бе ученички книшки),каде оценувањето е описно...
Според мене тотално погрешно,затоа што на едно место еден куп зборови,со кои демек е оценето вашето дете за тоа што го работело изминатото полугодие...И иако кај нас се е одлично оценето,кога му  го прочитав на син ми,кај него тоа не предизвика никаква реакција,затоа што мислам дека и не се свесни за тежината на напишаното...Мислам дека поранешното оценување(со оценки) беше подобро,затоа што децата можеа меѓусебно да се споредуваат и да се борат за подобри оценки...
Мислам дека на форумов има многу педагошки работници,па би сакала да го чујам нивното мислење на оваа тема...

_____________________________

Love is in the air
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Описно оценување
11.1.2010 19:07:17   
mis.
образованието кај нас посебно основното е тотално сменето од онаа што јас го имам искусано додека сум учела а и од оноа додека студирав на Педагошкиот факултет,додека стажирав но и од оноа што сум го учела во методиките.Ако почнам да пишувам на таа тема ќе биде предолго.Описното оценување не потикнува на мотивација за учење и напредување како тоа го можеше некогашната 5(петка)Син ми иако не оди во школо кога ќе му напишам 5 за него како да е нешто возвишено.Колку што сум запознаена тоа не е само на полугодие туку и на крај од годината и во текот на целата година детето се оценува описно.Лично не го одобрувам ваквиот начин на оценување.user posted image

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Описно оценување
11.1.2010 19:10:02   
pacuvce
ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Лично не го одобрувам ваквиот начин на оценување.user posted image


Potpis!!!

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Описно оценување
11.1.2010 19:23:05   
mami
иако сум уште мноогу далеку од тој момент можам само да кажам дека описното оценување им е тотална утка и огромна глупост...Не даваат никаква мотивација за детето и само дополнително ги збунуваат родителите..Мислам што ке каже детето кое порано би отрчало со книшка полна петки кај баба и дедо, а сега што? ке им однесе реферат да читаат?
Си прават и во образованието експерименти а страдаат само децата

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Описно оценување
11.1.2010 20:25:06   
ripce
мислам дека ваквиот начин на оценување влијае демотивирачки врз децата... Навистина кој сака да учи и да научи не му се потребни бројки кои ќе го мерат неговото знаење, ама се демотивираат и оние дечиња кои сакаат да учат, зашто знаејќи дека нема да бидат оценувани помалку се ангажираат.

Еве од мое лично искуство во средно... часовите физичко, ликовно и музичко ни беа оценувани описно, и воопшто не се ангажиравме да носиме опрема за час, а не па да вежбаме, цртаме!



_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Описно оценување
11.1.2010 20:49:27   
Bitolcanka
mis. сега видов дека имаме некои заеднички допирни точки - образовниот профил (и јас сум graduate teacher-unemplyed user posted image ) и датата на раѓање, 1 ден пред мене си user posted image Се најдовме user posted image

Инаку и јас сум против описното оценување. Се изгуби вредноста на оцената као стимул за учење и показател на успехот на учениците. Секако дека не се исти сите 5-ки, како и останатите оцени, но има стандарди за оценување. Сепак оцената се формулира според одредени критериуми, а сега само описно - непрецизно... На децата им се одзема мотивот за учење, којшто и без тоа беше намален (се почеста употреба на мобилни телефони, компјутери,...). Сакаме да измислиме нешто ново, но не сме постигнале нешто ниту со старото ...user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Описно оценување
11.1.2010 22:37:45   
pacuvce
ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce

Денес ни го дадоа сведителството за полугодие...


Јас се извинувам...Не било сведителство,туку евидентен лист за успехот на ученикот...А има некои интересни делови на кои добро се насмеав...НА пример:

„Ги знае роднинските врски во потесното и поширокото семејство„...Демек ги праќаме во училиште да научат да  распознаваат мајка,татко,тетка,вујко и сл....
„Препознава и именува сообраќајни средства„...Па тој ги знае сите марки на коли подобро од мене...
„Правилно се поставува во редица и колона„..Ова богами многу ке му служи кога ке оди да бара некој документ од Катастар или да вади пасош во МВР...user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Описно оценување
11.1.2010 22:49:25   
mami
„Правилно се поставува во редица и колона„..Ова богами многу ке му служи кога ке оди да бара некој документ од Катастар или да вади пасош во МВР...user posted image user posted image user posted image


е ова ме инасмеа до солзи..зарем вака оценуваат? па тоа е ужас...

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Описно оценување
11.1.2010 22:59:20   
mis.
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image ова ептен описно секоја лекција ја има раскажаноuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Описно оценување
12.1.2010 0:41:24   
jovanka
Edno ke kazam ima i prednosti i mani kako i kaj sekoj pocetok za nesto novo koga se voveduva.Negativnata strana e toa sto kaj decata se gubi taa borbenost za ucenje a pozitivno e toa sto kaj decata nema podelenost na solidni-odlicni i onie kako sto gi narekuvaat losi-dobri,dovolni.Sepak najvazen faktor vo seto ova e samata nastavnicka kolku taa ke pridonese deteto iako nema ocenka da ja sfati rabotata seriozno-deka treba da se uci t.e. da se sovlada materijalot sto e mozno podobro.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Описно оценување
12.1.2010 1:06:09   
biljanaM
Башка што е демотивирачки за децата, се утепавме пишувајки...хехехе....мислам дека за описно да го оцениш ученикот требе ептен убаво да го запознаеш....има евидентен лист за првото тримесечје што значи за три месеца ти требе да оцениш еден куп деца...па за полугодие итн итн...Од друга страна пак сметам дека се зависи од детето и домашното воспитување...Иако во евидентните листови за деветгодишното образование не смее да се пишува оценка, наставникот сепак може на тестови да им пишува оценки или усно да им каже што оценка имаат...При оценувањето не смее да се пишува што не умее да прави детето...не смее да се пишува неможе во никој случај..значи се пишуваат само работи кои детето ги умее, а родителите се оставени сами да заклучат каде има пропусти детето....

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Описно оценување
12.1.2010 8:56:13   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce


Јас се извинувам...Не било сведителство,туку евидентен лист за успехот на ученикот...А има некои интересни делови на кои добро се насмеав...НА пример:

„Ги знае роднинските врски во потесното и поширокото семејство„...Демек ги праќаме во училиште да научат да  распознаваат мајка,татко,тетка,вујко и сл....
„Препознава и именува сообраќајни средства„...Па тој ги знае сите марки на коли подобро од мене...
„Правилно се поставува во редица и колона„..Ова богами многу ке му служи кога ке оди да бара некој документ од Катастар или да вади пасош во МВР...user posted image user posted image user posted image


Баш утрово сакав да побарам дел од описните оцени што сте ги добиле,  за да имаме претстава што тоа точно значи. Изгледа телепатски си ме разбрала, благодарамuser posted image Интересни оцени сте добиле

Јас малку поопширно за образованието ќе си пишам бидејќи кај нас кај и да е за некоја година ќе биде актуелно, па така уште сега размислуваме за тоа. Впрочем грчково образование не ми се допаѓа бидејки децата во текот на годината воопшто не се оценуваат, ни описно, туку имаат завршни испити на крајот од годината кога добиваат оцени до 20. Исто така не ми се допаѓа ни тоа што толку се инсистира на дополнителни приватни часови да се совлада материјалот кој се предава на редовните што е стигнато до таму да тие дополнителни часови се скоро па со иста важност колку и редовните, само со таа разлика што се на терет на родителите. Со програмата не сум запознаена баш, но гледам од расположението на другите родители кои имаат ученици дека не е на некое завидно ниво.  И така со мм размислуваме кога ќе дојде време за тоа да одиме во Србија, но и таму има еден куп реформи во образованието, слични како во Мк и различни што не става во недоумица што да се прави. Образованието не е како што некогаш беше, а дали е подобро, никој со сигурност незнае.
И сето тоа ме наведува на една друга мисла. Во време кога ние како родители, децата од раѓање ги учиме да учат, вложуваме во играчки, сликовници, книги кои имаат едукативен карактер, вложуваме во време поминато во  стекнување на знаења (зависно од возраста) за подобро да ги подготвиме за светот кој е станат многу суров, образованието како да забушава. Сите тие реформи од типот на намалување на програмата, менување на начинот на оценување, менување на односот кон учењето ми делуваат многу демотивирачки и како да им е целта намерно создавање на необразовани генерации, со помалку знаења, за подобро  и полесно да се раководи со нив. И не ја разбирам таа тенденција на учење на децата дека сите сме биле исти кога тоа не е така и никогаш нема да биде така во реалноста. Едно е да се учат на толеранција, но да се учат дека сме сите исти е голема небулоза.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Описно оценување
12.1.2010 9:02:42   
mami
Во време кога ние како родители, децата од раѓање ги учиме да учат, вложуваме во играчки, сликовници, книги кои имаат едукативен карактер, вложуваме во време поминато во стекнување на знаења (зависно од возраста) за подобро да ги подготвиме за светот кој е станат многу суров, образованието како да забушава. Сите тие реформи од типот на намалување на програмата, менување на начинот на оценување, менување на односот кон учењето ми делуваат многу демотивирачки и како да им е целта намерно создавање на необразовани генерации, со помалку знаења, за подобро и полесно да се раководи со нив. И не ја разбирам таа тенденција на учење на децата дека сите сме биле исти кога тоа не е така и никогаш нема да биде така во реалноста. Едно е да се учат на толеранција, но да се учат дека сме сите исти е голема небулоза.


поубаво напишано здравје..Браво ма Ники, барем да имаше некој од оние горе да прочита и да му светне сијаличката за тоа што го прават со денешните генерации...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Описно оценување
12.1.2010 9:21:39   
arh_diz
Denes poveke roditelite ne gledaat kako ke uci deteto i kolku ke nauci. Gledaat da go zapisat vo privatno uciliste kade sto sigurno ke zavrsi kade e mnogu polesno od drzavnite uciliste a i sto e najvazno nikogas nema da izgubi godina a i ocenkite moze da si gi plati.

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Описно оценување
12.1.2010 10:19:18   
pacuvce

ИЗВОРНА ПОРАКА: jovanka

pozitivno e toa sto kaj decata nema podelenost na solidni-odlicni i onie kako sto gi narekuvaat losi-dobri,dovolni.


Не се сложувам со ова...Нека има поделеност...НЕка се знае кои се добри,а кои лоши ученици...Па дури и ако моето дете влегува во групата на лоши ученици,нека се наградат оние кои се труделе и постигнале резултати...

ИЗВОРНА ПОРАКА: biljanaM

значи се пишуваат само работи кои детето ги умее, а родителите се оставени сами да заклучат каде има пропусти детето....


И со ова не се сложувам...Јас треба ли инспектор да изигравам...Еве на пример во евидентниот лист кај син ми напишано е дека се совладал и дека во се е супер...Лично јас мислам дека повеќе му оди математика, а има проблем во израувањето при македонски јазик,на пример кога треба да раскаже некое четиво или приказна...И јас нормално го форсирам,ама не значи ли ова различно гледање меѓу мене и учителката губење на време...Затоа што мислам дека нема родител на овој свет кој не сака неговото дете да биде одличен ученик,ама пак мислам дека е многу побитно да научи да се бори во животот...А мислам дека оценките се некаков почеток...Вака се е релативно...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Описно оценување
12.1.2010 10:21:30   
niki
Па секоја ни чест ако сме паднале на тоа ниво. Само тогаш зошто си го губиме времето на родителски форуми, во читање на најразлична литература за воспитување и развој на децата, во информирање во сите области на родителството, наместо негде да заработуваме и да си ги платиме оценкитеuser posted image
Што знам јас мислам дека не спаѓам во таа класификација, за другите не знам, но мислам дека не сме поради забава тука.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Описно оценување
12.1.2010 10:28:58   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce


ИЗВОРНА ПОРАКА: jovanka

pozitivno e toa sto kaj decata nema podelenost na solidni-odlicni i onie kako sto gi narekuvaat losi-dobri,dovolni.


Не се сложувам со ова...Нека има поделеност...НЕка се знае кои се добри,а кои лоши ученици...Па дури и ако моето дете влегува во групата на лоши ученици,нека се наградат оние кои се труделе и постигнале резултати...

ИЗВОРНА ПОРАКА: biljanaM

значи се пишуваат само работи кои детето ги умее, а родителите се оставени сами да заклучат каде има пропусти детето....


И со ова не се сложувам...Јас треба ли инспектор да изигравам...Еве на пример во евидентниот лист кај син ми напишано е дека се совладал и дека во се е супер...Лично јас мислам дека повеќе му оди математика, а има проблем во израувањето при македонски јазик,на пример кога треба да раскаже некое четиво или приказна...И јас нормално го форсирам,ама не значи ли ова различно гледање меѓу мене и учителката губење на време...Затоа што мислам дека нема родител на овој свет кој не сака неговото дете да биде одличен ученик,ама пак мислам дека е многу побитно да научи да се бори во животот...А мислам дека оценките се некаков почеток...Вака се е релативно...


Баш така, со зборови сите ќе бидат добри, кај секое дете ќе се најде нешто што совладало и ќе се занемари она што не го совладало. А ние родителите ако бевме способни да ги образуваме нашите деца и да ги проценуваме сите нивни пропусти, реално, а не субјективно, сигурно не ќе ги праќавме на училиште.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Описно оценување
25.11.2011 8:38:13   
Felly RR
Мамички, дали ги добивте првите описни оценки за оваа учебна година? Како сте задоволни и што мислите за описното оценување?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Описно оценување
2.11.2013 11:10:24   
niki
Mesec i pol kako odi na skolo, tatratkite polni so bravo, odlicno, stiklirano i slicno, retko nekade nekoja ispravka, a na nekoi mesta duri i nedostiga ispravka od ucitelkata, kako da ne obrnuva vnimanie bas koga pregleduva domasni...
kako e kaj vas?

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Описно оценување
27.6.2014 17:30:38   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

Nego I nie sme vo faza na sobiranje sveditelstva,doplomi,sertifikati I se odtanato I bash me zamisli pishuvanjeto na miana za ocenkite,pa stvarno mene mi znaci 5ka kako ocenka a do sega I od dvete shkoli dobivame samo tekst,koj deteto moe voopshto ne go interesira nitu neshto mu znaci a za mene tekstot e igra na zborovi,pa koj kako razbere taka.Se prashuvam dali od cetrvto oddelenie ke pocnat brojkite da se koristat vo sveditesltvata ili toa ke bide od pettouser posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Да Тања точно!!! Описни се оценките, но нас ни се први и многу драги..Наставничката ни објасни кое што значи така што знаеме каков е успехот на нашите деца... Мислам дека од петто одделение веке ке имаме бројки како оценки...


ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal RR

...Vo vrska so ocenkite,sin mi ke zavrsi shesto oddelenie I seuste ne sum videla ocenka.Kaj da e od sredno ke pocnat so ocenuvanje ako ne na fakultetuser posted image user posted image
Vi posakuvam ubav den a bogami I ubav vikenduser posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880


ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal RR

Vo vrska so ocenkite,sin mi ke zavrsi shesto oddelenie I seuste ne sum videla ocenka.Kaj da e od sredno ke pocnat so ocenuvanje ako ne na fakultetuser posted image user posted image
Vi posakuvam ubav den a bogami I ubav vikenduser posted image

Auuuu pa vit tamu ste preterale,shto e mnogu mnogu e!!!Jas se zalam za do cetvrto a ti ni vo shesto ocenka ne si videla,kako I da e,da ni se zivi I zdravi I uspeshni,e sega ako treba opisno neka bide opisnouser posted image
A bucko mal,ima li kaj vas eksterno testiranje na site oddelenija,taa novina ja imame nie od lani I drugata godina sinko moj go ceka istoto?!



Мамички, првите бројчани оценки ќе ги добиете во четврто одделение. И тоа само на полугодие и на крајот на годината. На тромесечие оценките пак ќе бидат описни, и така се до шесто. За екстерното тестирање има тема ТУКА. Буцко мал баш и мене ме интересира, ако можеш пиши во соодветната тема дали кај вас има нешто слично.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Описно оценување
27.6.2014 17:36:56   
Felly RR
Да се дополнам со мислење за описното - убаво е да се добие некоја генерална општа слика за детето, но убаво е и да има оценка. Во градника на рачињата добиваат петки, а на училиште треба да чекаат до 4 одд, за првите оценки.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 21
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?