|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Опремување на детска соба
5.10.2009 14:52:17   
Saturn
Конечно нашата ќерка официјално си доби своја соба. Архитекти не консултиравме, туку одевме баш по принципот „уради сам“, но додека да се опреми детската соба се изнамачивме. За таа цел решив да отворам ваков форум каде што може да се размениваат информации и искуства каде и што може да се најде да се купи или да се направи, затоа што на нас баш ни беше потребна таква помош. Сеуште фалат некои работи.
На пример осветлувањето не ни е решено, знаете ли каде може да се најдат интересни детски лустери или идеја за убаво осветлување на детската соба?
И некакви интересни рачки за плакар да не знаете каде може да се најдат?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Опремување на детска соба
5.10.2009 15:03:38   
niki
Незнам кој стил ви е собата, ама ако си во можност во Солун во Икеа да си појдеш, се ќе најдеш. Детски лустери, расветни ѕидни тела во различни форми, завеси, постелини, столчиња, масички и се што ќе ти падне на памет и не се нешто многу скапи.
Лустер можеш и сама да направиш ако знаеш да шиеш, некој шарен материјал, по Скопје има Матекс на пр. и со пластични фишбани исто по продавниците за текстил се наоѓаат ќе го обликуваш и ќе си го закачиш.  Од направи сам нема поубаво.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Saturn)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Опремување на детска соба
5.10.2009 15:08:17   
mami
ники прекрасна идеа за лустерот...може и да пробам да го направам

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Опремување на детска соба
5.10.2009 15:16:34   
Saturn
Стварно добра идеја за направи сам. Знам дека во Икеа сигурно има „лудница“ избор но не сум баш за патување (8 месец трудна), а кога бевме во Грција на одмор тогаш баш прогласија епидемија на свински грип и бидејќи јас бев трудна, а имам и мало дете решивме да не одиме во големи гужви. Мене најмногу ми се допаќа халогенско осветлување (за на таван, доколку не е некој лустер што виси - и тие знаат да бидат многу добри, не сакам плафоњерки), ама за детска соба треба да е добро осветлено, така што не сум сигурна, и нешто амбиентално од страна (некоја интересна ламба).

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Опремување на детска соба
5.10.2009 15:48:39   
niki
Ох јас сум многу ќејфлија на направи сам, морам да го натерам мм да ми покаже како да ги префрлам сликите од апарат на компјутер па да ви поставам слики. Имам направено столна ламба од картон исечени звездички за да продира светлина и дава многу уваво амбиентално светло уште ако ставиш сијалица во некоја боја, супер.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Saturn)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Опремување на детска соба
6.10.2009 15:22:55   
Saturn
Браво Ники user posted image , алал да ти е, и ние по дома сме многу за направи сам user posted image . Во спалната сама ги насликав трите слики, на завесата (зеленкаста, со нијанса мааалку накај маслинеста) закачив цветчиња (ги исеков од едни хартии за завиткување (не знам како се вика таа хартија, оние не крутите туку едни помеки, обично кога виткаат подарок во форма на бомбона ги користат) во праскеста боја - нешто помеѓу розева и портокалова, бидејќи таква е бојата на ѕидовите. А за детската имавме доста такви украсчиња од Холандија за лепење на ѕидови, боите за собата ги одбрав јас, а мм го направи целиот плакар и полици сам (уште не ми се верува како успеа, ама феноменално изгледа). Многу добар feeling  е кога си го гледаш своето дело дома.
Ако решиме и осветлувањето да го правиме сами баш ќе те консултирам за стручен совет user posted image  

За префрлање на слики од апарат јас знам за два начина. Или има едно како MP3 player со кабелче како USB стик и таму се уфрла картичката од апаратот (и тоа се приклучува на компјутер, со крајот што е како USB stik) или само кабелче со еден крај како USB stik, а другиот е за да се приклучи апаратот на него. Баш би сакала да ја видам ламбата.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Опремување на детска соба
6.10.2009 15:26:54   
mother 29
колку е убава!
user posted image

(Одговор на членот Saturn)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Опремување на детска соба
6.10.2009 15:32:27   
profesorica
нмогу ми се допаѓа user posted image user posted image user posted image

user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Опремување на детска соба
6.10.2009 15:34:14   
profesorica
леле ама е убава бебешкава соба

user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Опремување на детска соба
6.10.2009 15:42:16   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: Saturn

Браво Ники user posted image , алал да ти е, и ние по дома сме многу за направи сам user posted image . Во спалната сама ги насликав трите слики, на завесата (зеленкаста, со нијанса мааалку накај маслинеста) закачив цветчиња (ги исеков од едни хартии за завиткување (не знам како се вика таа хартија, оние не крутите туку едни помеки, обично кога виткаат подарок во форма на бомбона ги користат) во праскеста боја - нешто помеѓу розева и портокалова, бидејќи таква е бојата на ѕидовите. А за детската имавме доста такви украсчиња од Холандија за лепење на ѕидови, боите за собата ги одбрав јас, а мм го направи целиот плакар и полици сам (уште не ми се верува како успеа, ама феноменално изгледа). Многу добар feeling  е кога си го гледаш своето дело дома.
Ако решиме и осветлувањето да го правиме сами баш ќе те консултирам за стручен совет user posted image  

За префрлање на слики од апарат јас знам за два начина. Или има едно како MP3 player со кабелче како USB стик и таму се уфрла картичката од апаратот (и тоа се приклучува на компјутер, со крајот што е како USB stik) или само кабелче со еден крај како USB stik, а другиот е за да се приклучи апаратот на него. Баш би сакала да ја видам ламбата.


Не сум јас стручњак, само крадам идеи од ваму-таму и импровизирам така си го пополнувам времето. Совети слободно само барај.
А за сликите кај нас треба да се приклучи некој апарат за блу тут па така да се префрлат, не верувам дека е нешто многу комплицирано, ама не сум седнала да чепкам и незнам кај му е тоа чудото ни како изгледа за да се зафатам со него. Ај ќе биде во блиска иднина ко што вика мм.

< Поракaта ја уредил niki -- 6.10.2009 15:43:32 >


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Saturn)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Опремување на детска соба
7.10.2009 10:06:18   
big_mama817
user posted image
user posted image
user posted image
user posted image
user posted image
се надевам дека ви се допаѓат

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Опремување на детска соба
7.10.2009 10:46:51   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: big_mama817




user posted image



Е оваа баш ми остави впечаток, наскоро ќе се селиме, ќе ми биде инспирација за новата соба на мојата мала принцеска. Фала Биг мама!

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Опремување на детска соба
7.10.2009 11:03:51   
Еца
Дефинитивно Ники од сите слики и мене таа ми остави најголем впечатокuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Опремување на детска соба
7.10.2009 13:49:27   
zami
Skoro vo sekoj podobro snabden dukan za rasvetla ima i detski modeli na lusteri
Dobar izbor ima i vo Hubo market.
Mozete da odberete i plafonjerka so lik na sonce ili mesecina.
A rackite za plakari ima podobro snabden dukan kaj Zito luks vo kapistec.

Ama imajte vo predvid deka decata mnogu brzo nema veke da bidat mali deca tuku prvacinja, tinejdzeri i sl. A vie se somnevam deka ke im ja preureduvate sobata za pet godini

Zatoa pri opremuvawe na soba za mali deca posvetete se na onie raboti koi sigurno ke gi smenite za pet godini:
- boja na zidovi
- sliki i crtezi na zidovite
- zavesi
- tepison i sl

Eve edna ideja: ako deteto e nad 4 godini dajte mu cetka vo raka i boja i ostavete go sam da si ja naslika sobata ili barem eden nejzin del. Sekako so vasa pomos.Sigurna sum deka ke bidete prijatno iznenadeni.

(Одговор на членот Saturn)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Опремување на детска соба
7.10.2009 13:52:24   
mother 29
user posted image

(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Опремување на детска соба
7.10.2009 13:53:27   
mother 29
колку добар цртеж на зидот, нели?

user posted image



(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Опремување на детска соба
7.10.2009 13:54:39   
mother 29
user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Опремување на детска соба
7.10.2009 13:56:14   
mother 29
user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Опремување на детска соба
7.10.2009 14:00:17   
zami
Eden ,,vakov,, zid i ne vi treba druga dekoracija vo sobatauser posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Опремување на детска соба
7.10.2009 14:02:19   
elle
да и детето нема да сака да излезе од собатаuser posted image user posted image user posted image user posted image


(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Опремување на детска соба
7.10.2009 14:03:23   
mother 29
прекрасно!user posted image

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Опремување на детска соба
7.10.2009 15:23:22   
mother 29
Совети за уредување на детската соба


Детската соба освен што е место каде што децата играат, учат или спијат, претставува и место во кое, кога ќе станат свесни за себе, сакаат да ја изразат сопствената личност и интереси. Затоа детската соба треба да се организира на начин што ќе ги изразува нивните лични афинитети. Основни елементи во опремувањето на детската соба се креветот, плакарите, полиците и работната маса за учениците.

Добар кревет и квалитетен душек се подеднакво битни работи кои овозможуваат здраво и удобно спиење, без разлика на фактот дека децата немаат голема тежина, па не создаваат голем притисок на душекот.



user posted image

Кој вид на кревет е соодветен за детската соба зависи од димензиите, како и од тоа дали детската соба е наменета за едно или за две деца. Изборот главно се сведува на: засебен кревет за едно лице, кревет на кат и кревет со фиока во која е сместен друг кревет.

Во сите опции добро е да се постави до креветот мала комода за да може детето да стави лампа, книга или напиток кој го конзумира ноќе.

Фотељата би требало да биде задолжителен елемент, особено во собите на помалите деца, за да родителот може да раговара со детето, непопречувајќи го додека лежи во креветот.

Особено важно е да се овозможи доволен простор на подот за непречена игра и активност. За да просторот максимално се ослободи, поставете доволно полици и плакари во кои ќе ги сместите облеката, книгите, школскиот прибор, играчките итн. Практично решение е и поставување на фиока под креветот која нема да завзема дополнителен простор.



user posted image

Задолжителен елемент во собата на ученикот е работната маса. Најдобро е така да се смести за да се овозможи доаѓање на природна светлина од лева страна (со исклучок ако детето е левучар). Поставување на масата веднаш под прозорецот може да биде добро решение поради правецот на влезот на светлината, но треба да се внимава отворањето и затворањето на прозорецот да не биде попречено од некои предмети на масата.

Со позиционирањето на работната маса треба да овозможи поглед кон влезната врата во собата. Закачете и посебно пано на кое ќе ги закачувате дипломите, најуспешните цртежи, првите напишани букви и сл. На тој начин ќе ја потикнете неговата понатамошна работа. Тоа секако ќе влијае на детската психа и развивањето на креативноста.

Детската соба може да биде уредена во различни стилови и бои, но настојувајте секогаш да бидат ускладени со желбите на детето. Многу е важно тоа да се чувствува сигурно и опуштено во својата соба, па затоа вклучете го и детето во уредувањето на собата, доколку тоа го дозволува неговата возраст.



user posted image

При опремувањето бидете креативни и при купување на мебелот, размислувајте дали ќе може да се прилагоди истиот на возраста на детето со тек на времето. Во изборот на бои бидете креативни и користете топли бои кои ја потикнуваат активноста на детето.

Секое дете има свои омилени бои, а вкусот често се разликува во зависност од полот на детето. Затоа забележете ја омилената боја на детето и применете ја при уредувањето. Вкусовите на детето со време ќе се менуваат, па затоа изберете мебел кој може да се комбинира со различни бои. Тоа поконкретно значи да се поиграте со боите на ѕидовите и деталите, бидејќи нив сигурно почесто ќе ги менувате за разлика од парчињата мебел. Со ваков избор, со минимални вложувања, ќе го измените изгледот на собата во склад со желбите на детето.


Материјалите за завршна обработка на мебелот, подот и ѕидовите треба да бидат лесни и едноставни за одржување, поради фактот дека овие површини се валкаат многу почесто од другите поради детската разиграност и невнимание. Правилниот избор на материјалите ќе ви го олесни одржувањето, а просторот ќе го направи долгорочно уреден.


user posted image

Подот треба да биде топол – во предвид доаѓаат сите видови на дрвени подови и теписи (бидете внимателни со изборот во поглед на собирање на прашина). Керамички плочки не доаѓаат во предвид бидејќи се исклучително студени, а нема да помогне ниту покривање со тепих поради опасноста за пролизгување на тепихот. Избегнувајте примена на елементи со остри рабови. Благите и заоблени линии идеални се за детските соби.



user posted image

Со правилниот распоред на елементите и со малку фантазија, следејќи ги потребите и желбите на детето, детската соба ќе ја направите пријатен амбиент во кое детето со задоволство ќе го минува времето.



(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Опремување на детска соба
7.10.2009 15:24:42   
mother 29
Осветлување на детската соба
user posted image

При осветлување на детската соба најважен фактор е безбедноста на децата. Светилките во расветните тела секогаш треба да бидат заклонети со цел да се избегне можноста при допир детето да се изгори.
Во детските соби како расветни тела може да се постават мини-рефлектори со држачи кои може да се виткаат, ротираат и вперат во било кој правец за да го осветлат делот за играње, учење, некое хоби итн.

Расветните тела поставени на ѕидот се побезбеден начин на осветлување во детската соба за разлика од осветлувањето со самостоечките расветни тела.
Како децата растат, овие светла можат да бидат искористени за истакнување на други важни работи како што се музички системи или простор за седење и дружење со пријателите.
Регулирање на интензитетот на светлината со регулатор е пожелна функционалност, бидејќи на тој начин децата најлесно можат да се подготват за спиење.
Ако вашите деца често играат на подот, треба да обезбедите такви светилки кои и на ниво на подот ќе даваат здраво и пријатно осветлување.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Опремување на детска соба
7.10.2009 15:26:57   
profesorica
леле мотхер 29 лустерот со автомобилите многу ми се допаѓа дај жити се кажувај да не има техника направи сам, баш би сакала да го имам во соба кај дамјан, многу сака брмчиња ептен ќе се радува.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Опремување на детска соба
13.10.2009 15:21:55   
Saturn
Уф, колку убави соби. Кога сурфав по интернет најмногу се задржав на: http://www.potterybarnkids.com/shop/k/index.cfm?cm%5Ftype=gnav
само после ме фаќаше фрустрација дека кај нас од ова не може ништо да се најде, дури и ако сакаш нешто сам да направиш нема од каде таков материјал да купиш. Ама пак, добро е да имаш инспирација.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?