Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Дали внимавате какви шишиња купувате за своите бебуши. Најдов еден податок што воопшто не ми се допадна
Повеќе организации за заштита на животната средина предупредуваат дека хемиската супстанца БИСФЕНОЛ А, е опасна за деца и животни. Истовремено FDA и европските регулаторни комисии, како и соодветната хемиска индустрија, тврдат дека истата е сигурна и безопасна за здравјето.
Националната Токсиколошка Програма, која е дел од американскиот владин Национален Институт за Здравје, објавиле првичен извештај во кои изразуваат загриженост дека БИСФЕНОЛ А, може да предизвика нервни и психички пореметувања кај фетусот, новороденчињата и децата. БИСФЕНОЛ А, или познат како БПА, се користи при производство на пластични (polycarbonate) шишиња, како што се ригидните шишиња за вода, бебешки шишиња за хранење, чаши, чинии, а исто така и во производство на конзерви (фолија за внатрешно обложување), во кои се пакува детска храна.
Организациите за заштита на животната средина и за заштита на потрошувачите се повикуваат на резултатите од студии кои покажуваат дека оваа хемиска супстанца ја нарушува апсорпцијата на хормонот естроген, кој е клучен во развојот на младиот организам.
аууу ме уплаши сега..па ние само пластични користиме..од почетокот сме со шишенца на Авент за се и млеко и сок...досега бев задоволна, ама очигледно ке треба да се менува нешто
И за двете деца користев стаклени шишиња дури не проодеа. Побрзо се грејат, поубаво се мијат некако по хигиенски се. После тоа се префрливме на нук и се е ок.
Треба на Лука денес да му купам ново шиши за вода и за сок, оти старине веќе почнаа да мирисааат, незнам што гума ке беше тоа на цуцлата ама ужасно мириса иако е вриена...Какво да му купам? Има некој предлог? Ама да не биде со класична цуцла, полека ја исфрламе..се изнагледав секакви деновиве и незнам за кое да се решам
Јас и купив стаклено шишенце на Бејби Нова и веќе два дена се измолзувам и по еден оброк и давам од шишенце На почетокот нешто правеше фаци, но кога ја фати цуцата ништо не остана во шишенцето(мора да ја учам на време )
Staklenite na cihho, ma cuper se.Imame malo,sredno i golemo stakleno.Kupivme i plasticno no ne go koristam od pricina sto staklenite polesni se za uptreba, ne mirisaat i lasno se mijat.Mm go prevrte plasticnoto i sega ne se zatvara ubavo.Ama go cuvam, toa e prvoto sisence sto go kupivme za cajce.Samo moram da gi smenam cuclite, mislam deka silikonskite izgledaat pocisto i ne mirisaat
Јас би ви ги препорачала на НУК цуцлите и шишенцата, ги користам одкако се роди дамјан и немам замерка.Цуцлата е во форма на брадавицата и Дамјан одма прифати не правеше никкави проблеми.
nie imame sekakvi chico,baby nova,nuk,wee,dizni....site se dobri,a za cucli bi preporacala definitivno silikonski...lele kaucukovite kako mirisaat,mene me tera na povrakanje, a ne pa bebuskite?!
I jas go imam istiot problem sise ni cucla ne saka a mu kupiv i casa od nuk od 8 meseci so klunce i taa ne ja prifati edinstveno ni sluzi koga sme izlezeni nadvor bidejki e od tie sto ne protekuvaat.Pie od lazicka i ponekoja goltka od casa. Macno e...
Пластичните шишиња се потешки за одржување за разлика од стаклените и бараат на одреден временски период да се менуваат.На колу време вршите замена на старото пластично шишенце со ново?
Може ли да ми кажете каде има производи на НУК? Јас во неколку аптеки побарав овде низ маало и немаше. Сакам да купам од цуцлата како брадавица и шишенце. Однапред Благодарам
ах тој нук, толку сме навлечени што не знам како да го откачиме. ми иде да ја исфрлам таа зоолошка градина од домаааа. уште и име им даде бе - плинска боца ги вика а нук се стварно супер. ги има со обични и оние понов тип цуцли. ама стефан е по класиката, другите не ги сакаше. освен тоа мислам дека каучукот му предизвикува алергиска реакција па ги заменивме со силиконски.
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
Ние користиме стаклено шишенце на Нук со каучукова анатомска цуцла. Кај шишенцето ми се допаѓа тоа што има широко грло па можеш со сунгерче да го измиеш пред да го стерилизираш но цуцлата веќе почна да мириса (по 3 недели). Размислувам да ја заменам со силиконска но тие се покрути а мојата Јаничка нема толку сила
Gledam deka temata postepeno izleguva od svoeto znacenje. Znaci ne koga pocnavme so sisinja i dali gi prifakaat decata ili ne, ovde stanuva zbor za mnogu seriozna rabota. Bisfenol-A go ima vo site plasticni sisinja sto gi koristime za nasite deca i veruvale ili ne od mnogute statii sto gi procitav navistina se uveriv deka e opasen po zdravjeto na nasite deca. Ubavo Elena napisala i ova razberete go kako alarm koj ve predupreduva vo izborot na sisencata na sto treba da vnimavate. Barajte sisenca so oznakata BPA free ili kupuvajte stakleni!!!
Еве што пишува во едно научно списание Child Health Alert: Здравствените власти на државата Масачусец (САД) ги предупредуваат родителите да не чуваат бебешко млеко (формула) или исцедено млеко од градите во пластични шишиња кои содржат бисфенол (BPA). Особено им се препорачува на бремените жени да избегнуваат продукти кои ја содржат оваа хемикалија. Ова е донесено од локалните власти, а ФДА во моментов го преразгледува статусот на оваа хемиалија (ова е објавено во септември 2009). БПА е во класата на хемикалии кои ги имиттираат женските хормони и според испитувања врз стаорци, може да предизвика потенцијални развојни проблеми кај фетусот и кај мали деца. Како да ги препознаете овие производи? Најчесто на газерот или отстрана имаат еден триаголник (ознаката за рециклирање) и во неа има број 7 или пак има кратенка РС (на латиница, поликарбонат). Сепак, не сите производи со ознака 7 во триаголник го содржат БПА, но се препорачува да се избегнува нивното користење. Во замена да се користат стаклени шишиња или садови од нер'ѓосувачки челик. Исто така им се препорачува на бремените жени да не јадат овошје или зеленчук кое е конзервирано, затоа што облогата на конзервите го содржи БПА. Во заклучок, списанието препорачува: Иако нема доволно цврсти докази дека има штетно влијание кај човекот (децата), сепак се препорачува да се избегнува користењето на овие производи. Во меѓувреме се очекува конечниот извештај од ФДА.
Ќе се обидам да дојдам до понови информации. Се надевам дека ова е од помош.
Бисфенол А или дифенилпропан, е супстанција која е основа за производство на пластичните шишиња за вода, или пакувања за други безалкохолни пијалоци и бебешка храна. Експерименти извршени врз животни, покажаа дека Бисфенол А, го спречува создавањето на сперма на машките и го забрзува половото созревање кај женските единки. Специјалистите испитувале урина на 2500 здрави луѓе и откриле висока концентрација на Бисфенол А кај 92% од нив, што е на многу поголемо ниво отколку кај животните. Извештајот од Националната програма за токсикологија вели дека кај секој човек постои одредено количество на Бисфенол А. Некои специјалисти сметаат дека оваа материја ги уништува хормоните и делува на гените во раниот период на човечкиот живот, со што предизвикува да се развие рак на простата и гради, предвремен развој кај девојчињата, и други репродуктивни и нервни пореметувања.
Bravo matea ubav tekst. Nie koristime momentalno ova sisence so klunce N890 PVC ČAŠA 270ML, NS, AN Imame dve i toa pocnavme da gi koritime od 13 mesec.
_____________________________
Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.
Neli BPA se ispusta vo okolinata eve konkretno vo plasticnite sisenca samo pri visoka temperatura . Vo toj slucaj mislam deka ne treba tolku da se panici . Dovolno e samo da ne sipuvame topli napitoci vo vakvite sisinja . Isto e i so najlonskite folii vo koi se odgleduvaat ranogradinarski rastenija ( marula , piper , domati , krastavici ) vo vrelite zeski denovi vnatre kapat kapki voda od sto e zesko , poveke od 50C, se toa odi vo rastenijata . Nikogas ne sum mu dala na moevo dete nesto rasnato vo folija iako e od nasa gradina , a za sisenca , obicni se , i ciniite i sisencata , ednostavno se izladuvam vo staklo a potoa presipuvam . D ae tolku alarmantno Bi bile skroz povleceni od prodazba i sekako koj bi gi proizveduval .