Еца -> Пластични бебешки шишиња (19.5.2009 15:26:23)
|
Дали внимавате какви шишиња купувате за своите бебуши. Најдов еден податок што воопшто не ми се допадна[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Повеќе организации за заштита на животната средина предупредуваат дека хемиската супстанца БИСФЕНОЛ А, е опасна за деца и животни. Истовремено FDA и европските регулаторни комисии, како и соодветната хемиска индустрија, тврдат дека истата е сигурна и безопасна за здравјето. Националната Токсиколошка Програма, која е дел од американскиот владин Национален Институт за Здравје, објавиле првичен извештај во кои изразуваат загриженост дека БИСФЕНОЛ А, може да предизвика нервни и психички пореметувања кај фетусот, новороденчињата и децата. БИСФЕНОЛ А, или познат како БПА, се користи при производство на пластични (polycarbonate) шишиња, како што се ригидните шишиња за вода, бебешки шишиња за хранење, чаши, чинии, а исто така и во производство на конзерви (фолија за внатрешно обложување), во кои се пакува детска храна. Организациите за заштита на животната средина и за заштита на потрошувачите се повикуваат на резултатите од студии кои покажуваат дека оваа хемиска супстанца ја нарушува апсорпцијата на хормонот естроген, кој е клучен во развојот на младиот организам.
|
|
|
|