|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Повреди во домот и надвор од него
25.6.2009 20:37:04   
Еца
Темата да ја отворам ме натера денешната ситуација која ја имав дома и од која едвај се вратив во нормала.Знали да се предупредиме едни други од можните последици и повреди во домот. Денес Мартина додека јас подготвував ручек влезе во кујна и зема вилушка, ама од оние големите за месо.И реков да ја остави и таа демек ја остава, не ја остава,нешто ми мрмореше и ја земала.И како што ја знам каква лиска е , додека измив раце по неа да видам, кога таа вилушката во штекер.Срцето ми застана, среќа имаше дрвена дршка.Снема струја, кога спискав маж ми влета во дневна како попарен, само се погледнавме и пребледнавме.Последиците можеа да бидат фатални(а до скоро штекерите беа заштитени и никогаш не пипала таму, значи не постои никогаш)Рацете мислам уште ми се тресат, ги заштитив повторно сите штекери, но повеќе не мислам да ја оставам сама ни секунда, барем уште некое време....А колку многу зборови сум истрошила за се да и објаснам, постојано зборење и зборење и зборење, но не можеш да занеш што ќе им истекне во тие мали главчиња.Затоа што друго да кажам освен очи отварање и на грбот.user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:23:48 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Повреди во домот и надвор од него
25.6.2009 20:42:54   
Еца
Да исто така сакам да предупредам да внимавате и на средствата за чистење.Неколку дена по ред откако ставивме нова чешма во купатило, Мартина почна сама да ми влегува а јас тоа никако не дозволувам и пред некој ден ми вика за што ти се тие мамо, се пијат?Вие не знаете дека цел ден сум и објаснувала како се опасни, како со нив ги чистиме ситните бубачки кои не се гледаат,итн, итн, но штом ме прашува сигурно нешто и се мота во главата, затоа средставта ги тргнав, а маж ми ке става рајберче да не може сама да влегува во купатило.

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:24:26 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Повреди во домот и надвор од него
25.6.2009 23:25:43   
biljanaM
и нам штекерите ни се заштитени...од страв, и Воислав многу е радознало дете, се чепка се сака да изпроба, да знае.....мора да се внимава на нив во секој секунда.Не сакам да пишувам за некои случаи кои биле погубни за нашите срценца, бидејќи не сакам да вознемирувам никој.....

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:25:00 >


_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Повреди во домот и надвор од него
25.6.2009 23:26:40   
Еца
Леле Биле пишувај те молам, подобро да знаеме од што да се пазиме.

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:25:31 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Повреди во домот и надвор од него
25.6.2009 23:32:43   
biljanaM
едно детенце година ипол мислам дека беше а може и помало, важно одеше, го оставила мајка му само в соба а таа незнам до каде отишла дали до вц (затоа сега цел живот се обвинува), и тоа полека полека пред телевизорот, телевизорот рамен екран од тие ептен големите, почнува да ги треска фиоките, и телевизорот паѓа врз него......user posted image . Јас си го носам Воислав со мене во вц, може ке се чудите..ама сам не ми се остава никако...

Е ова ептен ми е заникаде...си стоело детето на оградата, железна, од оние на лизгање, незнам дали ги знаете поголемко било и кога оградата се откачила и врз него.....user posted image user posted image user posted image


< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:26:14 >


_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Повреди во домот и надвор од него
25.6.2009 23:33:21   
Еца
Јас исто така можам да напоменам лекарствата да се чуваат што подалеку од децата, не на високо, бидејќи и до таму стигнуваат туку под клуч или некаде каде што не ве виделе дека сте ги ставиле.Јас еднаш поодамна, пиев витамин Е (токоферол) и бидејќи стандрард секој си е на работа или си одмара, Мартина е буквално цело време со мене.И ете сами дома, мене ми се оди во вц, ама на подолгоuser posted image а витамините ми стоеја толку високо што јас на прсти се поткревав да ги дофатам.И така јас влегов во вц и пуштив цртан, кога таа од кујна дури си довлекла столче, се качила на бирото на кое јас работев ги земала витамините и си ги лижела(веќе зборуваше и ми кажа дека не голтнала само си ги лижела)Леле кога ја видов, што да ви кажувам.Се јавив веднаш на токсикологија и од таму ми рекоа дека ништо не е опасно па макар и три витаминчиња да испила.Да и давам многу течности и да ја следам.Доколку приметам необични симптоми како повраќање, малаксаност, да се жали на главоболка или да ја боли стомачето да ја носам на клиника. И така помина и тоа без последици, но јас си знам како ми беше тој ден, рацете една недела ми се тресеа.user posted image

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:26:47 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Повреди во домот и надвор од него
25.6.2009 23:37:03   
Еца
Е Биле што да ти се чудам па и јас ја носам со мене во вц, помала дури и кога се бањав беше со мене, во столче за хранење,абе тоа е, ама ете тогашп веќе поголема си викаш ајде гледа цртани, ама тоа какви бубачиња имаат во главата, само на нив што може да им истекнатuser posted image

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:27:19 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Повреди во домот и надвор од него
25.6.2009 23:43:53   
biljanaM
Вчера  свекрвата го зема кај неа да бил малце...таа пеглала, и и дошла некоја комшивка на гости...му дала шише млеко на Воислав нели ке пиел....user posted image и тој кога ја видел пеглата блиску, достапна си ја уклучил во штек (таму не и се заштитени штековите, ама сега ке мора) лелееее.....и ке пеглал...а она си пие кафе, дури кога замирисало.....таа се стрчнала и видела тепихот црн,....незнаев што да и кажам....си премолчав, и реков божем ти незнаеш дека он не се остава сам....а таа демек ке пиел млеко....остај тепихот, не дај боже да бидело нешто поголемо....не сакам да размислувам на последиците....user posted image

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:27:48 >


_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Повреди во домот и надвор од него
25.6.2009 23:49:32   
Еца
Не не детето е дете, премногу љубопитно, и тоа е нормално, ние сме тие кои мораме да внимаваме, некој вика ех ти па колку се потресуваш.Е таквите луге не ги разбирам.Како да не се потресувам кога една грешка и цел живот можеме да лупаме глави, ама ајде пак ќе речам Господ нека ги чува, зошто ние не сме толку моќниuser posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:28:19 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Повреди во домот и надвор од него
26.6.2009 9:09:14   
mami
Јас имав блиска средба со регулаторот од печката...си седев на кревет, а имав некои 6-7 години и контролорот беше до мене, ама со изваден заден дел, татко ми нешто го поправаше и јас морав да проверам, па си чепкав со прст па после со несто чепакв, не се сеќавам што беше, знам само дека во еден момент летнав од едниот до другиот крај на креветот..и од тогаш не им текна да остават нешто не заштитеноuser posted image

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:28:48 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Повреди во домот и надвор од него
26.6.2009 9:15:40   
mami
и пијалоците подалеку од деца...јас и сестра ми се имаме опијането од оној овошниот коктел што го прават со ликер и црвено овошјје...мајка ми правеше порано во една огромна тегла и го чуваше во спална. Еден ден додека била на работа, нас не чуваше дедо ми сме влегле внатре и сме си ја отвориле теглата и само овошјето сме го јаделе, ама тоа потопено толку време во рум и незнам што таму примило и ние двете сме почнале да се клацкаме на сите страни и на крај сме си заспале. кога дошла мајка ми од работа ке го потепала дедоми, и не и текна веќе да ја остава теглата на видно место

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:29:13 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Повреди во домот и надвор од него
26.6.2009 17:56:20   
Anushka
ZAPALENA RERNA: mojot pogolem sin na 1 god. si gi zalepi racete na rernata na svekrva mi;
KANTA ZA GUBRE: nie frlame, ama na niv im e interesno: na drugaka sinot zamalku ke se zakolese so upotreben zilet od kanta
WC SKOLKI: statisticki, mali deca doma se davat najmnogu vo WC skolki!
TERASA 1: vcera vo Crna hronika pisuvase deka vo Cair 12 (dvanaeset_!!!)god. dete na terasa na treti si pravelo muabet so drugarcinja vo parkot... glavata i trupot se poteski  - se prevrtel!
TERASA 2: decata znaat da mesecarat!!! za se'' postoi prv pat. Mojot sin na dve god. vo son si stanal, si otvoril vlezna vrata (od kukja so dvor) i si stignal do kapija. Duri togas (fala mu na Boga) se razbudil. Mene me razbudi negovoto vikanje od kraj na dvor!!!
VOZILO: zagusuvanje, krazba na vozilo so se dete, malku pogolemki deca sakaat da se pravat soferi. Na koleska sinot pred gradinka ja iniciral kolata i ja tresnal vo taa pred nego.
ako ne vi teknuva nisto drugo sto e opasno za deca doma, kleknete na kolena i set_ajte niz stan. Se` sto ke vidite od taa perspektiva za niv e interesno (citaj opasno)....

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:30:11 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Повреди во домот и надвор од него
26.6.2009 20:54:04   
denicka
jas na 4 godini kaj vujko mi na gosti (ja pravea kukata togas)  so nozici vo steker user posted image  i kako mami od eden kraj na hodnikot stasav na drugiot kraj. moite mislam srcev udar dobija. od togas se bese zastiteno. vnimavajte od kucinja. moze e daleku ama brzo moze da stigne do vas koga se set_ate.
mene isto me ima kasnato kuce  na 5-6god, ama po moja vina. sum se izgubila i edvaj me povratile nazad.

i nikogas, NIKOGAS, ne gi tepajte decata do besvest ako napravat glupost, podobro zborete ili malku udrete gi! zasto ima sekakvi posledici.

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:30:39 >


_____________________________

Bless and you will be blessed!

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Повреди во домот и надвор од него
28.6.2009 10:31:17   
Anushka
Denickauser posted image user posted image user posted image , vo pravo si i za kucinjata (osobeno onie vo Park, sto gi spremaat za borbi), a i za tepanjeto...
Se set_iv: dali ste cule za "detsko davenje na suvo"?
Toa e sindrom na davenje nadvor od voda, a so voda. Imeno, ako pogolemko dete (nad 3-4 god i poveke) nema mnogu iskustvo vo voda, plus ima i vroden strav od voda, pri negovoto prvo vleguvanje vo voda (bazen, more), nema zdobien refleks da ne ja vdisuva vodata. Taka, dovolno e nekolku pati nesvesno da shmrkne od vodata koja pravo ke otide vo belite drobovi (napomenuvam, nezabelezitelno, bez gushenje, osobeno kashlanje i sl.). Po nekoe vreme od koga ke izleze od voda, ako e pospan, se odnesuvam cudno i malaksalo, ili ako si legne da spie pod izgovor deka e umorno, NE GO OSTAVAJTE DA SPIE, tuku pravo na lekar.
Vakvite deca umiraat vo son od davenje od vodata koja se naogja vo alveolite na belite drobovi.


< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:31:05 >

(Одговор на членот denicka)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Повреди во домот и надвор од него
28.6.2009 10:45:41   
niki
Nas vcera ni se sluci nezgoda vo super market. Ima mali kolicki sto kerka mi saka da gi turka dodeka pazarime, demek ona pazari, dodeka se navednav da zemam ovosen jogurt, taa ja pustila kolickata i gi zalepila racete na liftot, na dva metri od mene. Vo istiot moment vratata se otvara i i go povlekuva ednoto race vo procepot, vriska taa jas ja gledam i jas vristam, covekot sto izleguvase od liftot brzo ja grabna i i ja izvlece rakata. Dvete zaedno placevme edono deset_ minuti, kolku se isplasiv nemozev da se sozemam a covekov sto i ja izvadi rakata ne go ni vidov koj bese nitu uspeav da mu se zablagodaram. Sepak sreka sto se najde tamu inaku mozese da i ja zdrobi rakata ako ja povlecese uste.  Leleeeeeee poarno da ne mislam ponatamu sto se mozesse da se sluci.
Otssega pa natamu ili za raka ili vo race vo super market, nikakvi kolicki pa da mi izbega.



< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:31:28 >

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Повреди во домот и надвор од него
28.6.2009 10:59:56   
mami
леле Ники па тоа било блиску...не бе не , не се сигурни никаде..ете лука вчера се испентари на креветчето од надворешна страна и главеечки падна внатре, а многу лесно истот може да го направи и од внатрешна страна..уф сега веќе нии таму не ми е сигурен, ке си го носам секаде со мене

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:31:52 >

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Повреди во домот и надвор од него
28.6.2009 11:09:53   
Еца
Навистина човек не може да биде сигурен, затоа отворање очиuser posted image

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:32:15 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Повреди во домот и надвор од него
28.6.2009 11:31:34   
niki
Sega pak bevme da kupime nesto za doma i kako mu se priblizuvame na liftot,  srce malecko mi vika: Mamo nema vise da stavam race na liftot. Zapamtila kutrata kolku ja bolese vcera, pak mi se placese, zar morase na toj nacin da nauci nesto.!!!!!!???


< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:32:47 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Повреди во домот и надвор од него
28.6.2009 11:53:34   
mami
ники кај мене лука учи само така..и веќе престанав да се нервирам..требаше да се подизгори на шпорет за да сфати дека таму не се фаќа исто и со печката зза греење кај моите...си го заглави прстето меѓу две решети и се расече малку, па сега бега од таму...

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:34:32 >

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Повреди во домот и надвор од него
28.6.2009 11:57:42   
niki
Abe na svoi greski najubavo se uci, ama vo nivnive situacii greskite moze da bidat fatalni, pa pretpocitam da ne uci taka, ama ete i na tolku pazenje, sekogas ne se dopazuvame.........

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:35:23 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Повреди во домот и надвор од него
5.7.2009 22:06:33   
mami
user posted image user posted image user posted image  само што се враќаме од дежурен стоматолог..леле луѓе животот ми се скрати за сто години..додека го бањавме Лука, он како по обичај си шета натаму наваму низ кадичката и во еден момент, при двајцата нас присутни, јас му ставав пена на главчето, го зафркавам  нешто и оп се лизна и со запчињата директно во крајот од кадичката..почна да плаче што е нормално, го земав во раце да го смирам и одеднаш гледам крв, е готово, нозе ми се пресекоа, и уште ми се виде како едното запче да му е нанапред извадено и толку...само го замотав во пешкир, грабнав ус пат уште една фротирка и преку врата со мм. нему срека му текна да го земе ранецот што му го спремив за утре за кај моите а таму има алишта комплет па по пат го облеков некако...го видоа таму на дежурен, СРЕКА ништо не му е, запчињата се сите на број, устето малку потечено, тој исплашен ама еве го испи млекцето и веднаш заспа...од сега шетање низ када никако

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:35:49 >

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Повреди во домот и надвор од него
5.7.2009 22:10:40   
Еца
Леле Мами среќа се што завршило добро милаuser posted image Инаку нека шета, ама под него обавезно пешкир во кадата.Дури и оние гумени подлоги за во када не се толку сигурни.  Уште една поука на што треба да внимаваме.Ете а тоа било секојдневна рутина, ама...ех така стареат родителите

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:36:17 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Повреди во домот и надвор од него
5.7.2009 22:11:23   
mami
ма после ова ми иде да земам цела када да ја обложам со пешкири не само долеuser posted image

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:36:46 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Повреди во домот и надвор од него
5.7.2009 22:16:53   
mis.
Леле мами среќа се добро завршило и заборавете на можните последици.Децата паѓаат но како викаат добро да паѓаат и господ само да ги чува
Во петокот кога бев на гинеколог бев запрепастена од кажувањето на една мајка како нејзиното дете на 2 ипол години паднал во многу длабок бунар и за некоја среќа завршил со скршеница на ногата и серазбира со траума и страв.Во несреќата и среќа.Не знам што да кажам никако оставање на детето само и постојано под надзор.Викаат гледал телетабиси и ги копирал во скокањето.Значи и контрола при гледањето тв и цртани.


< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:37:10 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Повреди во домот и надвор од него
22.10.2009 9:31:17   
big_mama817
леле вчер што ми се случи планирав да пеглам и ја уклучив пеглата да се загре малку и за секуда излегов да соберам уште некој алашта на син ми (он во меѓувреме јадеше со дедо му) но најверојано веќе се најал нели и ттру право во соба и малку се ватил на големиот прст и малиот оделно кога све-крива почна да кука и детео ми го извади уште повеќе од памет и не можев да го смирам цел саат помалку од болката а повеќе од тоа што таа кукаше абе се извадив од памет
п.с. обично секогаш кога пеглам  и кога он е тука внимавам но вчера не очекував дека ќе влезе  во соба бидејќи јадеше user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил mila mama RR -- 8.7.2012 9:37:40 >


_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот mis.)
Revisions: 3 | Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?