|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Повреди и незгоди во градинката/училиштето
23.10.2010 23:35:51   
nadica
Инспирирана од вчерашната случка која и се случи на Надица решив да ја отворам темава.
Имено Надица и една нејзина другарка се спречкале за тоа кој да седи поблизу до учителката при што ќерка ми заработила гребаница, а сигурно и другарка и не поминала полесно, за сето ова ми раскажа воспитувачката која и вчера и денес ми се јави да праша како е Надица. 
Јас лично не барам виновник штом се се завршило без поголеми последици, но свеки и свекор ми денес ме извадија од такт со лекциите кои и ги држеа како таа требало да се брани и што да стори нареден пат кога ќе се сретне со другарката.
Потоа цел ден ми требаше за да ја разубедам дека враќањето и ќотекот не се решение, а тоа да му го објасниш на две годишно дете по здобиените лекции од бабаи и дедо и е навистина тешко.

Дали вие сте се соочиле со сличен проблем?
Што ги советувате вашите деца, како да се заштитат, а притоа да не повредат некое друго дете?
Дали одговорните некако ви помогнале?



_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Повреди и незгоди во градинката/училиштето
24.10.2010 0:06:12   
Anushka
никогаш не сум ги форсирала децата да се однесуваат вака или така, т.е. не сум ги учела да враќаат, ниту пак де го завртат и другиот образ...
Тие и ден денес се однесуваат во склад со сопствениот карактер. Едниот секогаш се трга на страна, подалеку од неволја, а другиот пак е „тепачиште“. И во двата случаи јас се вадам од памет, се секирам. За првиот, си велам - леле, овој не знае ни да се одбрани, а за другиот се нервирам што запаѓа во неволји.
Што и да ми збориме, како и да ги учиме, се` е до природата на детето.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Повреди и незгоди во градинката/училиштето
24.10.2010 10:11:26   
Octavia
Јас секогаш го учев син ми да не биде себичен, да не се тепа за играчка (ни дома, ни надвор, ни во градинка), да не удира, туку да каже, итн... И испадна дека надвор ќе му ја земе некое дете играчката од рака, а моево си молчи (нели така рекла мама), во градинка ќе го удри некој, а тој му викал „Не е убаво да се тепаме“ и не враќа... се дури наставничките во градинка не почнаа да го учат да врати и да се одбрани. Едната од нив вака ми рече „Ти тоа што го учиш е супер, ама кога сите би ги учеле децата така. Треба да научи да се одбрани и од насилни деца“. Мм ми вика сум го учела да биде плашлив user posted image . Се надевам дека како расте ќе се однесува според својот карактер, како што вика Анушка. Јас лично не сакам агресивни, нападни деца, ама има и такви што ги учат децата да се такви, на пр. другар на мм од 1 година го учи малото да им еuser posted image  матuser posted image  на сите (баш со тие зборови) оти поарно било да се плашеле од него отколку да го заебuser posted image  user posted image .

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Повреди и незгоди во градинката/училиштето
25.10.2010 9:14:39   
anedespo
Се е од карактеррот на детето. Постарото ми е плашливо и мирно и го тепаат во градинка и џабе го учам да се брани кога тоа не му е во карактерот. А помалото е џамбаз и напаѓа без причина, го учам да не се закача. Дури и го тепа поголемово кое е 3 глави повисоко. Колку за споредба 6 годишно дете со 2 ипол годишно.

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Повреди и незгоди во градинката/училиштето
29.11.2012 15:05:34   
vezilka RR
Пред некој ден Никола се врати со гребаница од градинка. Истиот ден попладнеси седи и без никој да го праша си вика не,не не тепаме децата, игаме децата. Сигурно имало некоја закачка по што добиле прекор, па тој си го повторуваше по дома. Ние му го птврдивме тоа дека не смее да се тепа со децата, туку да си игра и му рековме дека треба да се гушне со дечињата за да си играат и понатаму. Не успеав да разговарам со учителката за ова да разберам што се случило. Претпоставувам дека не било нешто големо, оти ништо не и спомнале на мајка ми кога го земала.

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Повреди и незгоди во градинката/училиштето
23.5.2013 22:41:50   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: majkanasin

Не знам каде точно да пишам, па ја видов темава како најпосетена последниве минути.
Дали ви биле сомнителни модринките и гребаниците на детето од градинка? Се сомневам дека детето ми е удрено од учителките таму, зашто ем сам си кажува и покажува (има 2,5 години а збори како за 5) ем се премногу големи и силни за да бидат од друго дете или играчка. Не викам дека не е можно сам да се повредил, само ве молам за искуствата ваши, дали сте се посомневале, како сте изреагирале, како сте откриле што се случило и како се решило? Не знам веќе што да мислам.



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Повреди и незгоди во градинката/училиштето
23.5.2013 22:46:58   
Felly RR
Мајканасин, јас би разговарала прво со учителките, прашај ги што се случило - ќе видиш како ќе изреагираат, и што ќе ти одговорат.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Повреди и незгоди во градинката/училиштето
23.5.2013 23:24:02   
miana
Моето дете неколку пати дома ми кажува дека едно од децата во групата,ја мава..Еднаш дојде со скинат џемпер,кој ти го скина? Пак ми го казува него..Друг пат со ишкртан блузон,повтоно од него..Потоа друг ден,мама тој ме мавна со стапче..Па мамо,тој ми удри шамар...Епа пукнавме веке,..Пожали се еднаш,учителката вика - што да правам,мајкаму на детето и рекла- што сакаш прави му,и дома бил немире,им искршил плазма Тв..Еднаш јас се пожалив,еднаш мм се пожали и последно и рековме дека ако уште еднаш се пожали,ке реагирам на повисоко ниво..Инаку една пријателка на свеки ми кажа дека по нов закон може и дете да се исклучи од градинка од некои причини...Па не би сакала да дојде до ова,особено сега пред крај,ама мразам тка невоспитани деца..Најтрагично е што тој ги тепа сите деца....

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Повреди и незгоди во градинката/училиштето
24.5.2013 7:44:15   
Yummy Mammy

ИЗВОРНА ПОРАКА: majkanasin

Не знам каде точно да пишам, па ја видов темава како најпосетена последниве минути.
Дали ви биле сомнителни модринките и гребаниците на детето од градинка? Се сомневам дека детето ми е удрено од учителките таму, зашто ем сам си кажува и покажува (има 2,5 години а збори како за 5) ем се премногу големи и силни за да бидат од друго дете или играчка. Не викам дека не е можно сам да се повредил, само ве молам за искуствата ваши, дали сте се посомневале, како сте изреагирале, како сте откриле што се случило и како се решило? Не знам веќе што да мислам.


Bi trebalo da porazgovaras so ucitelkite. Za da ne se navredat gospozite, da ne ispadne deka gi napagas, jas bi se napravila onaka naudrena kao: "a be detevo go gledam so modrici, doma ne sum go videla da se udri, ovde da ne se stepal so nekoe drugarce... da ne ste videle nesto, da znaeme doma da obrneme poveke vnimanie..." i ke vidis kako ke izreagira, zatoa sto ti si go znaes deteto, zanes za sto moze da se tepa, a za sto ne. Baska, ucitelkata nikogas nema da ti kaze: "da, jas go istipav zatoa sto ne me slusase"


_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Повреди и незгоди во градинката/училиштето
24.5.2013 8:23:13   
deluxe
Еве едно мое искуство....
Керка мми ја запишав во градинка кога имаше 4 гоинки.Детето одеше со ќеф,многу беше среќна,но после една недела почна да се противи на градинката,не сакаше да оди.Ама ние упорни со мм,ќе оди и готово.
Детето не сакаше да преспива таму,и често плачеше поради тоа,ама ај си викавме ке се научи.
Еден ден си дојде со црвени Линии околу вратот.Кога ја прашав што е прво не знаеше да објасни,потоа полека се опушти и ми раскажа како негователката ја кренала со блузичката во воздух...(замислете ја фатила позади вратот за блуза и ја држела во воздух,додека и држела предавање за спиењето..)
и поради тоа и се направиле црвени линии околу вратот,нешто како испукани капилари од притисокот,замислете јас никому ништо ,само си го отпишав детето од градинка и не побарав одговорност од никого за тоа сто му се случи на моето дете.И денес кога ќе ми текне се нервирам зошто не отидов таму и да кренам еден бунт,па да си заминеше таа насилничка дома,штом нема нерви да работи со деца.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Повреди и незгоди во градинката/училиштето
24.5.2013 9:18:08   
Mihaela 2010
замислете јас никому ништо ,само си го отпишав детето од градинка и не побарав одговорност од никого за тоа сто му се случи на моето дете.И денес кога ќе ми текне се нервирам зошто не отидов таму и да кренам еден бунт,па да си заминеше таа насилничка дома,штом нема нерви да работи со деца.

Golema greska deluxe,za takva rabota bogami ne se prekjutuva,denes na tvoeto dete utre na drugo dete i se taka vo krug a taa nekazneta..
jas imav slicna situacija no kerka mi bese izgrizana od drugo dete,i jas isto ko tebe prvo vednas pomilsiv na otpisuvanje no ne utre denta pravo kaj upravitelot...
i sto pati ke kazam,ne e deka postojano se zalime i za se nesto sme ne zadovolni,sekoja rabota e teska i odgovorna,za sekoja rabota sme plateni i odgovarame pred pretpostaven za srabotenoto,no so deca i toa tugji deca i te kako odgovornosta e pogolema,no ako vekje se odlucile da ja rabotat taa rabota treba da ja izvrsuvaat onaka kako sto treba

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Повреди и незгоди во градинката/училиштето
24.5.2013 14:32:07   
AnnaMolly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR
Еден ден си дојде со црвени Линии околу вратот.Кога ја прашав што е прво не знаеше да објасни,потоа полека се опушти и ми раскажа како негователката ја кренала со блузичката во воздух...(замислете ја фатила позади вратот за блуза и ја држела во воздух,додека и држела предавање за спиењето..)
и поради тоа и се направиле црвени линии околу вратот,нешто како испукани капилари од притисокот,замислете јас никому ништо ,само си го отпишав детето од градинка и не побарав одговорност од никого за тоа сто му се случи на моето дете.И денес кога ќе ми текне се нервирам зошто не отидов таму и да кренам еден бунт,па да си заминеше таа насилничка дома,штом нема нерви да работи со деца.


Делукс, го читам твојов пост и се препотив! Мислам дека притисокот ми се качи до плафон! ГОЛЕМА грешка си направила што не си реагирала. Мене да ми се случи нешто вакво, одам и ја фаќам за врат јас учителката со голи раце има да ја задавам!
Кажи ни во која градинка се случувало ова, може некое од нашите деца оди таму.



_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Повреди и незгоди во градинката/училиштето
24.5.2013 15:53:23   
deluxe
Znam deka trebase da reagiram no kasno e,vednas deteto go prekinav da odi vo gradinka i kulturno ja otpisav... Pokasno mi tekna za reakcija,moze vo momentot sum sakala samo da si go zastitam deteto nisto drugo ne me interesiralo. Za zal vo vnatresnosta sum na Zemjava,ne sum od Sk

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Повреди и незгоди во градинката/училиштето
24.5.2013 18:26:11   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR

Еве едно мое искуство....
Керка мми ја запишав во градинка кога имаше 4 гоинки.Детето одеше со ќеф,многу беше среќна,но после една недела почна да се противи на градинката,не сакаше да оди.Ама ние упорни со мм,ќе оди и готово.
Детето не сакаше да преспива таму,и често плачеше поради тоа,ама ај си викавме ке се научи.
Еден ден си дојде со црвени Линии околу вратот.Кога ја прашав што е прво не знаеше да објасни,потоа полека се опушти и ми раскажа како негователката ја кренала со блузичката во воздух...(замислете ја фатила позади вратот за блуза и ја држела во воздух,додека и држела предавање за спиењето..)
и поради тоа и се направиле црвени линии околу вратот,нешто како испукани капилари од притисокот,замислете јас никому ништо ,само си го отпишав детето од градинка и не побарав одговорност од никого за тоа сто му се случи на моето дете.И денес кога ќе ми текне се нервирам зошто не отидов таму и да кренам еден бунт,па да си заминеше таа насилничка дома,штом нема нерви да работи со деца.



Добро како се воздржа да не реагираш. Навакви работи се реагира , ако треба и отпосле. едно писмо до градинката. Да остане некаде како запис дека таму има вработено некоја лудача.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Повреди и незгоди во градинката/училиштето
24.5.2013 22:57:48   
deluxe
za zal vrabotena e doolgi godini,babicka e ....user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Повреди и незгоди во градинката/училиштето
25.11.2013 18:55:21   
Mihaela 2010
pred nekolku dena bese edno devojce od gradinka zaedno idat so kerka mi i nejzinata majka,ni bea na gosti,i taka uz igra M mi vika,mamo denes K,edno dete od nivna grupo lapna zelezna paricka i ja goltna...ja onaka ne obrnav vnimanie i si prodolziv so muabetot so ,majkava...koga denes doznavam deka detevo navistina goltnalo mala baterijauser posted image neznam od kaj ja naslo,ja stavilo vo usta i koga zaspalo ja goltnalo,lele ucitelkive celi izbezumeni,javuvale kaj majkata,pa po lekari i siroto posle dva dena ja iskakalo...auuu koga me fati eden strav,mojava cesto znae da stava po nesto vo usta i samo ja sovetuvam ja karam i denes ja sednav i dobra lekcija i odrzav..ke moram postojano da ja potsetuvam da ne stava nisto vo usta,si vikam kako mala ne stavase sega pocna...dali gleda so pravat vo gradinka pa i taa neznam...

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Повреди и незгоди во градинката/училиштето
11.4.2014 11:32:50   
vanessa30

Pred nekoj den i kaj mojot sin vo gradinka se sluci, nekoe dete da go grizni i nego.I ok e od gradinka mi se javija da mi kazat deka bil kasnat, se spreckale za nekoja igracka.
E sega moeto prasanje za diskusija e sto bi napravile vo vakov slucaj:
- Bi pominale preku toa, so nadez deka nema da se povtori, bidejki deca se, i evidentno e deka ke se skaraat i spreckaat
- Bi se iskarale so vospituvackite i bi otisle kaj direktorkata da se pozalite
- Bi otisle kaj maticnata da izvadite medicinska beleska, i eventualno bi tuzele za negriza

Fala bogu grizanjeto ne e do ovie razmeri

Дисциплински мерки за воспитувачките на изгризеното дете
Ќе се покренат дисциплински постапки за двете негувателки одговорни за чување на децата во групата во која пред два дена беше изгризано 21-месечно бебе од свој врсник. Ова вчера го соопштија надлежните од градинката
Установата ја посетиле инспектори од Министертвото за труд и социјална политика и направиле записник за инцидентот.

Во моментот кога се случил немилиот настан, било време за ручек и двете негувателки биле со децата во просторијата, тврди директорката Елеонора Ангелеска.

Во занималната биле девет дечиња кога се случил настанот.

- Во градинката децата никогаш не се оставаат сами. Двете негувателки хранеле две други дечиња. Повреденото бебе е многу мирно и никогаш не се задева, караницата настанала поради играчка. Тоа не пуштило глас кога почнало кошкањето со другарчето, па воспитувачките не забележале дека нешто се случува, но кога вриснало од болка воспитувачките веднаш срипале – објаснува директорката.

Според неа, негувателките ја повикале медицинската сестра од градинката, која на бебето му ставила ладна облога и Павловиќева маст за да се смири отокот, по што бебето нормално јадело и заспало. Единствен пропуст што сметам дека е направен е што не ја информиравме мајката – вели Ангелеска.

извор: NovaMakedonija

Problemot e sto posle ucat edni od drugi, pa ova ke se vrati kako bumerang, sin mi ke se nauci da grizi......

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 11.4.2014 18:49:35 >

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Повреди и незгоди во градинката/училиштето
11.4.2014 18:50:51   
Felly RR
Vanessa30,постот го уредив бидејќи не се дозволени надворешни линкови.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот vanessa30)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Повреди и незгоди во градинката/училиштето
17.12.2014 12:29:42   
Bethany
Денес ни кажаа во градинка дека треба да дадеме по 50 денари за осигурувањето на дете во случај на повреди за 2015 година.
Ова е нешто ново, ама кога го слушнав самиот тој збор осигурувањето, се накострешив.

Недај Боже, не ми е за парите, не ми ниту требат, нека они нив ги гледат и чуваат таму.

Вие во вашите градинки имате ли вакво што?

< Поракaта ја уредил Bethany -- 17.12.2014 12:31:12 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Повреди и незгоди во градинката/училиштето
18.12.2014 15:50:01   
Melanija RR
Да и кај М собираа пари во октомври и една мајка ги уплаќа на сметка.По 100ден беше.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 20
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?