|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Првиот впечаток
10.4.2010 0:32:11   
ripce
Според некои првиот впечаток е најважен, пресуден, првиот впечаток е тој што останува! Според други првиот впечаток не лаже. Според третти првиот впечаток не е секогаш важен и може да биде и погрешен.

Темава ја отворам делумно поттикната од она што денес ми се денес ми се случи... бевме на вакцина и додека чекавме дојдоа мајка, ќерка (6 месеци) и свекрва. Свекрвата ја носеше. И тие чекаа и баба го држи детето, ја гледам онака целата намуртена (си помислив види ја каква е прав намќор, дури ми помина низ глава, ауу каква лошотија, а жената не кажа ни збор, ниту направи било каква постапка). За по некоја минута да си речам значи како ја проценив... додека го прегледуваа детето таа го држеше, го вакцинираат таа го држи, мајката само стои од страна небаре туѓинка... и кога детето почна да плаче од вакцинирањето оваа бабата го думка, тоа не се смирува мајката и го побара да си го земе да го смири и оваа и вика... НЕ МОЖЕ СЕГА ЈАС ГО ДРЖАМ.. и ја видов нервозата на лицето, само не знам дали таа беше понервозна или јас. Ауу значи каква жена, само што ја видов во првите 5 секунди ја проценив.

Колку според вас е важен првиот впечаток?
Дали ви се случило да погрешите околу првиот впечаток за некоја личност?

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Првиот впечаток
10.4.2010 0:36:40   
Enika
Би рекла дека сите три трвдења држат вода.За мене е важен првиот момент, не ми се десило да се излажам од причина што кога мене првиот впечаток за човек не ми е убав, не ми доага да се зближам со некоја особа и да ја упознаам, едноставно неможам да праам лице ако некој несакам а да глумам лудило, па затоа и вајда не ми се дешава да мислам дека грешам во врска со некој. А за свекрвава неам зборови, би го добила истото мислење како тебе.

_____________________________

What goes around comes back around.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Првиот впечаток
10.4.2010 0:43:59   
nadica
Според некои првиот впечаток е најважен, пресуден, првиот впечаток е тој што останува! Според други првиот впечаток не лаже. Според третти првиот впечаток не е секогаш важен и може да биде и погрешен.

сето ова во различни ситуации е точно

и јас мислам дека првиот впечаток не е пресуден но останува и мислам дека ретко лаже посебно ако гледаш од страна како твојот пример аница

ако немам добар прв впечаток најверојатно нема да дозволам да имам второ искуство со истата личност можеби грешам но тоа сум јас (освен се разбира за блиски роднини или комшии нив не ги бираме како господ ќе ти ги додели user posted image )

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Првиот впечаток
10.4.2010 11:41:29   
BILE.F
Јас мислам дека од прилика 50% го проценуваш човекот од првата средба, другото го гледаш по некое време дружење!

_____________________________

Пред да скокнеш, кажи оп!

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Првиот впечаток
10.4.2010 21:56:24   
Adrijana
Prviot vpecatok mi e dosta vazen, ama cesto se slucuva i da me izlaze, zatoa mnogu ne se baziram na prviot vpecatok, se trudam malku podobro da gi zapoznaam lugeto, pa da odlucam mi se svigat ili ne.

_____________________________

(Одговор на членот BILE.F)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Првиот впечаток
10.4.2010 22:10:27   
BEBICA
Kaj mene prviot vpecatok e mnoooogu biten.
Znaci 80% ne gresam, do sega malte ne me nema izdadeno intuicijata.Toa znaci ako mi se dopaga na prv pogled proaga ako ne togas dzabe mi e posle se.
Taka da moze e loso no prviot vpecatok za mene e presuden.

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Првиот впечаток
10.4.2010 22:51:53   
mother 29
АУф...мора тогаш да оставам лош впечаток,затоа што секогаш сум директна и резервирана,без разлика дали се работи за прва,втора средба,прв,втор впечаток.Мразам ласкање,умилкување и слично.Се ежам на фрази од типот-маче,еј женска...без разлика дали го кажува машко или женско,особено ако прв пат во живот ме гледа,е тука веќе ...

Првиот впечаток кој го стекнувам за луѓето и покрај онаа маска што ја ставаат е по начинот на кој ги кажуваат работите,се лигават(или не),дали се трудат да се истакнат да зборат повеќе за себе или да сакаат да дознаат нешто за мене и слично,многу откриваат.Многу  добро забележувам и најчесто ги провалувам *неранимајковците*,така да првиот впечаток најчесто ми е базиран на она што го чувствувам од другата страна и говорот на телото.Што е најинтересно никогаш не сум погрешила и друга една работа,првиот впечаток никогаш,ама никогаш никој неможе да го смени.Добро,единствено ако се смени навистина личноста.user posted image

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Првиот впечаток
11.4.2010 11:02:39   
Natasha5
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

ПОТПИС

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Првиот впечаток
11.4.2010 16:17:45   
April
важен, но не и пресуден  user posted image

знаеме сите дека изгледот може многу да лаже...

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Првиот впечаток
11.4.2010 16:34:52   
Leonida
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

Првиот впечаток кој го стекнувам за луѓето и покрај онаа маска што ја ставаат е по начинот на кој ги кажуваат работите,се лигават(или не),дали се трудат да се истакнат да зборат повеќе за себе или да сакаат да дознаат нешто за мене и слично,многу откриваат.Многу  добро забележувам и најчесто ги провалувам *неранимајковците*,така да првиот впечаток најчесто ми е базиран на она што го чувствувам од другата страна и говорот на телото.Што е најинтересно никогаш не сум погрешила и друга една работа,првиот впечаток никогаш,ама никогаш никој неможе да го смени.Добро,единствено ако се смени навистина личноста.user posted image

Вака некако е и кај мене. Но би додала уште нешто: секогаш приметувам што носат на нозете (кондури, патики, сандали....)user posted image
Може ви звучи чудно и смешно, но многу ми кажува тоа за самата личностuser posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Првиот впечаток
12.4.2010 0:03:40   
melody
Pa ne mi se slucilo do sega nekogo pogresno da procenam sto neznaci deka toa i vo idnina ke bide taka.Razni luge,razni karakteri pa moze nekoj i mene ke me prelaze so prviot vpecatokuser posted image

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Првиот впечаток
12.4.2010 10:32:09   
arh_diz

ИЗВОРНА ПОРАКА: Adrijana

Prviot vpecatok mi e dosta vazen, ama cesto se slucuva i da me izlaze, zatoa mnogu ne se baziram na prviot vpecatok, se trudam malku podobro da gi zapoznaam lugeto, pa da odlucam mi se svigat ili ne.

Potpis

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Првиот впечаток
16.6.2014 14:13:09   
Defne90 RR
Јас воопшто не верувам во првиот впешаток.Скоро секогаш грешам во проценките што ги добивам од него.Многу често ми се случува некоја личност да ми остави впечаток од прв поглед дека е многу добра комуникативна и искрена а всушност да излезе дека е најголемиот лицемер.Исто и обратни ситуации сум имала.Еве на пример кога за прв пат ја запознав мојата најдобра другарка,таа ми осатви впечаток дека е површна и самобендисана личност што е дигната до небо.Ама се излажав во тоа.Кога подобро ја запознав,сватив дека всушност искрена личност и прекрасна пријателка која секогаш е овде за мене кога и да ми треба помош.И затоа јас лично никогаш не се базирам на првиот пвпечаток,секогаш гледам да ги запознаам луѓето убаво па да ги оценам какви се тие всушност.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Првиот впечаток
16.6.2014 14:19:07   
LoveableMe RR
Точен 85-90%, со можност за грешка од 10-15%user posted image user posted image , барем досегашната пракса тоа ми го покажала, а имало и неколку случаи кога не сум била сигурна што да мислам, не сум можела да оформам мислење барем генерално, па со време и средби сум направила проценка што - како.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 14
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:

Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?