|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Премиерот Груевски го посети Домот ...
27.12.2010 10:59:51   
agnes77


Премиерот Груевски го посети Домот за деца без родители „11 Октомври“ - Скопје

 
Скопје, 19 декември 2010 (МИА) - Премиерот Никола Груевски денеска го посети Домот за деца без родители „11 Октомври“, каде донираше новогодишни пакетчиња и компјутери.

Оваа институција ќе добие и 10.000 евра, кои Груевски ги доби како отштета од судскиот спор за клеветите изнесени од Фрчковски за „Окта“. Вкупната отштета изнесуваше 30.000 евра. Покрај Домот за деца без родители „11 Октомври“ по 10.000 евра ќе добијат и Центарот за деца со церебрална парализа и Домот за доенчиња во Битола.

- Парите што годинава ни ги даде премиерот Груевски ќе ги насочиме за реновирање на девет кујни и за нов начин на организација на нашата работа во оваа установа, со што ќе имаме девет воспитни групи, рече Оливера Јовиќевиќ, раководител на служба во Домот за деца без родители „11 Октомври“- Скопје.
Таа истакна дека се задоволни од Владата и од Министерството за труд и социјална политика и од нивната грижа за Домот и за децата-штитеници и додаде оти со поддршка на премиерот Груевски во нивната институција се поставени нови прозорци и врати, а се реновирани и бањите.

Децата во Домот, како што потенцираше, имаат добри услови за живот, одат на одмори, на зимување  и на патување.

Покрај премиерот Груевски, децата ги посетија и министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Гордана Јанкуловска и Џељаљ Бајрами и заменик-министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Заменик-министерот Ристовски изјави дека Владата и ресорното Министерство покажуваат и докажуваат оти овие деца се во центарот на нивното внимание.

- Грижата за овие деца ќе продолжи и понатаму да биде наш приоритет. Квалитетот на нивната заштита и грижа е поголем кога премиерот е заинтересиран и директно помага со свој личен пример во подобрување на животот на овие деца. Ова денеска е само потврда на она што значи начин на работа и начин на грижа за децата кои се без родителска грижа, рече Ристовски.

Во Домот за деца без родители „11 Октомври“- Скопје во моментов има 59 деца од шестгодишна до 18-годишна возраст. мд/лѓ/16:24

user posted image

< Поракaта ја уредил виктори -- 30.3.2011 0:10:08 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Премиерот Груевски го посети Домот ...
27.12.2010 11:20:11   
Julie1
немам коментар....

за пофалба се донациите, но зошто толкав е бројот на деца во домот 11. Октомври и домот за доенчиња во Битола... зарем не треба тоа да биде приоритет децата да се со родители кои сами ке ги носат на одмор и ке им купуваат пакетчиња....

во секој случај браво благодарение на Фрчко кој кажал лош збор сега домот ќе добие 10.000 евра ах како осмислени работи user posted image


_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Премиерот Груевски го посети Домот ...
27.12.2010 14:09:44   
agnes77
ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

... зарем не треба тоа да биде приоритет децата да се со родители кои сами ке ги носат на одмор и ке им купуваат пакетчиња....




"Квалитетот на нивната заштита и грижа е поголем кога премиерот е заинтересиран и директно помага со свој личен пример во подобрување на животот на овие деца. Ова денеска е само потврда на она што значи начин на работа и начин на грижа за децата кои се без родителска грижа, рече Ристовски." 

 
Јулие, можеби премиерот ќе се заинтересира за посвојување ... зато што знае за наше чекање и можеби да се заинтересира и директно помага (јас го молам за помош во ноември ...)

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Премиерот Груевски го посети Домот ...
27.12.2010 14:23:36   
mama26



Децата во Домот, како што потенцираше, имаат добри услови за живот, одат на одмори, на зимување  и на патување.


[/quote]HM  user posted image user posted image greota ,

< Поракaта ја уредил виктори -- 30.3.2011 0:10:59 >


_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Премиерот Груевски го посети Домот ...
27.12.2010 14:52:30   
Џесика
Јас само ќе кажам едно големо user posted image за досегашните активирања на премиерот, знам голем број на деца дека се вработени во државните институции, еден период им беше платена и кирија во становите во кои престојуваа, многу им има помогнато... за другото немам коментар.

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Премиерот Груевски го посети Домот ...
27.12.2010 14:58:00   
agnes77
ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика

Јас само ќе кажам едно големо user posted image за досегашните активирања на премиерот, знам голем број на деца дека се вработени во државните институции, еден период им беше платена и кирија во становите во кои престојуваа, многу им има помогнато... за другото немам коментар.


онда стварно можно е да се заинтересира и за посвојување нелиuser posted image  user posted image user posted image
(зато што од месец мај ние било посвојено нити едно дете) навистина се надам, да се заинтерсира ...

< Поракaта ја уредил agnes77 -- 27.12.2010 14:59:18 >

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Премиерот Груевски го посети Домот ...
27.12.2010 16:28:46   
Martins mom
ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика

Јас само ќе кажам едно големо user posted image за досегашните активирања на премиерот, знам голем број на деца дека се вработени во државните институции, еден период им беше платена и кирија во становите во кои престојуваа, многу им има помогнато... за другото немам коментар.


Си помага тој кај што има корист...онака за џабе сигурно нема помогнато. Или му лепеле плакати, трчкале наоколу за изборите, делеле пропаганден материјал, па ги удостоил со помошuser posted image


_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Премиерот Груевски го посети Домот ...
27.12.2010 22:50:28   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика

Јас само ќе кажам едно големо user posted image за досегашните активирања на премиерот, знам голем број на деца дека се вработени во државните институции, еден период им беше платена и кирија во становите во кои престојуваа, многу им има помогнато... за другото немам коментар.


Си помага тој кај што има корист...онака за џабе сигурно нема помогнато. Или му лепеле плакати, трчкале наоколу за изборите, делеле пропаганден материјал, па ги удостоил со помошuser posted image



Ова нема шанса да се случило, затоа што до сега 100 филма ќе направеа медиумите ни наши независни...
Во врска со какви се условите за живот по домовите, немам коментар, затоа што 2/3 од Македонците живеат на работ на сиромаштијата. Каква ти е државата, таков ти е стандардот и такви ти се условите...

А домовите се полни од многу причини: од нашиот менталитет (бело да е, мало да е), од нивната лакомост 5 000 евра дете и ај последно нека остане, од неспособноста на институциите кои треба да овозможат посвојување...
Им треба една година за закон да имплементираат еј.. па уште пуштаат бубачки однапред дека законот не чинел, неизводливо било, па луѓето имале право да бираат, не баре футрола за мобилен се децата...

Не знам, ама сигурна сум дека некој треба да лежи за ова...


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Премиерот Груевски го посети Домот ...
29.12.2010 5:35:41   
mamicka 010
Covekot iskreno si ja zavrsi rabotata user posted image dade sto treba i  tamu deka najmnogu treba

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Премиерот Груевски го посети Домот ...
29.12.2010 21:34:23   
agnes77
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicka 010

Covekot iskreno si ja zavrsi rabotata user posted image dade sto treba i  tamu deka najmnogu treba


така е user posted image  и затоа јас имам надеж дека се активно заинтересира и за домашни и меѓународни посвојувања ... иако јас сум странец, дјевојчице које чекам се граѓаните на Р Македонија

најдобри услови во домот не може да го замени родителска грижа, лјубов коју дете добије од мајка ...

(Одговор на членот mamicka 010)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Премиерот Груевски го посети Домот ...
30.12.2010 16:19:05   
Pepelaska *

[/quote]

така е user posted image  и затоа јас имам надеж дека се активно заинтересира и за домашни и меѓународни посвојувања ... иако јас сум странец, дјевојчице које чекам се граѓаните на Р Македонија

најдобри услови во домот не може да го замени родителска грижа, лјубов коју дете добије од мајка ...
[/quote]

потпис!

Колку да им е убаво таму сепак не можат да почувствуваат топлина и нежна грижа што може да им пружи едно топло семејство кое одвај ги чека во својот дом,
Агнес се надевам и јас дека премиерот ке се заинтересира за вас


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Премиерот Груевски го посети Домот ...
30.12.2010 17:04:23   
agnes77
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

Колку да им е убаво таму сепак не можат да почувствуваат топлина и нежна грижа што може да им пружи едно топло семејство кое одвај ги чека во својот дом,
Агнес се надевам и јас дека премиерот ке се заинтересира за вас



user posted image user posted image user posted image  фала фала Пепеласкаuser posted image ... јас најмногу сакам да се премиерот заинтересира не само за нас, напротив сакам да се заинтересира за сите деца која имају услове да биде посвојени ама уште чекају во домот или во дом семејство, да се заинтересира за сите домашни посвојители који чекат деца и за странски посвојители који према меѓународном договору чекају да посвоје во РМ.

не знаем за сите, знаем за две девојчице које имају услове да биде посвојене веќе 8 месеци ама ништо ...кој знае колку такви деца има ... 

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 12
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?